OPEL ASTRA J 2016.5 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2016.5Pages: 201, PDF Size: 2.86 MB
Page 121 of 201

ЦД-уред121ЦД-уредОпшти информации.................121
Употреба ................................... 122Општи информации
ЦД плеерот на Инфозабавниот
систем може да репродуцира
аудио ЦД-а и MP3/WMA ЦД-а.
Важни информации за аудио
ЦД-а и MP3/WMA ЦД-аВнимание
Никогаш не ставајте ДВД-а,
сингл ЦД-а со пречник од 8 см
или ЦД-а со посебен облик во аудио плеерот.
Не ставајте налепници на ЦД- ата. Тие дискови може да се
заглават во погонот за ЦД и да
го уништат плеерот. Тогаш ќе
мора да се замени уредот.
● Може да се користат следниве формати на ЦД-а:
CD-ROM Режим 1 и Режим 2 CD-ROM XA Режим 2,
Форма 1 и Форма 2
● Може да се користат следниве формати на фајлови:
ISO9660 Level 1, Level 2,
Romeo, Joliet
Фајловите MP3 и WMA
запишани во кој било формат освен наведените погоре може да не се репродуцираат
правилно, а имињата на
нивните фајлови и папки може
да не се прикажат правилно.
Забелешка
ISO 13346 не е поддржано. Може
да ви се побара рачно да го
изберете ISO 9660 кога режете
аудио ЦД, на пр. со Windows 7.
● Аудио ЦД-а со заштита од прекопирање кои не се во
согласност со стандардот за
аудио ЦД-а може да не се
репродуцираат правилно или
воопшто да не се
репродуцираат.
● Самозапишаните ЦД-а за запишување (CD-R) или ЦД-а
за повеќекратно запишување
(CD-RW) се поранливи во
поглед на неправилното
ракување од однапред
запишаните ЦД-а. Правилно
ракување треба да се
Page 122 of 201

122ЦД-уредобезбеди, особено во случај насамозапишаните ЦД-а за
запишување, и ЦД-а за
повеќекратно запишување.
Видете подолу.
● Самозапишаните ЦД-а за запишување, и ЦД-а за
повеќекратно запишување
може да не се репродуцираат
правилно или воопшто да не се
репродуцираат. Во таквите случаи не е виновна опремата.
● На ЦД-а со мешан модус (аудио запици и на
компримирани папки на пр.
MP3, се зачувани), делот со
аудио записите и
компримираниот дел може да
се репродуцира посебно.
● Гледајте да не оставате отпечатоци од прстите кога
менувате ЦД-а.
● Вратете ги ЦД-ата во нивните омоти веднаш откако ќе ги
извадите од аудио плеерот за
да се заштитат од оштетувања
и валканост.● Валканоста и течностите на ЦД-ата може да ги загадат
леќите на ЦД плеерот внатре
во уредот и да предизвикаат
дефекти.
● Заштитувајте ги ЦД-ата од топлина и директна сончева
светлина.
● Следните ограничувања важат
за податоците зачувани на ЦД
со MP3/WMA:
Број на песни: најмногу 999.
Број на папки: најмногу 255.
Длабочина на структурата на
папките: макс. 64 нивоа (се препорачува: макс. 8 нивоа).
Број на музички листи:
најмногу 15.
Број на песни по музичка листа:
најмногу 255.
Применливи проширувања на
списоците со репродукции:
.m3u, .pls, .asx, .wpl.
● Ова поглавје се занимава само
со репродуцирањето на
датотеки во MP3 бидејќи
ракувањето со датотеките воMP3 и во WMA е исто. Кога е
ставено ЦД со датотеки во
WMA формат, се прикажуваат
изборници поврзани со MP3.
Употреба
Започнување репродукција од
ЦД
Притиснете CD за да се отвори
изборникот за ЦД или MP3.
Ако има ЦД во ЦД-плеерот,
почнува репродукција на ЦД-то.
Page 123 of 201

ЦД-уред123Зависно од податоците зачувани
на аудио ЦД-то или ЦД-то со MP3,
на екранот ќе се покажат различни информации за ЦД-то и актуелната
музичка нумера.
Вметнување на ЦД
Со печатената страна свртена
угоре вметнувајте ЦД во отворот за ЦД-а додека не се вовлече.
Забелешка
Ако е вметнато ЦД, во горниот ред на екранот се прикажува симбол
за ЦД.
Менување на стандардниот вид
на страницата
(само со CD 300)
За време на репродукција на ЦД
или MP3: притиснете го копчето за
повеќе функции и потоа изберете
Default CD page view (стандарден
поглед на страницата за ЦД) или
Default MP3 page view (стандарден поглед на страницата за MP3) .
Одберете ја саканата опција.Менување на нивото на папките
Притиснете g или e за да се
префрлите на повисоко или
пониско ниво на папките.
Скокнување на следниот или
претходниот запис
Накратко притиснете s или u.
Брзо вртење напред или назад
Задржете притиснато s или
u за брзо вртење напред или
брзо вртење назад на
моменталната песна.Избор на на зиписи со употреба
на менито за аудио ЦД или MP3
При репродукција на аудио ЦД
Притиснете го копчето за повеќе
функции за да го отворите
изборникот за соодветните ЦД
поставки.
Репродукција на сите случаен
редослед: наместете го Shuffle
songs (мешање на песни) на On
(вклучување) .
За избор на запис на аудио ЦД-то:
изберете го Trackѕ list (список на
песните) а потоа изберете го
саканиот запис.
Page 124 of 201

124ЦД-уредПри репродукција на МР3
Притиснете го копчето за повеќе
функции за да го отворите
изборникот за соодветните MP3
поставки.
Репродукција на сите случаен
редослед: наместете го Shuffle
songs (мешање на песни) на On
(вклучување) .
За да изберете запис од папка или
музичка листа: изберете Playlists/
Folders (списоци на песни/папки) .
Изберете една папка или листа за
репродукција и потоа саканиот
запис.
Забелешка
Ако ЦД-то содржи и аудио и MP3 податоци, аудио податоците може
да се изберат од Playlists/Folders
(списоци на песни/папки) .
За отворање на изборник со
дополнителни опции за
пребарување и избор на записи:
одберете го Search (пребарување) .
Достапните опции зависат од
податоците зачувани на
MP3 ЦД-то.
Процесот на пребарувањето на
МР3 ЦД-то може да потрае повеќе минути. За тоа време последно
пуштената станица ќе се прима.
Вадење на ЦД
Притиснете d.
ЦД-то се турка нанадвор од
процепот за ЦД.
Ако ЦД-то не се извади по
исфрлувањето, истото автоматски
ќе се повлече повторно назад по
неколку секунди.
Page 125 of 201

AUX приклучок125AUX приклучокОпшти информации.................125
Употреба ................................... 125Општи информации
Во средишната конзола има AUX
штекер за приклучување на
надворешни извори на звукот.
Можно е, на пример, на
приклучокот AUX да се поврзе
преносен ЦД-плеер со машки
приклучок од 3,5 мм.
Забелешка
Штекерот секогаш треба да се
чува чист и сув.
Употреба
Притиснете AUX еднаш или повеќе
пати за да се активира режимот AUX.Со изворот на звук кој е приклучен
кон AUX приклучокот може да се
ракува само преку контролните
елементи на изворот на звук.
Page 126 of 201

126USB приклучокUSB приклучокОпшти информации.................126
Репродукција на зачувани аудио папки .............................. 126Општи информации
Во средишната конзола има USB
приклучок за приклучување на
надворешни извори на звучни
податоци.
Уредите приклучени кон USB порот
се ракуваат преку контролите и
изборниците на Инфозабавниот
систем.
Забелешка
Штекерот секогаш треба да се
чува чист и сув.
Важни информации
Следните уреди може да се
приклучат кон USB приклучокот:
● iPod
● Zune
● PlaysForSure уред (PFD)
● USB единица
Забелешка
Не сите модели на единицата за
iPod, Zune, PFD или USB ги
поддржува Инфозабавниот
систем.Репродукција на зачувани
аудио папки
Притиснете AUX еднаш или
повеќепати за да се активира
режимот USB.
Почнува репродукцијата на аудио
податоците на уредот USB.
Ракувањето со извори на податоци приклучени преку USB е општо
земено исто како со аудио
ЦД со MP3 3 122.
На следниве страници се опишани
само аспектите на операциите што
се различни или дополнителни.
Page 127 of 201

USB приклучок127Работењето и прикажувањата на
екраните се опишани само за USB
единиците. Ракувањето со други
уреди, на пр. iPod или Zune, е
општо земено исто.
Избор на записи со употреба
на USB менито
Притиснете го копчето за повеќе
функции за да го отворите
изборникот за соодветните USB
поставки.
Репродукција на сите песни по ред: одберете го Play all (репродукција
на сите) .
За прикажување на изборник со
разни дополнителни опции за
пребарување и избор на записи:
одберете го Search (пребарување) .
Процесот на пребарувањето на
уредот може да потрае повеќе
минути. За тоа време последно
пуштената станица ќе се прима.
Репродукција на сите случаен
редослед: наместете го Shuffle
songs (random) (мешање песни
(произволно)) на On (вклучување) .
За повторување на актуелно репродуцираниот запис: наместете го Repeat (повторување) на On
(вклучување) .
Page 128 of 201

128Препознавање говорПрепознавање
говорОпшти информации .................128
Контрола на телефонот ........... 129Општи информации
Препознавањето говор на
Инфозабавниот систем
овозможува ракување со
телефонскиот портал со глас.
Препознава наредби и бројчени
низи независно од моменталниот
говорник. Наредбите и низа на
броеви може да се кажат без пауза
во зборувањето помеѓу
поединечните зборови.
Може и да меморирате телефонски
броеви доделувајќи име по свој
избор (говорна ознака). Користејќи
ги тие имиња, подоцна можете да
воспоставувате телефонски врски.
Во случај на неправилното
ракување или наредби,
препознавањето говор ви дава
визуелна и/или звучна повратна
информација и бара повторно да ја внесете саканата наредба. Покрајтоа, контролата на гласот
потврдува важни наредби и ќе се
распраша ако е потребно.За да не доведат разговорите во
возилото до ненамерно
активирање на системските
функции, препознавањето говор не
се вклучува додека не се активира.
Важни забелешки за јазичната
поддршка
● Не сите достапни јазици за приказ на Инфозабавниот
систем се достапни и за
препознавање говор.
● Ако моментално избраниот јазик за приказ не е поддржан
од препознавањето говор,
мора да ги внесувате
говорните наредби на
англиски.
За да можете да внесувате
говорни наредби на англиски,
прво треба да го активирате
главниот изборник на
телефонот со притискање
PHONE на Инфозабавниот
систем, а потоа да го
активирате препознавањето
говор на телефонскиот портал
со притискање на w на воланот.
Page 129 of 201

Препознавање говор129Контрола на телефонот
Активирање на контролата на
гласот
За активирање на препознавањето говор на телефонскиот портал,
притиснете w на воланот. За време
на дијалогот се стишува секој извор
на звукот кој е активен, и се
откажува секое постепено
појавување на сообраќајни вести.
Дотерување на гласноста за
контролата на гласот
Завртете го копчето за гласност на
Инфозабавниот систем, или
притиснете + или ― на воланот.
Откажување дијалог Има разни начини да се
деактивира контролата на гласот и
да се откаже дијалогот:
● Притиснете x на воланот.
● Кажете " Cancel (Анулира) ".● Не внесувајте (не кажувајте)
никакви наредби извесно
време.
● По третата непрепозната наредба.
Ракување Со помош на контролата на гласотсо мобилниот телефон може да се
ракува многу удобно преку звучен
инпут. Доволно е да се активира
препознавањето говор и да се внесе (каже) саканата наредба. По
внесувањето на наредбата
Инфозабавниот систем Ве води
низ дијалогот со соодветни
прашања, и повратни извештаи за
да се постигне саканата дејност.
Главни наредби
По активирањето на контролата на
гласот краток тон сигнализира дека
контролата на гласот очекува
инпут.
Достапните главни наредби:
● " Dial (Врти број) "
● " Call (Повикува) "
● " Redialing (Врти број одново) "● "Save (Зачувува) "
● " Delete (Бриши) "
● " Directory (Именик) "
● " Pair (Пар) "
● " Select device (Избира уред) "
● " Voice feedback (Звучен
фидбек) "
Наредбите кои често се достапни ● " Help (Помош) ": дијалогот се
окончува и сите наредби
достапни во рамките на
дадената функција се
набројуваат.
● " Cancel ( Анулира) ": контролата
на звукот е исклучена.
● " Yes ( Да)": се активира погодна
дејност зависно од контекстот.
● " No (Не) ": се активира погодна
дејност зависно од контекстот.
Внесување телефонски број
По командата " Dial (Врти број)"
контролата назвукот бара инпут на некој број.
Телефонскиот број треба да се
изговори со вашиот нормален глас
без вештачки паузи меѓу бројките.
Page 130 of 201

130Препознавање говорПрепознавањето функциониранајдобро ако се држи пауза од
најмалку пола секунда по секои три до пет цифри. Инфозабавниот
систем тогаш ги повторува
препознатите броеви.
Можете тогаш да внесете
понатамошни броеви или следниве наредби:
● " Dial (Врти број) ": инпутите се
прифаќаат.
● " Delete (Бриши) ": последно
внесениот број или група
броеви се бришат.
● " Plus (Плус) ": се внесува
претходен „+“ за повик во
странство.
● " Verify (Потврдува) ":
внесувањата ги повторува
звучниот аутпут.
● " Asterisk (Ѕвездичка) ": Се
внесува ѕвездичка „*“.
● " Hash (Тараба) ": Се внесува
тараба „#“.
● " Help (Помош) "
● " Cancel (Анулира) "Максималната должина на
внесениот телефонски број е
25 бројки.
За да можете да започнете повик
во странство, можете да го кажете
зборот „Plus“ (плус) (+) на
почетокот од Вашиот број. Плусот
Ви овозможува да се јавувате од
било која земја без да ги знаете
позивните броеви за повици
започнати за странство во таа
земја. Потоа кажете го потребниот
код на државата.Пример за дијалог
Корисник: " Dial (Врти број) "
Звучен аутпут: " Please, say the
number to dial (Ве молиме
изговорете го бројот за да се
повика) "
Корисник: " Plus (Плус) Four
(Четири) Nine (Девет) "
Звучен аутпут: " Plus (Плус) Four
(Четири) Nine (Девет) "
Корисник: " Seven (Седум) Three
(Три) One (Еден) "
Звучен аутпут: " Seven (Седум)
Three (Три) One (Еден) "Корисник: " One (Еден)One (Еден)
Nine (Девет) Nine (Девет) "
Звучен аутпут: " One (Еден) One
(Еден) Nine (Девет) Nine (Девет) "
Корисник: " Dial (Врти број) "
Звучен аутпут: " The number is being
dialled (Бројот се набира) "
Внесување име
Со употреба на наредбата " Call
(Повикува) " се внесува телефонски
број кој се зачувал во
телефонскиот именик под некое
име (етикета со глас).
Достапните наредби: ● " Yes (Да) "
● " No (Не) "
● " Help (Помош) "
● " Cancel (Анулира) "Пример за дијалог
Корисник: " Call (Повикува) "
Звучен аутпут: " Please, say the
nametag to call (Ве молам
изговорете ја етикетата на името
за да се повика) "
Корисник: <Име>