OPEL VIVARO B 2017.5 Сопственички прирачник
Page 151 of 261
Возење и ракување149Исклучување на возилотоСистем за прекин на дотокот на
гориво
Ако возилото остане без гориво, горивниот систем се отсекува и
треба да се препостави по
полнењето гориво. Соодветна
предупредувачка порака може да
се појави и во Информативниот
центар за возачот 3 111.9 Опасност
Ако ви замириса на гориво во
возилото, или има истекување
гориво, веднаш поправете ја
причината за тоа на сервис. Не
ресетирајте го системот за
прекин на дотокот на гориво за
да спречите опасност од пожар.
Препоставување со клучот на
далечинскиот управувач /
рачниот клуч
За да го ресетирате системот запрекин на дотокот на гориво и да
овозможите возилото да се вози:
1. Свртете го клучот за палење во
положба 2 3 145.
2. Почекајте неколку минути за да се препостави горивниот
систем.
3. Свртете го копчето во положба 3 за да го запалите моторот.
Ако моторот не запали, повторете
ја постапката.Препоставување со системот
на електронски клуч
За да го ресетирате системот за
прекин на дотокот на гориво и да
овозможите возилото да се вози:
1. Вметнете го електронскиот клуч
во читачот на картички 3 145.
2. Притиснете START/STOP без
притискање на педали.
3. Почекајте неколку минути за да се препостави горивниот
систем.
Ако моторот не запали, повторете
ја постапката.
Систем на електронскиот клуч
3 24.
Копче за вклучување 3 145.
Полнење гориво 3 178.
Исклучување на
пребрзувањето
Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина, но
педалата за гас е отпуштена.
Page 152 of 261
150Возење и ракувањеВо зависност од условите за
возење, исклучувањето на
пребрзувањето може да се
деактивира.
Систем за сопирање- поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите,
го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
притисне педалата на куплунгот.
Сензорот за акумулаторот
обезбедува Autostop да се врши
само ако акумулаторот е доволно
полн за повторно палење.
АктивирањеСистемот за сопирање-поаѓање е
достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.Ако условите подолу не се
исполнети, Autostop се спречува и
контролната сијаличка \ свети во
група инструменти 3 110.
Деактивирање
Рачно исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање
Î . LED-сијаличката во копчето
светнува за да укаже на
исклучувањето и соодветна порака се појавува на Информативниот
центар за возачот 3 111.
Ако се деактивира рачно, можно е
повторно да го активирате
системот за сопирање-поаѓање со
повторно притискање Î. LED-
сијаличката во копчето се
исклучува и во Информативниот
центар за возачот се појавува
соодветна порака. Системот
повторно се активира автоматски
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Пораки за возилото 3 112.
Забелешка
Кога е активирана функцијата за
брзо мирување, системот за
сопирање-поаѓање автоматски се
деактивира и не може да се
активира повторно со притискање Î . LED-сијаличката во копчето
светнува за да ја прикаже
деактивацијата и соодветна
порака се појавува во
Информативниот центар за
возачот 3 111.
Контрола на брзината во лер
3 148.
Во зависност од верзијата, ако возачката врата е отворена или
безбедносниот ремен е одврзан,
системот за сопирање-поаѓање се
деактивира автоматски, а моторот
Page 153 of 261
Возење и ракување151се исклучува. Повторно
стартувајте го моторот со
притискање START/STOP .
Копче за вклучување 3 145.
Autostop Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го Autostop на следниов начин:
● притиснете ја педалата за куплунг
● ставете ја рачката на менувачот во лер
● отпуштете ја педалата за куплунг
Моторот ќе се изгасне, а палењето
ќе остане вклучено ако се
исполнети бараните услови.
Autostop е означен кога Ï свети во
групата инструменти 3 110.
За време на Autostop, греењето и
сопирачките остануваат активни.
Меѓутоа, помошта за сопирање не
е достапна 3 164.
Внимание
Серво управувањето може да се
намали за време на Autostop.
Ако излезете од возилото додека
моторот е во Autostop, ќе се слушне
предупредувачка мелодија и ќе се
прикаже порака „ ПАЛЕЊЕТО Е
ИСКЛУЧЕНО“ како потсетник дека
моторот е во мирување и не е
исклучен.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање
проверува дали е исполнет секој од следните услови, инаку ќе се
попречи Autostop и контролната
сијаличка \ ќе свети во групата
инструменти:
● системот за сопирање- поаѓање не е исклучен рачно
● багажникот е целосно затворен
● возачката врата е затворена или безбедносниот ремен на
возачот е прицврстен
● акумулаторот е доволно наполнет и е во добра состојба
● моторот е загреан
● температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока
● надворешната температура не е прениска или превисока (на
пр. под 0 °C или над 30 °C)
Page 154 of 261
152Возење и ракување●функцијата за одмрзнување не
е вклучена
● системот за контрола на климатизацијата не го
попречува Autostop
● вакуумот на сопирачката е доволен
● функцијата за самочистење на филтерот за дизелски честичкине е вклучен 3 154
● систем за деблокирање на сопирачките (ABS) 3 163,
Систем за контрола на
пролизгувањето (TC) 3 165 и
Електронска програма за
стабилност (ESP® Plus
) 3 167
системи за контрола на
возењето не се активно
вклучени
● возилото е поместено од последното Autostop
Инаку, Autostop е попречено.
Одредени поставки на системот за
контрола на климатизацијата може
исто така да го попречат Autostop.
Видете во поглавјето „ Контрола на
климатизацијата “ за повеќе
информации 3 130.Веднаш по возење по автопат,
Autostop може да биде попречено.
Разработување на новото возило
3 144.
Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Повторно палење на моторот
од страна на возачот
Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.
Забелешка
Ако некоја брзина е избрана,
педалата за куплунгот мора да
биде целосно притисната за да се рестартира моторот.
Ако моторот не стартува повторно
од првпат, повторно притиснете ја
педалата за куплунгот до крај.Исто така, притиснете го копчето
Î за да го стартувате моторот
повторно додека е во Autostop.
Контролната сијаличка Ï 3 110 се
гаси во групата инструменти кога
моторот ќе се запали повторно.
Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање
Рачката на менувачот треба дабиде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот автоматски ќе се запали
повторно од страна на системот за
сопирање-поаѓање:
● акумулаторот е испразнет
● надворешната температура е прениска или превисока (на пр.под 0 °C или над 30 °C)
● функцијата за одмрзнување е вклучена 3 130
● вакуумот на сопирачката не е доволен
Page 155 of 261
Возење и ракување153● педалата за сопирачките сепритиска повеќе пати
● возилото почнува да се движи
Автоматското повторно
стартување на моторот може да не
е можно ако е отворена некоја
врата или хаубата.
Ако некој електричен уред, на пр.
преносен ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кус пад на напонот за време на
повторното палење.
Ако е активен инфозабавниот
систем, звукот на аудиото може
накусо да се намали или прекине
при повторното палење.
Дефект
Ако дојде до дефект на системот за
сопирање-поаѓање, LED-
сијаличката Î светнува, а на
Информативниот центар за
возачот 3 111 се појавува
соодветна порака. Побарајте
помош од автомеханичар.
Пораки за возилото 3 112.
Предупредувачки мелодии 3 113.Паркирање9 Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја педалата за кочење истовремено за да се
намалат работните сили.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамнина или нагорнина, ставете во
прва брзина. Ако возилото е
на угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на надолнина, ставете во рикверц. Свртете
ги предните тркала кон работ
на тротоарот.
● Затворете ги прозорците.
● Извадете го клучот за палење од бравата за
палење. Завртете го воланот додека не се почувствува
дека бравата на воланот се
заглавила.
● Заклучете го возилото со
притискање e на далечинскиот
управувач 3 27.
Активирајте го системот за
тревожење при кражба 3 40.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 185.
Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
Page 156 of 261
154Возење и ракувањекусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите турбополначот.
Чување на возилото 3 184.
Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички
Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување.
Филтерот се чисти со изгорување
на честичките од саѓи периодично
на висока температура. Овој
процес се одвива автоматски
според поставени услови за
возење. Autostop не е достапно и
потрошувачката на гориво може да биде поголема за тоа време.
Испуштањето на миризби и чад за
време на овој процес е нормално.
При извесни услови на возењето,
на пр. кратки растојанија, системот
не може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возењето не овозможиле
автоматско чистење, тоа ќе се
означи со светење на контролните
сијалички F 3 107 и Z 3 106 во
групата инструменти. Побарајте помош од автомеханичар веднаш.
Page 157 of 261
Возење и ракување155Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето се одвива најбрзо при големи брзини и оптовареност на
моторот.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.
Внимание
Класите на гориво поинакви од
оние наведени на страницата 3 178, 3 236, може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Неизгореното гориво ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, одржувајќи се брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
Ако контролната сијаличка Z
трепка, дозволените гранични
вредности за испуштање може да
бидат пречекорени. Подигнете ја
ногата од педалот за гас додека
Z не престане да трепка и не свети
постојано. Контактирајте со
автомеханичар веднаш.
Контролно светло за
неисправности 3 106.
AdBlue
Општи информации Селективното каталитичко
намалување ( BlueInjection) е метод
на значително намалување на
азотните оксиди во издувните
емисии. Тоа се постигнува со
инјектирање издувна течност од
дизел (DEF) во издувниот систем.
Ознаката на оваа течност е
AdBlue ®
. Тоа е нетоксична,
незапалива, безбојна течност без мирис што се состои од 32% уреа и 68% вода.9 Предупредување
Избегнувајте контакт на очите и
кожата со AdBlue.
Во случај на контакт со очите
или кожата, исплакнете со вода.
Page 158 of 261
156Возење и ракувањеВнимание
Избегнувајте контакт на бојата
со AdBlue.
Во случај на контакт, исплакнете со вода.
AdBlue замрзнува на температура
од приближно 11 °C. Со оглед на
тоа што возилото е опремено со предгреач за AdBlue, обезбедено е
намалување на емисиите при
ниски температури. Предгреачот
за AdBlue работи автоматски.
Показател за нивото на AdBlue
Моменталниот процент на AdBlue
кој преостанал може да биде
прикажан во Информативниот
центар за возачот 3 111.
Притискајте го неколку пати
копчето на крајот од рачката на
бришачите додека не се прикаже
изборникот „Преостанат процент
на AdBlue“.
Предупредувања за нивото Потрошувачката на AdBlue е
приближно 3.0 литри на 1000 км и
зависи од начинот на возење.
Доколку нивото на AdBlue падне
под одредена вредност, на
Информативниот центар за
возачот ќе се прикаже
предупредување за нивото 3 111.
Додатно, контролната сијаличка Y
свети постојано заедно со
предупредувачка мелодија.
Дополнете го резервоарот за
AdBlue што е можно побрзо.
Погледнете во "Дополнување
AdBlue" подолу.
Доколку не се наполни AdBlue до одредено растојание, на
Информативниот центар за
возачот и понатаму се прикажуваат
Page 159 of 261
Возење и ракување157предупредувања за нивото во
зависност од моменталното ниво
на AdBlue.
Спречено рестартирање на
моторот
Последователните барања за
дополнување на AdBlue и конечно
објавувањето дека
рестартирањето на моторот ќе
биде спречено се прикажани во
Информативниот центар за
возачот.
Забелешка
Овие ограничувања се законска
обврска.
Пред спречувањето на
стартувањето на моторот, се
прикажува предупредувачка
порака со 0 км во Информативниот
центар за возачот, што покажува
дека по исклучувањето на
палењето, ќе биде спречено
рестартирање на моторот.
По спречувањето на стартувањето на моторот, се прикажува
предупредувачка порака во
Информативниот центар завозачот потсетувајки го возачот
дека нивото на AdBlue е
недоволно.
За да може да се стартува моторот, резервоарот треба да се дополни
целосно или со најмалку
десет литри AdBlue, во зависност
од потрошувачката на AdBlue.
Фази на предупредување: нивоа на предупредување, спречено е
стартување на моторот
1. Светнува Y по вклучување на
палењето со порака за
предупредување LEVEL
ADBLUE LOW (НИСКО НИВО
НА ADBLUE) :
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
Дополнете го резервоарот за
AdBlue што е можно побрзо.
2. Светнува Y при возење со
порака за предупредување TOP
UP ADBLUE (ДОТУРЕТЕ ADBLUE) :
Можно губење на силата на
моторот.Дополнете го резервоарот за
AdBlue што е можно побрзо.
3. Светнува Y при возење со
порака за предупредување XXX
KM STOP ADD ADBLUE (XXX
КМ ДО ЗАПИРАЊЕ ДОДАЈТЕ
ADBLUE) :
Брзината на моторот може да
биде ограничена до 20 км/ч по
исклучување и вклучување на
моторот додека растојанието е ограничено на 0 км.
Дополнете го резервоарот
целосно или со најмалку
десет литри AdBlue (во
зависност од потрошувачката
на AdBlue) што е можно побрзо.
4. Светнува Y при возење со
порака за предупредување 0
KM STOP ADD ADBLUE (0 КМ
ДО ЗАПИРАЊЕ ДОДАЈТЕ
ADBLUE) :
Моторот не може да се стартува по исклучување на палењето.
За да може да се стартува
моторот, дополнете го
резервоарот целосно или со
најмалку десет литри AdBlue
Page 160 of 261
158Возење и ракување(во зависност од
потрошувачката на AdBlue) што
е можно побрзо.
Покрај светењето на контролната
сијаличка Y, може да се слушне и
предупредувачка мелодија.
Предупредувачки мелодии 3 113.
Предупредувања за многу
издувни гасови
Ако издувните гасови се зголемат
над одредена вредност,
предупредувања слични на
предупредувањата за опсегот
опишани погоре ќе се прикажат во
Информативниот центар за
возачот. Контролната сијаличка Y
свети постојано заедно со F и
предупредувачка мелодија.
Барањата за проверка на
издувниот систем и најпосле
објавувањето дека ќе се спречи
стартувањето на моторот се
прикажани во Информативниот
центар за возачот.
Забелешка
Овие ограничувања се законска
обврска.Во AdBlue спектарот на 1100 км, на
екранот во Информативниот
центар за возачот ќе се појави
предупредувачка порака
покажувајќи го преостанато
растојание кое возилото може да го помине пред рестартирањето на
моторот да биде спречено. Оваа
предупредувачка порака се
повторува на секои 100 км.
Побарајте помош од
автомеханичар колку е можно
поскоро.
Фази на предупредување:
предупредувања за многу издувни
гасови
1. Светнуваат Y и F со порака за
предупредување CHECK ANTI-
POLLUTION (ПРОВЕРЕТЕ ГО СИСТЕМОТ ПРОТИВ
ЗАГАДУВАЊЕ) :
Дефект во системот што може
да предизвика губење на
силата на моторот.
Побарајте помош од
автомеханичар колку е можно
поскоро.2. Светнуваат Y и F со порака за
предупредување
ANTIPOLLUTION xxx KM FAIL
(НЕУСПЕХ НА СИСТЕМОТ
ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ xxx
КМ) :
Покажува дека за помалку од
1100 км ќе се спречи
стартувањето на моторот по исклучување на палењето.
Оваа предупредувачка порака
ќе се повторува на секои
100 км.
Брзината на моторот може да
биде ограничена до 20 км/ч по
исклучување и вклучување на
моторот додека растојанието е ограничено на 0 км.
Побарајте помош од
автомеханичар колку е можно
поскоро.
3. Светнуваат Y и F со порака за
предупредување
ANTIPOLLUTION 0 KM FAILURE (ГРЕШКА НА СИСТЕМОТ
ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ 0 КМ) :
Моторот не може да се стартува
по исклучување на палењето.