OPEL MOVANO_B 2015 Сопственички прирачник
Page 191 of 235
Нега на возилото189
Палење на моторот:1. Запалете го моторот на возилото што помага при
палењето.
2. По 5 минути, запалете го другиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од 1 минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу
3 минути при поврзани кабли.
4. Вклучете електрични потрошувачи (на пр. светла,
греење на задното стакло) на
возилото на коешто му се
помага при палењето.
5. Кога ги отстранувате каблите, треба да се повтори точно
истото од горе наведенот само
по обратен редослед.Влечење
Влечење на возилото Алката за влечење се складиразаедно со прирачните алати 3 171.
Ослободете го капакот користејќи
погодна алатка и извадете го.
Зашрафете ја алката за влечење
надесно во предната точка за
влечење и затегнете ја докрај
користејќи го клучот за тркалата.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро, шипка за влечење -
за алката за влечење, а никогаш не за браникот или за полуоските.
Внимание
Не влечете го возилото одзади.
Предната алка за влечење
треба да се користи само за
влечење, а не за извлекување
на возилото.
Вклучете го палењето за да го
ослободите закочувањето на
воланот и за да го овозможите
работењето на стоп-светлата,
сирената и бришачите на
шофершајбната.
Исклучете го системот за воздушна
амортизација 3 125.
Менувачот во лер.
Ако не може да се стави во лер кај возилата со автоматизиран рачен
менувач (MTA), возилото смее да
се влече само така што погонските
тркала треба да бидат кренати од
земјата.
Page 192 of 235
190Нега на возилотоВнимание
Возете полека. Не возете сонагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
системот за кружење на воздухот
3 106 и затворете ги прозорците.
Побарајте помош од
автомеханичар.
По влечењето отштрафете ја
алката за влечење и вратете го
капакот.
Влечење на друго возило
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро, шипка за влечење - за задната алка за влечење, а
никогаш не за задната оска или за
полуоските.
Задната алка за влечење смее да
се користи само за влечење, а не
за ослобудвање на возилото.
Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Page 193 of 235
Нега на возилото191Нега за изгледот
Нега на надворешноста БравиБравите се подмачкуваат во
фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само кога е апсолутно неопходно,
бидејќи тоа го вади мазивото и го
влошува функционирањето на
бравите. По употребата на
средство за одмрзнување, нека Ви
ги подмачка бравите повторно
автомеханичар.
Миење Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината. Мијте го и полирајте го
Вашето возило редовно. Кога
користите автоматски перални за
возила, одберете таква програма
којашто содржи полирање.Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да се
исчистат, бидејќи тие содржат
агресивни состојки кои можат да
предизвикаат оштетување на
бојата.
Ако користите перална за возила,
спроведете ги соодветните
напатствија на производителот на
пералната. Бришачите на
шофершајбната мора да се
исклучат. Извадете ја антената и
надворешните додатоци како што е
багажникот за на покрив итн..
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна
на крилата.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и
хаубата, како и пределите што ги
покриваат.Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вреднсот 4 до 9.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Нека Ви ги подмачкува шарките на
вратите со мазиво автомеханичар.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците: остатоците од полир-
пастата на прозорците ќе ја влошат
видливоста.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Page 194 of 235
192Нега на возилото
Надворешни светлаКапаците на предните фарови и на
другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесување
восок
Редовно полирајте го возилото со
полир-паста (најдоцна кога веќе не
се формираат меури од водата).
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.
Пластичните делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства
за полирање.Прозорци и четкички на
бришачите на
шофершајбната
Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење
прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Чистете ги четкичките на
бришачите што замачкуваат со
мека крпа и средство за чистење на прозорци.
Тркала и гуми
Не користете компресорски
млазници за чистење.Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да
се чистат со истите средства како и
шасијата.
Оштетување на бојата Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира 'рѓа. Поголемите оштети
или предели со 'рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.
Подвозје Некои предели на подвозјето навозилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
восок ако е потребно.
Битуменски/гумени материјали
може да го оштетат премазот од
PVC. Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Page 195 of 235
Нега на возилото193
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.
Опрема за влечење Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Нега на внатрешноста
Внатрешност и тапацир Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
чиста вода и мека крпа. Доколку е
многу извалкан, користете
средство за чистење кожа.
Таблата со инструменти и
екраните треба да се чистат само
со употреба на мека, влажна крпа.
Ако е потребно, користете слаб
раствор на сапуница.Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење
на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да
не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото
средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.
Page 196 of 235
194Сервисирање и одржувањеСервисирање и
одржувањеОпшти информации .................194
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 196Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за возилото е достапен
кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 84.
Идентификација на моторот
3 200.
Европски сервисни интервали
- освен за Автобуси Постои потреба од одржување навашето возило на секои 40000 км
или по 2 години, што и да е прво,
освен ако не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.Покус сервисен период може да важи за потешки услови за возење, на пр. за таксија и полициски
автомобили.
Европски сервисни интервали
- само за Автобуси
Постои потреба од одржување на
вашето возило на 30 000 км или по
1 година, кое и да настапи прво,
освен ако не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.
Европските сервисни периоди
важат за следниве држави:
Андора, Австрија, Белгија,
Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија,
Грција, Унгарија, Исланд, Ирска,
Италија, Летонија, Лихтенштајн,
Литванија, Луксембург, Холандија,
Норвешка, Полска, Португалија,
Словачка, Словенија, Шпанија,
Шведска, Швајцарија,
Обединетото Кралство.
Page 197 of 235
Сервисирање и одржување195
Меѓународни сервисни
периоди
Израел:
Постои потреба од одржување на
вашето возило на 40 000 км или по
1 година, кое и да настапи прво,
освен ако не е поинаку означено на екранот за сервисирање.
Романија, Бугарија, Австрија:
Постои потреба од одржување на
вашето возило на секои 30 000 км
или по 2 години, што и да е прво,
освен ако не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.
Мароко, Турција:
Постои потреба од одржување на
вашето возило на 20 000 км или по
1 година, кое и да настапи прво,
освен ако не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.Меѓународен:
Постои потреба од одржување на вашето возило на 15 000 км или по
1 година, кое и да настапи прво, освен ако не е поинаку означено на екранот за сервисирање.
Меѓународни држави се:
Албанија, Белорусија, Босна и
Херцеговина, Кипар, Казахстан,
Косово, Македонија, Малта, Црна
Гора, Нов Зеланд, Русија, Србија,
Сингапур, Јужна Африка, Украина.
Меѓународен +:
Постои потреба од одржување на
вашето возило на 10 000 км или по
1 година, кое и да настапи прво,
освен ако не е поинаку означено на екранот за сервисирање.
Меѓународни + држави се:
Молдавија.
Меѓународен ++:
Постои потреба од одржување на
вашето возило на 8 000 км или по
1 година, кое и да настапи прво,
освен ако не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.Меѓународни ++ држави се:
Хонгконг.
ПотврдувањаПотврдите на сервисирањето се
евидентира во Сервисната и
гаранцијската книшка. Датумот и
километражата се дополнува со
печат и подпис на работилницата
на сервисирањето.
Проверете дека Сервисната и
гаранцијската книшка е дополнета
исправно пошто постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако било каква
рекламација или добронамерно
барање треба да се исполни, и исто
така е корисно при продавање на
возилото.
Екран за сервисирање
Сервисниот период е заснован врз
повеќе параметри зависно од
употребата.
Екранот за сервисирање, сместен
во Информативниот центар за
возачот, означува кога треба да се
Page 198 of 235
196Сервисирање и одржување
направи следниот сервис.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Екран за сервисирање 3 84.
Контрола на нивото на моторното масло 3 84.Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течности
и средства за
подмачкување Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации. Штетата што ќе
настане како резултат на
употребата на производи кои не се во склад со овие спецификации
нема да биде покриена со
гаранцијата.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозност дава информација за густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Dexos е најновиот квалитет на
моторните масла што овозможува
оптимална заштита за дизел
моторите. Ако не е достапно, мора
да се користат моторни масла од
другите наброени квалитети.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 202.
Page 199 of 235
Сервисирање и одржување197
Дотурање моторно масло
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Употребата на моторни масла
само со квалитет ACEA A1/B1 или
A5/B5 е забрането, бидејќи тие
може да предизвикаат долгорочни
оштетувања на моторот во
одредени работни услови.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 202.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.
Класи по вискозитет на моторното
масло
SAE класата по вискозитет дава
информација за густината на
маслото.Повеќекласното масло се означува со две бројки, на пр., SAE 5W-30.
Првата бројка, по којашто следи W,
ја означува вискозноста при ниски температури, а втората бројка јаозначува вискозноста при високи
температури.
Изберете ја соодветната класа по
вискозитет зависно од
минималната надворешна
температура 3 202.
Сите препорачани степени на
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и
антифриз
Користете само долготраен
антифриз (LLC) без силикати
одобрен за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Системот e фабрички наполнет со
течност за ладење предвидена за
одлична заштита од корозија и
заштита од замрзнување до околу
-28 °C. Оваа концентрација треба
да се одржува во текот на целатагодина. Употребата на
дополнителни адитиви за течноста
за ладење кои се предвидени да
дадат дополнителна заштита од
корозија или изолација против помали протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.
Течност за сопирачките
Користете само течност за
сопирачките DOT4+ што е
одобрена за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.
Секогаш чувајте ја течноста за
сопирачките во затворен сад за да
се избегне впивањето на водата.
Page 200 of 235
198Сервисирање и одржување
Внимавајте течноста за сопирање
да се загади.