airbag OPEL ASTRA J 2018.5 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2018.5Pages: 331, PDF Size: 8.4 MB
Page 57 of 331

Седишта, потпирачи55Систем на преднивоздушни перничиња
Системот на предните воздушни
перичиња се состои од едно
воздушно перниче во воланот и
едно во таблата со инструменти на страната на совозачот. Може да се препознаат по зборот AIRBAG.
Покрај тоа, има предупредувачка
етикета и од страната на таблата
со инструменти што се гледа кога е отворена совозачката врата или на
штитникот за сонце на совозачот.
Системот на предни воздушни
перничиња се активира во случај
на удар напред од извесна тежина. Палењето треба да биде вклучено.
Надуените воздушни перничиња го
придушуваат ударот, притоа
намалувајќи го ризикот од повреда на горното тело и главата на
патниците на предните седишта
значително.
9 Предупредување
Оптимална заштита се дава
само кога седиштето е во
правилната положба.
Положба на седиштата 3 42.
Чувајте го пределот во којшто се
надува воздушното перниче
слободен од препреки.
Наместете го безбедносниот
ремен правилно и заглавете го
безбедно. Дури тогаш може
воздушното перниче да Ве
заштити.
Систем на странични
воздушни перничиња
Системот на страничните
воздушни перничиња се состои од воздушно перниче во потпирачот
Page 58 of 331

56Седишта, потпирачиза грб на секое предно седиште.
Тоа може да се препознае по
зборот AIRBAG .
Системот на странични воздушни
перничиња се активира во случај
на страничен удар од извесна
тежина. Палењето треба да биде
вклучено.
Надуените воздушни перничиња го
придушуваат ударот, притоа
намалувајќи го ризикот од повреда на горното тело и на карлицата во
случај на судир отстрана
значително.
9 Предупредување
Чувајте го пределот во којшто се
надува воздушното перниче
слободен од препреки.
Забелешка
Уупотребувајте само такви
заштитни навлаки за седишта кои
биле одобрени за возилото.
Внимавајте да не ги прекриете
воздушните перничиња.
Систем на завесни воздушни перничиња
Системот на завесни воздушни
перничиња се состои од воздушно
перниче во рамката на покривот на секоја страна. Тоа може да се
препознае по зборот AIRBAG на
столбовите на покривот.
Системот на завесни воздушни
перничиња се активира во случај
на страничен удар од извесна
тежина. Палењето треба да биде
вклучено.
Надуените воздушни перничиња го
придушуваат ударот, притоа
намалувајќи го ризикот од повреда
на главата во случај на удар
отстрана значително.
9 Предупредување
Чувајте го пределот во којшто се
надува воздушното перниче
слободен од препреки.
Куките на рачките во рамката на покривот се погодни само за
бесење на полесни облеки без
закачалки. Не чувајте никакви
предмети во тие облеки.