display OPEL ANTARA 2015 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: ANTARA, Model: OPEL ANTARA 2015Pages: 171, PDF Size: 2.9 MB
Page 22 of 171

22Вовед
Преку изборникот SYSTEM SETUP
(ПОСТАВУВАЊЕ СИСТЕМ) може
да се вршат разни поставувања и
прилагодувања на Инфозабавниот систем.
За да го отворите овој изборник:
притиснете го копчето SETUP, а
потоа изберете го екранското
копче System (Систем) .
Прилагодување на екранот
За да го отворите изборникот
DISPLAY SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ
ПРИКАЗ) : изберете ја ставката
Display (Приказ) .Осветленост
За да ја прилагодите осветленоста на екранот: поставете го Brightness
(Осветленост) на Very Bright ( Многу
светло) , Bright (Светло) , Medium
(Средно) , Dark (Темно) или Very
Dark (Многу темно) .Режим на екранот
За да го прилагодите екранот кон
надворешната осветленост:
поставете го Display Mode (Режим
за приказ) на Day (Ден) , Night
(Ноќ) или Automatic (Автоматски) .
Кога е избрано Automatic
(Автоматски) , режимот на екранот
се менува автоматски зависно од
надворешната осветленост.Насока на листање
За да ја прилагодите насоката на
листање за избирање на ставките
од изборниците преку
повеќефункциското копче:
поставете го Scroll Direction
(Насока за листање) на [ или ].Прилагодување на јазикот
Текстовите на изборниците на
екранот на Инфозабавниот систем може да се прикажуваат на разнијазици.
Кога го менувате јазикот на
текстовите на изборниците, се
менува и јазикот на говорните
команди.
За да го отворите изборникот
LANGUAGE (ЈАЗИК) : изберете ја
ставката Language (Јазик) .
Изберете го саканиот јазик за
текстовите на изборниците.
Page 50 of 171

50Навигација
■Voice Vol. (Јачина на гласот) : ако
е вклучено говорното водење (видете погоре), сменете ја оваа
поставка за да ја прилагодите
гласноста на говорните команди. По секоја промена, се слуша
повратна информација.
■ Position Information ( Информации
за положбата) : ја прикажува
адресата или координатите GPS
на моментната положба.
За да ја зачувате прикажаната
адреса или координатите GPS во
адресарот, изберете го
екранското копче Save (Сочувај).Достапни се следните
понатамошни поставки/опции:
■ Time Display (Приказ на
времето) : менува меѓу приказот
на проценетото време за
пристигнување и проценетото
преостанато време на патување,
видете во „Информации за
приказот на картата“ погоре.
■ Distance Units (Единици за
далечина) : ја менува мерната
единица за информации за
оддалеченоста на екранот меѓу
милји и километри.
■ POI Warning (Предупредување
за ИТ) : достапно е само ако во
Инфозабавниот систем се
преземени кориснички
определени точки од интерес
(ТИ) со соодветни пораки за
предупредување, видете во
„Кориснички определени точки
од интерес“ подолу.
Ако оваа опција е поставена на
On (Вкл.) : кога возилото ќе се
приближи до кориснички
определена ТИ, се прикажувасоодветната порака за
предупредување.
■ POI Warning Distance (Далечина
за предупредување за ИТ) :
достапно е само ако во
Инфозабавниот систем се
преземени кориснички
определени точки од интерес
(ТИ) и соодветни пораки за
предупредување, видете во
„Кориснички определени точки
од интерес“ подолу.
Со користење на оваа опција од
изборникот може да одредите на
која оддалеченост пред да се
дојде до кориснички определена
ТИ ќе се прикаже соодветната
порака за предупредување.
Изберете ја ставката за да се
прикаже список со
оддалечености за
предупредување за ТИ што може да се изберат.
Изберете ја саканата
оддалеченост за
предупредување за ТИ.