44НавигацијаИзберете L на екранот за картата
за да се прикаже изборникот Options (Опции) . Изберете
Navigation Settings (Поставки за
навигација) , а потоа Map colours
(Бои на картата) .
Стандардната поставка е Auto
(Автоматски) . Кога е активирано
Auto (Автоматски) , екранот се
приспособува автоматски.
Исто така, активирајте Day (light)
(Ден (светло)) или Night (dark) (Ноќ
(темно)) за само светол или само
темен екран.
Функција за автоматско зумирање
Ако е активирана функцијата за
автоматско зумирање (стандардна
поставка), нивото на зумирање се
променува автоматски кога се
приближувате до свртување во
текот на активно водење низ
маршрутата. На овој начин
секогаш имате добар преглед на
соодветното свртување.Ако функцијата за автоматско
зумирање е деактивирана,
избраното ниво на зумирање
останува исто во текот на целото
водење низ маршрутата.
За да ја деактивирате функцијата,
изберете L на картата за да се
прикаже изборникот Options
(Опции) . Изберете Navigation
Settings (Поставки за навигација) ,
па допрете го лизгачот до Auto
Zoom (Автоматско зумирање) .
Повторно допрете го екранското
копче за да ја активирате
функцијата повторно.
Икони за ТИ (Точки од интерес) на
картата
ТИ се точки од општ интерес, на
пример, бензински станици или
ресторани.
Прикажувањето на категориите на
ТИ што се прикажуваат на картата
може да се приспособи.
Изберете L на картата за да се
прикаже изборникот Options
(Опции) . Изберете NavigationSettings (Поставки за навигација) , а
потоа Show on map (Прикажи на
картата) .
Активирајте ги саканите категории
на ТИ.
Сообраќајни настани на картата
Сообраќајните настани може
директно да се прикажат на
картата.
За да ја активирате функцијата,
изберете L на картата за да се
прикаже изборникот Options
(Опции) . Изберете Traffic on Map
( Сообраќај на картата) . Екранското
копче се менува во режим за
активирање.
За да ја деактивирате функцијата,
повторно изберете Traffic on Map
(Сообраќај на картата) .
Прикажување на времето
Прикажувањето на времето во
текот на активното водење низ
маршрутата може да се прикаже во два различни режима: преостанато време (до пристигнување на