OPEL VIVARO B 2017.5 Сопственички прирачник

Page 211 of 261

Нега на возилото2091. Идентификувајте јаидентификациската шифра намоторот. Податоци за моторот
3 236.
2. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок на гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 246.
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Возачот е одговорен за правилно
прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
9 Предупредување
За специфични гуми,
препорачаниот притисок во
гумите што е прикажан во
табелата за притисок во гумите може да биде поголем од
максималниот притисок во
гумите што е наведен на гумата.
Никогаш не надминувајте го
максималниот притисок што е
прикажан на гумата.
Зависност од температурата
Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат.
Вредностите за притисокот во
гумите на ознаката за информации
за гумите и табелата за притисок
на гумите се важечки за ладни
гуми, а тоа значи 20 °C. Притисокот
се зголемува за речиси 10 kPa
(0,1 bar) за покачување на
температурата за 10 °C. Тоа мора да се земе во предвид кога се
проверуваат топли гуми.
Влечење на приколка Кога се влече приколка, а возилото
е целосно натоварено, притисокот
во гумите мора да се зголеми за
20 kPa/0,2 bar (3,0 psi), а максималната брзина да се
ограничи на 100 км/ч.
Влечење на приколка 3 181.
Систем за следење на притисокот на гумите
Системот за следење на
притисокот на гумите користи
радио и сензорска технологија за
проверка на притисокот во гумите.Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.

Page 212 of 261

210Нега на возилотоСите четири тркала треба да бидатопремени со сензори за притисокот
во гумите и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Сензорите на системот за контрола на притисокот во гумите го следат
воздушниот притисок во гумите и ги емитуваат резултатите од
мерењата на притисокот до
приемник што се наоѓа во
возилото.
Табела за притисок во гумите
3 246.Состојба на низок притисок на
гумите
Откриена состојба на низок
притисок на гумите се прикажува со
светење на контролната сијаличка
w 3 109 и соодветна порака се
појавува на Информативниот
центар за возачот.
Ако се запали w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 246.
Откако ќе се напумпаат, може да биде потребно одредено возење за да се ажурираат вредностите на
притисокот во гумите во системот.
За тоа време може да свети w.
Ако свети
w при пониски
температури и се изгасне по
одредено време возење, може да
биде показател дека се
приближува состојба за низок
притисок во гумите. Проверете го
притисокот во сите четири гуми.
Ако притисокот во гумите мора да
се намали или зголеми, исклучете
го палењето.
Монтирајте само тркала со сензори
за притисок, инаку w трепка
неколку секунди, а потоа свети
постојано заедно со контролната сијаличка F 3 107, а соодветна
порака се појавува во
Информативниот центар за
возачот.
Резервното тркало или
привременото резервно тркало не
е опремено со сензори за притисок. Системот за контрола на
притисокот во гумите не
функционира за тие тркала. За
другите три тркала системот за
контрола на притисокот во гумите
останува функционален.

Page 213 of 261

Нега на возилото211Контролната сијаличка w и
соодветна порака се појавуваат
при секој циклус на палење додека
гумите не се напумпаат до
правилниот притисок.
Информативен центар за возачот
3 111.
Пораки за возилото 3 112.
Продупченост На дупната или многу издишана
гума се укажува со светење на
контролната сијаличка w заедно со
C 3 107 и соодветна порака се
појавува на Информативниот
центар за возачот. Запрете го
возилото и изгаснете го моторот.
Притисок во гумите 3 246.
Комплет за поправање гуми 3 213.
Резервно тркало 3 218.
Менување на тркалата 3 216.Функција за повторно учење
Откако ќе се поправи дупката и
возачот ќе ги напумпа гумите до
правилниот притисок во гумите,
потребно е повторно да се
пресмета со системот за контрола
на притисокот во гумите.
Притисок во гумите 3 246.
Комплет за поправање гуми 3 213.
Во текот на возењето, изберете го
изборникот за притисок во гумите
во Информативниот центар за
возачот притискајќи го копчето на
крајот од рачката за бришачите.
Притиснете го и држете го копчето
околу пет секунди за да ја
иницирате повторната пресметка.
На Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Неколку минути возење со брзина над 40 км/ч може да биде потребно
да го завршите процесот на
проучување. Системот може да
дава само ограничени
информации за тоа време.
Ако дојде до проблеми за време на процесот на повторно учење,
контролната сијаличка w останува
да свети и во Информативниот центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака.
Информативен центар за возачот
3 111.
Пораки за возилото 3 112.
Општи информации Употребата на синџири за гуми или
течните комплети за поправање на гуми што се достапни во трговијатаможе да го влоши
функционирањето на системот.

Page 214 of 261

212Нега на возилотоМоже да се користат комплети за
поправање гуми одобрени од
фабриката.
Комплет за поправање гуми 3 213,
Синџири за гуми 3 213.
Надворешни радио опреми со
голема моќност може да му пречат на системот за контрола на
притисокот во гумите.
Секогаш кога се заменуваат
гумите, сензорите на системот за
контрола на притисокот во гумите
треба да се демонтираат и да се
сервисираат во сервис.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини ако
длабочината на шарите падне под два до три мм (четири мм за
зимските гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од два мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на шест години.
Менување на големинатана гумите и тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.

Page 215 of 261

Нега на возилото213Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 15 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
За гуми од големината 215/60 R17,
посоветувајте се со
автомеханичар.9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Капаците на тркалата на челичните бандажи може да дојдат во контакт
со делови од синџирите. Во такви
случаи, извадете ги раткапните.
Синџири за гуми смеат да се
користат само при брзини до
50 км/ч а, кога се вози по патишта
коишто се без снег, тие смеат да се
користат само за кратки периоди
бидејќи се изложени на брзо абење на тврд коловоз и може да се
скинат.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправање
гуми
Помалите оштетувања на шарата
на гумата и на страните може да се
поправат со комплетот за
поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат четири мм или што се
од страната на гумата близу до
тркалата не можат да се поправат
со комплетот за поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако возилото има издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина или
рикверц.

Page 216 of 261

214Нега на возилотоКомплетот за поправање гуми се
наоѓа под возачкото седиште.
Прирачен алат 3 206.
1. Извадете ги компресорот и шишето со заптивна смеса од
кутијата на комплетот за
поправање гуи.
2. Извадете ги кабелот за електрична врска и цревото за
воздух од преградите на
долната страна на
компресорот.
3. Навртете го цревото за воздух на приклучокот на шишето со
заптивната смеса.
4. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивната смеса ќе биде исправено.
5. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
6. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
7. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на O.
8. Поврзете го кабелот за електрично поврзување со
штекерот за струја или во
приклучокот на запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
9. Поставете го преклопникот на компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
10. Манометарот на компресорот накратко означува вредност до
шест бари (600 kPa/87 psi).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.

Page 217 of 261

Нега на возилото21511. Целата заптивна смеса сепумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
12. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 15 минути.
Притисок во гумите 3 246. Кога
ќе се постигне правилниот притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
15 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Поместете го возилото за едно
цело ротирање на гумите (околу два метри). Повторно закачете
го комплетот за поправање
гуми и продолжете со
постапката за полнење за
15 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е
достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Испуштете го вишокот притисок од гумата со копчето покрај
показателот на притисокот.
Не работете со компресорот
подолго од 15 минути.
13. Откачете го комплетот за поправање гуми.
14. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
15. Земете ја етикетата која ја покажува најголематадозволена брзина од комплетот за поправање гуми и залепете
ја во видното поле на возачот.
16. Одложете го шишето со заптивна смеса во пластичното
ќесенце. Вратете го комплетотза поправање гуми во кутијата и
одложете го под возачкото
седиште.
17. Продолжете со возењето веднаш за да се распредели
заптивната смеса рамномерно по гумата. По возење околу
десет км, но не повеќе од
десет минути, застанете и
проверете го притисокот во
гумите користејќи го
компресорот. Навртете го
цревото за воздух од
компресорот директно на
вентилот на гумата кога го
правите ова.

Page 218 of 261

216Нега на возилото18. Ако притисокот во гумата епоголем од 2,2 бари (220 kPa/
31 psi), поставете го на
правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 2,2 бари (220 kPa/
31 psi), возилото не смее да се
вози. Побарајте помош од
автомеханичар.
19. Откачете го комплетот за поправање гуми, вратете го во
кутијата и одложете го под
возачкото седиште.9 Предупредување
Не дозволувајте заптивната
смеса да дојде во контакт со
кожата, очите или облеката. Ако се голтне, побарајте лекарска
помош веднаш.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат
таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Внимавајте на информациите за
чување и рокот на траење на
шишето со заптивната смеса.
Неговата способност за
потполнување не е гарантирана
за ова време.
Заменете го користеното шише со заптивната смеса. Расходувајте
го шишето за заптивната смеса
како што е пропишано со
важечките закони.
Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 213.Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, тврда и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина или рикверц.
● Извадете го резервното тркало
3 218.
● Никогаш не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
● Користете ја дигалката само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
подигнете.

Page 219 of 261

Нега на возилото217● Во возилото не смее да ималуѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете моторот кога возилото е кренато на
дигалката.
● Исчистете ги навртките за тркалото и навојот со чистакрпа пред да го монтирате
тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Извадете ја раткапната (со приложената кука). Прирачен
алат 3 206.
2. Олабавете ја секоја завртка на
тркалото за половина круг
користејќи го клучот за тркала.
Внимавајте клучот да се
намести цврсто. Клучот треба
да се врти налево за да се
олабават завртките. Свртете го
клучот обратно ако е потребно.3. Наместете го клинот на дигалката под дупката за
дигање сместена најблиску до
односното тркало.
Уверете се дека дигалката е
наместена правилно. Основата
на дигалката треба да биде на
тлото непосредно под дупката
за дигање на тој начин што да
се спречи лизгањето на истата.
4. Наместете го клучот врз дигалката и кренете го
возилото со вртење на клучот
додека тркалото не се подигне
од тлото.
5. Отшрафете ги завртките на тркалото целосно со вртење

Page 220 of 261

218Нега на возилотообратно од насоката на
стрелките на часовникот и
избришете ги со крпа.
Ставете ги завртките на
тркалото некаде каде што
навоите нема да се извалкаат.
6. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 218.
7. Зашрафете ги завртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото и извадете ја дигалката.
9. Затегнете ги сите завртки на тркалото по вкрстен редослед
со клучот за тркала. Внимавајте
клучот да се намести цврсто.
Клучот треба да се врти
надесно за да се стегнат
завртките. Свртете го клучот
обратно ако е потребно.
Затезниот момент е 160 Nm.
10. Вратете ја раткапната внимавајќи дупката за вентилотна раткапната да е порамнет со
вентилот на гумата пред да го
наместите.Забелешка
Доколку е применливо,
монтирајте ги завртките за
заштита од кражба најблиску до
вентилот на гумата (во спротивно, можеби нема да може да се
ремонтира раткапната).
11. Складирајте ги сменетото тркало 3 218 и прирачните
алати 3 206.
12. Нека Ви го избалансираат новото тркало на возилото.
Проверете го притисокот на
монтираната гума 3 246.
Проверете ја затегнатоста на
завртките на тркалата.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно
поскоро.
Резервно тркало
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 213.
Кога монтирате резервно тркало кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета запривремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
помош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Може да биде неопходно да се
подигне возилото со дигалка за да
се добие пристап кон резервното
тркало на целосно оптоварено
возило со издишна задна гума.
Менување на тркалата 3 216.

Page:   < prev 1-10 ... 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 ... 270 next >