OPEL ADAM 2014.5 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2014.5Pages: 123, PDF Size: 1.88 MB
Page 11 of 123

Вовед11УпотребаКонтролни елементи
Со Инфозабавниот систем се
ракува со функциските копчиња,
допирниот екран и изборниците
што се прикажуваат на екранот.
Внесувањата се вршат опционално преку:
■ централниот контролен уред на таблата со инструменти
■ контролите за звук на воланот.
Вклучување или исклучување
на Инфозабавниот систем
Притиснете го копчето X. По
вклучувањето на Инфозабавниот
систем. се активира последниот
избран извор.
Автоматско исклучување
Ако Инфозабавниот систем бил
вклучен со копчето X додека
палењето било исклучено, ќе се
исклучи повторно автоматски
10 минути по последното
внесување од страна на
корисникот.Местење на гласноста
Притиснете едно од копчињата ∨
VOL ∧. Актуелната поставка се
покажува на екранот.
Или, со допирниот екран:
поместете го лизгачот за гласност
со прстот налево или надесно.
Кога ќе се вклучи Инфозабавниот
систем, поставена е последно
избраната гласност, под услов таа
да е помала од максималната
гласност при поаѓање. За детален
опис 3 18.
Speed compensated volume
(гласност со надоместување
според брзината)
Кога ќе се активира гласноста со
надоместување според брзината
3 18, гласноста се приспособува
автоматски за да се компензира за
бучавата од патот и ветрот додека
возите.
Гласност на сообраќајните
соопштенија (TA)
Гласноста на сообраќајните
соопштенија може да се постави посебно 3 18.Стишување
Притиснете едно од копчињата ∨
VOL ∧, па допрете на екранското
копче p во прикажаниот изборник
за гласност.
За да ја откажете функцијата за
стишување: притиснете едно од
копчињата ∨ VOL ∧. Повторно се
поставува последната избрана
гласност.
Ограничување на гласноста при
високи температури
При многу високи температури во
возилото, Инфозабавниот систем
ја ограничува максималната
прилагодлива гласност. Ако е
потребно, гласноста се намалува
автоматски.
Начини на работењето
Притиснете го копчето ; за да се
прикаже почетниот изборник.
Page 12 of 123

12Вовед
Забелешка
За детални описи за ракување со
изборникот преку допирниот
екран 3 14.
Audio (Аудио)
Изберете го екранското копче
Audio (Аудио) за да го отворите
главниот изборник на последниот
избран аудио режим.
Изберете го екранското копче
Source (Извор) во горниот ред на
изборникот за да отворите паѓачка
листа.За да смените во друг аудио
режим: допрете на една од
ставките на листата.
За детален опис на: ■ Радио функциите ( AM, FM , DAB )
3 22
■ Надворешните уреди ( USB, AUX ,
Bluetooth ) 3 37.
Gallery (Галерија)
Изберете го екранското копче
Gallery ( Галерија) за да го отворите
главниот изборник на последниот
избран сликовен или филмски
режим.
Притиснете го екранското копче
Source (Извор) во горниот ред на
изборникот за да отворите паѓачка
листа.
За да смените во друг сликовен или
филмски режим: допрете една од
ставките на листата.
За детален опис на: ■ Сликовни функции 3 41
■ Филмски функции 3 43.
Page 13 of 123

Вовед13
Phone (Телефон)
Изберете го екранското копче
Phone (Телефон) за да
воспоставите поврзување
Bluetooth меѓу Инфозабавниот
систем и мобилен телефон.
Ако не може да се воспостави
врска, се прикажува главниот
изборник на телефонскиот режим.
За детален опис за ракувањето со
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем 3 55.
Ако не може да се воспостави
врска, се прикажува соодветна
порака. За детален опис за
подготвување и воспоставување
Bluetooth-врска меѓу
инфозабавниот систем и мобилен
телефон 3 50.
Apps (Апликации)
Изберете го екранското копче Apps
(Апликации) за да отворите
изборник и да изберете и
стартувате одобрени апликации за
паметен телефон поддржани од
Инфозабавниот систем.
За детален опис 3 34 и 3 46.
Settings (Поставки)
Изберете го екранското копче
Settings (Поставки) за да отворите
изборник за разни системски
поставки.
Time & date settings (Поставки за
време и датум) и Vehicle settings
( Поставки за возилото) се опишани
во Сопственичкиот прирачник.
Сите други поставки се опишани по
тема во односните поглавја во овој прирачник.
Page 14 of 123

14ВоведОсновни функцииКонтроли за ракување соизборниците
Допирен екран
Екранот на Инфозабавниот систем има површина чувствителна на
допир што овозможува директно
меѓудејство со прикажаните
контроли на изборниците.
На пример, може да активирате
екранско копче така што ќе го
потчукнете со прст, или да смените
положба на екрански лизгач
движејќи го со прстот.Внимание
Не користете шилести или
тврди предмети како хемиски
пенкала, моливи или нешто
слично за ракување со
допирниот екран.
; копче
Притиснете го копчето ; за да
дојдете до почетниот изборник.
Користејќи го допирниот екран,
потоа може да дојдете до
понатамошни изборници и
функции.
Екранско копче q
Кога работите со изборниците,
притиснете го екранското копче q
во односниот подизборник за да се
вратите на следното повисоко ниво на изборникот.
Page 15 of 123

Вовед15
Ракување со изборник(примери)
Избирање и активирање екранско
копче или ставка од изборник
Потчукнете го екранското копче
или ставката од изборникот.
Се активира соодветната
системска функција, се прикажува
порака или се прикажува
подизборник со понатамошни
опции.
Забелешка
Во следните поглавја,
оперативните чекори за избирање и вклучување на екранско копче
или ставка преку допирниот екран
ќе бидат опишани како „изберете
го... екранското копче“ или
“изберете ја... ставката“.
Пораки
Пред да се изврши системска
функција, понекогаш ви се бара
дејство со порака. Ако се бара,
потврдете ја пораката или
изберете една од опциите.Избирањето и активирањето
екранско копче за функција во
порака е исто како што е опишано
за екранските копчиња во
изборник.
Листање низ долг список ставки
Ако има повеќе ставки отколку што
можат да се прикажат на екранот,
се прикажува лента за листање.
За да листате низ ставките: ■ Допрете го екранското копче ▲ или ▼ на лентата за листање
Page 16 of 123

16Вовед
или
■ движете го лизгачот на лентата за листање надолу или нагоре сопрст.
Прилагодување поставка
Подолу се прикажани и опишани
различните видови поставки
достапни во изборниците за
поставување.Пример: Поставки за екранот
Допрете го екранското копче - или
+ или поместете го лизгачот покрај
некоја поставка за да ја
прилагодите. Потврдете го изборот
со избирање на екранското копче
OK (ОК) .
Забелешка
Во следните поглавја,
оперативните чекори за
прилагодување поставка преку
допирниот екран ќе бидат
опишани како „прилагодете ја...
поставката...“.Пример: Поставки за радиотоДопрете го екранското копче < или
> покрај некоја поставка за да
изберете една од достапните
опции или за да поставите
одредена вредност.
Забелешка
Во следните поглавја,
оперативните чекори за
префрлување на друга опција
преку допирниот екран ќе бидат
опишани како
„...поставете...на...'име на
опцијата’/’вредност'...“.Пример: Опција RDS
Page 17 of 123

Вовед17
Допрете го екранското копче On
(Вкл.) или Off (Искл.) покрај некоја
поставка за да ја активирате или
деактивирате опцијата.
Забелешка
Во следните поглавја,
оперативните чекори за
префрлување на поставка на On
(Вкл.) или Off (Искл.) преку
допирниот екран ќе бидат
опишани како „поставете... на...
On (Вкл.) ...“ или „поставете...
на... Off (Искл.) “.Пример: Листа категории DABДопрете на ставка на листата за да
ја изберете или откажете опцијата. Ако е избрана ставка од листата, во
квадратчето покрај неа се појавува
знак за штиклирање.
Забелешка
Во следните поглавја,
оперативните чекори за бирање
опција преку допирниот екран ќе
бидат опишано како
„...изберете...'име на опцијата'...“.
Поставки на тонот Во изборникот за поставки на
тонот, својствата на тонот може да се наместат различно за секое
фреквентно подрачје на радиото и
за секој надворешен извор на
аудио. До изборникот може да се
пристапи од секој поединечен
главен изборник за аудио.
За да го отворите изборникот за
поставки на тонот, изберете го
екранското копче MENU
(ИЗБОРНИК) во долниот ред на
односниот главен изборник. Ако е
потребно, листајте ги ставките наизборникот и изберете Tone
settings (Поставки за тон) . Се
прикажува односниот изборник.
EQ mode (Режим EQ)
(EQ: Еквилајзер)
Користете ја оваа поставка за
оптимизирање на тонот за стилот на музиката, на пр. за Rock (Рок)
или Classical (Класика) .
Изберете го саканиот стил на звук. Ако изберете Manual (Рачно), може
рачно да ги прилагодите следниве
поставки.
Page 18 of 123

18Вовед
Bass (Бас)
Користете ја оваа поставка за да ги засилите или придушите
длабоките фреквенции од
изворите на звук.
Поставете го Bass (Бас) на
вредност меѓу -12 и 12.
Mid (Сред)
Користете ја оваа поставка за да ги засилите или придушите средните
фреквенции од изворот на звук.
Поставете го Mid (Сред) на
вредност меѓу -12 и 12.
Treble (Високи)
Користете ја оваа поставка за да ги
засилите или придушите високите
фреквенции од изворите на звук.
Поставете го Treble (Високи) на
вредност меѓу -12 и 12.
Поставување на балансот и
фејдерот
Користете ја илустрацијата
оддесно за да ги прилагодите
балансот и фејдерот.За да ја одредите точката во
патничкиот простор каде што
звукот е на највисоко ниво, допрете ја соодветната точка на
илустрацијата. Или, може да ја поместите црвената ознака со
прстот до саканата точка.
Забелешка
Поставките за баланс и фејдер
важат за сите извори на звук. Тие
не се прилагодуваат посебно за
секој извор на звук.
Враќање на фабричките поставки
Изберете го екранското копче
Reset (Ресетирај) .
Зачувување на моменталните
поставки
Изберете го екранското копче OK
(ОК) .Поставки на гласноста
Прилагодување на
максималната гласност при
вклучување
Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете го екранското копче
Settings (Поставки) .
Пролистајте до ставката Max
startup volume (Максимална јачина при палење) .
Поставете го Max startup volume
(Максимална јачина при палење)
на вредност меѓу 13 и 37.
Page 19 of 123

Вовед19
Прилагодување на гласноста
со надоместување според брзината Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете го екранското копче
Settings (Поставки) .
Изберете Radio settings (Поставки
на радиото) за да се прикаже
односниот изборник.
За да го прилагодите степенот на
прилагодување на гласноста,
поставете го Auto volume
(Автоматска гласност) на Off
(Искл.) , Low (Ниски) , Medium
(Средни) или High (Високи) .
Off (Искл.): без засилување на
гласноста при зголемување на
брзината на возилото.
High (Високи) : максимално
засилување на гласноста при
зголемување на брзината на
возилото.
Приспособување на
гласноста на сообраќајните
соопштенија Гласноста на сообраќајните
соопштенија може претходно да се
одреди посебно на ниво независно од „нормалното“ ниво на гласноста.
Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете го екранското копче
Settings (Поставки) .
Изберете Radio settings (Поставки
на радиото) , а потоа RDS option
(Опција RDS) за да се прикаже
односниот изборник.
Поставете го TP volume (Гласност
на TP) на вредност меѓу 0 и 63.
Прилагодување на гласноста
на тонот за ѕвонење Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете го екранското копче
Settings (Поставки) .
Изберете Connection settings
(Поставки за поврзување) за да се
прикаже односниот изборник.
Page 20 of 123

20Вовед
Поставете го Ringtone volume
(Гласност на ѕвонењето) на
вредност меѓу 0 и 63.
Активирање или
деактивирање на функцијата за гласност на звукот на допир
Ако се активира функцијата за
гласност на звукот на допир, при
секое допирање на екранско копче
или ставка во изборник ќе се
испушта звук.
Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете го екранското копче
Settings (Поставки) .
Пролистајте до ставката Touch
beep volume (Гласност на
допирниот сигнал) .
Поставете ја функцијата на On
(Вкл.) или Off (Искл.) .
Системски поставки Прилагодување на јазикот
Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете го екранското копче
Settings (Поставки) .
Изберете ја ставката Language
(language) (Јазик (јазик)) за да се
прикаже односниот изборник.
За да се прилагоди јазикот за
текстовите на изборниците:
допрете го саканиот јазик.
Активирање и деактивирање
на функцијата за листање
текст
Ако на екранот се прикаже долг
текст, тој може да се листа
постојано или еднаш, па да се
прикаже во скратен облик.
Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете го екранското копче
Settings (Поставки) .
Пролистајте до ставката Text scroll
(Листање текст) .