TPMS OPEL VIVARO B 2015.5 Сопственички прирачник

Page 181 of 227

Нега на возилото179
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете го Сертификатот за сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Возачот е одговорен за правилно прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
Систем за следење на
притисокот на гумите
Системот за следење на
притисокот на гумите (TPMS)
користи радио и сензорска
технологија за проверка на
притисокот во гумите.
Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сите четири тркала треба да бидат опремени со сензори за притисокот
во гумите и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите
е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Сензорите на TPMS го следат
воздушниот притисок во гумите и ги емитуваат резултатите од
мерењата на притисокот до
приемник што се наоѓа во
возилото.
Притисоци на гумите на
екранот
Моменталните притисоци во
гумите може да се покажани на
Информативниот центар за
возачот 3 99.
Со возилото во мирување,
притискајте го копчето на крајот на
рачката на бришачите повеќепати
додека не се прикаже изборникот
за притисокот во гумите.

Page 182 of 227

180Нега на возилото
Состојба на низок притисок на
гумите
Откриена состојба на низок
притисок на гумите се прикажува со
светење на контролната сијаличка
w 3 97 и соодветна порака се
појавува на Информативниот
центар за возачот.
Ако се запали w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 215.
Откако ќе се напумпаат, може да биде потребно одредено возење за да се ажурираат вредностите на
притисокот во гумите во
Информативниот центар за
возачот. За тоа време може да
свети w.
Ако свети w при пониски
температури и се изгасне по
одредено време возење, може да
се работи за низок притисок.
Проверете го притисокот во
гумите.
Ако притисокот во гумите мора да
се намали или зголеми, исклучете
го палењето.
Монтирајте само тркала со сензори
за притисокот, инаку притисокот во
гумите нема да се прикажува и w
трепка неколку секунди, а потоа
свети постојано заедно со
контролната сијаличка A 3 95, а
соодветна порака се појавува во
Информативниот центар за
возачот.
Резервното тркало и привременото
резервно тркало не се опремени со сенсори за притисок. TPMS не
работи со овие тркала. За другите
три тркала TPMS останува
функционален.Контролната сијаличка w и
соодветна порака се појавуваат
при секој циклус на палење додека гумите не се напумпаат до
правилниот притисок.
Информативен центар за возачот
3 99.
Пораки за возилото 3 100.
Продупченост На дупната или многу издишана
гума се укажува со светење на
контролната сијаличка w заедно со
C 3 95 и соодветна порака се
појавува на Информативниот
центар за возачот. Запрете го
возилото и изгаснете го моторот.
Притисок на гумите 3 215 , Комплет
за поправање гуми 3 183,
Резервно тркало 3 188, Менување
тркала 3 186.
Зависност од температурата Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат.

Page 183 of 227

Нега на возилото181
Вредноста на притисокот во гумите
прикажана во Информативниот систем за возачот го покажува
фактичкиот притисок во гумите.
Затоа е важно да се проверува
притисокот во гумите со ладни
гуми.
Функција за повторно учење
По менувањето на тркалата TPMS
треба одново да направи
пресметки.
Со возилото во мирување,
изберете го изборникот за
притисок на гумите на
Информативниот центар за
возачот притискајќи го копчето на
крајот на рачката за бришачите.
Притиснете го и држете го копчето
околу 3 секунди за да ја иницирате повторната пресметка. На
Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Може да бидат потребни неколку
минути возење за да се заврши
повторното учење.
Ако дојде до проблеми за време на процесот на повторно учење,
контролната сијаличка w останува
да свети и во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака.
Информативен центар за возачот
3 99.
Пораки за возилото 3 100.
Општи информации
Употребата на течните комплети за поправање на гуми што се
достапни во трговијата може да го
влоши функционирањето насистемот. Може да се користат
комплети за поправање гуми
одобрени од фабриката.
Комплет за поправање гуми 3 183.
Надворешни радио опреми со
голема моќност може да му пречат на системот за контрола на
притисокот во гумите.
Секогаш кога се заменуваат гумите
сензорите на TPMS треба да се
демонтираат и да се сервисираат
во сервис.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од 2 мм.