OPEL ASTRA H 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: ASTRA H, Model: OPEL ASTRA H 2014Pages: 273, PDF Size: 7.1 MB
Page 91 of 273

Складирање89
Преклопете ги со притискање
преку отпорната точка.
Не ставајте тешки предмети на
тацната што се преклопува.
Предупредувачки
триаголник
Лимузина со 3 врати / 5 врати,
Двоен кров
Складирајте го предупредувачкиот триаголник во задниот ѕид на
товарниот простор: првин
наместете го предупредувачкиот
триаголник во процепот од левата
страна а потоа вметнете го во
шината од десната страна.
За вадење на предупредувачкиот
триаголник, подигнете го надесно и
извлечете го надесно.
Кај возилата со кутија за товарење: Подигнете го предупредувачкиот
триаголник со десната половина на
товарната кутија. Извлечете го
предупредувачкиот триаголник
надесно.
Седан со 4 вратиЗакачете ги предупредувачкиот
триаголник и приборот за прва
помош во товарниот простор за
панелот надесно користејќи два
каиша.
Караван, Камионет
Складирајте го предупредувачкиот триаголник во шуплината во
задната врата и прицврстете го со
десните и левите каишеви.
Page 92 of 273

90СкладирањеПрибор за прва помошЛимузина со 3 врати / 5 врати
Прицврстете го приборот за прва
помош до десниот ѕид на
товарниот простор користејќи го
каишот за држење.
Салон со 4 врати
Закачете ги предупредувачкиот
триаголник и приборот за прва
помош во товарниот простор за
панелот надесно користејќи два
каиша.
Караван
Прицврстете го приборот за прва
помош до левиот ѕид на товарниот простор со каиш за држење.
Page 93 of 273

Складирање91
Камионет
Ставете го приборот за прва
помош во преградата за
складирање зад возачкото
седиште. За да се отвори капакот,
притиснете го јазичето за
закочување.
Двоен кров
Чувајте го приборот за прва помош во процепот зад каишот во левиот
ѕид на товарниот простор.
Систем на багажници
за на покрив
Багажник за на покрив
Од безбедносни причини и за да се
избегне оштетувањето на покривот се препорачува системот на
багажници за на покрив одобрен за
возилото.
Товари на покривот не се
дозволуваат кај Astra TwinTop.
Следете ги упатствата за
монтирање и извадете го
багажникот за на покрив кога не е
во употреба.
Page 94 of 273

92Складирање
Модел без шини на покривот
Подигнете ги капаците од отворитеза монтирање.
Прицврстете го багажникот за на
покрив кај точките за
прицврстување.
Модел со шини на покривот
За да се прицврсти багажникот за
на покрив, вметнете ги завртките за монтирање во дупките означени на
сликата.
Информации за
товарење
■ Тешките предмети во товарниот простор треба да се наместат до
потпирачите за грб. Уверете се
дека потпирачите за грб се
безбедно заглавени. Ако
предметите можат да се стават
еден врз друг, потешките
предмети треба да се стават
долу.
■ Прицврстувајте предмети со еластичните каишеви закачени
за алките за врзување 3 83.
Page 95 of 273

Складирање93
■ Прицврстете ги слободнитепредмети во товарниот простор
за да се спречи лизгањето.
■ Кога се превозуваат предмети во
товарниот простор, потпирачите
за грб од задниот ред на
седиштата не смеат да бидат
навалени напред.
■ Не дозволувајте товарот да се наѕира над горниот раб на
потпирачите за грб.
■ Не ставајте предмети врз капакот на товарниот простор
или на таблата со инструменти.
■ Товарот не смее да пречи при ракување со педалите, рачната
сопирачка и менувачот, или да го спречи слободното движење на
возачот. Не ставајте
неприцврстени предмети во
внатрешноста.
■ Не возете со отворен товарен простор.■ Караван: наместете ја безбедносната мрежа кога се
превозуваат предмети во
товарниот простор. Затворете го
капакот на товарниот простор.
■ Астра со Двоен кров: обрнете вниманеи на максималната
висина за товарење при отворен
покрив. Не ставајте предмети врз
ролетната на товарниот простор
или до неа, на капакот на
шипките против превртувањето
кои се активираат или зад
задните потпирачи за глава.
■ Дозволената оптовареност е разликата помеѓу дозволената
бруто тежина на возилото
(видете на идентификациската
табличка 3 235) и максималната
тежина според ЕС.
За да ја пресметате
максималната тежина според
ЕС, внесете ги податоците за
Вашето возило во табелата за
тежини на почетокот од овој
прирачник.
Максималната тежина според ЕС ги вклучува тежините за возачот(68 кг), багажот (7 кг) и сите
течности (со 90 % полн
резервоар).
Опционалните опреми и апарати
ја зголемуваат својата тежина.
■ Возењето со товар на покривот ја
зголемува чувствителноста на
возилото на странични ветрови и има неповолно влијание врз
управувањето на возилото
поради повишувањето на
тежиштето на возилото.
Распределете го товарот
рамномерно и прицврстете го
правилно со каишеви за држење.
Дотерајте ги притисокот во
гумите и брзината на возилото
според условите на
оптовареноста. Често
проверувајте ги и повторно
затегнувајте ги каишевите.
Не возете побрзо од 120 км/ч.
Дозволената оптовареност на
покривот е 75 кг, а 100 кг за
Караван со шини на покривот.
Оптовареноста на покривот е
комбинираната тежина на
Page 96 of 273

94Складирање
багажникот за на покрив и на
товарот.
Page 97 of 273

Иинструменти и контроли95Иинструменти и
контролиКонтроли ..................................... 95
Предупредувачки светла,
мерачи и индикатори ...............102
Информативни екрани ............. 113
Пораки за возилото .................. 120
Патен компјутер .......................124Контроли
Местење на воланот
Отклучете ја рачката, наместете го
воланот, па заглавете ја рачката и
уверете се дека истата е целосно
закочена.
Не го местете воланот освен ако
возилото е во мирување и бравата на воланот била ослободена.
Контроли на воланот
Со Инфозабавниот систем и
Info-Display може да се ракува
преку контролите на воланот.
Повеќе информации се достапни
во прирачникот на Инфозабавниот
систем.
Page 98 of 273

96Иинструменти и контролиСирена
Притиснете го j.
Бришач на
шофершајбната/перач
Бришач на шофершајбната
Рачката секогаш скокнува назад во првобитната положба.
&=брзо%=бавно$=приспособливо темпирано
периодично бришење§=исклучувањеЗа единечно бришење кога
бришачот на шофершајбната е
исклучен, притиснете ја рачката
надолу.
Поминете ги сите фази на бришачите на шофершајбната со
туркање на рачката преку
отпорната точка и држејќи ја. Се
огласува звучен сигнал на §.
Не го употребувајте ако
шофершајбната е замрзната.
Исклучете ги во перални за
автомобили.
Приспособлив период на
бришењето
Page 99 of 273

Иинструменти и контроли97
Поставување на периодот набришење на вредност помеѓу
2 и 15 секунди: Вклучете го
палењето, помрднете ја рачката
надолу од положбата §, почекајте
го саканиот период, кренете ја
рачката на $.
По вклучувањето на палењето и
поставувањето на рачката на $,
периодот е поставен на 6 секунди.
Автоматско бришење со сензор за
дожд$=Автоматско бришење со
сензор за дождСензорот за дожд го приметува
количеството на водата на
шофершајбната и автоматски ги
регулира бришачите на
шофершајбната.
Чувајте го сензорот да биде чист од прашина, нечистотија и мраз.
Миење на шофершајбната
Повлечете ја рачката. Течноста за
миење се прска врз
шофершајбната и бришачот брише неколку пати.
Ако светлата се запалени,
течноста за миење исто така се
прска врз фаровите. Системот за
миење на предните фарови тогаш
не работи 2 минути.
Page 100 of 273

98Иинструменти и контролиБришење/миење на
задното стакло
Турнете ја рачката нанапред.
Бришачот на задното стакло брише
во периодичен режим. Исклучете
го со туркање на рачката нанапред повторно.
Ако рачката се држи нанапред,
течноста за миење се прска врз
задното стакло.
Не употребувајте го ако задниот
прозорец е замрзнат.
Исклучете ги во перални за
автомобили.
Бришачот на задното стакло се
вклучува автоматски кога е вклучен бришачот на шофершајбната, а
менувачот е ставен во рикверц.
Надворешна
температура
Падот во температурата се
прикажува веднаш, а
покачувањето на истата со
временско доцнење.
Ако надворешната температура
падне до 3 °C, симболот : се пали
на Triple-Info-Display или на
Board-Info-Display како
предупредување дека коловозот е
подмрзнат. : и понатаму свети
додека температурата не достигне
барем 5 °C.
Во возилата со
Graphic-Info-Display или Color-Info-Display, на екранот се
појавува предупредувачка порака
како предупредување дека
коловозот е подмрзнат. Нема
пораки под 5 °C.