OPEL ASTRA J 2015.75 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.75, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2015.75Pages: 377, PDF Size: 10.29 MB
Page 211 of 377

Возење и ракување209
големи чекори, или активирајте го
неколкупати SET/-: брзината се
намалува во мали чекори.
Ако возилото се вози со активна
приспособлива контрола на
патувањето многу побавно од
саканата брзина, на пр., поради
побавно возило напред,
моменталнатата брзина може да
се зачува и одржува со вртење на
тркалцето на SET/-.
Продолжување со снимената
брзина Ако системот е вклучен, но
неактивен, свртете го тркалцето на RES/+ при брзина поголема од
50 км/ч за да продолжите со
зачуваната брзина.
Поставување на растојанието
напред
Кога приспособливата контрола на патувањето ќе открие побавно
возило на возната патека, ќе ја
приспособи брзината на возилото
за да го одржи растојанието напред
избрано од возачот.Растојанието напред може да се
постави на блиску, средно или
далеку.
Притиснете E; се прикажува
тековната поставка во DIC.
Притиснете E повторно за да ја
промените следната
оддалеченост. Поставката се
прикажува и на горниот ред на DIC.
Избраното растојание напред е
прикажано со наполнети ленти за растојание на страницата на
приспособливата контрола на
патувањето.
Имајте предвид дека поставката за
растојание напред е иста како и
поставката за чувствителноста на
предупредувањето за преден
судир.
Пример: Ако е избрана поставката
3 (далеку), возачот се
предупредува поскоро пред
можниот судир и ако
Page 212 of 377

210Возење и ракување
приспособливата контрола на
патувањето е неактивна или
исклучена.9 Предупредување
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Оддалеченоста за следење
треба да се прилагоди или
системот треба да се исклучи кога бараат условите.
Откривање на возило напред
Зелената осветлена контролна
сијаличка A за возило напред се
прикажува на брзиномерот кога
системот ќе открие возило на
патеката за возење.
Ако симболот не се прикаже, или се
прикажува кусо, присособливата
контрола на патувањето нема да
реагира на возилата напред.
Деактивирање
Возачот ја деактивира
приспособливата контрола на
патувањето кога:
■ Ќе се притисне y.
■ Педалата на сопирачките е притисната.
■ Педалата на куплунгот е притисната повеќе од
четири секунди.
■ Рачката на менувачот на автоматскиот менувач е ставена
во N.
Системот се деактивира
автоматски и кога:
■ Брзината на возилото ќе се намали под 45 км/ч или ќе
надмине 190 км/ч.
■ Системот за контрола на пролизгувањето (TC) работи
подолго од 20 секунди.
■ Работи електронската контрола на стабилноста (ESC).
■ Нема сообраќај и не е откриено ништо од страните на патот
неколку минути. Во тој случај,
Page 213 of 377

Возење и ракување211
нема радарски одеци и сензорот
може да извести дека е
блокиран.
■ Системот за моменталното сопирање при судир ги активирасопирачките.
■ Радарскиот сензор се блокира со
мраз или слој вода.
■ Откриен е дефект на радарот, моторот или системот на
сопирачките.
Кога приспобливата контрола на
патувањето ќе се деактивира
автоматски, контролната сијаличка m свети бело и се појавува
предупредувачки симбол на DIC.
Зачуваната брзина се задржува.
9 Предупредување
Кога ќе се деактивира
приспособливата контрола на
патувањето, возачот мора да ја
преземе целосната контрола
врз сопирачките и моторот.
Исклучување
Притиснете C за да ја исклучите
приспособливата контрола на
патувањето. Контролната
сијаличка m се гаси. Зачуваната
брзина се брише.
Со исклучување на палењето се
исклучува и приспособливата
контрола на патувањето и се
брише зачуваната брзина.
Внимание на возачот ■ Користете ја приспособливата контрола на патувањето
внимателно на свиоци или
планински патишта, бидејќи
може да го изгуби возилото
напред и потребно е време
повторно да го регистрира.
■ Не користете го системот на лизгави патишта бидејќи може да
создаде брзи промени на
припивањето на гумите
(пролизгување на тркалата), така
што може да изгубите контрола.
■ Не користете ја приспособливата
контрола на патувањето при
дожд, снег или многу прашина,
бидејќи радарскиот сензор може
да се прекрие со слој вода, земја,
мраз или снег. Тоа ја намалува
или сосема ја онеспособува
видливоста. Во случај на
Page 214 of 377

212Возење и ракување
блокирање на сензорот,
исчистете го капакот на
сензорот.
Ограничувања на системот ■ Автоматската сопирна сила на системот не дозволува нагло
сопирање и нивото на сопирање
може да не биде доволно за да се избегне судир.
■ По ненадејно менување лента, на системот му треба одредено
време да го регистрира следното возило напред. Затоа, ако се
открие ново возило, системот
може да забрза наместо да
присопре.
■ Приспособливата контрола на патувањето го игнорира
сообраќајот од спротивната
страна.
■ Приспособливата контрола на патувањето не сопира за
сопрени возила, пешаци или
животни.Свиоци
Приспособливата контрола на
патувањето пресметува
предвидена патека врз основа на
центрифугалната сила. Оваа
предвидена патека ги зема
предвид својствата на
моменталниот свиок, но не може да земе предвид и следна промена на
свиокот. Системот може да го
изгуби возилото напред или да
земе предвид возило што не е во
истата лента. Тоа може да се случи
кога се влегува или излегува од
свиок или ако свиокот стане
поостар или поблаг. Ако веќе не
регистрира возило напред,
контролната сијаличка A ќе се
изгасне.
Ако центрифугалната сила е
преголема во свиок, системот го
забавува малку возилото. Тоа ниво
на сопирање не е конструирано да се избегне излетување од свиок.
Возачот е одговорен за
намалување на избраната брзина
пред да влезе во свиок и, општо
земено, да ја приспособи брзината на видот на патот и постојните
ограничувања на брзината.
Автопати
На автопати, прилагодете ја
поставената брзина според
ситуацијата и времето. Секогаш земајте предвид дека
приспособливата контрола на
патувањето има ограничен опсег
на видливоста, ограничено ниво на
сопирање и одредено време за реакција за да потврди дали има
возило на возната патека.
Приспособливата контрола на
патувањето може да не може да го
сопре возилото навреме за да
Page 215 of 377

Возење и ракување213
избегне судир со многу побавно
возило или по менување лента.
Тоа е посебно опасно ако возите
брз или видливоста е намалена
поради временските услови.
Кога влегувате или излегувате од
автопат, приспособливата
контрола на патувањето може да го
изгуби возилото напред и да
забрза до поставената брзина.
Поради тоа, намалете ја
поставената брзина пред излез или пред влегување на автопат.
Менување на патеката на возилото
Ако друго возило влезе на вашата
возна патека, приспособливата контрола на патувањето ќе го земе
предвид возилото кога ќе биде
целосно на вашата патека. Бидете
подготвени да реагирате и да ја
притиснете педалата на
сопирачката ако треба да сопрете
побрзо.
Проблеми на нагорнини и со
приколка
Перформансите на системот на
нагорнини и кога се влече приколка зависат од брзината на вашето
возило, натовареноста на
возилото, сообраќајните услови и
степенот на стрмнината. Може да
не открие возило на вашата патека
додека возите по ридови. На
стрмнини, може ќе треба да ја
користите педалата на гасот за да
ја одржувате брзината на
возилото. Кога одите по
надолнини, особено кога влечете
приколка, може ќе треба да
сопирате за да ја одржите или
намалите брзината.
Имајте предвид дека со
притискање на сопирачката го
деактивирате системот. Не се
препорачува користење на
приспособливата контрола на
патувањето на стрмнини, особено
кога се влече приколка.
Радарска единица
Радарската единица е монтирана
зад решетката на ладилникот под
амблемот на брендот.
Page 216 of 377

214Возење и ракување9Предупредување
Радарската единица е
порамнета внимателно за
време на производството.
Затоа, по преден судир, не
користете го веќе системот.
Предниот браник може да
изгледа неоштетен, меѓутоа
сензорот одзади може да е
изместен и да реагира
неправилно. По сообраќајка,
посоветувајте се со
автомеханичар за да ви ја
потврди и поправи положбата
на сензорот за
приспособливата контрола на
патувањето.
Поставки
Поставките може да се изменат во изборникот Auto collision
preparation (Автоматска подготовка за судир) во приспособувањето на
возилото кон индивидуалните
потреби, 3 147.
Дефект
Ако приспособливата контрола на
патувањето не работи поради
привремени услови (на пр.
блокирање од мраз), или ако има
постојана грешка на системот, се
прикажува порака на DIC.
Пораки за возилото 3 139.
Предупредување за
преден судир
Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.
На возило напред укажува
контролната сијаличка A.
Page 217 of 377

Возење и ракување215
Ако се приближувате до возило
директно напред премногу бргу, се
огласува предупредувачка
мелодија и се дава
предупредување во
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Предуслов е да е активирано
предупредувањето за преден
судир во изборникот за
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 147 или
да не е исклучено со притискање на
V (зависно од системот, видете
понатаму).
Зависно од опремата на возилото,
достапни се две варијанти на
предупредувањето за преден
судир:
■ Предупредување за преден
судир врз основа на радарски
систем
кај возилата опремени со
приспособлива контрола на
патувањето 3 206.
■ Предупредување за преден
судир врз основа на предна
камеракај возилата со стандардна
контрола на патувањето или без
неа 3 203.
Предупредување за преден
судир врз основа на радарски
систем
Системот го користи радарскиот
сензор зад решетката на
ладилникот за да открива возила
директно напред, на вашата
патека, на оддалеченост од
најмногу 150 метри.
Активирање
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од брзина на
одење ако не е исклучена
поставката Auto collision
preparation (Автоматска подготовка
за судир) од изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 147.Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Чувствителноста на
предупредувањето може да се
постави на блиску, средно или далеку.
Притиснете E; се прикажува
тековната поставка во DIC.
Притиснете E повторно за да ја
промените чувствителноста на
предупредувањето. Поставката се
прикажува и на горниот ред на DIC.
Page 218 of 377

216Возење и ракување
Имајте предвид дека поставката за
чувствителноста на навременоста
на предупредувањето е иста како и поставката за растојание однапред
на приспособливата контрола на
патувањето. Затоа, менувањето на чувствителноста на навременоста
на предупредувањето ја менува
поставката за растојание однапред
на приспособливата контрола на
патувањето.
Предупредување на возачот
Зелена контролна сијаличка за
возило напред A светнува во
групата инструменти кога системот ќе открие возило на патеката за
возење. Кога растојанието од
претходното возило во движење ќе
стане премало или кога пребрзо се приближува до друго возило и е
можен судир, се појавува симболот
за известување за судир во DIC.
Истовремено се огласува
предупредувачка мелодија.
Притиснете ја педалата на
сопирачката ако тоа го бара
ситуацијата.
Поставки
Поставките може да се изменат во
изборникот Auto collision
preparation (Автоматска подготовка
за судир) во приспособувањето на
возилото кон индивидуалните
потреби, 3 147.
Предупредување за преден судир врз основа на предна камера
Предупредувањето за преден
судир го користи системот на
предната камера во
шофершајбната за да открива
возило директно напред, на
вашата патека, на оддалеченост
од околу 60 метри.
Активирање
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од 40 км/ч ако не
е исклучено со притискање на V,
видете подолу.
Page 219 of 377

Возење и ракување217
Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Чувствителноста на
предупредувањето може да се
постави на блиску, средно или далеку.
Притиснете V; се прикажува
тековната поставка во DIC.
Притиснете V повторно за да ја
промените чувствителноста на
предупредувањето.
Предупредување на возачот
Зелена контролна сијаличка за
возило напред A светнува во
групата инструменти кога системот ќе открие возило на патеката за
возење.Кога растојанието од претходното
возило во движење ќе стане
премало или кога пребрзо се
приближува до друго возило и е
можен судир, се појавува симболот
за известување за судир во DIC.
Истовремено се огласува
предупредувачка мелодија.
Притиснете ја педалата на
сопирачката ако тоа го бара
ситуацијата.
Page 220 of 377

218Возење и ракување
Деактивирање
Системот може да се деактивира.
Притискајте V повеќепати додека
не се појави следнава порака на
DIC.Општи информации за двете
варијанти на
предупредувањето за преден
судир9 Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило
напред премногу брзо, може да
не ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба да е
постојано подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките.
Ограничувања на системот
Системот е конструиран да
предупредува само за возила, но
може да реагира и на други
метални предмети.
Во следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот се ограничени:
■ на патишта со многу свиоци
■ кога времето ја ограничува видливоста, на пр. кога има
магла, дожд или снег
■ кога сензорот е блокиран од снег,
мраз, влажен снег, кал,
нечистотија или оштетувања на
шофершајбната
Показател за растојание
однапред
Следниов показател за растојание
однапред ја прикажува
оддалеченоста од возило што се
движи однапред. Системот го
користи, зависно од опремата на
возилото, или радарот зад