OPEL ZAFIRA C 2017 Сопственички прирачник

Page 181 of 331

Возење и ракување179Системот бара процес на рачночистење
Во извесни услови за возење,
на пр. кратки растојанија, системот
не може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возење не овозможиле
автоматско чистење, тоа ќе се
означи со % и предупредувачка
порака во Информативниот центар
за возачот.
% свети со предупредувачка
порака кога филтерот за дизелски
честички е полн. Почнете го
процесот на чистење колку е можно поскоро.
% со порака за предупредување
трепка кога филтерот за дизелски честички го достигнал
максималното ниво за полнење.
Почнете го процесот на чистење
веднаш за да се избегне
оштетување на моторот.Активирајте го процесот на
рачно чистење
За да се активира процесот на
чистење, продолжете со возењето, држете ја брзината на моторот над
2000 вртежи на минута. Сменете во
помала брзина ако е потребно.
Тогаш почнува чистењето на
филтерот за дизелски честички.
Чистењето се одвива најбрзо при големи брзини и оптовареност на
моторот.
Контролната сијаличка % се гасне
штом ќе заврши процесот на
самочистење. Возете додека
функцијата за самочистење не
заврши.Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Процесот на чистење не е
можен
Ако чистењето не е можно од кои
било причини, Z предупредувачка
порака се појавува во
Информативниот центар на
возачот. Моќноста на моторот
може да биде намалена. Побарајте помош од автомеханичар веднаш.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 226, 3 303 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,

Page 182 of 331

180Возење и ракувањеиспразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичаени проблеми,
причината за дефектот треба да ја
отстрани автомеханичар колку е
можно поскоро. Во хаварии, со
возењето може да се продолжи за
кратко време, одржувајќи се
брзината на возилото и вртежите
на моторот на ниско ниво.
AdBlue Општи информации
Селективното каталитичко
намалување ( BlueInjection) е метод
на значително намалување на
азотните оксиди во издувните
емисии. Тоа се постигнува со
инјектирање издувна течност од
дизел во издувниот систем.
Амонијакот што се ослободува од
течноста реагира со азотните
гасови (NO x) од системот за
издувни гасови и се претвора во азот и вода.
Ознаката на оваа течност е
AdBlue ®
. Тоа е нетоксична,
незапалива, безбојна течност без
мирис што се состои од 32% уреа и
68% вода.9 Предупредување
Избегнувајте контакт на очите и
кожата со AdBlue.
Во случај на контакт со очите
или кожата, исплакнете со вода.
Внимание
Избегнувајте контакт на бојата
со AdBlue.
Во случај на контакт, исплакнете со вода.
AdBlue замрзнува на температура
од приближно 11 °C. Со оглед на
тоа што возилото е опремено со предгреач за AdBlue, обезбедено е
намалување на емисиите при
ниски температури. Предгреачот
за AdBlue работи автоматски.
Вообичаената потрошувачка на
AdBlue е околу два литри на
1000 км, но може да биде и
поголема во зависност од начинот
на возење и натовареноста на
возилото.
Резервоар за AdBlue Кога ќе останат уште околу пет
литри, има прекинувач за нивото на
течноста. Пораки за
предупредување се прикажуваат
само под тој праг. Ниво во
резервоарот 3 309.
Предупредувања за нивото Во зависност од пресметаното
растојание за AdBlue, во
Информативниот центар за
возачот се прикажуваат различни
пораки. Пораките и
ограничувањата се законска
обврска.
Првото можно предупредување е
AdBlue Range: ( Опсег AdBlue:) 2400
км .

Page 183 of 331

Возење и ракување181Ова предупредување ќе се
прикаже еднаш кратко со
пресметаното растојание.
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
Во следново ниво се влегува кога
растојанието е помало од 1750 км. Пораката со тековното растојаниеќе се прикажува секогаш кога ќе се
вклучи палењето и треба да се
потврди 3 131. Дополнете AdBlue
пред да влезете во следното ниво за предупредување.
Кога растојанието со AdBlue е под
900 км, наизменично се
прикажуваат следниве пораки за
предупредување и не можат да се
отфрлат:
● AdBlue Low Refill Now (AdBlue
е при крај, дополнете веднаш)
● Engine Restart Prevented in
(Рестартирање на моторот е
спречено во) 900 км .
Дополнително, контролната
сијаличка Y трепка постојано.Забелешка
Во случај на голема потрошувачка
на AdBlue, Информативниот
центар за возачот може да го
прикаже ова предупредување без
претходните фази на
предупредување.
Во последното ниво на
предупредување се влегува кога
резервоарот за AdBlue е празен.
Моторот не може повторно да се
стартува. Наизменично се
прикажуваат следниве пораки за
предупредување и не можат да се
отфрлат:
● AdBlue Empty Refill Now (Нема
AdBlue, дополнете веднаш)
● Engine Will Not Restart
(Моторот нема да стартува) .
Дополнително, контролната
сијаличка Y трепка постојано.
Кога е активно спречувањето на
стартувањето на моторот, ќе се прикаже следнава порака:
Refill AdBlue To Start Vehicle
(Дополнете AdBlue за да го
стартувате возилото) .Резервоарот мора целосно да се
наполни со AdBlue, затоа што во
спротивно моторот нема да може
да се стартува.
Предупредувања за многу
издувни гасови
Ако издувните гасови се зголемат
над одредена вредност,
предупредувања слични на
предупредувањата за опсегот ќе се
прикажат во Информативниот
центар за возачот.
Се прикажуваат барања да се
провери издувниот систем и
конечно соопштение за
спречување на повторно
стартување на моторот. Овие
ограничувања се законски барања.
Консултирајте се со
автомеханичар.

Page 184 of 331

182Возење и ракувањеДополнување AdBlueВнимание
Користете само AdBlue што е восогласност со европските
стандарди DIN 70 070 и
ISO 22241-1.
Не користете адитиви.
Не разредувајте го AdBlue.
Инаку, системот за селективно
каталитичко намалување може
да се оштети.
Забелешка
Кога нема пумпа за патнички
автомобили на бензинската
станица, користете само шишиња
или канти за AdBlue со запечатен
адаптер за дополнување за да
спречите прскање или истурање и за да бидете сигурни дека
гасовите од резервоарот се
собираат и не излегуваат. AdBlue
во шишиња или канти е достапна
на многу бензински станици и
може да се купи, на пример, кај застапниците на Opel и во други
продавници.
Со оглед на тоа што AdBlue има
ограничена трајност, проверете го
рокот на траење пред полнењето.
Забелешка
Системот го открива
дополнувањето на AdBlue само
кога е активиран прекинувачот за
нивото на течноста во
резервоарот.
Доколку AdBlue надополнувањето
не е успешно откриено:
1. Непрекинато возете го возилото 10 минути со што ќе
се осигурате дека брзината на возилото е секогаш повисока
од 20 км/ч.
2. Ако успешно се открие дополнувањето на AdBlue,
ограничувањата на
управувањето поради
снабдувањето со AdBlue ќе
исчезнат.Ако се уште не е откриено
дополнувањето на AdBlue,
побарајте помош од
автомеханичар.
Ако треба да се дополни AdBlue
на температура под -11 °C,
системот може да не го открие
дополнувањето. Во тој случај,
паркирајте го возилото на место
со повисока околна температура
додека AdBlue не стане течна.
Забелешка
При одвртувањето на заштитното
капаче од грлото за полнење,
може да излезат амонијачки
пареи. Не вдишувајте ги затоа
што пареите имаат остар мирис.
Пареите не се штетни доколку се
вдишат.
Резервоарот за AdBlue треба да се наполни целосно. Тоа мора да се
направи ако веќе се прикажува
пораката за предупредување за
спречување на стартувањето на
моторот.
Возилото мора да се паркира на
рамна површина.

Page 185 of 331

Возење и ракување183Отворот за дополнување AdBlue се
наоѓа зад капачето за гориво, што
се наоѓа на десната задна страна
од возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено.
1. Извадете го клучот од бравата за палење.
2. Затворете ги сите врати за да не навлезат амонијачни
испарувања во внатрешноста
на возилото.
3. Ослободете ја вратничката на резервоарот така што ќе ја
притиснете 3 230.4. Одвртете го заштитното капаче
од грлото за полнење.
5. Отворете ја кантата за AdBlue.
6. Поставете го едниот крај на цревото во кантата и навртете
го другиот крај на грлото за
полнење.
7. Подигнете ја кантата додека не се испразни или додека
протокот од кантата не запре.
Тоа може да потрае до пет
минути.
8. Спуштете ја кантата за да се испразни цревото и почекајте
15 секунди.
9. Одвртете го цревото од грлото за полнење.
10. Поставете го заштитното капаче и вртете го надесно
додека не се вовлече.
Забелешка
Фрлете ја кантата за AdBlue
според барањата за животна
средина. Цревото може да се
употреби повторно откако ќе се исплакне со чиста вода пред да се
исуши AdBlue.Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува
автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Рачното менување е можно во
рачен режим М со потчукнување на
рачката на менувачот до + или -
3 185.
Екран на менувачот
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува режимот или избраната брзина.

Page 186 of 331

184Возење и ракувањеВо автоматскиот режим,
програмата за возење е прикажана
со D.
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
P покажува паркирна положба.
Рачка на менувачотP:паркирна положба, тркалата
се блокирани, ставајте во
брзина само кога возилото е
во мирување и сопирачката за паркирање е применетаR:рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN:лерD:автоматски режимM:рачен режим<:ставање во поголема брзина
во рачен режим]:ставање во помала брзина во
рачен режим
Рачката на менувачот е заклучена
во P и може да се помести само
кога палењето е вклучено, копчето
на рачка на менувачот е
притиснатo и педалот на
сопирачките е нагазнат.
Без нагазнување на педалата на
сопирачките, контролната
сијаличка j свети.
Ако рачката на менувачот не е во
P кога палењето е исклучено,
трепка контролната сијаличка j.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Моторот може да се запали само
кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас кога ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.

Page 187 of 331

Возење и ракување185Моторно кочење
За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по надолнини, видете под
„рачен режим“.
Нишање на возилото
Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
јама. Местете ја рачката на
менувачот помеѓу D и R повеќе
пати. Не турирајте го моторот и избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во P.
Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.Рачен режим
Поместete ја рачката на менувачот
од положбата D кон лево во
положбата M.
Допрете ја рачката на менувачот
нагоре + за да се префрли во
поголема брзина.
Допрете рачката на менувачот
надолу - за да се префрли во
помала брзина.
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема, не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар
за возачот.
Во рачниот режим не се остварува
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Показател за менување брзини Симболот R со бројка до него се
покажува кога се препорачува
менување брзина заради штедење гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.
Електронски програми завозење
● По ладно палење, програмата за работна температура ја
зголемува брзината на
моторот за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
● Функцијата за автоматско префрлување во лер
автоматски го префрлува

Page 188 of 331

186Возење и ракувањеменувачот на работење в
место кога возилото е
застанато во некоја брзина за
напред и педалот за
сопирачките е притиснат.
● Кога е активен режимот SPORT, менувачот ги менува
брзините при поголеми брзини
на моторот (освен ако не е
вклучена контролата на
патувањето). SPORT режимот
3 194.
● Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини
кога се вози по нагорнини или
удолнини.
● Во снежни или подмрзнати услови или на други лизгави
површини, контролата на
електронскиот пренос му
овозможува на возачот да
избере рачно прва, втора или
трета брзина за поаѓање.Збоднување
Ако педалот за гас е притиснат
докрај во автоматскиот режим,
менувачот се префрлува во
помала брзина зависно од
брзината на моторот.
Дефект
Во случај на дефект, се прикажува
порака на Информативниот центар за возачот. Пораки за возилото
3 138.
Менувачот веќе не менува
автоматски брзини. Непрекинато
патување е возможно со рачно
менување.
Може да се избере само
најголемата брзина. Зависно од
дефектот, и втората брзина може
да се користи во рачниот режим.
Менувајте брзини само кога
возилото е во мирување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Прекин на напојувањето
Во случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од
положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 286.
Ако акумулаторот не е причина за
дефектот, отпуштете ја рачката на
менувачот.
1. Затегнете ја рачната сопирачка.

Page 189 of 331

Возење и ракување1872. Ослободете ја облогата нарачката на менувачот од
средишната конзола напред,
преклопете ја угоре и завртете
ја влево.
3. Притиснете ја рачката за ослободување и поместете ја
рачката на менувачот од P или
N . Ако повторно се стави во
овие положби, рачката на
менувачот повторно ќе се
заглави во нив. Нека Ви ја
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
4. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот врз
средишната конзола и
наместете ја повторно.Рачен менувач
За да ставите во рикверц,
притиснете ја педалата на
куплунгот. па притиснете го
копчето за ослободување на
рачката на менувачот и ставете во
рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.

Page 190 of 331

188Возење и ракувањеКога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката наменувачот.
Показател за менување брзини
3 126.
Систем за сопирање-поаѓање
3 174.
Сопирачки
Системот на сопирачките се состои од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање,
возилото се уште може да се сопре со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалата на сопирачките е
притисната цврсто. Значително
повеќе сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 125.Систем за деблокирање
на сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.

Page:   < prev 1-10 ... 141-150 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 ... 340 next >