phone OPEL ASTRA J 2015 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2015Pages: 205, PDF Size: 2.87 MB
Page 145 of 205

Телефон145
Преку Инфозабавниот систем
можете, на пр., да воспоставувате
врска со телефонските броеви
зачувани во вашиот мобилен
телефон или да ги менувате
истите.
Забелешка
Во режимот за разговор без раце ракувањето со мобилниот
телефон и понатаму ќе биде
возможно, на пр. примање на
повик или дотерување на
гласноста.
По воспоставувањето на врската
помеѓу мобилниот телефон и
Инфозабавниот систем
податоците од мобилниот телефон
му се предаваат на
Инфозабавниот систем. Тоа може
да потрае некое време зависно од
моделот на телефонот. За тоа
време ракувањето со мобилниот
телефон е возможно само во
ограничена мера преку
Инфозабавниот систем.
Не секој телефон ги поддржува
сите функции на порталот за
мобилен телефон. Затоаотстапување од опсегот на
функциите опишани за овие
специфични телефони е можно.
Местење на гласноста зауредот за разговор без
употреба на раце
Свртете го копчето m на
Инфозабавниот систем или
притиснете ги копчињата + / - на
воланот.
Вртење на телефонски бројСо главниот изборник на
телефонот активен, притиснете го
копчето за повеќе функции за да се отвори менито за ракување со
телефонот.
Неколку опции се достапни за
вртење на телефонски броеви, за
употреба на адресарот и на
листата со повиците и уредување
на пораките.
Со употреба на наредбата Phone
off (телефонот е исклучен)
приклучениот телефон може да се
откачи од телефонскиот портал.
Внесување број рачно
Page 146 of 205

146Телефон
Одберете го Enter number
( внесување број) и потоа внесете ја
саканата низа броеви.
Одберете го Call (јавување) за да
го почнете процесот на вртењето.
Можете да се префрлите на
изборникот на телефонскиот
именик со одбирање на PB.
Телефонски именик
По воспоставувањето на врската
телефонскиот именик се
споредува со телефонскиот
именик во привремената меморија,
под услов да се поврзани истата
SIM картичка или истиот телефон.
За тоа време не се прикажува
ниедно ново додадено внесување.
Ако SIM картичката или телефонот
се различни, телефонскиот именик
повторно се полни. Процесов може
да потрае неколку минути зависно
од моделот на телефонот.Одбирање телефонски број од
телефонскиот именик
Изберете го Phone book (адресар) .
Во прикажаниот изборник
одберете ја категоријата за
саканата прва буква за да почне
претходно избирање на
внесувањата во телефонскиот именик кои сакате да се прикажат.
Забелешка
Внесовите во телефонскиот
именик се пренесуваат како што
се пренесуваат од мобилниот
телефон. Претставувањето и
редоследот на внесовите во
телефонскиот именик можат да се разликуваат на екранот на
системот за Инфозабава и на
екранот на мобилниот телефон.
Откако сте го извршиле
претходното избирање: одберете
го саканото внесување во
телефонскиот именик за да се
прикажат броевите зачувани под
тоа внесување.
Page 158 of 205

158Вовед
13Копче за повеќе функции . 161
Вртење: обележување
на изборни опции или
местење на нумерички
вредности ......................... 161
Притиснување: ја
избира/активира
означената опција; ја
потврдува поставената
вреднсот; ја исклучува/
вклучува функцијата .........161
14 Отвор на ЦД-то .................. 177
15 BACK .................................. 161
Изборник: едно ниво
назад .................................. 161
Внесување: бришење на
последниот карактер или
целото внесување .............161
16 TONE .................................. 164
Поставки на тонот .............16417 PHONE ............................... 186
Отворање на главниот
изборник на телефонот ....190
Активирање на
стишувањето .....................159
18 AUX ..................................... 180
Менување на изворот на
звукот ................................. 180Контроли на звукот на
воланот
1 Кратко притискање:
примање телефонски
повик .................................. 186
или вртење на број од
списокот со повици ...........190
Долго притискање:
покажување на списокот
со повици ........................... 190
2 SRC (Source (извор)) ......... 159
Притиснување:
одбирање на извор на
звукот ................................. 159
Page 160 of 205

160Вовед
Автоматско исклучување
Ако Инфозабавниот систем бил
вклучен со копчето X при
исклучено палење, повторно ќе се
исклучи автоматски 10 минути по
последното внесување на
корисникот.
Местење на гласноста
Свртете го копчето m. Актуелната
поставка се покажува на екранот.
Кога ќе се вклучи Инфозабавниот
систем, поставена е последната
избрана гласност, под услов таа да е помала од максималната
гласност при поаѓање (видете
подолу).
Следниве внесувања може да се
направат посебно:
■ максималната гласност при вклучување 3 165
■ гласноста на сообраќајните соопштенија 3 165.Гласност со надоместување
според брзината
Кога ќе се активира гласноста со
надоместување според брзината
3 165, гласноста се приспособува
автоматски за да се компензира за
бучавата од патот и ветрот додека
возите.
Функција за стишување
Притиснете го копчето PHONE (ако
има телефонски портал:
притиснете го за неколку секунди)
за стишување на аудио изворите.
За откажување на функцијата за
стишување: свртете го тркалцето
m или притиснете го копчето
PHONE (ако е достапен
телефонскиот портал: држете го
неколку секунди).
Ограничување на гласноста при
високи температури
При многу високи температури
внатре во возилото
Инфозабавниот систем ја
ограничува најголемата гласност
што се дотерува. Ако е потребно,
гласноста се намалува автоматски.Начини на работењето
Радио
Притиснете го копчето RADIO за да
се отвори главниот изборник на
радиото или за да се префрлува
помеѓу различните бранови
должини.
Притиснете го повеќефункциското
копче за да ги отворите
изборниците за брановите
должини со опции за бирање
станици.
За детален опис на функциите на
радиото 3 166.
Аудио плеери
Притиснете го копчето CD или
AUX еднаш или неколку пати за да
го отворите главниот изборник за
USB, iPod или AUX (ако е достапно)
или за менување меѓу овие
изборници.
Притиснете го повеќефункциското
копче за да ги отворите
соодветните изборници со опции за бирање песни.
Page 161 of 205

Вовед161
За детален опис на функциите на
ЦД-плеерот 3 176, функциите AUX
3 180, функциите на приклучокот
USB 3 181 и функциите за музика
Bluetooth 3 184.
Телефон
Притиснете го копчето PHONE /
накусо за да се отвори
телефонскиот изборник.
Притиснете го повеќефункциското
копче за да се отвори
телефонскиот изборник со опции
за внесување и бирање броеви.
За детален опис на телефонскиот портал 3 186.
Системски поставки
Прилагодување на јазикот
Текстовите на изборниците на
екранот на Инфозабавниот систем
може да се прикажуваат на разни јазици.
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .Изберете ја ставката Languages
(Јазици) од изборникот Settings
(Поставки) за да се прикаже
односниот изборник.
Изберете го саканиот јазик за
текстовите на изборниците.
Забелешка
За детален опис на ракувањето со изборник 3 161.
Поставки за време и датум
За детален опис, видете во
сопственичкиот прирачник.
Основни функции
Копче за повеќе функции
Копчето за повеќе функции е
централниот контролен елемент за изборниците.
Свртете го копчето за повеќе
функции:
■ за обележување на изборна опција
■ за местење на нумеричка вредност.Притиснете го копчето за повеќе
функции:
■ за одбирање или активирање на обележаната опција
■ за потврдување на некоја наместена вредност
■ за вклучување/исклучување на некоја системска функција.
Копче BACK Притиснете го копчето BACK
накратко за:
■ излегување од некој изборник
■ враќање од некој подизборник на
следното повисоко ниво во
изборникот
■ бришење на последниот карактер во низа карактери.
Притиснете го и држете го копчето BACK неколку секунди за бришење
на целото внесување.
Page 165 of 205

Вовед165
Местење на сите поставки на
"0" или "OFF (ИСКЛ.)"
Држете го копчето TONE неколку
секунди.
Сите вредности се враќаат на „0“,
меморијата за еквилајзерот се
поставува на OFF (ИСКЛ.).
Поставки на гласноста
Прилагодување на гласноста со надоместување според
брзината Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Radio settings (Радио
поставки) а потоа Auto volume
control (Автоматска контрола на гласноста) .
Функцијата Auto volume control
(Автоматска контрола на
гласноста) може да се деактивира
или степенот на
приспособувањето на гласноста
може да се одбере во прикажаниот
изборник.Одберете ја саканата опција.
Прилагодување на
максималната гласност при
вклучување
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Radio settings (Радио
поставки) а потоа Maximum startup
volume (Максимална гласност при
поаѓање) .
Наместете ја саканата вредност.
Приспособување на гласноста на сообраќајните
соопштенија Гласноста на сообраќајните
соопштенија може да се постави да
се зголемува или намалува во
однос на нормалната гласност на
звукот.
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .Изберете Radio settings (Радио
поставки) , RDS options (Опции за
RDS) , а потоа TA volume ( Гласност
на ТА) .
Наместете ја саканата вредност.
Прилагодување на гласноста
на ѕвонењето Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете Phone settings (Поставки
за телефонот) , Sound & Signals
(Звук и сигнали) , а потоа Ring
Volume (Гласност на ѕвонењето) .
Наместете ја саканата вредност.
Page 187 of 205

Телефон187разговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следитепосебните прописи кои важат во конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на
http://www.bluetooth.com
Поврзување Bluetooth
Bluetooth е радио стандард за
безжична врска на на пр. телефон
со други уреди. Може да се
пренесуваат податоци, како
телефонски именик, списоци со повици, името на операторот на
мрежата и јачината на сигналот на
мрежата. Функционалноста може
да биде ограничена зависно од
видот на телефонот.
За да може да се воспостави
поврзување преку Bluetooth со
Телефонскиот портал, функцијата
Bluetooth на мобилниот телефон
мора да е активна и телефонот
мора да е „видлив“. Побарајте
детален опис во упатството за
употреба на мобилниот телефон.
Активирање на Bluetooth
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) .
Поставете го Bluetooth на On ( Вкл.) .
Спојување уред Bluetooth Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) . Изберете Phone
settings (Поставки за телефонот) , а
потоа Pair device (Спој уред) .
Се прикажува следниов екран.
Page 188 of 205

188Телефон
Штом ќе се открие Телефонскиот
портал на Инфозабавниот систем,
се појавува на листата уред на
вашиот уред Bluetooth. Изберете го
Телефонскиот портал.
Кога ќе се побара, внесете го PIN-
от на вашиот уред Bluetooth.
Уредите се спојуваат и поврзуваат.
Забелешка
Именикот на мобилниот ќе се
преземе автоматски.
Претставувањето и редоследот
на внесовите во телефонскиот
именик можат да се разликуваат
на екранот на системот за
Инфозабава и на екранот на
мобилниот телефон.
Ако поврзувањето преку Bluetooth
е успешно: ако друг уред со
Bluetooth бил поврзан со
Инфозабавниот систем, тој се
откачува од него.
Ако поврзувањето преку Bluetooth не било успешно: почнете
повторно со горе опишаната
постапка или видете во упатството за употреба на уредот со Bluetooth.
Забелешка
Со Инфозабавниот систем може
да се спојат најмногу 5 уреди.
Менување на шифрата за
Bluetooth Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) а потоа
Change Bluetooth code (Смени шифра за Bluetooth) .Внесете го саканиот
четирицифрен PIN и потврдете го
внесеното со ОК.
Поврзување друг споен уред
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) а потоа
Device list (Листа уреди) . Се
прикажува список на сите уреди со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.
Изберете го саканиот уред. Се
прикажува подизборник.
Page 189 of 205

Телефон189
Изберете ја ставката Select
(Избери) од подизборникот за да ја
воспоставите врската.
Откачување уред
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) а потоа
Device list (Листа уреди) . Се
прикажува список на сите уреди со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.
Изберете го споениот уред. Се
прикажува подизборник.
Изберете ја ставката Disconnect
(Прекини врска) од подизборникот
за да го откачите уредот.
Отстранување споен уред Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) а потоа
Device list (Листа уреди) . Сеприкажува список на сите уреди
со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.
Изберете го саканиот уред. Се
прикажува подизборник.
Ако уредот е поврзан, првин треба
да се откачи (видете погоре).
Изберете ја ставката Delete
(Избриши) за да го отстраните
уредот.
Враќање на фабричките
поставки
Поставките на телефонот, на пр.
листата уреди, шифрата за
Bluetooth и ѕвонењето може да се
вратат на основните фабрички
поставки.
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) . Изберете Phone
settings (Поставки за телефонот) , а
потоа Restore factory settings
(Врати фабрички поставки) .
Подизборникот ви поставува
прашање. За да ги вратите сите
вредности на фабричките
поставки, изберете Yes (Да).Итен повик9Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа немојте да се потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно за важечка SIM
картичка да се вметне правилно во мобилниот телефон.
9 Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
доволно силен сигнал. При
извесни околности не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
Page 191 of 205

Телефон191
ПредусловиСледниве предуслови мора да се
задоволени за да се користи
режимот за разговор без раце на
Инфозабавниот систем:
■ Функцијата Bluetooth на Инфозабавниот систем мора да
е активна 3 187.
■ Функцијата Bluetooth на мобилниот телефон мора да е
активна (видете во упатството на
уредот).
■ Мобилниот телефон мора да е поставен на „видлив“ (видете во
упатството на уредот).
■ Мобилниот телефон мора да е поврзан со Инфозабавниот
систем 3 187.
Активирање на режимот за
разговор без раце
Притиснете го копчето PHONE на
контролната плоча на
Инфозабавниот систем. Се
прикажува главниот изборник за
телефонот.Забелешка
Ако нема поврзано мобилен
телефон со Инфозабавниот
систем, се прикажува No phone
available (Нема достапен телефон) . За детален опис како се
воспоставува поврзување преку
Bluetooth 3 187.
Многу функции на мобилниот
телефон сега може да се
контролираат преку главниот
изборник за телефонот (и сродните подизборници) и преку контролите
за телефонот на воланот.
Почнување телефонски повик
Внесување број рачно
Кога сте во главниот изборник за
телефонот, притиснете го
повеќефункциското копче за да го
отворите Phone Menu (Изборник за
телефон) .
Изберете ја ставката Enter number
(Внесете број) од подизборникот.
Се прикажува следниот екран.
Внесете го саканиот број и
изберете y на екранот за да
почнете да бирате.
Забелешка
За да го отворите екранот Search
(Барај) на именикот, изберете 4.
Употреба на именикот Забелешка
Телефонскиот именик може да се
преземе само ако функцијата е
поддржана од вашиот мобилен
телефон. За повеќе информации,
видете во упатството на
мобилниот телефон.