radio OPEL ASTRA J 2015 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2015Pages: 205, PDF Size: 2.87 MB
Page 160 of 205
160Вовед
Автоматско исклучување
Ако Инфозабавниот систем бил
вклучен со копчето X при
исклучено палење, повторно ќе се
исклучи автоматски 10 минути по
последното внесување на
корисникот.
Местење на гласноста
Свртете го копчето m. Актуелната
поставка се покажува на екранот.
Кога ќе се вклучи Инфозабавниот
систем, поставена е последната
избрана гласност, под услов таа да е помала од максималната
гласност при поаѓање (видете
подолу).
Следниве внесувања може да се
направат посебно:
■ максималната гласност при вклучување 3 165
■ гласноста на сообраќајните соопштенија 3 165.Гласност со надоместување
според брзината
Кога ќе се активира гласноста со
надоместување според брзината
3 165, гласноста се приспособува
автоматски за да се компензира за
бучавата од патот и ветрот додека
возите.
Функција за стишување
Притиснете го копчето PHONE (ако
има телефонски портал:
притиснете го за неколку секунди)
за стишување на аудио изворите.
За откажување на функцијата за
стишување: свртете го тркалцето
m или притиснете го копчето
PHONE (ако е достапен
телефонскиот портал: држете го
неколку секунди).
Ограничување на гласноста при
високи температури
При многу високи температури
внатре во возилото
Инфозабавниот систем ја
ограничува најголемата гласност
што се дотерува. Ако е потребно,
гласноста се намалува автоматски.Начини на работењето
Радио
Притиснете го копчето RADIO за да
се отвори главниот изборник на
радиото или за да се префрлува
помеѓу различните бранови
должини.
Притиснете го повеќефункциското
копче за да ги отворите
изборниците за брановите
должини со опции за бирање
станици.
За детален опис на функциите на
радиото 3 166.
Аудио плеери
Притиснете го копчето CD или
AUX еднаш или неколку пати за да
го отворите главниот изборник за
USB, iPod или AUX (ако е достапно)
или за менување меѓу овие
изборници.
Притиснете го повеќефункциското
копче за да ги отворите
соодветните изборници со опции за бирање песни.
Page 165 of 205
Вовед165
Местење на сите поставки на
"0" или "OFF (ИСКЛ.)"
Држете го копчето TONE неколку
секунди.
Сите вредности се враќаат на „0“,
меморијата за еквилајзерот се
поставува на OFF (ИСКЛ.).
Поставки на гласноста
Прилагодување на гласноста со надоместување според
брзината Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Radio settings (Радио
поставки) а потоа Auto volume
control (Автоматска контрола на гласноста) .
Функцијата Auto volume control
(Автоматска контрола на
гласноста) може да се деактивира
или степенот на
приспособувањето на гласноста
може да се одбере во прикажаниот
изборник.Одберете ја саканата опција.
Прилагодување на
максималната гласност при
вклучување
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Radio settings (Радио
поставки) а потоа Maximum startup
volume (Максимална гласност при
поаѓање) .
Наместете ја саканата вредност.
Приспособување на гласноста на сообраќајните
соопштенија Гласноста на сообраќајните
соопштенија може да се постави да
се зголемува или намалува во
однос на нормалната гласност на
звукот.
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .Изберете Radio settings (Радио
поставки) , RDS options (Опции за
RDS) , а потоа TA volume ( Гласност
на ТА) .
Наместете ја саканата вредност.
Прилагодување на гласноста
на ѕвонењето Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете Phone settings (Поставки
за телефонот) , Sound & Signals
(Звук и сигнали) , а потоа Ring
Volume (Гласност на ѕвонењето) .
Наместете ја саканата вредност.
Page 166 of 205
166РадиоРадиоУпотреба................................... 166
Пребарување станици .............166
Списоци за автоматско
зачувување ............................... 167
Списоци со миленици ..............168
Изборници за бранови
должини .................................... 169
Радио податочен систем
(RDS) ......................................... 171
Дигитална аудио дифузија ......174Употреба
Активирање на радиото
Притиснете го копчето RADIO за да
се отвори главниот изборник на
радиото.
Последно пуштената станица ќе се
прима.
Одбирање на брановата должина Притиснете го копчето RADIO
еднаш или повеќе пати за да се
избере саканата бранова должина.
Последно пуштената станица во
таа бранова должина ќе се прима.
Пребарување станици
Автоматско пребарување на станици Накратко притиснете ги копчињата
s или u за да се пушти
претходната или следната станица од меморијата за станици.
Рачно пребарување на
станици
Притиснете го и држете го копчето s или u. Отпуштете го
односното копче кога речиси ќе се
достигне саканата фреквенција на
екранот.
Се врши барање на следната
станица која може да се прими и
таа се пушта автоматски.
Забелешка
Рачно пребарување на станици:
Ако радиото не наоѓа станици,
истото автоматски се префрлува
на ниво за почувствително
пребарување. Ако се уште не
Page 168 of 205
168Радио
За да ја зачувате станицата наположба во список: притиснете го
соодветното копче за станицата
1 ... 6 додека не се прикаже порака
за потврдување.
Забелешка
Рачно зачуваните станици се
бришат во процес за автоматско
зачувување на станици.
Повикување на станица Притискајте го кусо копчето AS 1-2
еднаш или повеќепати за да се
префрлите на саканиот список.
Накратко притиснете едно од
копчињата за станици 1... 6 за да се
отвори станицата во соодветната
положба на списокот.
Списоци со миленици
Станици од сите бранови должини
може да се зачуваат рачно на
списоците со миленици.
6 станици може да се зачуваат на
секој список со миленици. Бројот на
достапните списоци со миленици
не може да се намести (видете
подолу).
Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Зачувување станица
Наместете ја станицата која ќе се
зачува.
Притискајте го кусо копчето
FAV 1-2-3 еднаш или повеќепати за
да се префрлите на саканиот
список.
За да ја зачувате станицата на
положба во список: притиснете го
соодветното копче за станицата
1 ... 6 додека не се прикаже порака
за потврдување.
Повикување на станица Притискајте го кусо копчето
FAV 1-2-3 еднаш или повеќепати за
да се префрлите на саканиот
список.
Накратко притиснете едно од
копчињата за станици 1... 6 за да се
отвори станицата во соодветната
положба на списокот.
Одредување на бројот на
достапните списоци со
миленици
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете Radio settings (Радио
поставки) , а потоа Radio favourites
(Радио омилени) за да го отворите
изборникот Max. number of
favourites pages (Макс. број
страници со омилени) .
Page 172 of 205
172Радио
Предности на RDS■ На екранот, името на програмата
на наместената станица се
појавува наместо нејзината
фреквенција.
■ При барање станици, Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.
■ Инфозабавниот систем секогаш ја мести фреквенцијата на
емитувањето со најдобар прием
на наместената станица со
помош на AF (алтернативна
фреквенција).
■ Зависно од станицата што се прима, Инфозабавниот систем
прикажува радио текст што може да содржи, на пр. информации за
моменталната програма.
Конфигурирање на RDS
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Radio settings (Радио
поставки) а потоа RDS options
(Опции за RDS) .
Поставете ја опцијата RDS на On
(Вкл.) или Off (Искл.) .
Забелешка
Ако RDS е исклучено, автоматски
ќе се вклучи повторно кога ќе се
смени радио станица (со
функцијата за барање или со
копче за станица од меморијата).
Забелешка
Следните опции се достапни само ако RDS е поставено на On (Вкл.).
Опции за RDS
Вклучување и исклучување на
регионализацијата
Во извесни времиња некои RDS
станици емитуваат регионално
различни програми на различни
фреквенции.
Наместете ја опцијата Regional
(Регионално) на On (Вкл.) или Off
(Искл.) .
Ако е вклучена регионализацијата,
се избираат само алтернативните
фреквенции (AF) на истите
регионални програми.
Ако регионализацијата е
исклучена, се избираат
алтернативни фреквеции на
станиците без оглед на
регионалните програми.
RDS текст со скролирање
Некои станици со RDS го бришат
името на програмата во линијата
на екранот за да се прикажат
дополнителни информации.
За да се избегне појавувањето на дополнителни информации:
Page 173 of 205
Радио173
Наместете го Text scroll freeze
(Стопирање на текстот) на On
(Вкл.) .
Радио текст
Ако е активирана функцијата RDS и во моментот се прима станица
со RDS, информациите за
моменталната програма и
музичкиот запис што се
репродуцира во моментот се
прикажуваат под името на
програмата.
За да се покажат или скријат
информациите, поставете го Radio
text (Радио текст) на On (Вкл.) или
Off (Искл.) .
Гласност на сообраќајните
соопштенија
Гласноста на сообраќајните
соопштенија (TA) може да се
намести однапред. За детален
опис 3 165.
Радио сообраќајна услуга
(TP = Traffic Programme
(сообраќајна програма))Станиците со радио сообраќајна
услуга се RDS станици кои
емитуваат сообраќајни вести.
Вклучување и исклучување на
радио сообраќајната услуга
За вклучување и исклучување на
функцијата за готовност на
сообраќајните соопштенија на
Инфозабавниот систем:
Притиснете го копчето TP.
■ Ако радио сообраќајната услуга е
вклучена, се прикажува [ ] во
главниот изборник на радиото.
■ Се примаат само станици со радио сообраќајна услуга.
■ Ако актуелната станица не е станица со радио сообраќајна
услуга, автоматски почнува
пребарување на следната
станица со радио сообраќајна
услуга.
■ Штом ќе се пронајде станица со радио сообраќајна услуга, [TP] се
прикажува во главниот изборник
на радиото.■ Сообраќајните соопштенија се пуштаат со претходно
поставената гласност за TA
3 165.
■ Ако е вклучена радио сообраќајната услуга,
репродукцијата на ЦД/МР3 се
прекинува за времетраењето на
сообраќајното соопштение.
Слушање само сообраќајни
соопштенија
Вклучете ја радио сообраќајната
услуга и намалете ја гласноста на
Инфозабавниот систем докрај.
Блокирање на сообраќајните
соопштенија
За да блокирате сообраќајното
соопштение, на пр. за време на
репродукција на ЦД/МР3:
Притиснете го копчето TP или
повеќефункциското копче за да ја потврдите пораката за откажување
на екранот.
Сообраќајното соопштение се
откажува, но радио сообраќајната
услуга останува вклучена.
Page 175 of 205
Радио175
Конфигурирање на DABПритиснете го копчето CONFIG.
Одберете го Radio settings (Радио
поставки) а потоа DAB settings
(Поставки за DAB) .
Следните опции се достапни во
изборникот за конфигурација:
Автоматско поврзување ансамбли Кога е активна оваа функција,
уредот се префрлува на истиот
сервис (програма) на друг
ансамбл DAB (фреквенција) кога
сигналот DAB е преслаб за прием
со приемникот.
Поставете ја функцијата на On
(Вкл.) или Off (Искл.) .
Автоматско поврзување DAB-FM
Кога е активирана оваа функција,
уредот се префрлува на соодветна
станица FM на активниот сервис
DAB кога сигналот DAB е премногу
слаб за прием со приемникот.
Поставете ја функцијата на On
(Вкл.) или Off (Искл.) .Динамичко прилагодување на
звукот
Кога е активирана оваа функција,
динамичниот опсег на сигналот
DAB се намалува. Тоа значи дека
нивото на гласните звуци се
намалува, а нивото на тивките
звуци се зголемува. Затоа
гласноста на Инфозабавниот
систем може да се зголеми до
точка каде што тивките звуци се
чујни, а гласните звуци не се
прегласни.
Поставете ја функцијата на On
(Вкл.) или Off (Искл.) .
Избирање фреквентно подрачје
Изберете ја ставката Band selection
(Бирање опсег) за да се прикаже
односниот изборник.
За да се одреди кои фреквентни
подрачја DAB ќе ги прима
Инфозабавниот систем,
активирајте една од опциите:
L-Band : 1452 - 1492 MHz, земско и
сателитско радио
Band III : 174 - 240 MHz, земско
радиоBoth (Двете)