run flat OPEL ZAFIRA C 2017.5 Сопственички прирачник
Page 270 of 333
268Нега на возилотоПрирачен алатАлати
Некои алати, алката за влечење и
(само кај возилата со резервно
тркало) опремата за кревање на возилото се наоѓаат во задната
преграда во подот на товарниот
простор.
Отворете го капакот пред задната
врата.
Тркала и гуми
Состојба на гумите, состојба на тркалата
Преку рабови возете полека и под
прав агол ако е возможно.
Возењето преку остри рабови
може да предизвика оштетувања
на гумите и на тркалата. Не ги
заглавувајте гумите на работ од
тротоарот кога паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Побарајте
помош од автомеханичар во случај на оштетување или необично
абење.
Зимски гуми
Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба да се ставаат на сите тркала.
Сите големини на гуми се
дозволени за зимски гуми 3 311.Во согласност со прописите
специфични за државата, залепете ја налепницата за брзина во
видното поле на возачот.
Ознаки на гумите На пр. 215/60 R 16 95 H215:широчина на гумата во мм60:профил (сооднос на
височината со широчината
на гумата) во %R:вид ремен: РадијаленRF:вид : RunFlat ( функционираат
и издишани)16:пречник на тркалото во инчи95:индекс на оптоварувањето,
на пр. 95 одговара на 690 кгH:буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q:до 160 км/чS:до 180 км/чT:до 190 км/чH:до 210 км/чV:до 240 км/чW:до 270 км/ч