OPEL ZAFIRA C 2018.5 Сопственички прирачник
Page 201 of 393
Инфозабавнен систем199Последни дестинации
Списокот на неодамнешни
дестинации автоматски се
пополнува со дестинации што се
користат во водење низ
маршрутата.
Адресите во списокот на
неодамнешни дестинации можат
да се зачуваат како омилени.
Влезете во списокот на
неодамнешни дестинации,
изберете n до саканата адреса за
да се прикажат дополнителните функциски копчиња, па изберете
f . Ако иконата стане полна,
адресата е зачувана во списокот на
омилени.
Адресата може да се избрише од
списокот на неодамнешни
дестинации. Влезете во списокот
на неодамнешни дестинации,
изберете n до саканата адреса за
да се прикажат дополнителните функциски копчиња, па изберете
e за да се избрише соодветната
адреса.Омилени
Омилени може да се додадат кога
до некоја адреса ќе се прикаже икона f. Кога иконата ѕвезда ќе
стане полна, соодветната адреса е
зачувана како омилена.
Позицијата на омилените во
списокот може да се менува.
Влезете во списокот на омилени,
изберете n до саканата омилена
адреса за да се прикажат
дополнителните функциски
копчиња, па изберете Q или P.
Името на омилените може да се
промени. Влезете во списокот на омилени, изберете n до саканата
омилена адреса за да се прикажат дополнителните функциски
копчиња, па изберете o. Се
прикажува тастатура. Внесете го
саканото име, па изберете Done
(Готово) .
Омилените може да се избришат.
Влезете во списокот на омилени,
изберете n до саканата омилена
адреса за да се прикажат
дополнителните функциски
копчиња, па изберете f.
Омилената адреса е деактивирана(празна ѕвезда). Ако повторно ја
изберете иконата, омилената
адреса ќе се активира повторно
(полна ѕвезда). Кога излегувате од
списокот на омилени додека се
активираат омилени, тие ќе се
избришат од списокот.
Контакти
Може да пребарувате за адреси во
рамките на списокот преку
тастатурата. Внесете ги првите
букви од зборот (име или адреса)
што сакате да го пребарате. Се
прикажуваат сите записи што
содржат збор што започнува на тие букви.
За детален опис на тастатурата,
видете погоре.
Пребарување според
категории
ТИ може да се пребаруваат и
според категории.
Изберете ½ на картата, па
изберете POI.
Page 202 of 393
200Инфозабавнен систем
Забелешка
Ако сакате, поставете ја
локацијата околу која сакате да
пребарувате за ТИ преку
внесување со тастатурата во
второто поле за внесување
(стандардна поставка: Во
близина), а потоа користете го
изборникот за пребарување
според категории.
Ако е потребно, лизгајте до
саканата страница, па изберете
една од главните категории во
изборникот.
Во зависност од избраната
категорија, може да се достапни
различни поткатегории.
Движете се низ поткатегориите
додека не стигнете до списокот
Results (Резултати) .
Изберете ја саканата ТИ. Се
прикажува изборникот Details
(Детали) . Изберете Go (Оди) за да
почнете водење низ маршрутата.
Список Results (Резултати)Во списокот Results (Резултати) ,
наведени се разни можни
дестинации.
Ако е активно водењето низ
маршрутата, достапни се две
различни картички.
Изберете помеѓу картичките:
● Along Route (По маршрутата) :
можни дестинации по
моментално активната
маршрута
● At Destination (На
дестинацијата) : можни
дестинации околу
дестинацијата на маршрутата
Списокот може да се сортира на
два различни начина. Изберете l
во горниот десен агол од екранот и активирајте ја саканата опција.
Page 203 of 393
Инфозабавнен систем201Ако го активирате сортирањето
според релевантност, системот се обидува да ви го даде најдоброто
совпаѓање според терминот што го
пребарувате.
Ако го активирате сортирањето
според растојание, системот ги
подредува дестинациите според
нивната оддалеченост од вашата
моментална местоположба.
Изборник за Details (Детали) Откако ќе изберете дестинација, се
прикажува изборникот Details
(Детали) .Зачувување на омилени елементи
За да ја зачувате соодветната
дестинација како омилена,
активирајте Favourite (Омилено)
(полна ѕвезда: омилената е
зачувана, празна ѕвезда:
омилената не е зачувана).
Дестинацијата се зачувува како
омилена и потоа може да се
пристапи до неа преку списокот на
омилени.
Почнување телефонски повик
Во некои случаи, на пример, кога е
избрана ТИ, може да биде
достапен телефонски број за
соодветната дестинација. За да го
повикате овој телефонски број,
изберете y.
Поставување на маршрутата
Ако системот пронајде повеќе од
една можна маршрута, може да
изберете од предложените
маршрути.
Изберете Routes (Маршрути) за да
се прикаже список со сите
маршрути што ги открил системот.Активирајте ја саканата маршрута,
па изберете Go (Оди) за да започне
водењето низ маршрутата.
Маршрути со неколку
дестинации
Откако ќе започне водењето низ
маршрута, можете да додавате
дестинации на активната
маршрута, т.е. да соберете
пријател по пат или да застанете на
бензинска станица.
Забелешка
Во една маршрута може да се комбинираат најмногу пет
дестинации.
Започнете го водењето низ
маршрута до саканата
дестинација.
За да додадете друга дестинација,
изберете L на картата, па
изберете Add Destination (Додај
дестинација) . Се прикажува
изборникот за пребарување
дестинации.
Одете до саканата дестинација. Се прикажува изборникот Details
(Детали) . Изберете Add (Додај) .
Page 204 of 393
202Инфозабавнен системЗабелешка
Ако изберете Go (Оди), водењето
низ маршрутата до дестинацијата што е избрана прва престанува и
започнува водењето низ
маршрутата до новата
дестинација.
Дестинациите се подредени
според редоследот по кој се
внесени, а дестинацијата што е
додадена како последна е прва
дестинација во водењето. За да
проверите или потврдите додека
возите, името на следната
дестинација се прикажува над
времето и растојанието на
пристигнување.
Редоследот на дестинациите може да се менува 3 202.
Водење
Водењето по маршрута го
обезбедува навигацискиот систем
преку визуелни упатства и
гласовни пораки (говорно водење).Визуелни упатства
На екранот се прикажуваат
визуелни упатства.
Забелешка
Кога е активно водењето низ
маршрутата, а вие не се наоѓате во апликацијата за навигација,свртувањата се прикажуваат како
скок-пораки на врвот од екранот.
Водење со глас
Говорни потсетници за навигација
објавуваат која насока да се следи
кога се приближувате до
крстосница на којашто треба да
свртите.
За активирање на функцијата за
говорни потсетници 3 190.Допрете ја големата стрелка за
вртење на левата страна од
екранот за да го слушнете
водењето со глас повторно.
Почнување и откажување на
водењето низ маршрутата
За да започнете водење низ
маршрутата, изберете Go (Оди) во
изборникот Details (Детали) откако
ќе изберете дестинација 3 196.
За да откажете водењето низ
маршрутата, изберете Cancel
(Откажи) на левата страна од
екранот 3 190.
Список со дестинации Списокот Destinations
(Дестинации) ги содржи сите
дестинации кои припаѓаат на
моментално активната маршрута.
Допрете j во полето за време и
растојание. Се прикажува списокот
Destinations (Дестинации) .
Page 205 of 393
Инфозабавнен систем203
Ако е достапен телефонски број,
изберете y за да започнете
телефонски повик.
За да го промените редоследот на
дестинациите, изберете h во
полето од дестинацијата чија
позиција треба да се промени.
Редоследот се променува и
избраната дестинација се
поставува на прво место.
За да избришете дестинација од
маршрутата, изберете e во полето
на соодветната дестинација.
Дестинацијата се брише и се
променува распоредот на
маршрутата.
Листа на вртења
Следното свртување се прикажува
на левата страна од екранот.
Изберете a под показателот за
свртување за да се прикаже
списокот со свртувања. Списокот со свртувања ги содржи сите
следни свртувања на активната
маршрута.
За да прикажете некое свртување
на картата, лизгајте низ списокот и
допрете го саканото свртување.
Картата ќе скокне до соодветната
локација на картата.
За да избегнете некоја делница од
маршрутата, изберете n до
соодветното свртување. Се
прикажува симболот m.
За да се пресмета маршрутата без
соодветната делница од
маршрутата, изберете m.
Пресметката на маршрутата се променува.
Изберете ја горната стрелка за да
се вратите на нормалниот екран за картата за навигација.
Сообраќајни поставки
Достапни се разни опции за
сообраќајните настани.
Список за сообраќај
Списокот за сообраќај ги содржи
сите сообраќајни настани што ги
открил системот.
За да пристапите до списокот за
сообраќај, изберете L на картата,
па Traffic List (Сообраќаен список) .
Се прикажува списокот.
Page 206 of 393
204Инфозабавнен систем
Ако е активно водењето низ
маршрутата, изберете помеѓу
двете картички:
● Along Route (По маршрутата) :
сообраќајни настани во текот на активната маршрута
● Nearby (Во близина) :
сообраќајни настани во
близина на моменталната
местоположба на возилото
Сообраќајни настани
Ако е потребно, лизгајте до
саканиот сообраќаен настан.
За да се прикажат дополнителни
информации, изберете го
соодветниот сообраќаен настан.Сортирање списоци
Списокот во близина може да се
организира на два различни
начина.
За да го промените редоследот на
сортирање, изберете l во горниот
десен агол од екранот. Се
прикажува изборникот Traffic
Events Sorting (Сортирање на
сообраќајни настани) .
Активирајте ја саканата опција.
Сообраќајна станица
Ако сакате, можете лично да го поставите каналот за сообраќајни
пораки.
Изберете L на картата за да се
прикаже изборникот Options
(Опции) . Изберете Navigation
Settings (Поставки за навигација) , а
потоа Traffic Resource ( Сообраќаен
ресурс) .
Се прикажува список на сите
сообраќајни станици што се
моментално достапни.
Стандардно, активно е Auto
(Автоматски) . Системот
автоматски ја приспособува
станицата.Ако сакате сообраќајните
информации да се земаат од
одредена станица, активирајте ја
таа станица.
Функција за избегнување сообраќај
Сообраќајните настани се земаат
предвид кога системот определува маршрута до некоја дестинација.
При активно водење низ
маршрутата, маршрутата може да
се промени според пораките за
дојдовен сообраќај.
За да се постават параметрите за
овие промени, изберете L на
картата за да се прикаже
изборникот Options (Опции) .
Изберете Navigation Settings
(Поставки за навигација) , Routing
options (Опции за пренасочување) ,
а потоа Auto-Reroute to Avoid Traffic
(Автоматско пренасочување за да
се избегне сообраќај) .
Ако сакате системот автоматски да
ја променува маршрутата според
новите сообраќајни пораки,
активирајте Automatically reroute
(Автоматско пренасочување) .
Page 207 of 393
Инфозабавнен систем205Ако сакате да бидете прашани кога
маршрутата се променува,
активирајте Always ask (Секогаш
прашувај) .
Ако не сакате маршрутите да се
променуваат, активирајте Never
(Никогаш) .
Поставки за маршрутата Може да се постават параметрите
за патишта и делници од
маршрути.
Типови патишта
Ако сакате, одредени типови
патишта може да се избегнуваат.
Изберете L на картата за да се
прикаже изборникот Options
(Опции) . Изберете Avoid on Route
(Избегнувај на маршрутата) , па
активирајте ги типовите патишта
што сакате да се избегнуваат.
Забелешка
Ако водењето низ маршрутата е
активно кога ги променувате
поставките за патиштата,
маршрутата се пресметува
повторно според новите поставки.Тип на маршрутата
За да го поставите типот на
маршрутата, изберете L на
картата за да се прикаже
изборникот Options (Опции) .
Изберете Navigation Settings
(Поставки за навигација) , Routing
options (Опции за пренасочување) ,
а потоа Route type ( Тип маршрута) .
Активирајте ја саканата опција: ● Fastest (Најбрза) за најбрза
маршрута
● Eco-friendly (Економична) за
маршрута што дозволува
еколошко возењеПрепознавање говор
Општи информации Апликацијата за пренесување на
гласот на инфозабавниот систем
овозможува пристап до наредбите
за препознавање говор на вашиот
смартфон. Видете во упатството за ракување со уредот од
производителот на паметниот
телефон за да видите дали
паметниот телефон ја поддржува
оваа карактеристика.
За да ја користите апликацијата за
пренесување на гласот, паметниот телефон мора да биде поврзан со
Инфозабавниот систем преку
кабел за USB 3 181 или преку
Bluetooth 3 207.
Користење Активирање на
препознавањето говор
Притиснете и задржете g на
контролната табла или qw на
екранот за да започнете сесија за
Page 208 of 393
206Инфозабавнен системпрепознавање говор. На екранот
се прикажува порака за говорна
команда.
Штом ќе се чуе писок, може да
кажете команда. Информации за
поддржаните наредби побарајте во упатството за ракување со вашиот
паметен телефон.
Прилагодување на гласноста на
говорните потсетници
Свртете го m на контролната табла
или притиснете + / - од десната
страна на воланот за да ја
зголемите или намалите гласноста на говорните потсетници.
Деактивирање на
препознавањето говор
Притиснете xn на воланот.
Исчезнува пораката за говорна
команда, и сесијата за
препознавање говор е завршена.Телефон
Општи информации Функцијата за телефон ви дава
можност да водите разговори на
мобилен телефон преку
микрофонот и звучниците во
возилото, како и да управувате со најважните функции на мобилниоттелефон преку Инфозабавниот
систем во возилото. За да може да
ја користете функцијата за
телефон, мобилниот телефон
мора да е поврзан со
Инфозабавниот систем преку
Bluetooth.
Не сите функции за телефон се
поддржани од секој мобилен
телефон. Употребливите функции
на телефонот зависат од
односниот мобилен телефон и
операторот. Повеќе информации
за ова можат да се најдат во
упатствата за ракување за
мобилниот телефон или може да
се распрашате кај операторот.Важни инфорамции за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина. Од оваа причина се подготвиле
безбедносни прописи и
директиви. Треба да бидете
запознати со поврзаните
директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
Page 209 of 393
Инфозабавнен систем207разговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следите
посебните прописи кои важат во
конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Функцијата за телефон е
сертифицирана од Bluetooth
Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата можат да се
најдат на интернет на http://
www.bluetooth.com.
Поврзување Bluetooth Bluetooth е радиостандард за
безжично поврзување на мобилни телефони, паметни телефони или
други уреди.
Спарувањето и поврзувањето на
уреди со Bluetooth со
Инфозабавниот систем се врши
преку изборникот Bluetooth.
Спарувањето претставува
размена на PIN-кодови помеѓу
уредот со Bluetooth и
Инфозабавниот систем.
Изборник за Bluetooth
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Bluetooth за да се
прикаже изборникот Bluetooth.Спојување уред
Важни информации ● Со системот може да се спојат до десет уреди.
● Само еден споен уред може да
биде поврзан со
Инфозабавниот систем во
даден момент.
● Спојувањето треба да се изврши само еднаш, освен ако
уредот не се избрише од
списокот на споени уреди. Ако
уредот бил поврзано
претходно, Инфозабавниот систем ја воспоставува
врската автоматски.
● Работењето со Bluetooth значително ја празни
батеријата на уредот. Затоа
поврзете го уредот со USB
приклучокот за да се полни.
Спојување нов уред 1. Активирање на функцијата Bluetooth на уредот со
Bluetooth. За повеќе
Page 210 of 393
208Инфозабавнен системинформации видете во
упатството за употреба на
уредот со Bluetooth.
2. Притиснете ;, па изберете
Settings (Поставки) на екранот.
Изберете Bluetooth, а потоа
Device Management (Управување со уредот) за да
се прикаже односниот
изборник.
Забелешка
Ако нема поврзан телефон, до
изборникот Device Management
(Управување со уредот) може да
се пристапи и преку изборникот за
телефон: Притиснете ; и потоа
изберете Phone (Телефон) .
3. Допрете Search Device
(Пребарај го уредот) . Сите
уреди со Bluetooth што може да
се откријат наоколу се
прикажуваат во нов список.
4. Допрете го уредот со Bluetooth што сакате да го споите.
5. Потврдете го спојувањето: ● Ако е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
Потврдете ја пораката на
Инфозабавниот систем и на уредот со Bluetooth.
● Ако не е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
На Инфозабавниот систем: се прикажува порака Info
(Информации) што Ви бара
да внесете PIN-код на
уредот со Bluetooth.
На уредот со Bluetooth:
внесете го PIN-кодот и
потврдете го внесеното.
6. Инфозабавниот систем и уредот се споени.Забелешка
Ако уредот Bluetooth е успешно
споен, h до уредот Bluetooth
укажува дека телефонската
функција е вклучена и y укажува
дека е вклучена функцијата за музика Bluetooth.
7. Телефонскиот именик се презема автоматски на
Инфозабавниот систем. Во
зависност од телефонот,
Инфозабавниот систем мора да
има дозвола за пристапување
до телефонскиот именик. Ако е
потребно, потврдете ги
пораките прикажани на уредот
со Bluetooth.
Ако функцијата не е поддржана
од уредот со Bluetooth, се
прикажува соодветна порака.
Менување на PIN-кодот за
Bluetooth
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .