OPEL ZAFIRA C 2018.5 Сопственички прирачник
Page 191 of 393
Инфозабавнен систем189Активирање на BringGo во
изборникот за поставки
Притиснете ; за да се прикаже
почетниот екран, па изберете
Settings (Поставки) .
Листајте до BringGo.
Проверете дали апликацијата е
активирана.
Поврзување на мобилниот
телефон
Поврзете го паметниот телефон со
приклучокот USB 3 181.
Активирање на BringGo
За да ја активирате апликацијата,
притиснете ;, па изберете ја
иконата Nav.
На Инфо-екранот се прикажува
главното мени на апликацијата.
За повеќе информации за
користење на апликацијата,
погледнете ги упатствата на веб-
локацијата од производителот.Навигација
Општи информации
Ова поглавје се однесува на
вградениот систем за навигација
Navi 4.0 IntelliLink.
Моменталната состојба на
сообраќајот се зема предвид при
пресметувањето на маршрутата.
За таа цел, Инфозабавниот систем прима сообраќајни соопштенија во
актуелната област на приемот
преку RDS-TMC.
Меѓутоа, системот за навигација не
може да ги земе во обѕир
сообраќајните настани,
сообраќајните прописи изменети
без претходна најава и
опасностите или проблемите кои
се појавуваат ненадејно (на пр.
работи на коловозот).Внимание
Употребата на системот за
навигација не го ослободува
возачот од одговорноста за
правилно, будно однесување во
патниот сообраќај. Соодветните
сообраќајни прописи секогаш
треба да се следат. Ако некое
навигациско напатствие
противречи на сообраќајните
прописи, секогаш важат
сообраќајните прописи.
Функционирање на системот за
навигација
Положбата и движењето на
возилото се приметуваат со
употреба на сензори од страна на
системот за навигација.
Поминатото растојание се
одредува според сигналот на
брзиномерот на возилото, а
вртењето на свиоците со сензор.
Положбата се одредува со
сателити на GPS (Систем за
глобално позиционирање).
Со споредба на сигналите на
сензорите со дигиталните карти,
можно е да се одреди положбата со прецизност од околу 10 метри.
Page 192 of 393
190Инфозабавнен системСистемот ќе функционира и со
слаб прием на GPS. Меѓутоа, се
намалува прецизноста на
одредување на положбата.
По внесувањето на адресата на
дестинацијата или на точката од
интерес (најблиската бензинска
пумпа, хотел и сл.), маршрутата се пресметува од моменталната
локација до избраната
дестинација.
Водењето низ маршрутата се
остварува со звучен аутпут и
стрелка, како и со помош на
екранот со карта во повеќе бои.
Важни информации
TMC систем за сообраќајни
информации и динамично водење
низ маршрутата
TMC системот за сообраќајни
информации ги прима сите
актуелни сообраќајни информации
од TMC радио станици. Овие
информации се вклучени во
пресметката на целокупната
маршрута. За време на овој
процес, се планира таква
маршрута која ги избегнувасообраќајните проблеми поврзани со претходно избраните
критериуми.
Ако има некој сообраќаен проблем
за време на активното водење низ
маршрутата, зависно од
претходната поставка се појавува
порака што се однесува до тоа
дали треба да се измени
маршрутата.
TMC сообраќајните информации
се прикажуваат на екранот на
картата како симболи или како
детален текст во изборникот со
ТМС пораки.
За да може да се користат TMC
сообраќајните информации,
системот мора да прима TMC
станици во соодветниот регион.
ТМС сообраќајните страници ќе
бидат избрани од изборникот за
навигација 3 190.
Податоци за картата
Сите потребни податоци за картата
се зачувани во системот за
инфозабава.За да ги ажурирате податоците за
картите за навигација, купете нови
податоци од партнер на Opel или
на нашата почетна страница
http://opel.navigation.com/. Ќе
добиете USB-уред што го содржи
ажурирањето.
Поврзете го USB-уредот со USB-
приклучокот и следете ги
упатствата на екранот. Возилото
мора да работи за време на
постапката на ажурирање.
Забелешка
Возилото продолжува да работи
за време на постапката на
ажурирање. Ако возилото се
исклучи, ажурирањето може да се
паузира. Апликацијата за
навигација, Bluetooth и други
надворешни уреди не се достапни додека не заврши постапката на
ажурирање.
Употреба За да се прикаже картата за
навигација, притиснете ;, а потоа
изберете ја иконата Navigation
(Навигација) .
Page 193 of 393
Инфозабавнен систем191Водењето по маршрута не е
активно
● Се прикажува преглед на картата.
● Моменталната локација е означена со круг со стрелка
што покажува во насоката на
патувањето.
● Името на улицата на којашто се наоѓате во моментот се
прикажува на дното од
екранот.
Водењето по маршрута е активно
● Се прикажува преглед на картата.
● Активната маршрута се означува со обоена линија.
● Возилото што се движи е означено со круг со стрелка
што покажува во насоката на
патувањето.
● Следното свртување се покажува во посебно поле на
левата страна од екранот.
● Времето на пристигнување или
времето на патување се
прикажува над симболот
стрелка.
● Преостанатото растојание до дестинацијата се прикажува
над симболот стрелка.
Ракување со картата
Лизгање
За да лизгате по картата, ставете го прстот некаде на екранот и
движете го нагоре, надолу, налево
или надесно во зависност од
насоката во која сакате да лизгате.
Картата се движи и се прикажува
нов дел.
За да се вратите на моменталната местоположба, изберете Re-centre
(Центрирај повторно) на дното од
екранот.
Центрирање
Допрете ја и задржете ја саканата
локација на екранот. Картата се
центрира околу таа локација.
Page 194 of 393
192Инфозабавнен системСе прикажува црвен d на
соодветната локација и се појавува односната адреса на ознака.
За да се вратите на моменталната
местоположба, изберете Re-centre
(Центрирај повторно) на дното од
екранот.
Зумирање
За да зумирате на избрана
локација на картата, ставете два
прста на екранот и раздвојте ги.
Исто така, може да го користите <
на екранот за картата.
За да одзумирате и за да се покаже
поголема област околу избраната
локација, ставете два прста на
екранот и составете ги.
Исто така, може да го користите ]
на екранот за картата.
Екранско копче за откажување
Во текот на активно водење низ
маршрутата, екранското копче
Cancel (Откажи) се прикажува на
левата страна од екранот.
За да ја откажете активната сесија
на водење низ маршрутата,
изберете Cancel (Откажи) .
Неколку секунди, екранското копче Resume Trip (Продолжи со
патувањето) се прикажува на
екранот за картата. Изберете Resume Trip (Продолжи со
патувањето) за да го стартувате
повторно откажаното водење.
Екранско копче за преглед
Во текот на активно водење низ маршрутата, екранското копче
Overview (Преглед) се прикажува
на левата страна од екранот.За да се прикаже преглед на
моментално активната маршрута, изберете Overview (Преглед) .
Картата се променува во саканиот
преглед на маршрутата.
За да се вратите на нормалниот
преглед, повторно изберете
Overview (Преглед) .
Екранско копче f
Ако е активно водењето низ
маршрутата, а вие се наоѓате на
автопат, на дното од картата се
прикажува дополнително екранско
копче f.
Изберете f за да се прикаже
список со следните сообраќајни
станици.
Page 195 of 393
Инфозабавнен систем193
Кога ќе изберете текст што го
сакате, можете да пристапите до
точките од интерес во таа област и да започнете водење низ
маршрута до некоја од тие локации 3 196.
Екранско копче x
Во некој изборник или
подизборник, изберете x за да се
вратите директно на картата.
Моменталната местоположба
Изберете го името на улицата на
дното од екранот. Се прикажуваат
информации за моменталната
местоположба.За да ја зачувате моменталната
местоположба како омилена,
изберете Favourite (Омилено) .
Иконата f се исполнува, а
местоположбата се зачувува во
списокот на омилени.
Поставки на карта
Преглед на карта
Достапни се три различни
прегледи на картата за избор.
Изберете L на екранот за картата
и избирајте го екранското копче за
преглед на картата за да ги
менувате опциите.Во зависност од претходната
поставка, екранското копче е
означено како 3D Head Up (3Д
напред горе) , 2D Head Up (2Д
напред горе) или 2D North Up (2Д
север горе) . Прегледот на картата
се променува според екранското
копче.
Одберете ја саканата опција.
Бои на картата
Во зависност од надворешното
осветлување, може да се
приспособат боите на екранот за
картата (светли бои за ден и темни
бои за ноќ).
Page 196 of 393
194Инфозабавнен системИзберете L на екранот за картата
за да се прикаже изборникот
Options (Опции) . Изберете
Navigation Settings (Поставки за
навигација) , а потоа Map colours
(Бои на картата) .
Стандардната поставка е Auto
(Автоматски) . Кога е активирано
Auto (Автоматски) , екранот се
приспособува автоматски.
Исто така, активирајте Day (light)
(Ден (светло)) или Night (dark) (Ноќ
(темно)) за само светол или само
темен екран.
Функција за автоматско зумирање
Ако е активирана функцијата за
автоматско зумирање (стандардна
поставка), нивото на зумирање се
променува автоматски кога се
приближувате до свртување во
текот на активно водење низ
маршрутата. На овој начин
секогаш имате добар преглед на
соодветното свртување.Ако функцијата за автоматско
зумирање е деактивирана,
избраното ниво на зумирање
останува исто во текот на целото
водење низ маршрутата.
За да ја деактивирате функцијата,
изберете L на картата за да се
прикаже изборникот Options
(Опции) . Изберете Navigation
Settings (Поставки за навигација) ,
па допрете го лизгачот до Auto
Zoom (Автоматско зумирање) .
Повторно допрете го екранското копче за да ја активирате
функцијата повторно.
Икони за ТИ (Точки од интерес) на
картата
ТИ се точки од општ интерес, на
пример, бензински станици или
ресторани.
Прикажувањето на категориите на
ТИ што се прикажуваат на картата
може да се приспособи.
Изберете L на картата за да се
прикаже изборникот Options
(Опции) . Изберете NavigationSettings (Поставки за навигација) , а
потоа Show on map (Прикажи на
картата) .
Активирајте ги саканите категории
на ТИ.
Сообраќајни настани на картата
Сообраќајните настани може
директно да се прикажат на
картата.
За да ја активирате функцијата,
изберете L на картата за да се
прикаже изборникот Options
(Опции) . Изберете Traffic on Map
( Сообраќај на картата) . Екранското
копче се менува во режим за
активирање.
За да ја деактивирате функцијата,
повторно изберете Traffic on Map
(Сообраќај на картата) .
Прикажување на времето
Прикажувањето на времето во
текот на активното водење низ
маршрутата може да се прикаже во два различни режима: преостанато време (до пристигнување на
Page 197 of 393
Инфозабавнен систем195дестинацијата) или време на
пристигнување (кога ќе се
пристигне на дестинацијата).
Изберете L на картата за да се
прикаже изборникот Options
(Опции) . Изберете Navigation
Settings (Поставки за навигација) , а
потоа Time to Destination Format
(Формат на Време до
дестинацијата) .
Активирајте ја саканата опција во подизборникот.
Забелешка
Во текот на активното водење низ маршрутата, прикажувањето на
времето може да се промени само
со потчукнување на полето за
прикажување на времето на
екранот.
Претпочитани вредности за
предупредувања
Ако сакате, може да добивате
дополнителни известувања во
одредени зони на сообраќај.
Изберете L на картата за да се
прикаже изборникот Options
(Опции) . Изберете Navigation
Settings (Поставки за навигација) , апотоа Alert Preferences
(Претпочитани вредности за
предупредувања) .
Ако е активирано Safety camera
( Безбедносна камера) , ќе добивате
предупредувања кога се
приближувате до статична камера
за мерење на брзината.
Забелешка
Оваа функција е достапна само
ако таквиот систем за
предупредувања е во согласност
со законските одредби што важат
во земјата во која се наоѓате.
Активирајте ја саканата опција.
Водење со глас
Процесот на водење низ
маршрутата може да има и говорни потсетници што ги дава системот.
Забелешка
Функцијата за говорни потсетници за навигација не е поддржана за
сите јазици. Ако нема говорни
потсетници, системот автоматски
емитува звук за да покаже треба
да направите маневар.Активирање
Функцијата за водење со глас е
стандардно активирана. За да ја
деактивирате функцијата,
изберете L на картата за да се
прикаже изборникот Options
(Опции) , па допрете Voice
Guidance (Гласовно водење) .
Екранското копче се менува.
Повторно изберете го екранското
копче за да ја активирате
функцијата повторно.
Поставки за водење со глас
За да дефинирате кои информации
од системот може да ви помогнат
при активното водење низ
маршрутата, изберете L на
картата, потоа Navigation Settings
(Поставки за навигација) , па Voice
Guidance (Гласовно водење) .
Ако е активирано Normal voice
guidance (Нормално гласовно
водење) , гласот го најавува
следното свртување што треба да
го направите.
Ако е активирано Beep only (Само
краток звук) , се слушаат само
тонски сигнали за известување.
Page 198 of 393
196Инфозабавнен системВо подизборникот Prompts during
Phone Call (Известувања во тек на телефонски повик) , може да се
постават можните говорни
информации во текот на
телефонски повик.
Активирајте ги саканите опции.
Забелешка
Потсетниците за водење со глас
се даваат само ако Voice Guidance
(Гласовно водење) е активирано
во изборникот Options (Опции) ,
видете погоре.
Информации
Изберете L на картата за да се
прикаже изборникот Options
(Опции) . Изберете Navigation
Settings (Поставки за навигација) , а
потоа About (За) .
До текстот на правилата и условите од производителот или изјавата за
приватност може да се пристапи
преку соодветните ставки во
изборникот.
Се прикажува верзијата на картата
за навигација.Внесување дестинација
Апликацијата за навигација даваразлични опции за поставување на
дестинација за водење низ
маршрутата.
Внесување дестинација преку
карта
Може да внесувате дестинации
директно од екранот за картата.
Лични адреси на картата
Може да одредите две кратенки за
адреси (на пример, Дома и Работа) за да го започнете лесно водењето
низ маршрутата до овие две места.
Адресите може да се одредат во
изборникот за поставки и да се
именуваат соодветно. Потоа може
да се изберат директно од картата.
За да ги зачувате адресите,
изберете L на картата, Navigation
Settings (Поставки за навигација) ,
па Set up My Places (Постави ги
Моите места) .
Изберете една од ставките од
изборникот (стандардно Home
(Почеток) и Work (Работа) ). Прекутастатурата, внесете ги
потребните податоци во полето за адреса. За детален опис на
тастатурата, видете подолу.
За да го промените името на
личната адреса, изберете c за
да ја скриете тастатурата, па
изберете една од ставките во
списокот. Исто така, можете да
внесете име во првото поле за
внесување.
Ако е потребно, допрете едно од
полињата за внесување за да се
прикаже тастатурата повторно и
изберете Done (Готово) .
Локацијата е зачувана како
кратенка.
За да започнете водење низ
маршрута до една од овие
локации, изберете го екранското
копче ═ на картата. Се прикажуваат
двете дестинации.
Изберете едно од достапните
екрански копчиња. Се прикажува
изборникот Routes (Маршрути) .
Активирајте ја саканата маршрута,
па изберете Go (Оди) за да започне
водењето низ маршрутата.
Page 199 of 393
Инфозабавнен систем197Избирање дестинација преку карта
Лизгајте до саканиот дел од
картата. Допрете ја и задржете ја
саканата локација на екранот.
Картата се центрира околу таа
локација.
Се прикажува црвен d на
соодветната локација и се појавува односната адреса на ознака.
Допрете ја ознаката. Се прикажува
изборникот Details (Детали) .
Изберете Go (Оди) за да почнете
водење низ маршрутата.
Запис преку тастатура
Изберете ½ на картата за да се
прикаже изборникот за
пребарување дестинации.
Можете директно да внесете збор
за пребарување, на пример,
адреса категорија на ТИ или име,
телефонски контакт, миленик,
неодамнешна дестинација или
координати во полето за
внесување на врвот од екранот од
изборникот за пребарување.
Забелешка
Координатите треба да се внесат
на следниов начин: географска
ширина, географска должина, на пример: „43.3456, 9.432435“.
Исто така, изберете Address
(Адреса) , POI или Junction
(Крстосница) за да користите маска
за пребарување. Ако е потребно,
допрете q за да листате низ
страницата.
За да пристапите до тастатурата со
броеви и симболи, изберете ?123.
Изберете ABC на истата позиција
на тастатурата за да се вратите на тастатурата со букви.
За да внесете знак, допрете го
соодветното екранското копче.
Знакот се внесува по отпуштањето.
Допрете и задржете екранско копче
со буква за да се прикаже
соодветната буква во изборникот
со букви. Отпуштете и потоа
изберете ја саканата буква.
За да внесувате големи букви,
изберете b, па саканиот знак.
Page 200 of 393
198Инфозабавнен системЗа да избришете знак, изберетеk . За да го избришете целиот
внес, изберете го малиот x во
полето за внесување.
Штом ќе се внесат знаците,
системот дава предлози за
зборови за пребарување. Секој дополнителен знак се зема
предвид во процесот на
споредување.
Ако сакате, изберете еден од
предложените зборови за
пребарување. Кога ќе се пополнат полињата за внесување, изберете
Search (Пребарај) на тастатурата.
Се прикажува изборникот Results
(Резултати) .
Одберете ја саканата дестинација.
Се прикажува изборникот Details
(Детали) . Изберете Go (Оди) за да
почнете водење низ маршрутата.
Имајќи ги предвид внесените
букви, системот создава и список
на можни дестинации кои се
собрани од телефонските
контакти, ТИ, адреси,
неодамнешни дестинации и
омилени. Допрете c на дното од
екранот за да ја скриете
тастатурата и да добиете пристап
до списокот.
За да ја прикажете тастатурата
повторно, допрете во полето за
внесување.
Ако сакате, изберете дестинација
од списокот. Се прикажува
изборникот Details (Детали) .
Изберете Go (Оди) за да почнете
водење низ маршрутата.Списоци со дестинации за
одбирање
За да пристапите до списокот,
изберете ½ на картата и, ако е
потребно, допрете q за да лизгате
низ страницата.
Изберете една од опциите: ● Recent (Скорешно) : список на
неодамнешни дестинации
● Favourites (Омилени) : список
на дестинации што се зачувани
како омилени
● Contacts (Контакти) : список на
адреси што се зачувани во
именикот на мобилниот
телефон кој моментално е
поврзан преку Bluetooth
За да изберете дестинација од
еден од списоците, лизгајте низ
соодветниот список и изберете ја
саката дестинација. Се прикажува
изборникот Details (Детали) .
Изберете Go (Оди) за да почнете
водење низ маршрутата.