OPEL MOKKA X 2019 Сопственички прирачник

Page 151 of 293

Контрола на климатизацијата149ниво. Затоа може да се формира
кондензација и да капе од под
возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за
ладење за да заштедите гориво.
Активирањето на ладењето може да го спречи Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 159.
На екранот се појавува Eco кога ќе
се деактивира ладењето.
Режим за кружење на
воздухот 4
Притиснете 4 еднаш за да се
активира рачниот режим за
кружење на воздухот.9 Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може одвнатре да
се замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
Климатизација кога моторот не
работи
Кога палењето е исклучено,
преостанатата топлина или
ладење во системот може да се
употреби за контрола на климата
во патничкиот простор.
Дополнително греење Грејач на воздухот
Брзото греење е дополнителен
електричен грејач кој автоматски го
загрева патничкиот простор
побргу.
Отвори за
проветрување
Приспособливи отвори запроветрување
Барем еден отвор за
проветрување треба да биде
отворен додека е вклучено
ладењето.
За да се отвори отворот, свртете го
тркалцето за местење надесно.
Дотерајте го количеството на
воздухот кај отворот со вртење на
тркалцето за местење.

Page 152 of 293

150Контрола на климатизацијата
Насочете го протокот на воздухот
со навалување и вртење на
решетките.
За да се затвори отворот, свртете
го тркалцето за местење налево.
9 Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување. Ризик од
оштетување и повреда во случај
на сообраќајка.
Фиксни отвори за
проветрување
Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на
вратите и во пределите на нозете.Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува чист за да
се овозможи доводот на воздухот.
Извадете ги лисјата, нечистотијата
или снегот.

Page 153 of 293

Контрола на климатизацијата151Обично работење на
климатизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето
мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед
на времето и годишната доба. Не е
возможно ракувањето со ладењето кога надворешната температура е
прениска.
Сервис За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува ситемот
за контрола на климатизацијата да
се проверува годишно, почнувајќи три години по првата регистрација
на возилото, вклучувајќи ги
следните:
● тестирање на функционалноста и притисокот
● функционалноста на греењето
● проверка за протекување
● проверка на погонските ремени● чистење на одводот на кондензаторот и испарувачот
● проверка на перформансите
Забелешка
Течноста за ладење R-134a
содржи стакленички гасови со
флуор.

Page 154 of 293

152Возење и ракувањеВозење и
ракувањеПрактични совети за возење ..153
Контрола над возилото .........153
Управување ............................ 153
Поаѓање и ракување ................153
Разработување на новото возило .................................... 153
Положби на прекинувачот за палење .................................. 154
Копче за вклучување .............155
Задржано исклучување .........156
Палење на моторот ...............157
Исклучување на пребрзувањето .....................158
Систем за сопирање- поаѓање ................................. 159
Паркирање ............................. 161
Издувни гасови од моторот .....162
Филтер за издувни гасови .....162
Катализатор ........................... 164
AdBlue ..................................... 164
Автоматски менувач ................167
Екран на менувачот ...............167
Рачка на менувачот ...............168Рачен режим .......................... 169
Електронски програми за возење ................................... 169
Дефект .................................... 170
Прекин на напојувањето .......170
Рачен менувач ......................... 171
Системи за возење ..................171
Погон на сите тркала .............171
Сопирачки ................................. 172
Систем за деблокирање на сопирачките .......................... 172
Сопирачка за паркирање ......173
Серво кочење ......................... 173
Помош при поаѓање на угорници ................................ 173
Системи за контрола на
возењето ................................... 174
Систем за контрола на пролизгувањето ....................174
Електронска контрола на стабилноста .......................... 175
Систем за контрола на спуштањето ........................... 176
Системи за помош на возачот 177 Контрола на патувањето .......177
Ограничувач на брзината .....180
Предупредување за преден судир ...................................... 181Показател за растојание однапред ............................... 184
Помош за паркирање ............185
Ретровизорска камера ..........187
Помошник за сообраќајни знаци ...................................... 189
Предупредување за напуштање лента .................193
Гориво ....................................... 194
Гориво за бензински мотори . 194
Гориво за мотори на дизел ...195
Гориво за работа на течен
гас .......................................... 196
Полнење гориво ..................... 197
Кука за приколки ......................202
Општи информации ...............202
Возни карактеристики, совети за влечење ............................ 202
Влечење на приколка ............202
Опрема за влечење ...............203

Page 155 of 293

Возење и ракување153Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Не возете со изгаснат мотор
(освен за време на Autostop)
Многу уреди нема да
функционираат во таква ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, електронското
управување). Таквото возење е
опасно за Вас и за други. Сите
системи функционираат за време
на Autostop, но силата на серво
управувањето ќе биде
контролирано намалена, како и
брзината на возилото.
Систем за сопирање-поаѓање
3 159.
Педали За да се обезбеди непречен од напедалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.Користете само патосници кои се
вклопуваат добро и се
зацврстуваат од држачите на
страната на возачот.
Управување Доколку се исклучи помошта за
серво управување заради
запирање на моторот или грешка
во системот, возилото може да се
управува, но можеби ќе биде
потребен поголем напор.
На Инфо-екранот ќе се прикаже
порака за возилото.Внимание
За возилата опремени со
хидраулично управување:
Ако се сврти воланот додека
дојде до крајот на кругот и се
држи во таа положба подолго од 10 секунди може да дојде до
оштетување на системот за
хидраулично управување и
може да нема помош за
хидраулично управување.
Поаѓање и ракување
Разработување на новото возило
Не сопирајте непотребно силно
при првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото од системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на отворено место за некое време по
првото возење и не ги вдишувајте
пареите.
За време на периодот на
разработување, потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на
чистењето на филтерот за издувни
гасови може да се одвива почесто .
Autostop може да биде попречено за да се овозможи полнење на
акумулаторот.
Филтер за издувни гасови 3 162.

Page 156 of 293

154Возење и ракувањеПоложби на прекинувачотза палење0:исклучено палење: Некои
функции остануваат активни
додека не се извади клучот или
не се отвори возачката врата,
под услов палењето да било
вклучено претходно1:режим за помошно напојување:
Заклучувањето на воланот се
отпушта, некои електрични
функции работат, палењето е
исклучено2:режим за напојување со
вклучено палење: Палењето е
вклучено, дизел моторот се
предзагрева. Контролните
сијалички светат и може да се
ракува со повеќето електрични
функции. За да го свртите
клучот од положба 2 во 1 или
0 , прво притиснете го клучот до
крај кон управувачкиот столб.3:стартување на моторот:
Отпуштете го клучот откако ќе
почне стартувањето
За да го исклучите возилото:
1. Уверете се дека возилото е сопрено.
2. Ако возилото е опремено со автоматски менувач, ставете ја
рачката на менувачот во
положбата P.
3. Притиснете го клучот до крај
кон управувачкиот столб, па
свртете го во положба 0.
4. Извадете го клучот.
5. Затегнете ја рачната сопирачка.
Заклучување на воланот
Кога ќе се извади клучот, воланот автоматски се заклучува.

Page 157 of 293

Возење и ракување1559Опасност
Не вадете го клучот од
прекинувачот за палење при
возење затоа што тоа ќе го
блокира воланот.
Копче за вклучување
Електронскиот клуч мора да е
внатре во возилото.
Режим за помошно напојување
Притиснете Engine Start/Stop
еднаш без да ракувате со
куплунгот или педалата на
сопирачката. Жолтата сијаличка во
копчето се пали. Заклучувањето наволанот се отпушта и некои
електрични функции работат,
палењето е исклучено.Режим за напојување со вклучено палење
Задржете притиснато
Engine Start/Stop 6 секунди без да
ракувате со кумплунгот или
педалот на сопирачката. Зелената
сијаличка во копчето се пали,
дизел моторот се предзагрева.
Контролните сијалички светат и
може да се ракува со повеќето
електрични функции.Стартување на моторот
Притиснете го куплунгот (рачен
менувач), педалата на
сопирачките и притиснете го
Engine Start/Stop уште еднаш.
Отпуштете го копчето откако ќе
почне стартувањето.Исклучено палење
Притиснете го Engine Start/Stop
кратко во секој режим или кога работи моторот и возилото е во
мирување. Некои функции
остануваат активни додека не сеотвори возачката врата, под услов
палењето да било вклучено
претходно.Итно исклучување при возење
Притискајте Engine Start/Stop
подолго од две секунди или
притиснете двапати кратко во рок
од пет секунди 3 157.
Заклучување на воланот
Заклучувањето на воланот се
активира автоматски кога:
● Возилото е во мирување.
● Палењето е исклучено.
● Возачката врата е отворена.
За да се отклучи воланот, отворете
ја и затворете ја возачката врата и
вклучете го режимот за додатоци
или директно стартувајте го
моторот.
9 Предупредување
Ако акумулаторот е испразнет,
возилото не смее да се влече,
да се пали со влечење
однапред или со туркање

Page 158 of 293

156Возење и ракувањеодзади бидејќи бравата на
воланот не може да се
ослободи.
Ракување кај возилата со
систем на електронски клуч во
случај на дефект
Ако некој од електронските клучеви
потфрли или батеријата на
електронскиот клуч е слаба,
Информативниот центар за
возачот може да прикаже No
Remote Detected (Не е откриен
далечински управувач) или
Replace Battery in Remote Key (Заменете ја батеријата во клучот
со далечинско) кога сакате да го
стартувате возилото.
1. Ставете го електронскиот клуч пред држачот за чаши во
средишната конзола.
Поставете го електронскиот
клуч единствено центриран во
областа на предавателот во
надолжната насока рамен со
копчиња превртен како што е
прикажано на сликата.
2. Додека возилото е во P
(Паркирање) или N (Лер),
притиснете ја педалата за
сопирачките и притиснете
Engine Start/Stop .
Заменете ја батеријата на
предавателот што е можно побрзо.
Задржано исклучување
Следниве електронски системи
може да работат најмногу десет
минути откако моторот ќе се
исклучи
● Електрични прозорци
● Подвижниот покрив
● Аудио систем
Електричните прозорци и
подвижниот покрив ќе продолжат
да работат уште 10 минути или
додека се отвори некоја врата.
Радиото ќе работи во режимот за
палење и режимот за додатоци.
Штом ќе се исклучи палењето,
радиото ќе продолжи да работи
уште десет минути или додека се
отвори возачката врата.

Page 159 of 293

Возење и ракување157Палење на моторот
Возила со прекинувач за
палење
Свртете го копчето во положба 1 за
да се ослободи бравата на
воланот.
Рачен менувач: притиснете ги
педалите за куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: притиснете ја
педалата за сопирачките и
поместете ја рачката на менувачот во P или N.
Не притискајте ја педалата за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положбата 2 за предзагревање
и почекајте да се изгасне
контролната сијаличка !.
Свртете го клучот накратко во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот се пушта со автоматска
постапка со кратко доцнење дури
моторот работи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“'.
Рачен менувач: за време на
Autostop, моторот може да се
запали повторно со притискање на
педалата за куплунгот 3 159.
Автоматски менувач: за време на Autostop, моторот може да се
запали повторно со ослободување
на педалата за сопирачките 3 159.Возила со копче за вклучување
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Притиснете го и отпуштете го
Engine Start/Stop : анласерот го
пушта автоматска постапка со
кратка пауза додека моторот не
проработи, видете „Автоматска
контрола на анласерот“.

Page 160 of 293

158Возење и ракувањеПред повторно палење или за да го
исклучите моторот кога возилото е
во мирување, притиснете го
Engine Start/Stop уште еднаш
кратко.
За да го стартувате моторот за
време на Autostop.
● Рачен менувач: за време на Autostop, моторот може да се
запали со притискање на
педалата на куплунгот 3 159.
● Автоматски менувач: за време на Autostop, моторот може да
се запали со отпуштање на
педалата за сопирачките
3 159.
Копче за заклучување на клучот Некои возила со автоматски
пренос се опремени со
електронски систем за
заклучување на клучот. Копчето за
заклучување на клучот има за цел
да спречи отстранување на клучот
за палење освен ако рачката на
менувачот не е во P.Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до -30 °C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси и доволно наполнет акумулатор.
При температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу пет минути.
Рачката на менувачот мора да
биде во положбата P.
Автоматска контрола на
анласерот
Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот.
Возачот не треба да го држи клучот во положба 3 или да го држи
Engine Start/Stop притиснато. Штом
се применува, системот ќе
продолжи да запали автоматски
додека не проработи моторот.
Поради постапката за
проверување моторот
проработува по кратка пауза.Возможни причини за непалење на
моторот:
● Куплунгот не е притиснат (рачен менувач).
● Педалата за сопирачките не е притисната или рачката на
менувачот не е во P или N
(автоматски менувач).
● Дојде до надминување на времето.
Турбо-загревање на моторот По палењето, достапниот вртлив
момент на моторот може да е
ограничен некое време, особено
кога моторот е студен.
Ограничувањето постои за да му
овозможи на системот за
подмачкување целосна заштита на
моторот.
Исклучување на
пребрзувањето
Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина, но
педалата за гас е отпуштена.

Page:   < prev 1-10 ... 111-120 121-130 131-140 141-150 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 ... 300 next >