OPEL VIVARO B 2017.5 Сопственички прирачник

Page 191 of 261

Нега на возилото189капакот цврсто. Нека Ви ја провериконцентрацијата на антифризот и
нека Ви ја отстрани причината на
губење на течноста за ладење
автомеханичар.
Ако е потребно значтелно
количество на течност за ладење,
ќе треба да се исцеди заглавениот воздух од системот за ладење.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Ако температурата на течноста за
ладење е превисока, контролната
сијаличка W 3 108 свети црвено во
групата инструменти, заедно со C
3 107. Посоветувајте се со
автомеханичар ако нивото на
течноста за ладење е доволно.
Течност за сервоуправувањеВнимание
Многу мали загадувања можеда предизвикат оштетување на
системот за управување и
неправилна работа. Не
дозволувајте загадувачи да
дојдат во допир со делот што
доаѓа во допир со течноста на капачето на резервоаротили да
навлезат во резервоарот.
Резервоарот на течноста за серво
управување се наоѓа под сводот на левото предното тркало, под
плочата на облогата.
Нивото на течноста обично не
треба да се проверува. Во случај на
невообичаен звук при
управувањето или ако серво
управувањето реагира
невообичаено, побарајте помош во сервис.
Ако нивото на течноста во
резервоарот падне под ознаката
MIN , посоветувајте се со
автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество течност
за миење на шофершајбната која
содржи антифриз.

Page 192 of 261

190Нега на возилотоВнимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Користењето течност за миење
што содржи изопропанол може
да ги оштети надворешните
ламби.
Течност за миење 3 230.
Сопирачки Ако има, видливиот показател на
изабеноста на пакните на
сопирачките покажува кога
линијата на сопирачките е на
минималната дебелина. Можно е
да се продолжи патувањето но
нека Ви ги заменат пакните на
сопирачките што побргу.
Штом се ставени нови пакните, не
сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Течноста за сопирачките мора да
биде меѓу ознаките MINI и MAXI .
Кога дотурате, уверете се дека течноста е сосема чиста бидејќи
загадената течност за сопирачките
може да доведе до неисправности
во системот на сопирачки. Нека Ви
ја отстрани причината на губењето
на течноста за сопирачките
автомеханичар.
Користете течност за сопирачките
само со високи перформанси
одобрена за Вашето возило.
Течност за сопирачките 3 230.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото се наоѓа
под капак во моторниот простор.
Акумулаторот на возилото не се сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Кратки возења и

Page 193 of 261

Нега на возилото191чести палења на моторот можат да
го испразнат акумулаторот.
Избегнувајте ја употребата на
непотребни електрични
потрошувачи.
Контролната сијаличка p
светнува ако има дефект на
системот за полнење. Запрете,
исклучете го моторот и побарајте помош од автомеханичар.
Систем за полнење 3 106.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
9 Опасност
Уверете се дека палењето е
целосно исклучено (возилото не смее да биде во Autostop), пред
да го поврзете или исклучите акумулаторот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 150.
Замена на акумулаторот
Во возилата со акумулатор AGM
(Впивачка стаклена подлога)
проверете дали го заменувате
акумулаторот со друг AGM
акумулатор.
Акумулатор AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор на Opel.
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси на системот за
сопирање-поаѓање.
Побарајте помош од
автомеханичар за да ви го заменат акумулаторот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 150.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте
потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на

Page 194 of 261

192Нега на возилотоакумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.9 Опасност
Обезбедете соодветно
проветрување кога го полните акумулаторот. Постои ризик одексплозија ако гасовите што се
произведуваат за време на
полнењето се остават да се
насоберат!
Палење со кабли 3 220.
Предупредувачки натпис
Значење на симболите: ● Без искри, отворени огнови или
пушење.
● Секогаш заштитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете го упатството за сопственикот за понатамошни
информации.
● Можно е присуство на експлозивен гас во близина на
акумулаторот.
Дополнителен акумулатор
Во зависност од дополнителната
опрема на возилото, одредени
модели може да имаат
дополнителен акумулатор што се
наоѓа под предното совозачко
седиште.Забелешка
Дополнителниот акумулатор
автоматски се поврзува со
главниот акумулатор на возилото
само кога моторот работи. Нема
потреба рачно да го исклучувате
пред да го исклучите главниот
акумулатор на возилото или пред
да го палите возилото со кабли.
Палење со кабли 3 220.
Филтер за дизел гориво
На филтерот за дизел гориво може да му се пристапи од долната
страна на возилото.

Page 195 of 261

Нега на возилото193Исцедете ја наталожената вода од
филтерот при секое менување на моторното масло.
Ставете сад под куќиштето на
филтерот. Олабавете ја
избраздената завртка од долниот
дел од филтерот со приближно
еден круг за да ја исцедите водата.
Филтерот е исцеден штом ќе
излезе дизел гориво без вода.
Затегнете ја завртката.
Проверувајте го филтерот за дизел гориво почесто ако возилото е
изложено на екстремни работни
услови.
Цедење на системот содизел гориво
Ако резервоарот за гориво се
испразнил докрај, ќе треба да се
проветри или исцеди системот за
дизел гориво.
Дополнете гориво, па постапете вака:Со клуч за палење
● Вклучувајте го палењето (клучот во положба 2)
5 секунди при обид.
● Исклучувајте го палењето (клучот во положба 1)
три секунди.
● Повторете го тоа повеќепати.
● Запалете го моторот (клучот во
положба 3), потоа исклучете го
(клучот во положба 0).
Положби на прекинувачот за
палење 3 145.
Со копче за вклучување
● Вметнете го електронскиот
клуч во читачот на картички.
● Притиснете START/STOP без
притискање на педалите.
● Почекајте неколку минути пред
да го стартувате моторот.
Копче за вклучување 3 145.
Ако моторот не се пали, побарајте
помош од автомеханичар.
Палење на моторот 3 147.

Page 196 of 261

194Нега на возилотоЗамена на четкичките набришачите
Четкички на бришачите на
шофершајбната
Пред да ги замените четкичките на бришачите, ставете ја рачката за
бришачите во положба за
одржување (ако има).
Бришач на шофершајбната/перач
3 92.
Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете го копчето за да се
откачи четкичката на бришачот и
извадете ја.
Прицврстете ја новата четкичка на бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стакло
Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете ги спојките заедно за
да се откачи четкичката на
бришачот и подигнете ја за да ја
извадите.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Кога монтирате нова четкичка на
бришачот, уверете се дека е добро прицврстена.

Page 197 of 261

Нега на возилото195Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучете го соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на
сијаличка за замена.
Проверка на ламбите По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете
ги светлата.
Предни фарови
Средно светло и долго светло Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
1. Извадете го заштитниот капак вртејќи го налево.
2. Исклучете го кабел штекерот.
3. Ослободете ја спојката за држење (погледнете ја сликата)
и извадете ја сијалицата.
4. Сменете ја сијалицата и инсталирајте ја спојката за
држење уверувајќи се дека
сијалицата е во правилната
насока.
5. Вратете го кабел штекерот и заштитниот капак.
Странични светла/Светла за
дневно возење
1. Извадете го заштитниот капак вртејќи го налево.
2. Ослободете ги спојките и извадете ја фасонката од
куќиштето на фарот.
3. Сменете ја сијалицата.
4. Монтирајте ја фасонката во куќиштето на фарот и ставете
ги спојките.
5. Монтирајте го заштитниот капак.

Page 198 of 261

196Нега на возилотоФарови за маглаДојдете до ламбата на предното
светло за магла од под возилото.
1. Од левата страна на возилото, откачете ја спојката на држачот
и отворете го пристапниот
капак.
Од десната страна на возилото, извадете ги двете завртки и
спојките на држачот за да го
извадите пристапниот капак.
2. Исклучете го кабел штекерот.
3. Завртете го држачот на ламбата налево и извадете ја
ламбата.
4. Заменете ја ламбата и монтирајте го држачот на
ламбата.
5. Повторно закачете го кабел штекерот.
6. На левата страна од возилото, затворете го пристапниот
капак.
На десната страна од возилото,
ставете го пристапниот капак и
повторно ставете ги
двете завртки.
Предни трепкачи1. Извадете го држачот на ламбата од куќиштето на фаротвртејќи го налево.
2. Сменете ја сијалицата.
3. Инсталирајте го држачот на сијалицата во куќиштето на
фарот.
Задни светла Задни стоп-светла, трепкачи и
задни светла
Отворете ги задните врати/задната
врата за да пристапите до задните
светла.

Page 199 of 261

Нега на возилото197
1. Извадете ги трите завртки (соприложениот алат).
2. Претпазливо извлечете го комплетот на светлото од
штипките за држење на
надворешната страна и
извадете го.
3. Одвојте го кабел штекерот од комплетот на светлото.4. Свртете ја фасонката налево за
да ја одделите сијаличката.
5. Сменете ја сијалицата.
6. Со притискање монтирајте ја фасонката во сијаличката, а
потоа свртете ја надесно за да
се прицврсти.
7. Повторно ставете го приклучокот со кабел во
комплетот на светлото и
проверете дали е поставен
правилно.
8. Вратете го комплетот на светлото во првобитната
положба и проверете дали е
правилно поставен врз
штипките за држење.
9. Ставете ги трите завртки.
Странични трепкачи
1. Ослободете го комплетот светла од браникот со
притискање на клиповите
користејќи соодветен алат и
оттргнувајќи го комплетот светла од отворот.

Page 200 of 261

198Нега на возилото2. Извадете го држачот наламбата од комплетот на
светлото со вртење налево и
сменете ја ламбата.
3. Вметнете го држачот на сијалицата во комплетот на
светлото и наместете го
комплетот на светлото во
отворот.
Средишно високо монтирано стоп-светло
Задни врати 1. Отворете ги задните врати.2. Извадете ги двете завртки од внатрешноста на задните
врати.
3. Од надворешноста на возилото, извадете ја
фасонката така што ќе ги откачите штипките со плоснатшрафцигер.
4. Сменете ја сијалицата.
5. Монтирајте ја фасонката и вратете ги двете завртки.
Задна врата 1. Отворете ја задната врата.
2. Извадете ги двете завртки од задната врата.

Page:   < prev 1-10 ... 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 ... 270 next >