airbag OPEL ASTRA J 2016.5 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2016.5Pages: 383, PDF Size: 10.53 MB
Page 60 of 383

58Седишта, потпирачина средишната конзола. Не
ставајте никакви магнетни
предмети во тој предел.
Не прицврстувајте никакви
предмети на капаците на
воздушните перничиња и не
прекривајте ги со други
материјали.
Секое воздушно перниче се
активира само еднаш.
Активираните воздушни
перничиња нека Ви ги замени
автомеханичар. Освен тоа, може
да биде неопходно да се заменат
воланот, таблата со инструменти, делови на облогата, кедерите на
вратите, кваките и седиштата.
Не вршете никакви промени на
системот на воздушни перничиња
бидејќи тоа ќе ја поништи
сообраќајната дозвола на
возилото.
Кога се надуваат воздушните
перничиња, жешките гасови кои
излегуваат можат да предизвикаат
изгореници.
Сијаличка v за системите на
воздушни перничиња 3 126.Систем на предни
воздушни перничиња
Системот на предните воздушни
перичиња се состои од едно
воздушно перниче во воланот и
едно во таблата со инструменти на страната на совозачот. Може да се препознаат по зборот AIRBAG.
Покрај тоа, има предупредувачка
етикета и од страната на таблата
со инструменти што се гледа кога е отворена совозачката врата или на
штитникот за сонце на совозачот.
Системот на предни воздушни
перничиња се активира во случај
на удар напред од извесна тежина. Палењето треба да биде вклучено.
Надуените воздушни перничиња го
придушуваат ударот, притоа
намалувајќи го ризикот од повреда на горното тело и главата на
патниците на предните седишта
значително.
Page 61 of 383

Седишта, потпирачи599Предупредување
Оптимална заштита се дава
само кога седиштето е во
правилната положба.
Положба на седиштата 3 43.
Чувајте го пределот во којшто се
надува воздушното перниче
слободен од препреки.
Наместете го безбедносниот
ремен правилно и заглавете го
безбедно. Дури тогаш може
воздушното перниче да Ве
заштити.
Систем на странични
воздушни перничиња
Системот на страничните
воздушни перничиња се состои од воздушно перниче во потпирачот
за грб на секое предно седиште.
Тоа може да се препознае по
зборот AIRBAG .
Системот на странични воздушни
перничиња се активира во случај
на страничен удар од извесна
тежина. Палењето треба да биде
вклучено.
Надуените воздушни перничиња го
придушуваат ударот, притоа
намалувајќи го ризикот од повреда на горното тело и на карлицата во
случај на судир отстрана
значително.
9 Предупредување
Чувајте го пределот во којшто се
надува воздушното перниче
слободен од препреки.
Page 62 of 383

60Седишта, потпирачиЗабелешка
Уупотребувајте само такви
заштитни навлаки за седишта кои
биле одобрени за возилото.
Внимавајте да не ги прекриете воздушните перничиња.
Систем на завесни воздушни перничиња
Системот на завесни воздушни
перничиња се состои од воздушно
перниче во рамката на покривот на
секоја страна. Тоа може да се
препознае по зборот AIRBAG на
столбовите на покривот.
Системот на завесни воздушни
перничиња се активира во случај
на страничен удар од извесна
тежина. Палењето треба да биде
вклучено.
Надуените воздушни перничиња го придушуваат ударот, притоа
намалувајќи го ризикот од повреда
на главата во случај на удар
отстрана значително.
9 Предупредување
Чувајте го пределот во којшто се
надува воздушното перниче
слободен од препреки.
Куките на рачките во рамката на покривот се погодни само за
бесење на полесни облеки без
закачалки. Не чувајте никакви
предмети во тие облеки.
Деактивирање на
воздушното перниче
Системот на воздушни перничиња
за совозачот мора да се
деактивира ако се монтира систем
за врзување на деца на тоа
седиште. Системите на
страничните и завесните воздушни
перничиња, затегнувачите на
ремените и сите системи на
воздушни перничиња за возачот ќе останат активни.