Иинструменти и контроли125
Досегот се пресметува според
моменталната содржина на
резервоарот за гориво и тековната потрошувачка. Екранот прикажува
просечни вредности.
По дотурањето гориво, возилото
автоматски го пресметува досегот
по кратка пауза.
Кога нивото на горивото во
резервоарот е ниско, пораката
Range (Опсег)  се појавува на
екранот.
Кога резервоарот за гориво е скоро
празен, пораката  Refuel!
(Наполнете гориво!)  се појавува на
екранот.Штоперица
Изберете ја функцијата.
Притиснете го копчето  OK или
левото тркалце на воланот за да се почне или запре штоперицта.
Одново пуштете го патниот компјутер
Мерењето или пресметката на следните информации на патниоткомпјутер може да почне од
почеток:
■ Просечна потрошувачка,
■ Апсолутната потрошувачка,
■ Просечна брзина,
■ Растојание,
■ Штоперица.
Одберете ги саканите информации на патниот компјутер  3 114. За да
се почне одново, притиснете го
копчето  OK или левото тркалце за
местење на воланот околу
2 секунди.
Патен компјутер со
графичен информативен
екран или информативен екран во боја
Главната страница на патниот
компјутер дава информации за
досегот, моменталната
потрошувачка и просечната
потрошувачка на  BC 1.
За прикажување на други податоци од патниот компјутер, притиснете
го копчето  BC на инфозабавниот
систем, одберете го изборникот на
патниот компјутер на екранот или
притиснете го левото тркалце за
местење на воланот. 
126Иинструменти и контроли
Изберете BC 1 или  BC 2 од
изборникот на патниот компјутер.
Опсег
Досегот се пресметува според
моменталната содржина на
резервоарот за гориво и тековната потрошувачка. Екранот прикажува
просечни вредности.
По дотурањето гориво, возилото
автоматски го пресметува досегот
по кратка пауза.
Кога нивото на горивото во
резервоарот е ниско, пораката
Range (Опсег)  се појавува на
екранот.
Кога резервоарот за гориво е скоро
празен, пораката  Please refuel!
(Наполнете гориво!)  се појавува на
екранот.
Системот за навигација ќе Ве
поддржи во наоѓањето на
најблиската бензинска пумпа.
Видете во Прирачникот на
инфозабавниот систем за повеќе
информации.
Моментална потрошувачка
Екран на моменталната
потрошувачка. При мали брзини се прикажува потрошувачката на час.
Растојание
Го прикажува поминатото
растојание. Мерењето може да се
препостави во кое било време.
Просечна брзина
Ја прикажува просечната брзина.
Мерењето може да се препостави
во кое било време.