bluetooth OPEL ADAM 2015.5 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2015.5Pages: 121, PDF Size: 1.9 MB
Page 67 of 121

Вовед.......................................... 68
Радио .......................................... 83
ЦД-уред ....................................... 92
AUX приклучок ............................ 96
USB приклучок ............................ 97
Музика Bluetooth ....................... 100 Телефон .................................... 102
Индекс ....................................... 112CD 3.0 BT / R 3.0
Page 68 of 121

68ВоведВоведОпшти информации...................68
Функција за аларм при кражба .. 69
Преглед на контролните
елементи ..................................... 70
Употреба ..................................... 76
Основни функции .......................78
Поставки на тонот ......................80
Поставки на гласноста ............... 81Општи информации
Инфозабавниот систем Ви пружа
најсовремена инфозабава во
автомобилот.
Користејќи ги функциите на
радиото можете да регистрирате
до 36 станици на шест страници со
омилени.
Вградениот аудио плеер ќе Ве
забавува со аудио ЦД-а и ЦД-а со
MP3/WMA.
Може да поврзете надворешни
мемориски уреди, на пр. iPod, MP3- плеер, стапче USB или преносенЦД-плеер со Инфозабавниот
систем како дополнителни извори
на аудио; или преку кабел или
преку Bluetooth.
Освен тоа, Инфозабавниот систем
е опремен со телефонски портал
што овозможува удобно и
безбедно користење на вашиот
мобилен телефон во возилото.
Дополнително, со Инфозабавниот
систем може да се ракува со
употреба на контролите на
воланот.Добро обмислената конструкција
на контролните елементи и јасните екрани ви овозможуваат да го
контролирате системот лесно и
интуитивно.
Забелешка
Упатството ги опишува сите опции
и функции достапни за разни
Инфозабавни системи. Одредени
описи, вклучително и оние за
функциите на екранот и на
изборниците, може да не важат за вашето возило поради
варијантата на моделот,
посебната опрема или
додатоците.
Важни инфорамции за ракувањето, и безбедноста на сообраќајот9 Предупредување
Инфозабавниот систем треба
да се користи така што возилото
може да се вози безбедно. Ако
не сте сигурни, запрете го
Page 77 of 121

Вовед77
Функција за стишување
Притиснете y / @ или @ (ако има
телефонски портал: притиснете
неколку секунди) за стишување на
изворите на звук.
За да ја откажете функцијата за
стишување: свртете m VOL или
притиснете y / @ (ако има
телефонски портал: притискајте
неколку секунди) или повторно
притиснете @.
Ограничување на гласноста при
високи температури
При многу високи температури
внатре во возилото
Инфозабавниот систем ја
ограничува најголемата гласност
што се дотерува. Ако е потребно,
гласноста се намалува автоматски.
Начини на работењето
Радио
Притиснете RADIO за да се отвори
главниот изборник на радиото или
за да се префрлува помеѓу
различните фреквентни подрачја.Притиснете MENU-TUNE за да ги
отворите изборниците за
фреквентни подрачја со опции за бирање станици.
За детален опис на функциите на
радиото 3 83.
Аудио плеери
R 3.0
Притиснете AUX за да се активира
режимот AUX.
CD 3.0 BT
Притиснете MEDIA еднаш или
poveќe пати за да го отворите
главниот изборник за CD, USB,
iPod или AUX или за менување
меѓу нив.
Притиснете MENU-TUNE за да ги
отворите односните изборници со опции за бирање записи.
За детален опис на функциите на
ЦД-плеерот 3 92, функциите AUX
3 96, функциите на приклучокот
USB 3 97 и функциите за музика
Bluetooth 3 100.Телефон
Притиснете y / @ кратко за да се
отвори телефонскиот изборник.
Притиснете MENU-TUNE за да се
отвори телефонскиот изборник со
опции за внесување и бирање
броеви.
За детален опис на телефонскиот
портал 3 102.
Системски поставки Прилагодување на јазикот
Текстовите на изборниците на
екранот на Инфозабавниот систем
може да се прикажуваат на разни јазици.
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете ја ставката Languages
(Јазици) од изборникот Settings
(Поставки) за да се прикаже
односниот изборник.
Page 78 of 121

78Вовед
Изберете го саканиот јазик за
текстовите на изборниците.
Забелешка
За детален опис на ракувањето со
изборник 3 78.
Поставки за времето и датумот За детален опис во
Сопственичкиот прирачник.
Поставки на возилото
За детален опис во
Сопственичкиот прирачник.
Други поставки
Побарајте детален опис за сите
други поставки во односните
поглавја.
Врати фабрички поставки
Сите поставки, на пр. гласноста и поставките на тонот, списоците со
омиленици, или списокот со
Bluetooth уреди, може да се вратат
на фабричките поставки.
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) . Изберете Vehicle
settings (Поставки за возилото) , а
потоа Restore factory settings
(Врати фабрички поставки) .
Подизборникот ви поставува
прашање. За да ги вратите сите
вредности на фабричките
поставки, изберете Yes (Да).
Основни функции
MENU-TUNE копче
Копчето за повеќе функции
MENU-TUNE е централен
контролен елемент за
изборниците.Свртете MENU-TUNE :
■ за обележување на изборна опција
■ за местење на нумеричка вредност
Притиснете MENU-TUNE :
■ за одбирање или активирање на обележаната опција
■ за потврдување на некоја наместена вредност
■ за вклучување/исклучување на некоја системска функција
P BACK копче
Кратко притиснете го копчето P
BACK :
■ за излегување од изборник
■ за враќање од некој подизборник
на следното повисоко ниво во
изборникот
■ за бришење на последниот знак во низа знаци
Притиснете и држете P BACK
неколку секунди за бришење на
целото внесување.
Page 100 of 121

100Музика BluetoothМузика BluetoothОпшти информации.................100
Ракување .................................. 100Општи информации
Изворите на звук со вклучен
Bluetooth (на пр. музички мобилни
телефони, MP3-плеери со
Bluetooth итн.) што го поддржуваат
музичкиот протокол A2DP за
Bluetooth може да се поврзат
безжично со Инфозабавниот
систем.
Важни информации ■ Инфозабавниот систем се поврзува само со уреди Bluetoothшто го поддржуваат A2DP
(Advanced Audio Distribution
Profile - Напреден профил за
дистрибуција на звук)
верзија 1.2 или понова.
■ Уредот Bluetooth мора да поддржува AVRCP (Audio Video
Remote Control Profile - Профил
за далечинско управување со аудио-видео) верзија 1.0 или
понова. Ако уредот не гоподдржува AVRCP, преку
Инфозабавниот систем може да
се контролира само гласноста.
■ Пред да поврзете уред со Bluetooth со Инфозабавниот
систем, запознајте се со
функциите за Bluetooth во
упатството за ракување со
уредот.
Ракување
Предуслови Следниве предуслови мора да се
задоволени за да се користи
режимот за музика Bluetooth на
Инфозабавниот систем:
■ Функцијата Bluetooth на Инфозабавниот систем мора да
е активна 3 103.
■ Функцијата Bluetooth за надворешен Bluetooth аудио
извор мора да се активира
(погледнете го упатството за
ракување за уредот).
■ Зависно од надоврешниот Bluetooth аудио извор, може да
се бара да го поставите уредот
Page 101 of 121

Музика Bluetooth101
на „видлив” (погледнете го
упатството за ракување за
уредот).
■ Надворешниот извор на звук со Bluetooth мора да биде поврзан
со Инфозабавниот систем
3 103.
Активирање на режимот за
музика Bluetooth Притиснете MEDIA еднаш или
повеќе пати за да се активира
режимот за музика Bluetooth.
Репродукцијата на музика преку
Bluetooth треба да се почне и
паузира/стопира преку уредот
Bluetooth.
Ракување преку
Инфозабавниот систем
Прилагодување на јачината
Гласноста може да се
приспособува преку
Инфозабавниот систем 3 76.
Скокнување до следната или
претходната песна
Притиснете кратко s или u на
контролната плоча на
Инфозабавниот систем.
Page 102 of 121

102ТелефонТелефонОпшти информации.................102
Поврзување Bluetooth ..............103
Итен повик ................................ 105
Ракување .................................. 106
Мобилни телефони и ЦБ радио опрема ........................... 110Општи информации
Порталот за мобилен телефон Ви
дава можност да водите разговори на мобилен телефон преку
микрофон, и звучниците во
возилото, исто така и да ракувате
со најважните функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем во
возилото. За да можете да го
користете телефонскиот портал,
мобилниот телефон мора да е
поврзан со инфозабавниот ситем
преку Bluetooth.
Не сите функции на порталот за мобилен телефон се поддржани од
секој мобилен телефон. Можните
функции на телефонот зависат од
соодветниот мобилен телефон и
провајдерот на мрежата. Ќе
најдете повеќе информации за тоа
во упатствата за ракување за
Вашиот мобилен телефон или
можете да се распрашате за нив кај Вашиот оператор на мрежата.Важни инфорамции за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина. Од оваа причина се подготвиле
безбедносни прописи и
директиви. Треба да бидете
запознати со поврзаните
директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
Page 103 of 121

Телефон103разговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следитепосебните прописи кои важат во конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на
http://www.bluetooth.com
Поврзување Bluetooth
Bluetooth е радио стандард за
безжично поврзување на на пр.
телефон со други уреди. Може да
се пренесуваат податоци, како
телефонски именик, списоци со
повици, името на операторот на
мрежата и јачината на сигналот на
мрежата. Функционалноста може
да биде ограничена зависно од
видот на телефонот.
За да може да се постави
поврзување Bluetooth со
телефонскиот портал, функцијата
Bluetooth на мобилниот телефон
мора да е активирана и телефонот мора да е поставен на "видлив".
Детален опис ќе најдете во
упатството за ракување со
мобилниот телефон.
Активирање на Bluetooth
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете Phone settings (Поставки
за телефонот) , а потоа Bluetooth.
Подизборникот ви поставува
прашање.
Поставете го Bluetooth на On
(Вкл.) одговарајќи на прашањето
со Yes ( Да) или No (Не), по потреба.
Спојување уред Bluetooth Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) . Изберете Phone
settings (Поставки за телефонот) , а
потоа Pair device (Спој уред) .
Може и да притиснете y / @
двапати.
Се прикажува следниов екран:
Page 104 of 121

104Телефон
Штом ќе се открие Телефонскиот
портал на Инфозабавниот систем, се појавува на листата уред на
вашиот уред Bluetooth. Изберете го
Телефонскиот портал.
Кога ќе се побара, внесете го PIN-
от на вашиот уред Bluetooth.
Уредите се спојуваат и поврзуваат.
Забелешка
Именикот на мобилниот ќе се
преземе автоматски.
Претставувањето и редоследот
на внесовите во телефонскиот
именик можат да се разликуваат
на екранот на системот за
Инфозабава и на екранот на
мобилниот телефон.
Ако поврзувањето преку Bluetooth
е успешно: ако друг уред со
Bluetooth бил поврзан со
Инфозабавниот систем, тој се
откачува од него.
Ако поврзувањето Bluetooth не
успеало: повторно почнете ја
постапката опишана погоре или
погледнете во упатството за
ракување со Bluetooth уредот.Забелешка
Со Инфозабавниот систем може
да се спојат најмногу 5 уреди.
Менување на шифрата за
Bluetooth
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) и потоа
Change Bluetooth code (Смени
шифра за Bluetooth) . Се прикажува
следниов екран:
Внесете го саканиот
четирицифрен PIN и потврдете го внесеното со ОК.
Поврзување друг споен уред
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) и потоа
Device list (Листа уреди) . Се
прикажува список на сите уреди со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.
Забелешка
Уредот Bluetooth што е
моментално поврзан со
Инфозабавниот систем е означен
со 9.
Изберете го саканиот уред. Се
прикажува подизборник.
Изберете ја ставката Select
(Избери) од подизборникот за да ја
воспоставите врската.
Откачување уред
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Page 105 of 121

Телефон105
Одберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) и потоа
Device list (Листа уреди) . Се
прикажува список на сите уреди
со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.
Забелешка
Уредот Bluetooth што е
моментално поврзан со
Инфозабавниот систем е означен
со 9.
Изберете го споениот уред. Се
прикажува подизборник.
Изберете ја ставката Disconnect
(Прекини врска) од подизборникот
за да го откачите уредот.
Отстранување споен уред
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) и потоа
Device list (Листа уреди) . Се
прикажува список на сите уреди со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.Забелешка
Уредот Bluetooth што е
моментално поврзан со
Инфозабавниот систем е означен
со 9.
Изберете го саканиот уред. Се
прикажува подизборник.
Ако уредот е поврзан мора прво да се откачи (видете погоре).
Изберете ја ставката Delete
(Избриши) за да го отстраните
уредот.
Враќање на фабричките поставки
Телефонските поставки, на пр.
списокот со уреди, Bluetooth кодот
и мелодијата за ѕвонење може да
се вратат на фабричките поставки.
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) . Изберете Phone
settings (Поставки за телефонот) , а
потоа Restore factory settings
(Врати фабрички поставки) .Подизборникот ви поставува
прашање. За да ги вратите сите
вредности на фабричките
поставки, изберете Yes (Да).
Итен повик9 Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа, немојте да се
потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно правилно да се
вметне важечка SIM-картичка во мобилниот телефон.
9 Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот