OPEL ASTRA J 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2014Pages: 371, PDF Size: 10.14 MB
Page 231 of 371

Возење и ракување229
Забелешка
Пред да ја користите напредната
помош за паркирање првпат,
возилото треба да биде возено
најмалку 40 км за автоматско
калибрирање на системот.
Функционалност
Кога возилото поминува ред на
автомобили и системот е
активиран, системот на напредна помош за паркирање почнува дабара соодветно паркирно место.
Кога ќе се открие прикладно место,
се даваат визуелни информации
на Информативниот центар за
возачот и звучен сигнал.
Предлогот на системот за
паркирно место се прифаќа кога
возачот ќе го запре возилото до
10 метри откако ќе се даде
пораката за сопирање. Системот ја пресметува оптималната
маршрута до паркирното место.
Потоа го маневрира возачот до
местото со давање детални
упатства.
Упатствата покажуваат:
■ навестување кога се вози побрзо
од 30 км/ч,
■ барање за запирање на возилото
кога се забележува паркирно место,
■ насоката на возењето за време на маневрите за паркирање,
■ положбата на воланот за време на паркирањето,
■ за некои од упатствата се покажува линија за прогрес.
На успешен маневар за паркирање укажува симболот за крајна
положба.
Page 232 of 371

230Возење и ракување
Ако возачот не го запре возилото
за помалку од 10 метри откако ќе се
предложи паркирно место,
системот почнува да бара друго
соодветно паркирно место.
Менување на страната на
паркирањето
Системот е конфигуриран да
забележува паркирни места од
совозачката страна. За да се
откријат паркирни места од
возачката страна, вклучете го
трепкачот од возачката страна.
Приоритети за прикажувањето
По активирањето на напредната
помош за паркирање, на
Информативниот центар за
возачот се појавува порака. Ќе се
прикажуваат укажувања на
пораките со повисок приоритет,
како пораките за возилото 3 140.
По одобрувањето на пораката со
притискање на копчето SET/CLR,
повторно ќе се појават пораки за
помошта за паркирање и може да се продолжи со паркирањето.
Деактивирање Системот се деактивира со:
■ држење на копчето D околу
една секунда
■ маневрата за паркирање заврши
успешно
■ возење побрзо од 30 км/ч
■ исклучување на палењето
На деактивирањето од страна на
возачот или на системот за време
на маневрирањето ќе укаже
Parking Deactivated (паркирањето едеактивирано) во
Информативниот центар за
возачот.
Дефект
На Информативниот центар за
возачот се појавува порака кога:
■ има дефект во системот
■ возачот не ја заврши маневрата за паркирање успешно
■ системот не функционира
Page 233 of 371

Возење и ракување231
Ако се открие предмет за време наупатствата за паркирање, се
појавува Stop (застанете) на
Информативниот центар за
возачот. Отстранувањето на
предметот ќе ја продолжи
маневрата за паркирање. Ако не се отстрани предметот, системот ќе
се деактивира. Држете го копчето
D околу една секунда за да се
активира системот и да се бара
ново паркирно место.
Важни практични совети за
користење на системите запомош при паркирање9 Предупредување
При одредени околности,
разните сјајни површини на
предмети или облеки, како и
надворешните извори на бучава
може да предизвикаат системот
да не ги открие пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки кои може да го оштетат долниот дел на браникот.
Внимание
Перформансите на сензоротможе да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за
помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако се
работи за повисоки возила (на
пр. возила за неасфалтирани
патишта, комбиња, камионети).
Идентификацијата на предмети
во горните делови од такви
возила не може да се гарантира.
Предмети со многу мал пресекза одбивање светлост, како и
тесните предмети или меките
материјали, не може да ги
открие системот.
Помошта за паркирање не
открива предмети надвор од
опсегот за откривање.
Забелешка
Системот за помош при
паркирање автоматски ја
приметува фабрично
монтираната опрема за влечење.
Се деактивира кога е приклучен
штекерот.
Можно е сензорот да открие
непостоечки предмети (ехо
пречење), што е предизвикано од
надворешни звучни или
механички пречки.
Page 234 of 371

232Возење и ракување
Системот на напреднатата помош
за паркирање може да не реагира на промени на паркирното место
откако ќе се почне паралелен
маневар за паркирање.
Известување за
странична слепа точка
Системот за известување за
странична слепа точка открива и
пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
„мртва“ зона. Системот известува
визуелно во секој ретровизор кога
открива објекти што може да не се
видливи во внатрешниот и
страничните ретровизори.
Сензорите на системот се наоѓаат
во браникот од левата и десната
страна на возилото.9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива:
■ Возила вон страничните слепи зони што може да се
приближуваат брзо.
■ Пешаци, велосипедисти или животни.
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека се
вози нанапред, независно дали се
претекнува возило или Ве
претекнуваат, портокалов
предупредувачки симбол B ќе се
запали на соодветниот страничен ретровизор. Ако возачот тогаш го
вклучи трепкачот,
предупредувачкиот симбол B
почнува да трепка портокалово
како предупредување да не се
менува лентата.Известувањето за странична слепа
точка е активно од брзини од
10 км/ч до 140 км/ч. Ако се вози
побрзо од 140 км/ч, системот се
исклучува, на што укажуваат слаби светлосни предупредувачки
симболи B во двата странични
ретровизори. Со повторно
намалување на брзианта,
предупредувачките симболи ќе се
изгаснат. Ако потоа се открие
возило во слепата зона,
предупредувачките симболи B ќе
светнат како што е нормално, на
соодветната страна.
Page 235 of 371

Возење и ракување233
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори накусо ќе светнат за
да укажат дека системот работи.
Системот може да се активира или деактивира во изборникот Settings
(поставки) на Инфо-екранот,
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 148.
На исклучувањето укажува порака
во Информативниот центар за
возачот.
Зони на откривање
Сензорот на системот покрива
зона од околу 3 метри од двете
страни на возилото. Оваа зона почнува кај секој од страничните
ретровизори и има опсег наназад
околу 3 метри. Висината на зоната
е приближно околу 0,5 метри и
2 метри од тлото.
Системот се исклучува ако
возилото влече приколка.
Известувањето за странична слепа точка е конструирано да игнорира
статични објекти како банкини,
столбови, рабници, ѕидови и греди.Паркирани или возила што доаѓаат
од спротивната страна не се
откриваат.
Дефект
Може да дојде до повремени
пропуштени известувања во
нормални околности и тие се
почести при влажни услови.
Известувањето за странична слепа
точка не работи кога левиот или
десниот агол на задниот браник е
прекриен со кал, нечистотија, снег, мраз, влажен снег, или при големо
невреме. Упатства за чистење
3 315.
Во случај на дефект на системот или ако системот не работи поради привремени услови, се прикажува
порака во Информативниот центар за возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.
Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.Сликата од камерата се прикажува
на информативниот екран во боја.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите за напредна помош
за паркирање, на пр. под
браникот или под возилото, не се прикажани.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во инфо-екранот
и проверете ја околината
одзади и околу возилото пред
да возите наназад.
Активирање
Ретровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се
стави во рикверц.
Page 236 of 371

234Возење и ракување
Функционалност
Камерата е монтирана на рачката
на задната врата и има агол на гледање од 130°.
Поради високата положба на
камерата, задниот браник може да
се види на екранот како ориентир
за положбата.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Наведувачки линии
Динамичките наведувачки линии
се хоризонтални линии на
растојание од 1 метар проектирани
на сликата за да ја определат
оддалеченоста од прикажаните
објекти.
Траекториската патека на
возилото се прикажува во
согласност со аголот на свртеност
на воланот.
Функцијата може да се исклучи во изборникот Settings (поставки) на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 148.
Page 237 of 371

Возење и ракување235
Предупредувачки симболи
Предупредувачките симболи се
покажуваат како триаголници 9 на
сликата што ги покажува пречките
откриени од задните сензори на
напредната помош за паркирање.
Поставки за екранот
Осветленоста може да се постави
со копчињата за нагоре/надолу на
копчето за повеќе функции.
Контрастот може да се постави со копчињата за лево/десно на
копчето за повеќе функции.
Деактивирање
Камерата се деактивира кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 10 секунди.
Активирањето или
деактивирањето на
ретровизорската камера може да
се смени во изборникот Settings
(поставки) на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 148.
Дефект
Пораки за дефект се прикажуваат
со 9 во горниот ред на
информативниот екран.
Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
■ наоколу е темно,
■ сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата,
■ мраз, снег, кал или нешто друго го прекрива објективот на
камерата. Исчистете гообјективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа,
■ задната врата не е затворена правилно,
■ возилото се судрило од задната страна,
■ има екстремни промени на температурата.
Помошник за
сообраќајни знаци
Функционалност Системот за помош со сообраќајнизнаци ги забележува сообраќајните
знаци преку предна камера и ги
прикажува во Информативниот
центар за возачот.
Page 238 of 371

236Возење и ракување
Сообраќајните знаци коишто ќе се
приметат се:
Знаци за ограничување и
забрането претекнување ■ ограничување на брзина
■ поминувањето е забрането
■ крај на ограничувањето на брзината
■ крај на забраната на поминувањетоСообраќајни знаци
Почеток и крај на:
■ автопати
■ регионални патишта
■ улици за играњеДополнителни знаци ■ дополнителни знаци на сообраќајните знаци
■ ограничување за влечење приколки
■ предупредување за влажност
■ предупредување за мраз
■ стрелки за насока
Знаците за ограничување на
брзината се прикажуваат на
Информативниот центар за
возачот додека не се регистрира
следен знак за ограничување или
престанок на ограничувањето на
брзината или измине времето на
знакот по определено време.
Возможни се комбинации на
повеќе знаци на екранот.
Page 239 of 371

Возење и ракување237
Извичник во рамка укажува дека е
откриен дополнителен знак што
системот не го препознава.
Системот е активен до брзина од
200 км/ч, зависно од условите на
осветленост. Ноќе системот е
активен до брзина од 160 км/ч.
Штом брзината ќе се намали под
55 км/ч, екранот се ресетира и
содржината на страницата со
сообраќајни знаци се брише.
Означувањето на следната
препозната брзина ќе се прикаже.
Индикации на екранотСообраќајните знаци се
прикажуваат на страницата Traffic
sign detection (Откривање на
сообраќајни знаци) на
Информативниот центар за
возачот, одбрана преку тркалцето
за местење на рачката за
трепкачите 3 132.
Кога е избрана друга функција на
изборникот на Информативниот
центар за возачот и потоа повторно ќе се одбере страницата
Забележување сообраќајни знаци ,
ќе се прикаже последниот
препознаен сообраќаен знак.
Откако системот ќе ја избрише
страницата со сообраќајни знаци,
се појавува следниов симбол:
Содржината на страницата за
сообраќајни знаци се брише и за
време на возењето со притискање
на копчето SET/CLR на рачката за
трепкачите подолго време.
Page 240 of 371

238Возење и ракување
Функција за појавувачкииндикации
Ограничувања на брзината и знаци
за забрана на преминувањето се
прикажуваат како појавни страници на секоја страница на
Информативниот центар за
возачот.Функцијата може да се исклучи на
страницата со сообраќајни знаци со притискање на копчето SET/
CLR на рачката за трепкачот.
Штом ќе се појави страницата за
поставки, изберете Off
(исклучување) за да ја исклучите
функцијата за појавување. Се
активира повторно со избирање на On (Вкл.) . При вклучување на
палењето, функцијата за
појавувачки индикации е
исклучена.
Појавувачката индикација се
прикажува околу 8 секунди во
Информативниот центар за
возачот.
Дефект
Системот за помош со сообраќајни знаци може да не работи правилно
кога:
■ пределот на шофершајбната каде што се наоѓа предната
камера не е чист
■ сообраќајните знаци се целосно или делумно прекриени или
тешко се распознаваат
■ има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,
снег, директна сончева светлина
или сенки. Во таков случај No