OPEL ASTRA J 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2016Pages: 381, PDF Size: 10.43 MB
Page 31 of 381

Клучеви, врати и прозорци29Врати
Товарен простор
Задна врата ОтворањеХечбек со 5 врати
По отклучувањето, притиснете го
допирниот прекинувач под
амблемот и отворете ја задната врата.
Хечбек со 3 врати
Притиснете x на далечинскиот
управувач или притиснете го
амблемот на брендот на долната
половина за да ја отклучите и
отворите задната врата.
Со притискање x задната врата
се отвора дури и ако вратите се заклучени.
Спортс турер
По отклучувањето притиснете го
прекинувачот на допирање под
лентата на задната врата и
отворете ја задната врата.
Централна брава 3 26.
Page 32 of 381

30Клучеви, врати и прозорциНочбек со 4 врати
За да ја отворите хаубата, држете
x на далечинскиот управувач
барем 2 секунди, или, за да
отворите однатре, притиснете x
на средишната конзола; хаубата се
подотвора.
Со вратите централно заклучени,
хаубата не може да се отвори со
притискање x на средишната
конзола.
Затворање
Користете една од внатрешните
рачки.
Не притискајте го допирниот
прекинувач или амблемот додека се затвора бидејќи тоа ќе ја отклучи
задната врата повторно.
Централна брава 3 26.
Page 33 of 381

Клучеви, врати и прозорци31Општи практични совети за
ракување со задната врата9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата,
на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи во возилото
може да навлезат отровни
издувни гасови што не можат да
се видат или намирисаат. Тоа
може да предизвика несвест и
дури смрт.
Внимание
Пред да ја отворите задната врата, проверете ги пречките
над глава, како врата на
гаражата, за да се избегне
оштетувањето на задната
врата. Секогаш проверувајте го
просторот на движењето
одозгора и позади задната
врата.
Забелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.Безбедност на
возилото
Систем за заштита одкражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати.
Сите врати треба да се затворат,
инаку системот не може да се
активира.
Ако палењето беше вклучено,
возачката врата мора да се отвори и затвори еднаш за да се обезбеди
возилото.
Отклучувањето на возилото го
исклучува механичкиот систем за заштита од кражба. Тоа не е
возможно со копчето на
централната брава.
Page 34 of 381

32Клучеви, врати и прозорциВклучување
Притиснете го e на далечинскиот
управувач двапати во рок од
15 секунди.
Систем за тревожење прикражба
Системот за тревожење при
кражба е комбиниран со системот
за заштита од кражба.
Ги надгледува:
● вратите, задната врата, хаубата
● патничкиот простор вклучувајќи го соседниот
товарен простор
● наклонетост на возилото, на пр. ако е кренато
● палењето
Активирање ● Се активира сам 30 секунди откако ќе се заклучи возилото
со еден притисок на e.
● Директно со притискање на e
двапати кратко за пет секунди.
Забелешка
Промени на внатрешноста на
возилото, како на пример
употребата на навлаки за
седишта, и отворени прозорци
или подвижен покрив, може да го
влошат функционирањето на надгледувањето на патничкиот
простор.Активирање без надгледување
на патничкиот простор и
наклонетоста на возилото
Исклучете го надгледувањето на
патничкиот простор и на
наваленоста на возилото кога се
оставаат животни во возилото,
поради ултрасоничните сигнали со
висока гласност или движењата
што го активираат алармот. Исто
така исклучете го кога возилото е
на траект или воз.
Page 35 of 381

Клучеви, врати и прозорци331. Затворете ги задната врата,хаубата, прозорците и
подвижниот покрив.
2. Притиснете o. LED
сијаличката во копчето o
свети најмногу 10 минути.
3. Затворете ги вратите.
4. Активирајте го системот за тревожење при кражба.
Во Информативниот центар за
возачот (DIC) се прикажува порака
за состојбата.
Сијаличка за состојбаСијаличката за состојба е вградена во сензорот на врвот од таблата со
инструменти.
Состојбата за време на првите
30 секунди по активирањето на
системот за тревожење при
кражба:Сијаличката
светнува:проверка,
задоцнување на
вклучувањетоСијаличката
трепка брзо:вратите, задната
врата или
хаубата не се
целосно
затворени, или
има системска
грешка
Состојба по вклучувањето на
системот:
Сијаличката
трепка бавно:системот е
вклучен
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на
дефекти.
Деактивирање
Отклучувањето на возилото со
притискање на c го деактивира
системот за тревожење при кражба.
Системот не се деактивира со
отклучување на возачката врата со
клучот или со копчето за
централната брава во патничкиот
простор.
Аларм
Кога е активиран, се огласува
сирената за аларм и
предупредувачките трепкачи
трепкаат истовремено. Бројот и
времетраењето на алармните
сигнали се утврдени со закон.
Алармот може да се придуши со
притиснување на било кое копче на далечинскиот управувач или со
вклучување на палењето.
Системот за тревожење при
кражба може да се деактивира
само со притискање на c или со
вклучување на палењето.
Page 36 of 381

34Клучеви, врати и прозорциНа вклучен аларм што не го
прекинал возачот ќе укажуваат
предупредувачките светла. Ќе
трепнат брзо трипати следниот пат кога возилото ќе се отклучи со
далечинскиот управувач.
Дополнително, на DIC се
прикажува предупредувачка
порака или предупредувачка
шифра откако ќе се вклучи
палењето.
Пораки за возилото 3 139.
Имобилизатор
Системот е дел од бравата за
палење и проверува дали е
дозволено да се запали возилото
со клучот што се употребува.
Имобилизаторот автоматски се
активира откако клучот ќе се
извади од прекинувачот за палење.
Ако контролната сијаличка d
трепка кога палењето е вклучено, има дефект во системот; моторот
не може да се запали. Исклучете го
палењето и повторете го обидот за
палење.Ако контролната сијаличка
продолжува да трепка, обидете се
да го запалите моторот користејќи
го резервниот клуч и побарајте помош од автомеханичар.
Забелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш морате да го
заклучувате возилото откако ќе го
напуштите и да го вклучувате
системот за тревожење при
кражба 3 26, 3 32.
Контролна сијаличка d 3 130.Странични
ретровизори
Конвексен обликКонвексниот страничен
ретровизор содржи асферичен дел
и ги намалува црните точки.
Обликот на ретровизорот
предизвикува предметите да
изгледаат помали, што ќе повлијае
врз способноста за проценување
на растојанијата.
Електрично местење
Page 37 of 381

Клучеви, врати и прозорци35Изберете го соодветниот
страничен ретровизор со вртење
на контролата лево (L) или десно
(R) . Потоа завртете ја контролата
за да се намести ретровизорот.
Во положбата 0 не е избран ниеден
ретровизор.
Преклопни прозорци
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
свртат и ќе испаднат од своите
вообичаени монтажни положби ако се удрат со доволна сила. Вратете
го ретровизорот на место со
вршење благ притисок врз
неговото куќиште.
Електрично свиткување
Свртете ја контролата на 0, па
притиснете ја истата надолу. Двата
странични ретровизора ќе се
свиткаат.
Притиснете ја контролата
повторно надолу - двата странични ретровизора се враќаат во својата
првобитна положба.
Ако рачно се извлече некој
електрично свиткан ретровизор,
притиснувањето на контролата
електрично ќе го извлече само
другиот ретровизор.
Ретровизори со греење
Се ракува со притискање на Ü
.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Page 38 of 381

36Клучеви, врати и прозорциРетровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Автоматско намалување
на отсјај
Отсјајот од возилата што доаѓаат
одзади ноќе, автоматски се
намалува.
Прозорци
Шофершајбна
Топлино-одбивна
шофершајбна
Топлино-одбивната шофершајбна
има премаз што го одбива
сончевото зрачење. Може да се
одбиваат и податочни сигнали, на
пр., од патарини.
Означните подрачја на
шофершајбната не се премачкани
со облогата. Уредите за
запишување електронски податоци и плаќање патарина треба да се
Page 39 of 381

Клучеви, врати и прозорци37закачат во тие подрачја. Инаку
може да дојде до неисправно
запишување на податоците.
Налепници на шофершајбната Не ставајте налепници како вињети за патарина или слично на
шофершајбната, во пределот на
ретровизорот. Инаку, зоната за
откривање на сензорот и погледот на камерата во куќиштето на
ретровизорот може да бидат
ограничени.
Замена на шофершајбнаВнимание
Ако возилото има сензор за предна камера за системи за
помош на возачот, многу важно
е секоја замена на
шофершајбната да се врши
точно според спецификации на
Опел. Инаку, овие системи
може да не работат правилно, и
постои ризик од неочекувано
однесување и/или пораки од
овие системи.
Механички прозорци
Прозорците на вратите може да се
отвораат или затвораат со рачките
на прозорците.
Електрични прозорци9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Ако има деца на задните
седишта, вклучете го системот
за безбедност на децата за
електричните прозорци.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Вклучете го палењето за ракување со електричните прозорци.
Задржано исклучување 3 186.
Управувајте со прекинувачот за
соодветниот прозорец со
притискање за отворање и со
повлекување за затворање.
Нежно притискање или
повлекување до првиот степен:
прозорецот се движи нагоре или
надолу се додека се управува со
прекинувачот.
Цврсто притискање или
повлекување до вториот степен и
потоа отпуштање: прозорецот се
движи автоматски нагоре или
надолу при вклучена безбедносна
функција. За да се запре
Page 40 of 381

38Клучеви, врати и прозорцидвижењето, ракувајте со
прекинувачот уште еднаш во иста
насока.
Безбедносна функција Ако стаклото на прозорецот наиде
на отпор во горната половина на
прозорецот за време на
автоматското затворање, веднаш
застанува и повторно се отвора.
Безбедносна функција за
потиснување
Во случај на тешкотии при
затворањето поради мраз или
слично, вклучете го палењето, па повлечете го прекинувачот до
првиот степен и држете го.
Прозорецот се движи нагоре без да биде вклучена безбедносната
функција. За да се запре
движењето, отпуштете го
прекинувачот.Систем за безбедноста на
деца, за задните прозорци
Притиснете z за деактивирање на
задните електрични прозорци; се
осветлува LED-светилката. За
активирање притиснете го z
повторно.
Ракување со прозорците
однадвор
Со прозорците може да се ракува
далечински, надвор од возилото.
Притиснете го и држете го c за да
се отворат прозорците.
Притиснете го и држете го e за да
се затворат прозорците.
Отпуштете го копчето за да го
запрете движењето на прозорците.
Ако прозорците се отворат или
затворат целосно,
предупредувачките светла ќе
трепнат двапати.
Преоптоварување
Ако со прозорците повеќе пати се
ракуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците се
блокира за неколку време.