OPEL VIVARO B 2017.5 Сопственички прирачник

Page 181 of 261

Возење и ракување179Забелешка
За посигурно прикажување на
нивото на горивото, палењето
мора да е исклучено пред
полнење со гориво. Избегнувајте
мали дополнувања гориво (на пр.
помалку од пет литри) за поточно
прикажување на нивото.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа од левата страна
на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако
возилото е отклучено и е отворена
левата врата.
Забелешка
Не отворајте ја левата лизгачка
странична врата при полнење
гориво.
Повлечете ја вратичката за да ја
отворите.Внимание
Кај возила со AdBlue,
заштитното капаче за AdBlue е
синото долно капаче 3 155, а
капачето за полнење гориво е црното горно капаче (означено
со стрелка на сликата).
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето. Побарајте помош од автомеханичар веднаш.
За да го отворите капачето на
резервоарот за гориво, свртете го
налево.
Капачето за полнење гориво може
да се задржи во рамката на
вратичката на резервоарот.
За полнење гориво, целосно
вметнете ја цевката на пумпата и вклучете ја.
По автоматско исклучување, може
да се дополни целосно со
вклучување на цевката на пумпата
уште најмногу двапати.Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
Кога полнењето гориво е
завршено, вратете го капачето на
резервоарот и свртете го надесно
колку што може.
Затворете ја вратичката на
резервоарот.
Капаче за полнење гориво Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за полнење гориво.

Page 182 of 261

180Возење и ракувањеПотрошувачка на гориво -CO 2-испуштање
Вредностите за потрошувачката на гориво (комбинирана) на моделот
Opel Vivaro е во опсегот од 7,4 до
5,7 л/100 км.
Во зависност од земјата,
потрошувачката на гориво се
прикажува во км/л. Во овој случај,
потрошувачката на гориво
(комбинирана) на моделот Opel
Vivaro е во рамките на околу 13,5
до 17,5 км/л.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
во опсег од 195 до 149 г/км.
За вредностите за вашето возило,
видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.Општи информации
Наведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2 се
однесуваат на основниот модел за
ЕУ со стандардна опрема.
Податоците за потрошувачката на
гориво и испуштањето CO 2 се
одредуваат според прописот
R (EC) бр. 715/2007 (во најновата
важечка верзија), со земање
предвид на тежината на возилото
кога работи, како што е одредено
со прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не треба
да се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
предизвика малку повисоки
вредности на наведената
потрошувачка на гориво и
испуштање CO 2. Понатаму
потрошувачката на гориво зависиод личниот стил на возењето, како
и од условите на коловозот и
сообраќајот.

Page 183 of 261

Возење и ракување181Кука за приколки
Општи информации Доверете му го отпослежното
монтирање на опремата за
влечење на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат
измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило.
Возни карактеристики, совети за влечење
Во случај на приколки со
сопирачки, закачете го кабелот за
приврзување.
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не подмачкајте ја ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто дејствува врз
влечната топка. Кај приколки сослаба стабилност при возење
употребата на стабилизатор се
препорачува.
Максималната брзина од 80 км/ч не смее да се надмине, дури и во
држави каде што се дозволени
поголеми брзини.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло, ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна натовареност 3 246.
Влечење на приколка Товарење на приколката
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката еразликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12 %.
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина
од 1000 метри. Бидејќи моќноста на моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).

Page 184 of 261

182Возење и ракувањеНе смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 234.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка е забележана на
идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.Во случај на оптовареност на
приколката од 1200 кг или повеќе,
вертикалната оптовареност на
влечната спојка не смее да биде
помала од 50 кг.
Натоварување на задната оскаКога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено (вклучувајќи ги и сите
патници), дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) не смее да се надмине.
Помош за стабилноста на приколката
Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка селективно се сопира
додека не престане кривулестото
движење. Додека системот работи,
држете го воланот колку што може постабилно.Помош за стабилност на
приколката (TSA) е функција на
Електронската програма за
стабилност (ESP® Plus
) 3 167.

Page 185 of 261

Нега на возилото183Нега на возилотоОпшти информации.................184
Додатоци и модификации на возилото ................................ 184
Чување на возилото ..............184
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......185
Прверки на возилото ...............185
Вршење работа ...................... 185
Хауба ...................................... 185
Моторно масло ......................186
Филтер за воздух ...................188
Ладилник ................................ 188
Течност за серво управување ........................... 189
Течност за миење ..................189
Сопирачки .............................. 190
Течност за сопирачките ........190
Акумулатор ............................. 190
Филтер за дизел гориво ........192
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 193
Замена на четкичките на бришачите ............................. 194
Замена на сијалиците ..............195
Предни фарови ......................195Фарови за магла ....................196
Предни трепкачи ....................196
Задни светла .......................... 196
Странични трепкачи ..............197
Средишно високо монтирано стоп-светло ........................... 198
Светло за рикверц .................199
Светло за регистарската табличка ................................ 199
Заден фар за магла ...............200
Внатрешни светла .................201
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 201
Електричен систем ..................202
Осигурувачи ........................... 202
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......203
Прирачен алат ......................... 206
Алати ...................................... 206
Тркала и гуми ........................... 207
Гуми ........................................ 207
Зимски гуми ............................ 207
Ознаки на гумите ...................207
Притисок на гумите ................ 208
Систем за следење на
притисокот на гумите ...........209
Длабочина на шарата ...........212
Менување на големината на гумите и тркалата .................212Раткапни................................. 212
Синџири за гуми ..................... 213
Комплет за поправање гуми . 213
Менување тркала ................... 216
Резервно тркало ....................218
Палење со кабли ......................220
Влечење ................................... 222
Влечење на возилото ............222
Влечење друго возило ..........223
Нега за изгледот ......................224
Нега на надворешноста ........224
Нега на внатрешноста ........... 226

Page 186 of 261

184Нега на возилотоОпшти информацииДодатоци и модификациина возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди)
може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз потрошувачката на гориво,
испуштањето CO 2 и други
испуштања од возилото и да
предизвикаат возилото повеќе да
не го почитува одобрението натипот на возилото што ќе влијае
врз важноста на регистрацијата на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Исперете го возилото. Полирајте ги обоените делови
на возилото со полир-паста.
Надворешна нега 3 224.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или во рикверц. Спречете го возилото од тркалење.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.

Page 187 of 261

Нега на возилото185● Проверете го нивото намоторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Бидејќи рокот на траење на AdBlue е ограничен на две
години, течноста треба да се
замени ако е премногу стара.
Побарајте помош од
автомеханичар.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете муја работава само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето. Возилото не смее да
биде во Autostop 3 150.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење генерира
крајно високи волтажи. Не
допирајте ги.
За полесно препознавање,
капачињата за дотурање моторно
масло, течност за сопирачките,
течност за ладење, течност за
миење и рачката од прачката за
мерење на нивото на маслото се
жолти.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
првобитната положба.

Page 188 of 261

186Нега на возилото
Поместете го налево
безбедносното резе што се наоѓа
малку надесно од средината, па
подигнете ја хаубата.
Багажникот се држи отворен
автоматски со подигач.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Систем за сопирање-поаѓање
3 150.
Внимание
Проверете дали бришачот на
шофершајбната е исклучен
пред да ја отворите хаубата
3 92.
Затворање
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(приближно 30 см). Проверете
дали хаубата е заглавена.
Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
9 Предупредување
Дури и во случај на мал челен
судар, безбедносното резе за
хаубата треба да го провери
автомеханичар.
Моторно масло
Проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да нема
оштетувања на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачаните
течности и средства за
подмачкување 3 230.
Максималната потрошувачка на моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на рамна површина. Моторот треба
да биде со работна температура и
изгаснат најмалку 10 минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.

Page 189 of 261

Нега на возилото187
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN, дотурете
моторно масло.
Внимание
Не дозволувајте нивото на
масло во моторот да се спушти
под минималното ниво!
Препорачуваме употреба на
моторно масло од ист вид како она
што било употребено при
последното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката за максимум MAX на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
За спречување на истурање на
моторно масло при дотурање,
препорачуваме да се користи инка
за надополнување на моторно
масло. Внимавајте инката да е
добро наместена на цевката за
полнење.
По надополнувањето, ставете ја
инката во пластична кеса и чувајте
ја на сигурно.
Потрошувачката на моторното
масло нема да се стабилизира
додека возилото не поминало
повеќе илјади километри. Дури
тогаш може да се утврди
фактичката мера на
потрошувачката.
Ако потрошувачката надминува
повеќе од 0,6 литри на 1000 км по
периодов на разработувањето,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Зафатнини 3 245.
Наместете го капачето право и
затегнете го.

Page 190 of 261

188Нега на возилотоФилтер за воздухСијаличка за протокот на
воздух во моторот
Кај одредени модели сијаличката
се наоѓа во системот за индукција на моторот и покажува дали е
ограничен доводот на воздух во
моторот.
Слободен:Нема
ограничувањеЦрвен
симбол:ОграниченАко е прикажан црвениот симбол
кога моторот работи,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Ладилник Течноста за ладење дава заштита
од замрзнување до околу -28 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за
ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
нивото на течноста за ладење
треба да биде токму над ознаката
MINI . Дотурете ако нивото е ниско.
9Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
Дотурете антифриз. Ако нема
антифриз на располагање,
користете чиста вода од чешма или дестилирана вода. Ставете го

Page:   < prev 1-10 ... 141-150 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 ... 270 next >