OPEL ADAM 2015.5 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2015.5Pages: 121, PDF Size: 1.9 MB
Page 31 of 121

Радио31
Поврзување сервиси DAB
Кога е активирана оваа функција,
уредот се префрлува на истиот
сервис (програма) на друг
ансамбл DAB (фреквенција, ако е
достапна) кога сигналот DAB е
премногу слаб за да го прими
приемникот.
Наместете го Service linking DAB
(Поврзување услуги DAB) на On
(Вкл.) или Off (Искл.) .
Поврзување сервиси FM
Кога е активирана оваа функција,
уредот се префрлува на
соодветната станица FM на
активниот сервис DAB (ако има)
кога сигналот DAB е премногу слаб за да го прими приемникот.
Наместете го Service linking FM
(Поврзување услуги FM) на On
(Вкл.) или Off (Искл.) .
Динамична компресија на опсегот
Ако е активирана оваа функција,
динамичниот опсег на сигналот
DAB се намалува. Тоа значи дека нивото на гласните звуци се
намалува, а нивото на тивкитезвуци се зголемува. Затоа
гласноста на Инфозабавниот
систем може да се крене до точка
каде што тивките звуци се чујни,
без да бидат премногу гласни
гласните звуци.
Наместете го Dynamic range ctrl
(Контрола на динамичниот опсег)
на On (Вкл.) или Off (Искл.) .
Избирање фреквентно подрачје
Со оваа функција можете да
дефинирате кои фреквентни
подрачја DAB ќе ги прима
Инфозабавниот систем.
Изберете L-Band only (Само L-
Band) (1452-1492 MHz, земно и
сателитско радио) Band lll only
(Само Band lll) (174 - 240 MHz,
земно радио) или Both (Двете).
Радио текст
Ако е активирана оваа функција, се
прикажуваат дополнителни
информации за програмата што се
прима во моментот или за
музичкиот запис што се
репродуцира, како насловот,изведувачот, видот музика,
вестите или сообраќајните
соопштенија.
За да се покажат или скријат
информациите, поставете го Radio
text (Радио-текст) на On (Вкл.) или
Off (Искл.) .
Slide Show (Слајдови)
Ако е активирана оваа функција, се прикажуваат дополнителни
информации за програмата што се
прима во моментот или музичкиот
запис што се репродуцира, во
облик на слики, графики или куси
видео записи.
За да ги покажете или скриете овие
слики, графики или видео записи,
поставете го Slide Show
(Слајдови) на On (Вкл.) или Off
(Искл.) .
Изборник за бранова должина Допрете го екранското копче MENU
(ИЗБОРНИК) на долниот ред на
главниот изборник за DAB за да го
отворите соодветниот
подизборник за подрачјето.
Page 32 of 121

32Радио
Соопштенија DAB
Покрај своите музички програми,
многу DAB-станици емитуваат и
соопштенија од разни категории.
Ако активирате некои или сите
категории, сервисот DAB што се прима моментално се прекинувакога има соопштение од таков вид.
Изберете DAB announcements
(Известувања DAB) од изборникот
на фреквентното подрачје DAB. Се
прикажува листа категории.Активирајте ги сите или само
саканите категории соопштенија.
Може да се изберат разни
категории на соопштенија
истовремено.
Моментална програма EPG
Многу DAB-станици имаат и
електронски програмски водич.
Електронскиот програмски водич
(EPG) дава постојано ажурирани
информации за моменталните и
наредните програми.
За да прикажете информации за
моментално активната програма,
изберете EPG current program
(Моментална програма EPG) .
Листа станици EPG
EPG station list (Листа станици
EPG) ги содржи станиците што
обезбедуваат електронски водич
за програмата.
За да се прикажат моменталните и наредните програми на односната
станица, изберете Info (Инфо) до
името на станицата.
Интелитекст Функцијата Intellitext (Интелитекст)
овозможува прием на
дополнителни информации како соопштенија, финансиски
информации, спорт, вести и сл.
Изберете една од категориите и
изберете одредена ставка за да се
прикажат детални информации.
Page 33 of 121

Радио33
ИнфоЗа да се прикажат детални
информации за моментално
активната DAB-станица, изберете
Info (Инфо) .
Page 34 of 121

34Надворешни уредиНадворешни уредиОпшти информации...................34
Репродукција на звук .................37
Прикажување слики ...................41
Репродукција на филмови .........43
Користење апликации за
паметни телефони .....................46Општи информации
Во средишната конзола, под
контролите за климатизацијата,
има AUX приклучок и USB
приклучок за приклучување на
надворешни извори на аудио
податоци.
Забелешка
Приклучоците секогаш треба да
бидат чисти и суви.
AUX приклучок
Може да се приклучи, на пр., iPod или друг дополнителен уред со
приклучок од 3,5 mm во
приклучокот AUX.
Кога ќе се приклучи во
приклучокот AUX, аудио сигналот
на дополнителниот уред се
пренесува преку звучниците на
Инфозабавниот систем.
Поставките за гласноста и тонот
може да се прилагодуваат преку
Инфозабавниот систем. Со сите
други контролни функции треба да
се ракува од дополнителниот уред.
Поврзување уред
За да го приклучите
дополнителниот уред во влезниот
приклучок AUX на Инфозабавниот
систем, употребете некој од
следниве кабли:
со 3 контакти за аудио извор,
со 4 контакти за видео извор.
Page 35 of 121

Надворешни уреди35
1=лев аудио сигнал2=десен аудио сигнал3=вземјување4=видео сигнал
Функција за звук од AUX
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки што се содржани на дополнителните
уреди, на пр. паметни телефони или iPod/iPhone производи.
Функција за филм од AUX
Инфозабавниот систем може да
репродуцира филмови што се
содржани на дополнителните
уреди на пр. паметни телефони
или iPod/iPhone производи.
Забелешка
За да ја користите функцијата за
филмови со iPod/iPhone, поврзете
го уредот со приклучокот AUX. Не
може да се воспостави постојана
врска преку приклучокот USB.
USB приклучок
Во приклучокот USB може да се
приклучи MP3-плеер, диск USB,
SD-картичка (преку приклучок/
адаптер за USB), iPod или паметен
телефон.
Кога се поврзани со приклучокот
USB, со разни функциите на
уредите може да се ракува преку
контролите и изборниците на
Инфозабавниот систем.Забелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите модели на МП3-
плеери, USB-дискови, SD-
картички, модели на iPod или
паметни телефони.
Поврзување/откачување уред
Приклучете го уредот USB или iPod
во приклучокот USB. За iPod, користете го соодветниот кабел за
поврзување. Музичката функција
почнува автоматски.
Забелешка
Ако се поврзе уред USB или iPod
што не може да се прочита, се
појавува соодветна порака за
грешка и Инфозабавниот систем
автоматски се префрлува на
претходната функција.
За да ја прекинете врската на
уредот USB или iPod-от, изберете
друга функција, а потоа извадете ја меморијата USB.
Page 36 of 121

36Надворешни уредиВнимание
Не откачувајте го уредот за
време на репродукција. Така
може да се оштети уредот или
Инфозабавниот систем.
Функција за звук од USB
Инфозабавниот систем може да
пушта музички фајлови содржани
на мемории USB ili производи iPod/
iPhone.
Функција за слики од USB
Инфозабавниот систем може да
прикажува слики содржани на
меморија USB.
Функција за филмови од USB
Инфозабавниот систем може да
прикажува филмови содржани на меморија USB.
Забелешка
За да ја користите функцијата за
филмови со iPod/iPhone, поврзете
го уредот со приклучокот AUX. Не
може да се воспостави постојана
врска преку приклучокот USB.
Bluetooth
Изворите на звук со вклучен
Bluetooth (на пр. музички мобилни
телефони, МП3-плеери со
Bluetooth итн.) што ги поддржуваат профилите за музика A2DP и
AVRCP за Bluetooth може да се
поврзат безжично со
Инфозабавниот систем.
Поврзување уред
За детален опис на поврзувањето
преку Bluetooth 3 51.
Функција за звук од Bluetooth
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки што
се содржани на дополнителните
Bluetooth уреди, на пр. паметни
телефони или iPod/iPhone
производи.
Поддршка за апликации запаметни телефони Функцијата Apps (Апликации) на
Инфозабавниот систем
овозможува пристап до одобрени
апликации за паметни телефони.Инфозабавниот систем одобрува
ажурирања за апликациите штом
станат достапни.
Пред да може да се ракува со
одобрена апликација преку
контролите и изборниците на
Инфозабавниот систем, односната
апликација мора да се инсталира
на паметен телефон.
Следете ги упатствата на
паметниот телефон кога
инсталирате одобрена апликација.
Формати на фајлови и папки
Максималниот капацитет на уред
поддржан од Инфозабавниот
систем е 2500 музички
фајлови, 2500 сликовни фајлови,
250 филмски фајлови, 2500 папки и
10 степени на структура на папки. Поддржани се само уреди
форматирани со систем на
фајлови FAT16/FAT32.
Page 37 of 121

Надворешни уреди37
Забелешка
Некои фајлови може да не се
репродуцираат правилно.
Причината може да биде
различен формат на снимање или состојбата на фајлот.
Фајлови од продавниците на
интернет што се со управување на
дигиталните права не можат да се репродуцираат.
Инфозабавниот систем може да ги репродуцира следните аудио,
сликовни и филмски фајлови
зачувани на надворешни уреди.
Аудио фајлови
Аудио фајлови што можат да се
репродуцираат
се .mp3, .wma, .ogg и .wav.
Кога се репродуцира фајл со
ознаки ID3, Инфозабавниот систем
може да прикаже информации за,
на пр., насловот на песната и
изведувачот.
Сликовни фајлови
Фајлови со слики што можат да се
прикажат се .jpg, .bmp, .png и .gif..jpg датотеките мора да се со
големина од 64 до 5000 пиксели во
ширина и 64 до 5000 пиксели во висина.
Датотеките .bmp, .png и .gif треба
да се со ширина од 64 до 1024
пиксели и висина од 64 до 1024
пиксели.
Филмски фајлови
Филмски фајлови што може да се
репродуцираат
се .avi, .mpg, .mp4, .divx, .xvid
и .wmv.
Резолуцијата на датотеките треба
да е најмногу 720 пиксели во
ширина и 576 пиксели во висина.
Брзината на репродукција мора да
биде помала од 30 fps.
Кодек формати што може да се
користат се divx, xvid, mpeg-1,
mpeg-4 (mpg4, mp42, mp43) и wmv9
(wmv3).
Формати на аудио што можат да се
репродуцираат се .mp3, .ac3, .aac
и .wma.
Формат на титли што може да се
прикаже е .smi.Репродукција на звук
Дополнителен уред Активирање на приклучокот AUX
Ако дополнителниот уред не е
поврзан со Инфозабавниот систем,
поврзете го уредот 3 34. Се
прикажува изборникот за звук од
AUX и репродукцијата на звучните
записи почнува автоматски.
Во случај дополнителниот уред да
е веќе поврзан:
Ако е потребно, притиснете го
копчето ;, па изберете го
екранското копче Audio (Аудио) за
да го отворите последниот избран
главен изборник за звук.
Ако е потребно, изберете Source
(Извор) за да отворите паѓачка
листа, а потоа изберете AUX за да
го отворите соодветниот главен
изборник за звукот.
Репродукцијата на звучните записи почнува автоматски.
Page 38 of 121

38Надворешни уреди
Менување на поставките за тон
Изберете го екранското копче k
Tone settings (Поставки за тон) за
да го отворите односниот
изборник. За детален опис 3 17.
Забелешка
Поставките за гласност и тон
може да се прилагодуваат преку
Инфозабавниот систем. Со сите
други функции мора да се ракува
од дополнителниот уред.
Уред USB и iPod
Активирање на функцијата за
уред USB или iPod
Ако уредот USB или iPod-от уште
не е поврзан со Инфозабавниот
систем, поврзете го уредот 3 34 . Се
прикажува односниот главен изборник за звук и репродукцијата
на звучните записи почнува
автоматски.
Во случај уредот USB или iPod-от
да е веќе поврзан:
Ако е потребно, притиснете го
копчето ;, па изберете го
екранското копче Audio (Аудио) за
да го отворите последниот избран
главен изборник за звук.
Ако е потребно, изберете Source
(Извор) за да отворите паѓачка
листа, а потоа изберете USB за да
го отворите соодветниот главен
изборник за звукот.
Репродукцијата на звучните записи
почнува автоматски.
Забелешка
Се прикажуваат обвивки на
албумите ако се компримирани во
звучниот фајл, на пр. MP3.
Прекинување и продолжување на
репродукцијата
Допрете = за да ја прекинете
репродукцијата. Екранското копче се менува во l.
Допрете l за да ја продолжите
репродукцијата.
Репродукција на следниот или
претходниот запис
Допрете v за да ја пуштите
следната песна.
Page 39 of 121

Надворешни уреди39
Допрете t во првите 2 секунди од
репродукцијата на нумерата за да
се вратите на претходната нумера.
Враќање на почетокот на
моменталниот запис
Допрете t по 2 секунди од
репродукцијата на нумерата.
Брзо напред и брзо назад
Притиснете го и држете го t или
v . Отпуштете за да се вратите во
нормален режим на репродукција.
Или може да го движите лизгачот
што ја покажува моменталната
положба на записот со прстот
налево или надесно.
Повторување на репродукцијата на
записите
Допирајте r повеќе пати за да
изберете една од следниве опции.1=Се повторува
репродукцијата на
моменталниот запис.ALL=Се повторува
репродукцијата на сите
записи на уредот.OFF=Нормален режим на
репродукција.
Произволна репродукција на
записите
Допирајте s повеќе пати за да ја
активирате или деактивирате
функцијата.
ON=Сите записи на уредот се
репродуцираат по
произволен редослед.OFF=Нормален режим на
репродукција.
Гледање информации
За да се прикажат информации за
записот што се репродуцира во
моментот, допрете го екранот. Се
прикажува порака со информации,
на пр. за насловот, уметникот или
албумот, што се зачувани со
записот.
Користење на изборникот за
музика
Допрете MENU (ИЗБОРНИК) за да
го отворите односниот изборник за
музика.
Се прикажуваат различни
категории во кои се сортирани
записите, на пр. Folders (Папки),
Artists (Изведувачи) или Albums
(Албуми) .
Изберете ја саканата категорија,
поткатегорија (ако има), а потоа
изберете запис.
Page 40 of 121

40Надворешни уреди
Менување на поставките за тон
Изберете Tone settings (Поставки
за тон) за да го отворите односниот
изборник. За детален опис 3 17.
Музика Bluetooth
Активирање на функцијата за
музика Bluetooth
Ако уредот Bluetooth уште не е
поврзан со Инфозабавниот систем, воспоставете врска Bluetooth
3 51, па продолжете како што е
опишано подолу.
Во случај уредот Bluetooth да е
веќе поврзан:
Ако е потребно, притиснете го
копчето ;, па изберете го
екранското копче Audio (Аудио) за
да го отворите последниот избран
главен изборник за звук.
Ако е потребно, изберете Source
(Извор) за да отворите паѓачка
листа, а потоа изберете Bluetooth
за да го отворите соодветниот
главен изборник за звукот.
Репродукцијата на звучните записи
почнува автоматски.
Прекинување и продолжување на
репродукцијата
Допрете = за да ја прекинете
репродукцијата. Екранското копче
се менува во l.
Допрете l за да ја продолжите
репродукцијата.
Репродукција на следниот или претходниот запис
Допрете v за да ја пуштите
следната песна.
Допрете t во првите 2 секунди од
репродукцијата на нумерата за да
се вратите на претходната нумера.
Враќање на почетокот на
моменталниот запис
Допрете t по 2 секунди од
репродукцијата на нумерата.
Брзо напред и брзо назад
Допрете и држете t или v.
Отпуштете за да се вратите во
нормален режим на репродукција.
Повторување на репродукцијата на
песна или фајл
Допирајте r повеќе пати за да
изберете една од следниве опции.1=Се повторува
репродукцијата на
моменталниот запис.ALL=Се повторува
репродукцијата на сите
записи на уредот.OFF=Нормален режим на
репродукција.
Произволна репродукција на фајл
Допирајте s повеќе пати за да ја
активирате или деактивирате
функцијата.