OPEL MOVANO_B 2014 Сопственички прирачник

Page 41 of 225

Седишта, потпирачи39Седишта, потпирачиПотпирачи за глава .................... 39
Предни седишта ......................... 40
Задни седишта ........................... 45
Безбедносни ремени .................47
Систем на воздушни перничиња .................................. 50
Системи за врзување на деца ..57Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Дотерување на височината
Повлечете нагоре за да го
издигнете или притиснете го
резето и спуштете го потпирачот за
глава. Проверете дали потпирачот
за глава е вовлечен.
Забелешка
Само одобрени додатоци може да се закачат за потпирачот за главана совозачкото седиште, ако
седиштето не е во употреба.

Page 42 of 225

40Седишта, потпирачи
Вадење
Притиснете ги двете спојки,
повлечете го потпирачот за глава
угоре и извадете го.
Складирајте ги потпирачите за
глава безбедно во товарниот
простор. Не возете со извадени
потпирачи за глава ако седиштето е зафатено.
Предни седишта
Положба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
■ Седете така да задникот да биде
колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете го
растојанието помеѓу седиштето
и педалите така што нозете ќе
бидат малку свиткани кога ги
притиснувате педалите. Лизнете
го совозачкото седиште колку е
можно поназад.
■ Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете ја
накосеноста на потпирачот за
грб така што да може да се
дофати воланот со благо
свиткани лакти. Гледајте да има
контакт помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го вртите
воланот. Не го навалувајте
потпирачот за грб премногу
назад. Препорачуваме
максимална накосеност од околу
25°.
■ Местење на воланот 3 75.
■ Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти на
екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот. Колковите

Page 43 of 225

Седишта, потпирачи41
би требало да лежат лесно врз
седиштето без да го притискаат
него.
■ Наместете го потпирачот за глава 3 39.
■ Наместете ја височината на безбедносниот ремен 3 49.
■ Наместете го потпирачот за половината така што да го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот 3 41.
Местење на седиштата9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
Местење на положбата на
седиштето
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Местење на седиштето со
амортизација
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.

Page 44 of 225

42Седишта, потпирачи
Наслони на седиштата
Повлечете ја рачката, наместете јанаваленоста и отпуштете ја
рачката. Нека се заглави
седиштето чујно.
Потпирачи за грб на седиштето со амортизација
Повлечете ја рачката, наместете ја
наваленоста и отпуштете ја
рачката. Нека се заглави
седиштето чујно.
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре=седиштето погореудолу=седиштето подолу

Page 45 of 225

Седишта, потпирачи43
Височина на седиштето со
амортизација
Повлечете ја нагоре предната
рачка за отпуштање за да ја
прилагодите висината на предниот
дел од седиштето.
Повлечете ја нагоре задната рачка за отпуштање за да ја прилагодите
висината на задниот дел од
седиштето.
Потпирач за половината
Наместете го лумбалниот
потпирач за да им одговара на
личните барања.
Зголемување и намалување на
поддршката: свртете го тркалото
притоа олеснувајќи го товарот на
потпирачот за грбот.
Потпирач за половина на
седиштето со амортизација
Наместете го лумбалниот
потпирач за да им одговара на
личните барања.
Пумпајте со рачната пумпа
повеќепати (сместена на долната
страна на уредот) за да ја
зголемите цврстината.
Притиснете го копчето за
отпуштање (сместено на предната
страна на уредот) за да ја намалите цврстината.

Page 46 of 225

44Седишта, потпирачи
Чувствителност на седиштетосо амортизација
Свртете го копчето за да ја
прилагодите чувствителноста на
амортизирачкото седиште.
Свртете десно=Повеќе работиСвртете лево=Помалку работиПотпирач за рака
Потпирачот за рака може да се
преклопи нагоре кога не е
потребен.
Греење
Притиснете го копчето ß за
соодветното седиште. Притиснете
го копчето ß повторно за да се
исклучи.
Греењето на седиштето е
термостатично контролирано и се
исклучува автоматски кога
температурата на седиштето е
достатна.
Контролната сијаличка во копчето
се пали кога системот е вклучен, не
само кога греењето е активно.

Page 47 of 225

Седишта, потпирачи45
Долготрајната употреба на
највисоката поставка не се
препорачува за луѓе со
чувствителна кожа.
Греењето на седиштата
функционира кога работи моторот.Задни седишта
Пристап кон задните седишта
За да се олесни пристапот кон
задните седишта, повлечете ја
рачката за ослободување и
преклопете ги потпирачите за грб на седиштата нанапред.
9 Предупредување
Уверете се дека потпирачот за
грб се враќа во својата
правилна положба и дека
бравите на безбедносниот
ремен се заглавуваат цврсто.
Ставање на безбедносниот ремен
3 49.
Задни седишта што се вадат Вадење
Кај некои модели просторот за
товарење може да се зголеми со вадење на задните седишта.

Page 48 of 225

46Седишта, потпирачи
■ Подигнете ја рачката 1 на двете
страни на седиштето; иглите 2
видливо штрчат за да укажат дека седиштето е отклучено.
■ Поместете го седиштето кон задниот дел за да го ослободите
од котвиштата на подот.
■ Подигнете го седиштето за да го извадите.
9 Предупредување
Задните седишта кои може да
се отстрануваат се тешки! Не
обидувајте се да ги отстраните
без помош.
Монтирање
Внимание
Задните седишта не се
заменливи и мора да се вратат
на првобитните положби.
Поставете ги водилките на
седиштата веднаш зад предните
котвишта на подот и лизгајте
напред за да се вовлечe.
Седиштето се заклучува
автоматски и иглите 3 нема повеќе
да се гледаат, за да се укаже дека
седиштето е заклучено.
Внимание
При поставување на задните
седишта, проверете дали се
правилно наместени на

Page 49 of 225

Седишта, потпирачи47котвиштата на подот и дали
дршките за запирање се
целосно вовлечени.
Автобус
Вадење
Користејќи го алатот од комплетот
што се наоѓа во касетата, свртете ги рачките за да го отклучите
седиштето.
1. Ослободете го надворешниот држач.
2. Ослободете го внатрешниот држач.
3. Кренете го седиштето од надворешната страна и
поместете го кон центарот на
возилото.9 Предупредување
Задните седишта кои може да
се отстрануваат се тешки! Не
обидувајте се да ги отстраните
без помош.
Монтирање
1. Наместете го седиштето врз котвените точки.
2. Спуштете го седиштето се додека не се заглави.
3. Проверете дали седиштето е безбедно заглавено.
Безбедносни ремени
Безбедносните ремени се
закочуваат при нагло забрзување
или забавување на возилото
задржувајќи ги патниците во
положбата на седењето. Затоа
ризикот од повреда е значително
намален.

Page 50 of 225

48Седишта, потпирачи9Предупредување
Пред секое патување врзете ги
безбедносните ремени.
Во случај на сообраќајка, луѓето кои не се врзани со ремени ги
загрозуваат своите сопатници и
себеси.
Еден безбедносен ремен е
предвиден за употреба само за
едно лице одеднаш. Систем за
врзување на деца 3 57.
Периодично проверувајте ги сите
делови од системот на ремените за
оштетувања и функционалност.
Заменете ги оштетените
компоненти. По сообраќајка, нека
Ви ги замени ремените и
активираните затегнувачи на
ремените автомеханичар.
Забелешка
Уверете се дека ремените не се
оштетени или приклештени со
остри предмети. Спречувајте го
влегувањето на нечистотија во
механизмите за вовлекувањ на
ремените.
Потсетник за безбедносниот
ремен
Предните седишта се опремени со
потсетник за безбедносниот
ремен, на којшто укажува
контролната сијаличка X во
групата инструменти 3 86.
Ограничувачи на силата на
ремените
На предните седишта притисокот
врз телото се намалува со
постепеното ослободување на
ременот при судир.
Затегнувачи на ремените
Во случај на фронтален или судир
со удар одзади од одредена
тежина, предните безбедносни
ремени се затегнуваат.9 Предупредување
Неправилното ракување (на пр.
вадење или монтирање на
ремените) може да ги активира
затегнувачите на ремените.
Активирањето на затегнувачите на
ремените се означува со постојано
светење на контролната сијаличка
v 3 86.
Активираните затегнувачи на
ремените треба да ги замени
автомеханичар. Затегнувачите на
ремените може само еднаш да се
активираат.
Забелешка
Не закачувајте и не монтирајте
додатоци или други предмети
коишто може да му пречат на
работењето на затегнувачите на
ремените. Не вршете никакви
преиначувања на компонентите
на затегнувачите на ремените
бидејќи тоа може да ја поништи
сообраќајната дозвола на
возилото.

Page:   < prev 1-10 ... 11-20 21-30 31-40 41-50 51-60 61-70 71-80 81-90 ... 230 next >