OPEL ADAM 2015 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2015Pages: 123, PDF Size: 1.9 MB
Page 91 of 123

Радио91
■ Нема стишување (слабеење назвукот, карактеристично за
приемот AM или FM). DAB
сигналот се репродуцира на
константна гласност.
■ Ако DAB сигналот е премногу слаб за дешифрирање со
приемникот, приемот се
прекинува целосно. Ова може да
се избегне со активирање на Auto
ensemble linking (Автоматско
поврзување ансамбли) и/или
Auto linking DAB-FM (Автоматско
поврзување DAB-FM) во
изборникот за поставки на DAB.
■ Пречење предизвикано од станиците кои се на блиски
фреквенции (појава која е
типична за приемот AM и FM) не
се појавува со DAB.
■ Ако DAB сигналот го одбиваат природни пречки или згради,
квалитетот на приемот на DAB сеподобрува, додека AM или FM
приемот значително се влошува
во таквите случаи.
■ Кога е вклучен прием DAB, FM- приемникот на инфозабавниотсистем останува активен во
заднина и постојано ги бара FM-
станиците со најдобар прием.
Ако е активно ТР 3 88, се
емитуваат сообраќајните
соопштенија од FM-станицата
што се прима најдобро во
моментот. Исклучете го ТР ако не сакате приемот DAB да се
прекинува со сообраќајни
соопштенија.
Конфигурирање на DAB Притиснете го копчето CONFIG.
Одберете го Radio settings (Радио
поставки) а потоа DAB settings
(Поставки за DAB) .Следните опции се достапни во
изборникот за конфигурација:
Автоматско поврзување ансамбли Кога е активна оваа функција,
уредот се префрлува на истиот
сервис (програма) на друг
ансамбл DAB (фреквенција) кога
сигналот DAB е преслаб за прием
со приемникот.
Поставете ја функцијата на On
(Вкл.) или Off (Искл.) .
Автоматско поврзување DAB-FM
Кога е активирана оваа функција,
уредот се префрлува на соодветна
станица FM на активниот сервис
DAB кога сигналот DAB е премногу
слаб за прием со приемникот.
Поставете ја функцијата на On
(Вкл.) или Off (Искл.) .
Динамичко прилагодување на
звукот
Кога е активирана оваа функција,
динамичниот опсег на сигналот
DAB се намалува. Тоа значи дека нивото на гласните звуци се
намалува, а нивото на тивките
Page 92 of 123

92Радио
звуци се зголемува. Затоа
гласноста на Инфозабавниот
систем може да се зголеми до
точка каде што тивките звуци се
чујни, а гласните звуци не се
прегласни.
Поставете ја функцијата на On
(Вкл.) или Off (Искл.) .
Избирање фреквентно подрачје
Изберете ја ставката Band selection
(Бирање опсег) за да се прикаже
односниот изборник.
За да се одреди кои фреквентни
подрачја DAB ќе ги прима
Инфозабавниот систем,
активирајте една од опциите:
L-Band : 1452 - 1492 MHz, земско и
сателитско радио
Band III : 174 - 240 MHz, земско
радио
Both (Двете)
Page 93 of 123

ЦД-уред93ЦД-уредОпшти информации...................93
Употреба ..................................... 94Општи информации
ЦД плеерот на Инфозабавниот
систем може да репродуцира
аудио ЦД-а и ЦД-а со MP3/WMA.
Важни информацииВнимание
Никогаш не ставајте сингл ЦД-а
со пречник од 8 см или ЦД-а со
посебен облик во аудио
плеерот.
Не ставајте налепници на ЦД- ата. Таквите дискови може да се
заглават во ЦД-погонот и да го
расипат плеерот. Тогаш ќе
треба да се замени уредот.
■ Може да се користат следниве формати на ЦД-а:
CD-ROM Режим 1 и Режим 2.
CD-ROM XA Режим 2, Форма 1 и
Форма 2.
■ Може да се користат следниве формати на фајлови:
ISO 9660 Level 1, Level 2, (Romeo,Joliet).
Фајловите MP3 и WMA запишани
во кој било формат освен
наведените погоре може да не се
репродуцираат правилно а
имињата на нивните фајлови и
папки може да не се прикажат
правилно.
■ Аудио ЦД-а со заштита од прекопирање кои не се во
согласност со стандардот за
аудио ЦД-а може да не се
репродуцираат правилно или воопшто да не се репродуцираат.
■ Самозапишаните ЦД-а за запишување (CD-R) или ЦД-а за
повеќекратно запишување (CD-
RW) се поранливи во поглед на
неправилното ракување од
однапред запишаните ЦД-а.
Правилното ракување треба да
се обезбеди, особено во случај
на ЦД-а за запишување (CD-R) и
ЦД-а за повеќекратно
запишување (CD-RW) (видете
подолу).
Page 94 of 123

94ЦД-уред
■ Самозапишаните ЦД-а зазапишување, и ЦД-а за
повеќекратно запишување може
да не се репродуцираат
правилно или воопшто да не се
репродуцираат. Во таквите
случаи не е виновна опремата.
■ На ЦД-а со мешан модус (аудио запици и на компримирани папкина пр. MP3, се зачувани), делот
со аудио записите и
компримираниот дел може да се
репродуцира посебно.
■ Гледајте да не оставате отпечатоци од прстите кога
менувате ЦД-а.
■ Вратете ги ЦД-ата во нивните омоти веднаш откако ќе ги
извадите од аудио плеерот за да се заштитат од оштетувања и
валканост.
■ Валканоста и течностите на ЦД- ата може да ги загадат леќите на
ЦД плеерот внатре во уредот и
да предизвикаат дефекти.
■ Заштитувајте ги ЦД-ата од топлина и директна сончева
светлина.■ Следните ограничувања важат за ЦД-а МР3/WMA:
Брзина на битови: 8 kbit/s -
320 kbit/s.
Фреквенција на семплување:
48 kHz, 44.1 kHz, 32 kHz (за
MPEG-1) и 24 kHz, 22.05 kHz,
16kHz (за MPEG-2).
■ Следните ограничувања важат за податоците зачувани на ЦД
со MP3/WMA:
Број на снимките: макс. 999.
Број на записи по ниво на папка:
макс. 512.
Длабочина на структурата на
папките: макс. 10 нивоа.
Забелешка
Во ова поглавје е опишано само
пуштањето фајлови MP3 бидејќи
ракувањето со фајлови MP3 и
WMA е исто. Кога ќе се вчита ЦД
со фајлови WMA, се прикажуваат изборници поврзани со MP3.Употреба
Почнување со репродукцијана ЦД-то
Притиснете го копчето MEDIA
еднаш или повеќепати за да го
отворите главниот изборник за ЦД
или MP3.
Ако има ЦД во ЦД плеерот, почнува репродукцијата на ЦД-то.
Зависно од податоците зачувани
на аудио ЦД-то или ЦД-то со MP3,
на екранот ќе се покажат различни
информации за ЦД-то и актуелната музичка нумера.
Вметнување на ЦД Со печатената страна свртена
угоре вметнувајте ЦД во отворот за ЦД-а додека не се вовлече.
Page 95 of 123

ЦД-уред95
Забелешка
Ако се вметне ЦД, на екранот се
прикажува 0.
Прескокнување до следниот
или претходниот запис Накратко притиснете го копчето
s или u.
Брзо вртење напред или
назад
Притиснете го копчето s или
u и држете го така за вртење на
брзо вртење напред или назад на
моменталниот запис.
Избирање записи со
изборникот за аудио ЦД-а
Притиснете го копчето
MENU-TUNE за да го отворите
изборникот за ЦД.Shuffle songs (Мешање на песните)
За да ги репродуцирате сите песни по случаен редослед: поставете ја
функцијата на On (Вкл.).
Забелешка
Ако се активира оваа функција, се прикажува 2 во соодветниот
главен изборник.
Repeat (Повтори)
За слушање песна со
повторување: поставете ја
функцијата на On (Вкл.).
Забелешка
Ако се активира оваа функција, се
прикажува 1 во соодветниот
главен изборник.
Track list (Листа песни)
За да изберете песна од ЦД:
изберете Track list (Листа песни) , а
потоа саканиот запис.
Folders (Папки)
За да изберете песна од папка:
изберете Folders (Папки) . Се
прикажува листа на папките на ЦД- то.Изберете една од папките, а потоа
изберете го саканиот запис.
Забелешка
Оваа ставка е достапна само ако
е вметнато ЦД со MP3.
Search... (Се бара...)
За да отворите изборник за барање и избор на записи: одберете
Search... (Се бара...) .
Изберете една од категориите, а
потоа изберете го саканиот запис.
Забелешка
Оваа ставка е достапна само ако
е вметнато ЦД со MP3.
Вадење на ЦД
Притиснете го копчето d.
ЦД-то се турка нанадвор од
процепот за ЦД.
Page 96 of 123

96ЦД-уред
Ако ЦД-то не се извади по
исфрлувањето, истото автоматски
ќе се повлече повторно назад по
неколку секунди.
Page 97 of 123

AUX приклучок97AUX приклучокОпшти информации...................97
Употреба ..................................... 97Општи информации
На контролната плоча на
инфозабавниот систем 3 70 има
влез AUX за поврзување
надворешни извори на звук.
Возможно е, на пример, да се
приклучи кон AUX влезот
пренослив ЦД плеер со џек
приклучник од 3,5 мм.
Забелешка
Штекерот секогаш треба да се
чува чист и сув.
Употреба CD 3.0 BT: Притиснете го копчето
MEDIA еднаш или повеќе пати за
да се активира режимот AUX.
R 3.0: Притиснете го копчето AUX
за да се активира режимот AUX.Свртете го копчето m VOL на
Инфозабавниот систем за
прилагодување на гласноста.
Со сите други функции може да се ракува само преку контролнитеелементи на изворот на звук.
Page 98 of 123

98USB приклучокUSB приклучокОпшти информации...................98
Репродукција на зачувани
аудио папки ................................ 99Општи информации
Во средишната конзола, под
контролите за климатизацијата,
има USB штекер за приклучување
на надворешни извори на аудио
податоци.
Забелешка
Штекерот секогаш треба да се
чува чист и сув.
Во USB приклучокот може да се
приклучат МП3-плеер, диск USB,
SD-картичка (преку приклучок/
адаптер за USB) или iPod.
Кога се поврзани со USB
приклучокот, со функциите на
горенаведените уреди може да се
управува преку контролите и
изборниците на Инфозабавниот
систем.
Забелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите модели на МП3-
плеери, погони USB, SD-картички
или iPod.Важни информации
■ Надворешните уреди поврзани со USB приклучокот мора да се
усогласени со спецификацијата
за класа мемориски уреди USB
(USB MSC).
■ Уредите поврзани преку USB се поддржани согласно со
спецификацијата за USB V 2.0.
Максимална поддржана брзина:
12 Mbit/s.
■ Поддржани се само уреди со систем на датотеки FAT16/
FAT32.
■ Единиците со тврд диск (HDD) не
се поддржуваат.
■ Не се поддржани јазли за USB.
■ Може да се користат следниве формати на фајлови:
ISO9660 Level 1, Level 2, (Romeo,
Joliet).
Фајловите MP3 и WMA запишани
во некој друг формат освен
наведените погоре може да не се
репродуцираат правилно, а
имињата на нивните фајлови и
Page 99 of 123

USB приклучок99
папки може да не се прикажат
правилно.
■ Следниве ограничувања важат за фајловите зачувани на
надворешниот уред:
Брзина на битови: 8 kbit/s -
320 kbit/s.
Фреквенција на семплување:
48 kHz, 44.1 kHz, 32 kHz (за
MPEG-1) и 24 kHz, 22.05 kHz,
16kHz (за MPEG-2).
■ Следниве ограничувања важат за податоците зачувани на
надворешни уреди поврзани со
USB приклучокот:
Број на снимките: макс. 999.
Број на записи по ниво на папка:
макс. 512.
Длабочина на структурата на
папките: макс. 10 нивоа.
WMA дадотеки со дигитално ракување со правата (Digital
Rights Management) (DRM) од
онлајн музички продавници не
може да се репродуцираат.
Фајловите WMA може да се
репродуцираат безбедно самоако биле направени со Windows
Media Player верзија 9 или
понова.
Поддржани наставки на музички
листи: .m3u, .pls, .wpl.
Внесувањата на списокот со
репродукции треба да бидат во
обликот на споените патеки.
Атрибутот на системот за
директориуми/папки кои содржат
аудио податоци не смее да се
поставува.
Репродукција на
зачувани аудио папки Притиснете го копчето MEDIA
еднаш или повеќе пати за да се активира режимот MP3 или iPod
режимот.
Почнува репродукцијата на
зачуваните аудио податоци на
уредот.
МР3:
iPod:
Користење посебни изборници за уредите
Притиснете го копчето
MENU-TUNE за да го отворите
изборникот на уредот што е
моментално поврзан.
Page 100 of 123

100USB приклучок
Shuffle songs (Мешање на песните)
За да ги репродуцирате сите песни по случаен редослед: поставете ја
функцијата на On (Вкл.).
Забелешка
Ако се активира оваа функција, се прикажува 2 во соодветниот
главен изборник.
Repeat (Повтори)
За слушање песна со
повторување: поставете ја
функцијата на On (Вкл.).
Забелешка
Ако се активира оваа функција, се
прикажува 1 во соодветниот
главен изборник.
Folders (Папки)
За да изберете песна од папка:
изберете Folders (Папки) . Се
прикажува листа на папките на
уредот.
Изберете една од папките, а потоа
изберете го саканиот запис.
Забелешка
Оваа ставка не е достапна ако е
поврзан iPod.Search... (Се бара...)
За да отворите изборник за барање и избор на записи: одберете
Search... (Се бара...) .
Изберете една од категориите, а
потоа изберете го саканиот запис.
Отстранување уред
За безбедно отстранување на
уредот, изберете Remove USB
(Извади USB) или Eject iPod
(Исфрли iPod) , а потоа откачете го
уредот.