OPEL ASTRA J 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2014.5Pages: 369, PDF Size: 10.22 MB
Page 31 of 369

Клучеви, врати и прозорци29
Хечбек со 3 врати
Притиснете го копчето x на
далечинскиот управувач или
притиснете го амблемот на
брендот на долната половина за да ја отклучите и отворите задната
врата.
Со притискање на копчето x
задната врата се отвора дури и ако вратите се заклучени.
Спортс турер
По отклучувањето притиснете го
прекинувачот на допирање под
лентата на задната врата и
отворете ја задната врата.
Централна брава 3 25.Ночбек со 4 врати
За да го отворите капакот на
багажникот, држете го копчето
x на далечинскиот управувач
барем 2 секунди или, за да
отворите однатре, притиснете го x на средишната конзола,
капакот се подотвора.
Page 32 of 369

30Клучеви, врати и прозорци
Со вратите централно заклучени,
хаубата не може да се отвори со копчето x на средишната
конзола.
Затворање
Користете една од внатрешните
рачки.
Не притискајте го допирниот
прекинувач или амблемот додека се затвора бидејќи тоа ќе ја отклучи
задната врата повторно.
Централна брава 3 25.
Општи практични совети за
ракување со задната врата9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата,
на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи во возилото
може да навлезат отровни
издувни гасови што не можат да
се видат или намирисаат. Тоа
може да предизвика несвест и
дури смрт.
Внимание
Пред да ја отворите задната врата, проверете ги пречките
над глава, како врата на
гаражата, за да се избегне
оштетувањето на задната
врата. Секогаш проверувајте го
просторот на движењето
одозгора и позади задната
врата.
Page 33 of 369

Клучеви, врати и прозорци31
Забелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.Безбедност на
возилото
Систем за заштита од
кражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати.
Сите врати треба да се затворат,
инаку системот не може да се
активира.
Ако палењето беше вклучено,
возачката врата мора да се отвори и затвори еднаш за да се обезбеди
возилото.
Отклучувањето на возилото го
исклучува механичкиот систем за заштита од кражба. Тоа не е
возможно со копчето на
централната брава.
Вклучување
Притиснете го e на далечинскиот
управувач двапати во рок од
15 секунди.
Систем за тревожење
при кражба Системот за тревожење при
кражба е комбиниран со системот
за заштита од кражба.
Ги надгледува: ■ Вратите, задната врата, хаубата■ Патничкиот простор вклучувајќи го соседниот товарен простор
Page 34 of 369

32Клучеви, врати и прозорци
■ Наклонетоста на возилото,на пр. ако е кренато
■ Палење
Активирање ■ Се активира самостојно 30 секунди по заклучувањето на
возилото (иницијализација на
системот)
■ Непосредно со притиснување на e на далечинскиот управувач
уште еднаш по заклучувањето
Забелешка
Промени на внатрешноста на
возилото, како на пример
употребата на навлаки за
седишта, и отворени прозорци
или подвижен покрив, може да го
влошат функционирањето на надгледувањето на патничкиот
простор.Активирање без
надгледување на патничкиот
простор и наклонетоста на
возилото
Исклучете го надгледувањето на
патничкиот простор и на
наваленоста на возилото кога се
оставаат животни во возилото,
поради ултрасоничните сигнали со
висока гласност или движењата
што го активираат алармот. Исто
така исклучете го кога возилото е
на траект или воз.
1. Затворете ги задната врата, хаубата, прозорците и
подвижниот покрив.
2. Притиснете го копчето o.
Сијаличката во копчето o
свети најмногу 10 минути.
3. Затворете ги вратите.
4. Активирајте го системот за тревожење при кражба.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува порака за
состојбата.
Сијаличка за состојба
Page 35 of 369

Клучеви, врати и прозорци33
Сијаличката за состојба е вграденаво сензорот на врвот од таблата со
инструменти.
Состојбата за време на првите
30 секунди по активирањето на
системот за тревожење при
кражба:Сијаличката
светнува=проверка,
задоцнување на
вклучувањето.Сијаличката
трепка брзо=вратите, задната
врата или хаубата не се целосно
затворени, или
има системска
грешка.
Состојба по вклучувањето на
системот:
Сијаличката
трепка бавно=системот е
вклучен.
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на
дефекти.
Деактивирање
Отклучувањето на возилото годеактивира системот за
тревожење при кражба.
Аларм
Кога се активира, алармот се
огласува преку електричен звучен
засилувач снабден со посебни
батерии, и предупредувачките
трепкачи трепкаат истовремено.
Бројот и времетраењето на
алармните сигнали се утврдени со
закон.
Алармот може да се придуши со
притиснување на било кое копче на далечинскиот управувач или со
вклучување на палењето.
Системот за тревожење при
кражба може да се деактивира
само со притиснување на копчето
c или со вклучување на палењето.
На вклучен аларм што не го
прекинал возачот ќе укажуваат
предупредувачките светла. Ќе
трепнат брзо трипати следниот пат
кога возилото ќе се отклучи со далечинскиот управувач.Дополнително, на
Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредувачка порака или
предупредувачка шифра откако ќе
се вклучи палењето.
Пораки за возилото 3 141.
Имобилизатор Системот е дел од бравата за
палење и проверува дали е
дозволено да се запали возилото со клучот што се употребува.
Имобилизаторот автоматски се
активира откако клучот ќе се
извади од прекинувачот за палење.
Ако контролната сијаличка d
трепка кога палењето е вклучено,
има дефект во системот; моторот
не може да се запали. Исклучете го
палењето и повторете го обидот за
палење.
Ако контролната сијаличка
продолжува да трепка, обидете се
да го запалите моторот користејќи
го резервниот клуч и побарајте помош од автомеханичар.
Page 36 of 369

34Клучеви, врати и прозорци
Забелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш морате да го
заклучувате возилото откако ќе го
напуштите и да го вклучувате
системот за тревожење при
кражба 3 25, 3 31.
Контролна сијаличка d 3 131.Странични
ретровизори
Конвексен облик Конвексниот страничен
ретровизор содржи асферичен дел
и ги намалува црните точки.
Обликот на ретровизорот
предизвикува предметите да
изгледаат помали, што ќе повлијае
врз способноста за проценување
на растојанијата.
Електрично местењеИзберете го соодветниот
страничен ретровизор со вртење
на контролата лево (L) или десно
(R) . Потоа завртете ја контролата
за да се намести ретровизорот.
Во положбата 0 не е избран ниеден
ретровизор.
Преклопни прозорци
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
свртат и ќе испаднат од своите
вообичаени монтажни положби ако се удрат со доволна сила. Вратете
Page 37 of 369

Клучеви, врати и прозорци35
го ретровизорот на место со
вршење благ притисок врз
неговото куќиште.
Електрично свиткување
Свртете ја контролата на 0, па
притиснете ја истата надолу. Двата
странични ретровизора ќе се
свиткаат.
Притиснете ја контролата
повторно надолу - двата странични ретровизора се враќаат во својата
првобитна положба.
Ако рачно се извлече некој
електрично свиткан ретровизор,
притиснувањето на контролата
електрично ќе го извлече само
другиот ретровизор.
Ретровизори со греење
Со него се ракува со притиснување
на копчето Ü.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Ретровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Page 38 of 369

36Клучеви, врати и прозорциАвтоматско намалување
на отсјај
Отсјајот од возилата што доаѓаат
одзади ноќе, автоматски се
намалува.
Прозорци
Шофершајбна
Шофершајбна што ја одбива
топлината Шофершајбната што ја одбива
топлината има облога што го
одбива сончевото зрачење. Може
да се одбиваат и податочни
сигнали, на пр. од станици за
патарина.
Означните подрачја на
шофершајбната не се премачкани
со облогата. Уредите за снимање
електронски податоци и плаќање
мора да се стават во овие
подрачја. Инаку, може да се
појават дефекти во снимањето
податоци.
Налепници на
шофершајбната Не ставајте налепници како вињети
за патарина или слично на
шофершајбната, во пределот на
ретровизорот. Инаку, зоната за
откривање на сензорот и погледот на камерата во куќиштето на
ретровизорот може да бидат
ограничени.
Механички прозорци Прозорците на вратите може да се
отворат или затворат со рачките на прозорците.
Page 39 of 369

Клучеви, врати и прозорци37Електрични прозорци9Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Ако има деца на задните
седишта, вклучете го системот
за безбедност на децата за
електричните прозорци.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Вклучете го палењето за ракување со електричните прозорци.
Задржано исклучување 3 184.
Управувајте со прекинувачот за
соодветниот прозорец со
притискање за отворање и со
повлекување за затворање.
Нежно притискање или
повлекување до првиот степен:
прозорецот се движи нагоре или
надолу се додека се управува со
прекинувачот.
Цврсто притискање или
повлекување до вториот степен и
потоа отпуштање: прозорецот се
движи автоматски нагоре или
надолу при вклучена безбедносна
функција. За да се запре
движењето, ракувајте со
прекинувачот уште еднаш во иста
насока.
Безбедносна функција Ако стаклото на прозорецот наиде
на отпор во горната половина на
прозорецот за време на
автоматското затворање, веднаш застанува и повторно се отвора.
Безбедносна функција за
потиснување Во случај на тешкотии при
затворањето поради мраз или
слично, вклучете го палењето, па
повлечете го прекинувачот до
првиот степен и држете го.
Прозорецот се движи нагоре без да
биде вклучена безбедносната
функција. За да се запре
движењето, отпуштете го
прекинувачот.
Page 40 of 369

38Клучеви, врати и прозорци
Систем за безбедноста на
деца, за задните прозорци
Притиснете го прекинувачот z за
деактивирање на задните
електрични прозорци; сијаличката
се пали. За активирање притиснете
го z повторно.
Ракување со прозорците
однадвор
Со прозорците може да се ракува
далечински, надвор од возилото.
Притиснете го и држете го копчето
c за да се отворат прозорците.
Притиснете го и држете го копчето
e за да се затворат прозорците.
Отпуштете го копчето за да го
запрете движењето на прозорците.
Ако прозорците се отворат или
затворат целосно,
предупредувачките светла ќе
трепнат двапати.
Преоптоварување
Ако со прозорците повеќе пати се
ракуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците се
блокира за неколку време.
Иницијализирање на
електричните прозорци
Ако прозорците не може да се
затворат автоматски (на пр. по
откачување на акумулаторот на
возилото), во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака или
предупредувачка шифра.
Пораки за возилото 3 141.
Активирајте ги електричните
прозорци на следниот начин:
1. Затворете ги вратите.
2. Вклучете го палењето.
3. Повлекувајте го прекинувачот додека прозорецот не се
затвори и продолжете да го
влечете уште 2 секунди.
4. Повторете го истото за секој прозорец.