oil OPEL VIVARO B 2014.5 Сопственички прирачник

Page 149 of 209

Нега на возилото147Внимание
Одговорност на сопственикот е
да го одржува соодветното ниво на квалитет на соодветното
масло во моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката „add oil“ A,
дотурете моторно масло.
Внимание
Не дозволувајте нивото на
масло во моторот да се спушти
под минималното ниво!
Препорачуваме употреба на
моторно масло од ист вид како она
што било употребено при
последното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката за максимум B на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
За да спречите истурање кога го
обновувате моторното масло,
препорачуваме користење инка.
Внимавајте инката да е добро
наместена на цевката за полнење.
Потрошувачката на моторното
масло нема да се стабилизира
додека возилото не поминало
повеќе илјади километри. Дури
тогаш може да се утврди
фактичката мера на
потрошувачката.
Ако потрошувачката надминува
повеќе од 0,5 литри на 1000 км по
периодов на разработувањето,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Зафатнини 3 196.
Наместете го капачето право и
затегнете го.