Возење и ракување199
Деактивирање
За поспортско однесување, ESC и
TC можат да се активираат
посебно:
■ Притиснете b накусо: само
системот за контрола на
пролизгувањето е неактивен,
ESC останува активна, k свети.
■ Држете b притиснато најмалку
5 секунди: TC и ESC се
деактивираат, k и n светат.
Дополнително, избраниот режим е прикажан како статусна порака на
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Ако возилото дојде до прагот со деактивирано ESP, системот ќе го
активира ESP додека трае прагот кога педалата на сопирачката ќе се
притисне еднаш.
ESC повторно се активира со
повторно притискање на b. Ако
системот TC беше претходно
исклучен, и TC и ESC се
активирани повторно.
ESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Деактивирање, верзија OPCЗа возење со многу високи
перформанси, ESC и TC може да
се деактивираат посебно. Може да се изберат следниве режими:
■ Притиснете b накусо: само
системот за контрола на
пролизгувањето е неактивен,
ESC останува активна, k свети.
■ Притиснете b двапати накусо во
рок од 2 секунди: TC е
неактивно, ESC функционира
без намалување на моќноста на
моторот, k и n светат.
■ Држете b притиснато најмалку
5 секунди: TC и ESC се целосно
неактивни, k и n светат.
Дополнително, избраниот режим е прикажан како статусна порака на
(DIC).
Кај верзијата OPC, TC и ESC
остануваат деактивирани дури и
ако возилото дојде до прагот со
нестабилна возност.