lock OPEL VIVARO B 2015.5 Сопственички прирачник

Page 139 of 227

Возење и ракување137
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Непрепорачливо е да се вози со раката легната на рачката на
менувачот.
Сопирачки
Системот на сопирачки се состои
од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање,
возилото се уште може да се сопре со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога ќе го притиснете педалот за
сопирачките цврсто. Значително
повеќе сила треба да користите за
тоа. Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.Ако контролната сијаличка R
свети во групата инструменти за
време на возењето и се појавува
соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот, има дефект во системот
на сопирачките. Побарајте помош
од автомеханичар веднаш.
Контролна сијаличка R 3 95.
Пораки за возилото 3 100.
Систем за деблокирање
на сопирачките Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.