OPEL ADAM 2018.5 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2018.5Pages: 123, PDF Size: 2.1 MB
Page 81 of 123

Вовед81Примери за ракувањето со
изборникот
Одбирање опција
Свртете MENU-TUNE за да го
поместите покажувачот (=
заднината во боја) до саканата
опција.
Притиснете MENU-TUNE за да ја
изберете означената опција.
Подизборници
Стрелката од десниот раб на
изборникот означува дека по
одбирањето на опцијата ќе се
отвори подизборник со
понатамошни опции.
Активирање на поставка
Вртете го MENU-TUNE за да ја
обележите саканата поставка.
Притиснете MENU-TUNE за да ја
активирате поставката.
Местење на вредност
Вртете го MENU-TUNE за да ја
смените вредноста на поставката.
Притиснете го MENU-TUNE за да ја
потврдите поставената вредност.
Потоа покажувачот се префрлува
на следната вредност. Ако се
постават сите вредности,
автоматски се враќате на следното
повисоко ниво на изборникот.
Прилагодување поставка
Вртете го MENU-TUNE за
прилагодување на поставката.
Притиснете го MENU-TUNE за да ја
потврдите поставката.
Вклучување или исклучување на
некоја функција
Page 82 of 123

82ВоведВртете го MENU-TUNE за да ја
обележите функцијата што ќе се
вклучи или исклучи.
Притиснете MENU-TUNE за
префрлување меѓу поставките On
(Вкл.) и Off (Искл.) .
Внесување низа карактери
За да внесете низа знаци, на пр.
PIN или телефонски број:
Вртете го MENU-TUNE за да го
обележите саканиот знак.
Притиснете го MENU-TUNE за да
го потврдите обележаниот знак.
Последниот знак од низата знаци
може да се избрише со избирање
k на екранот или со притискање
на P BACK . Со притискање и
држење на P BACK се брише
целиот внес.
За да ја смените положбата на
покажувачот во веќе внесената
низа знаци, изберете ◀ или ▶ на
екранот.
Поставки на тонот Во изборникот за поставки на тонот
својствата на тонот може да се наместат различно за секоја
бранова должина на радиото и
секој извор на аудио плеерот.
Притиснете го TONE за да се
отвори изборникот за поставки на
тонот.
Местење на басовите,
средните и високите тонови
Листајте и изберете Bass (Бас),
Midrange (Средни) или Treble
(Високи) .
Наместете ја саканата вредност за
одбраната опција.
Местење на распределбата на
гласноста меѓу предниот и
задниот дел
Листајте и изберете Fader
(Фејдер) .
Наместете ја саканата вредност.
Page 83 of 123

Вовед83Местење на распределбата на
гласноста меѓу десниот и
левиот дел
Листајте и изберете Balance
(Баланс) .
Наместете ја саканата вредност.
Избирање стил на тонот
Листајте и изберете EQ
(Еквилајзер). Се прикажува
изборникот EQ presets (EQ-готови
поставки) .
Прикажаните опции пружаат
оптимизирани претходни поставки
на басовите, средните и високите
тонови за соодветниот стил на
музиката.
Одберете ја саканата опција.
Местење на поединечни
поставки на „0“
Одберете ја саканата опција ипритиснете го MENU-TUNE
неколку секунди.
Вредноста се враќа на „0“.
Местење на сите поставки на
„0“ или „OFF (ИСКЛ.)“
Притиснете го TONE неколку
секунди.
Сите вредности се враќаат на „0“,
меморијата за еквилајзерот се
поставува на OFF (ИСКЛ.).Поставки на гласноста
Прилагодување на гласноста
со надоместување според
брзината
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Radio settings (Радио
поставки) и потоа Auto volume
control (Автоматска контрола на
гласноста) .
Функцијата Auto volume control
(Автоматска контрола на
гласноста) може да се деактивира
или степенот на
приспособувањето на гласноста
може да се одбере во прикажаниот
изборник.
Одберете ја саканата опција.
Page 84 of 123

84ВоведПрилагодување на
максималната гласност при
вклучување
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Radio settings (Радио
поставки) и потоа Maximum startup
volume (Максимална гласност при
поаѓање) .
Наместете ја саканата вредност.
Приспособување на гласноста
на сообраќајните соопштенија
Гласноста на сообраќајните
соопштенија може да се постави да се зголемува или намалува во
однос на нормалната гласност на
звукот.
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете Radio settings (Радио
поставки) , RDS options (Опции за
RDS) , а потоа TA volume ( Гласност
на ТА) .
Наместете ја саканата вредност.
Прилагодување на гласноста
на ѕвонењето
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете Phone settings (Поставки
за телефонот) , Sound & Signals
(Звук и сигнали) , а потоа Ring
Volume (Гласност на ѕвонењето) .
Наместете ја саканата вредност.
Page 85 of 123

Радио85РадиоУпотреба..................................... 85
Пребарување станици ...............85
Списоци за автоматско
зачувување ................................. 86
Списоци со миленици ................87
Изборници за бранови
должини ...................................... 88
Радио податочен систем ...........90
Дигитална аудио дифузија ........92Употреба
Активирање на радиото
Притиснете RADIO за да се отвори
главниот изборник на радиото.
Последно пуштената станица ќе се
прима.
Одбирање на брановата
должина
Притиснете RADIO еднаш или
повеќе пати за да се избере
саканото фреквентно подрачје.
Последно пуштената станица во
таа бранова должина ќе се прима.
Пребарување станици
Автоматско пребарување на
станици
Накратко притиснете s или u
за да се пушти следната станица од меморијата за станици.
Рачно пребарување на станициПритиснете го и држете го s или
u . Отпуштете кога саканата
фреквенција речиси ќе се достигне
на екранот за фреквенции.
Се врши барање на следната
станица која може да се прими и
таа се пушта автоматски.
Забелешка
Рачно пребарување на станици:
Ако радиото не наоѓа станици,
истото автоматски се префрлува
на ниво за почувствително
пребарување. Ако се уште не
наоѓа станици, фреквенцијата
која последно беше активна се
мести повторно.
Page 86 of 123

86РадиоЗабелешка
Бранова должина FM: Кога
функцијата за RDS е активирана,
се бараат само RDS станици
3 90, а кога радио сообраќајната
услуга (TP) е активирана, се
бараат само станици со
сообраќајна услуга 3 90.
Рачно штелување на станици
Во изборникот за радио,
притиснете MENU-TUNE за да го
отворите односниот изборник за
фреквентното подрачје и изберете рачно местење.
На појавниот екран за
фреквенцијата, свртете
MENU-TUNE и поставете ја
оптималната фреквенција за
прием.
Списоци за автоматско зачувување
Станиците со најдобар прием во
некое фреквентно подрачје може
да се пребараат и зачуваат
автоматски преку функцијата за
автоматско зачувување.Секое фреквентно подрачје има по 2 листи за автоматско зачувување( AS-станици 1 , AS-станици 2 ) во
коишто може да се зачуваат по 6 станици.
Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Автоматско зачување на
станици
Притиснете и држете го
притиснато FAV 1-2-3 додека не се
прикаже порака за автоматско
зачувување. 12-те најсилни
станици на моменталната бранова
должина ќе се зачуваат на
2-та списока за автоматско
зачувување.
За да ја откажете постапката за
автоматско зачувување,
притиснете MENU-TUNE .
Рачно зачувување станици
Станици може да се зачуваат и
рачно, на списоците за автоматско
зачувување.
Наместете ја станицата која ќе се зачува.
Притиснете го кратко FAV 1-2-3
еднаш или повеќепати за да се
префрлите на саканиот список.
За да ја зачувате станицата на
положба во список: притиснете го
соодветното копче за станицата
1 ... 6 додека не се прикаже порака
за потврдување.
Забелешка
Рачно зачуваните станици се
бришат во процес за автоматско
зачувување на станици.
Забелешка
За да ракувате со оваа функција,
функцијата AS-Stations (AS-
Станици) мора да е активирана
(видете подолу).
Повикување на станица
Притиснете го кратко FAV 1-2-3
еднаш или повеќепати за да се
префрлите на саканиот список.
Page 87 of 123

Радио87Накратко притиснете едно од
копчињата за станици 1... 6 за да се
отвори станицата во соодветната
положба на списокот.
Забелешка
За да ракувате со оваа функција,
функцијата AS-Stations (AS-
Станици) мора да е активирана
(видете подолу).
Активирање на функцијата за
автоматско зачувување
станици
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете Radio settings (Радио
поставки) , а потоа AS-Stations (AS-
Станици) за да го отворите
односниот изборник.
Поставете ги станиците за
автоматско сочувување за
односното фреквентно подрачје на On (Вкл.) .Списоци со миленици
Станици од сите бранови должини
може да се зачуваат рачно на
списоците со миленици.
6 станици може да се зачуваат на
секој список со миленици. Бројот на
достапните списоци со миленици
не може да се намести (видете
подолу).
Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Зачувување станица
Наместете ја станицата која ќе се
зачува.
Притиснете го кратко FAV 1-2-3
еднаш или повеќепати за да се
префрлите на саканиот список.
За да ја зачувате станицата на
положба во список: притиснете го
соодветното копче за станицата
1 ... 6 додека не се прикаже порака
за потврдување.
Повикување на станица
Притиснете го кратко FAV 1-2-3
еднаш или повеќепати за да се
префрлите на саканиот список.
Накратко притиснете едно од
копчињата за станици 1... 6 за да се
отвори станицата во соодветната
положба на списокот.
Одредување на бројот на
достапните списоци со
миленици
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете Radio settings (Радио
поставки) , а потоа Radio favourites
(Радио омилени) за да го отворите
изборникот Max. number of
favourites pages (Макс. број
страници со омилени) .
Page 88 of 123

88Радио
Одберете го саканиот број на
достапните списоци со миленици.
Изборници за брановидолжини
Има алтернативни можности за
избирање станици на располагање
преку изборниците кои се
специфични за брановите
должини.
Забелешка
Следните екрани се прикажани како примери.
Списоци со станици
Кога сте во главниот изборник на
радиото, свртете го MENU-TUNE
за да ја отворите листата станици
за соодветното фреквентно
подрачје.
Се прикажуваат радио станиците
што можат да се примат во
моменталното приемно подрачје.
Забелешка
Ако не се создал список на
станици однапред,
Инфозабавниот систем извршува автоматско пребарување на
станици.
Одберете ја саканата станица. Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Ажурирање на списоците со
станици
Кога сте во главниот изборник за
радиото, притиснете MENU-TUNE
за да го отворите соодветниот
изборник за фреквентното
подрачје.
Ако станиците чувани во списокот
со станици специфични за
брановата должина веќе не се
примаат:
Изберете ја соодветната изборна
ставка за да ја ажурирате листата
станици во изборникот на
соодветниот фреквентен опсег,
на пр. Update FM stations list
(Ажурирај листа станици FM) .
Почнува пребарување на станици.
Штом ќе заврши барањето, се
репродуцира последната примена
станица.
За откажување на барањето
станици: притиснете MENU-TUNE.
Забелешка
Ако се ажурира список на станици специфични за некое фреквентно
подрачје, се ажурира и
соодветниот список на категории.
Favourites list (Листа омилени)
Додека сте во главниот изборник зарадиото, притиснете MENU-TUNE
за да го отворите соодветниот
изборник за фреквентното
подрачје.
Page 89 of 123

Радио89Изберете го Favourites list (Листа
омилени) . Се прикажуваат сите
станици зачувани во списоците со
миленици.
Одберете ја саканата станица.
Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Списоци со категории
Бројни радио станици емитуваат
шифра PTY што го определува
видот на емитуваната програма
(на пр. вести).
Некои станици ја менуваат и PTY
шифрата зависно од содржината
што моментално се емитува.
Инфозабавниот систем ги
зачувува тие станици, подредени
според видот на програмата, на
соодветниот список со категории.
За барање вид на програмата
одредена од станицата: изберете
ја опцијата за список со категории
специфична за брановата
должина.
Се прикажува листа видови
програми што се моментално
достапни.
Одберете го саканиот вид на
програмата.
Се прикажува список на станиците
коишто емитуваат програма од
одбраниот вид.
Одберете ја саканата станица.
Се ажурира и листата категории
кога ќе се ажурира односниот
список со станици специфични за
брановата должина.
Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Соопштенија DAB Покрај своите музички програми,
бројни станици DAB 3 92
емитуваат разни категории
соопштенија.
Сервисот (програмата) DAB што се прима во моментот се прекинува
кога се очекува соопштение од
претходно активирани категории.
Активирање на категориите на
соопштенија
Кога сте во DAB menu (Изборник
DAB) , изберете DAB
announcements (Соопштенија DAB) за да се прикаже соодветниот
изборник.
Page 90 of 123

90Радио
Активирајте саканата категорија на
соопштенија.
Може да се изберат повеќе
категории на соопштенија
истовремено.
Забелешка
DAB соопштенијата може да се
примат ако е активирана
брановата должина DAB.
Радио податочен систем
Радиоподаточен систем (RDS) е
услуга на FM станиците која
значително го олеснува наоѓањето на саканата станица и приемот за
неа без грешка.
Предности на RDS
● На екранот името на програмата на наместенатастаница се појавува наместо
нејзината фреквенција.
● При барање станици, Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.
● Инфозабавниот систем секогаш ја мести
фреквенцијата на
емитувањето со најдобар
прием на наместената станица со помош на AF (алтернативна
фреквенција).
● Зависно од станицата што се прима, Инфозабавниот систем
прикажува радио текст што може да содржи, на пр.
информации за моменталната
програма.
Конфигурирање на RDS Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .Одберете го Radio settings (Радио
поставки) а потоа RDS options
(Опции за RDS) .
Поставете ја опцијата RDS на On
(Вкл.) или Off (Искл.) .
Забелешка
Ако RDS е исклучено, автоматски
ќе се вклучи повторно кога ќе се
смени радиостаница (преку
функцијата за барање или со
копче за станица од меморијата).
Забелешка
Следните опции се достапни само ако RDS е поставено на On
(Вклучен) .