OPEL ASTRA J 2015.75 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.75, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2015.75Pages: 377, PDF Size: 10.29 MB
Page 291 of 377

Нега на возилото289
Бр.Струјно коло16Ретровизор/Ретровизорска
камера17Штекер за струја18–19Греење на воланот20Подвижен покрив21Греење на предните седишта22–23–24–25–26–27–28–29–30–Бр.Струјно коло31Засилувач/Сабвуфер32Систем за активна
амортизација/
Предупредување за
напуштање лента
Кога го склопувате, притиснете го
капакот во гумичките за да се
постигне целосно прицврстување.
Прирачен алат
Алати Возила со комплет за
поправање гуми
Некои алати и алката за влечење
се наоѓаат заедно со комплетот за
поправање гуми во кутијата за
алати во товарниот простор, под
капакот на подот.Хечбек со 3 врати и со 5 врати
Page 292 of 377

290Нега на возилото
Спортс турер и ночбек со 4 врати
Кај верзиите со заден систем за
превезување 3 70, комплетот за
поправање гуми, завртката и
алката за влечење се наоѓаат во
фиоката под совозачкото седиште
3 68.
Возила со резервно тркалоВаријанта 1а: хечбек со 3 врати и
5 врати со крут клуч за тркала
Дигалката, алатите и каишот за
прицврстување на оштетено
тркало се кутијата со алати под
резервното тркало во товарниот
простор. Клучот за тркала и алката за влечење се во вреќичката со
алати што се наоѓа во дупката за
резервното тркало до кутијата со
алати. Резервно тркало 3 307.
Варијанта 1б: хечбек со 3 врати и
5 врати со преклоплив клуч за
тркала
Иста содржина како варијанта 1а,
но со преклоплив клуч за тркала
намето крут клуч во торбата со
алати.
Page 293 of 377

Нега на возилото291
Варијанта 2: Спортс турер
Дигалката, алатите и алката за
влечење се во кутијата со алати под резервното тркало во
товарниот простор. Клучот за
тркалата и продолжетокот за
прицврстување оштетено тркало
(само кај возилата со привремено
резервно тркало) се во вреќичката
со алати што се наоѓа во дупката за резервното тркало близу до
кутијата со алати. Резервно тркало
3 307.
Варијанта 3: ночбек со 4 врати
Дигалката и алатите се во кутијата
со алати под резервното тркало во
товарниот простор. Клучот за
тркалата, алката за влечење и
продолжетокот за прицврстување
оштетено тркало (само кај
возилата со привремено резервно
тркало) се во вреќичката со алати
што се наоѓа во дупката за
резервното тркало близу до
кутијата со алати. Резервно тркало 3 307.
Тркала и гуми
Состојба на гумите, состојба
на тркалата
Преку рабови возете полека и под
прав агол ако е возможно.
Возењето преку остри рабови
може да предизвика оштетувања
на гумите и на тркалата. Не ги
заглавувајте гумите на работ од
тротоарот кога паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Побарајте
помош од автомеханичар во случај на оштетување или необично
абење.
Зимски гуми Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба да се ставаат на сите тркала.
Во согласност со прописите
спесифични за државата, залепете ја налепницата за брзина во
видното поле на возачот.
Page 294 of 377

292Нега на возилото
Хечбек со 5 врати, ночбек со
4 врати, Спортс турер
За зимски гуми се погодни само
големините 205/65 R16.
Сите мотори освен A14XER,
B14XER, B14NEL, A14NET,
B14NET, B16XER:
За зимски гуми се погодни само
големините 215/50 R17.
Ознаки на гумите
На пр. 215/60 R 16 95 H215=широчина на гумата во мм60=профил (сооднос на
височината со широчината
на гумата) во %R=вид ремен: РадијаленRF=вид: RunFlat (функционира и
издишана)16=пречник на тркалото во инчи95=индекс на оптоварувањето,
на пр. 95 одговара на 690 кгH=буква на шифрата за
брзинатаБуква на шифрата за брзината:Q=до 160 км/чS=до 180 км/чT=до 190 км/чH=до 210 км/чV=до 240 км/чW=до 270 км/ч
Еднонасочни гуми
Монтирајте еднонасочни гуми, така што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Притисок на гумите
Проверувајте го притисокот во гумите кога се студени, најмалку на
14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со систем за контрола на
притисокот во гумите.
Извртете го капачето на вентилот.
Притисок во гумите 3 343.
Етикетата со информации за
притисокот на гумите на рамката на предната лева или десна врата
укажува на оригиналните гуми и на
соодветните притисоци во гумите.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа се однесува и за летни и
за зимски гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте
ја до притисокот определен за целосна оптовареност.
Page 295 of 377

Нега на возилото293
ECO притисокот на гумите служи зада се постигне најмалата можнапотрошувачка на гориво.
Неправилниот притисок во гумите
ќе ги влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на
потрошувачката на гориво, а ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисоците на гумите се
разликуваат, зависно од опциите.
За правилна вредност на
притисокот на гумите, следете ја
постапката опишана подолу:
1. Идентификувајте го стилот на каросеријата.
2. Идентификувајте ја идентификациската шифра намоторот. Податоци за моторот
3 329.
3. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок на гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 343.
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете го Сертификатот за сообразност на ЕК доставен соВашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Возачот е одговорен за правилно прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
Ако притисокот во гумите треба да
се намали или зголеми кај возило
со систем за контрола на
притисокот во гумите, исклучете го
палењето.
Систем за следење на
притисокот на гумите
Системот за контрола на
притисокот во гумите (TPMS) го
проверува притисокот во сите
четири тркала еднаш по минута
кога брзината на возилото ќе
надмине определена граница.Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сите четири тркала треба да се опремат со сензори за притисокот
во гумите, и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите
е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Актуелниот притисок во гумите
може да се покаже на Vehicle
Information Menu (Изборник за
Page 296 of 377

294Нега на возилото
информации за возилото) во
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Изборникот може да се изберат со
копчињата на рачката за
трепкачите.
Притиснете MENU за да изберете
Vehicle Information Menu (Изборник
за информации за возилото) X .
Свртете го тркалцето за местење
за да го изберете системот за
контрола на притисокот во гумите.
Состојбата на системот и
предупредувања за притисокот се
прикажуваат со порака додека
трепка соодветната гума во
Информативниот центар за
возачот.Откриен слаб притисок во гума се
покажува со контролната сијаличка
w 3 129.
Ако се запали w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 343.
Ако w светка 60-90 секунди а потоа
свети непрекинато, има дефект во
системот. Посоветувајте се со
автомеханичар.
Откако ќе напумпате, може да е
потребно возење за да се
ажурираат вредностите на
притисокот на гумите во DIC. За тоа
време може да свети w.
Page 297 of 377

Нега на возилото295
Ако свети w при пониски
температури и се изгасне по
одредено време возење, може да
биде показател дека се
приближува состојба за низок
притисок во гумите. Проверете го
притисокот во гумите.
Пораки за возилото 3 139.
Ако притисокот во гумите мора да
се намали или зголеми, исклучете
го палењето.
Монтирајте само тркала со сензори
за притисок, инаку притисокот во
гумите нема да се прикажува и w ќе
свети постојано.
Привремената резервна гума не е
опремена со сензори за притисок.
Системот за контрола на
притисокот во гумите не
функционира за тие тркала.
Контролна сијаличка w се пали. За
понатамошните три тркала
системот останува функционален.
Употребата на течните комплети за поправање на гуми што се
достапни во трговијата може да го
влоши функционирањето насистемот. Може да се користат
фабрички одобрени комплети за
поправање гуми.
Надворешни радио опреми со
голема моќност може да му пречат на системот за контрола на
притисокот во гумите.
Секогаш кога се заменуваат
гумите, сензорите на системот за
следење на притисокот во гумите
треба да се демонтираат и
сервисираат. За навртниот сензор:
заменете ги јадрото на вентилот и
заптивниот прстен. За прицврсниот сензор: заменете го целиот вентил.
Состојба на оптовареност на
возилото
Прилагодете го притисокот во
гумите според состојбата на
оптовареност, согласно со
етикетата за информации за
гумите или табелата со притисоци
за гумите 3 343 и изберете ја
соодветната поставка во
изборникот Tire Load
(Оптовареност на гумите) во
Информативниот центар завозачот, Vehicle Information Menu
(Изборник за информации за
возилото) 3 132.
Изберете:
■ Light (Светло) за удобен
притисок за до 3 лица.
■ Eco (Еко) за економичен
притисок за до 3 лица.
■ Max (Макс.) за целосна
оптовареност.
Page 298 of 377

296Нега на возилото
Споредување на сензоритена TPMS
Секој сензор на TPMS има
единствена идентификациска
шифра. Кодот за идентификација
мора да се спореди со позицијата
на новото тркало/гума по ротирање на гумите или по замена на целиот
комплет на тркалото, како и по
замена на еден или повеќе сензори
на TPMS. Споредувањето на
сензорите TPMS треба да се
изврши и откако резервна гума ќе
се замени со гума за патување со
сензор TPMS.
Светлото за неисправност и
предупредувачката порака или
шифра треба да се изгасат при следното палење. Сензорите се
споредуваат со положбите на
гумите/тркалата со користење на алатката за повторно учење на
TPMS по следниов редослед:
левата предна гума, десната
предна гума, задната десна гума и
задната лева гума. Трепкачот на
моменталната активна положба
свети додека да се усогласи
сензорот.Консултирајте се со својот сервис
за сервисирање или купување на
алатката за повторно учење.
Потребни се две минути за
споредување на првата положба на гума/тркало и пет минути вкупно за да се споредат сите четири
положби на гуми/тркала. Ако трае
подолго, споредувањето
престанува и мора повторно да се почне.
Споредувањето на сензорите на
TPMS е:
1. Активирајте ја сопирачката за паркирање; кај возилата со
автоматски менувач поставете
ја рачката на менувачот на P.
2. Вклучете го палењето.
3. Со MENU на рачката за
трепкачите изберете Vehicle
Information Menu (Изборник за
информации за возилото) на
DIC.
4. Со тркалцето дојдете до изборникот за притисокот на
гумите.5. Притиснете го копчето SET/CLR за да почне
споредувањето на сензорите.
Треба да се прикаже порака
што ќе побара прифаќање на
процесот.
6. Притиснете го копчето SET/CLR повторно за да го
потврдите изборот. Сирената
се огласува двапати за да
сигнализира дека приемникот е
во режим на повторно учење.
7. Почнете со левата предна гума.
8. Ставете ја алатката за повторно учење до страната нагумата, блиску до вентилот.
Потоа притиснете го копчето за
да го активирате сензорот на
TPMS. Кус сигнал од сирената
потврдува дека
идентификациската шифра на
сензорот е споредена со таа
положба на гума и тркало.
9. Продолжете со десната предна гума и повторете ја постапката
од чекор 8.
Page 299 of 377

Нега на возилото297
10. Продолжете со десната заднагума и повторете ја постапката
од чекор 8.
11. Продолжете со левата задна гума и повторете ја постапката
од чекор 8. Сирената се
огласува двапати да укаже дека идентификациската шифра на
сензорот е споредена со левата
задна гума и споредувањето на
сензорите на TPMS веќе не е
активно.
12. Исклучете го палењето.
13. Прилагодете го притисокот во сите четири гуми според
препорачаните вредности
прикажани на етикетата за
притисок во гумите.
14. Проверете дали стаусот за оптеретување на фумите е
поставен според избраниот
притисок 3 132.Зависност од температурата
Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и притисокот на гумите се
зголемуваат.
Вредноста на притисокот во гумата прикажана во DIC го покажува
фактичкиот притисок во гумите.
Затоа е важно да се проверува
притисокот во гумите со ладни
гуми.
Длабочина на шаратаРедовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред
отколку назад, повремено
менувајте ги местата на предните
тркала со задните тркала. Уверете
се дека насоката на вртењето на
тркалата е иста како порано.
Page 300 of 377

298Нега на возилото
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на секои
6 години.
Менување на гумите и
големина на тркалата Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возила со челични тркала: Кога
користите навртки за заклучување
на тркалата, не ставајте раткапни.
Синџири за гуми
Користете синџири за гуми само на предните тркала.
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Хечбек со 5 врати, ночбек со
4 врати, Спортс турер
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).