OPEL ASTRA J 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2019Pages: 231, PDF Size: 6.34 MB
Page 131 of 231

Возење и ракување129ПедалиЗа да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Користете само патосници кои се
вклопуваат добро и се
зацврстуваат од држачите на
страната на возачот.
Управување
Ако се изгуби помошта за
хидраулично управување бидејќи
моторот сопрел или поради дефект
на системот, со возилото може да
се управува, но може да треба поголем напор.
Контролна сијаличка c 3 76.Внимание
Возила опремени со
хидраулично серво
управување:
Ако воланот се сврти докрај и се држи во таа положба подолго од
15 секунди, може да дојде до
оштетување на системот за
серво управување и може да
дојде до губење на помошта од
сервото.Поаѓање и ракување
Разработување на новото
возило
Не сопирајте непотребно силно
при првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото од системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на
отворено место за некое време по првото возење и не ги вдишувајте
пареите.
За време на периодот на
разработување, потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на
чистењето на филтерот за издувни гасови може да се одвива почесто.
Филтер за издувни гасови 3 133.
Page 132 of 231

130Возење и ракувањеПоложби на прекинувачотза палење0:исклучено палење1:бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палење2:вклучено палење3:палење
Задржано исклучување
Следните електронски системи
може да работата додека да се
отвори вратата на возачот или
најдоцна за десет минути по
исклучување на палењето:
● електричните прозорци
● штекери за напојување
Инфозабавниот систем ќе
продолжи да се напојува уште
30 минути или додека не се извади
клучот од бравата, без оглед дали
ќе се отвори некоја врата.
Палење на моторот
Рачен менувач: ракувајте со
куплунгот.
Автоматски менувач: нагазнете ја
сопирачката и ставете ја рачката
на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Свртете го клучот накратко во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот се пушта со автоматска
постапка со кратко доцнење дури
моторот работи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“.
Пред да го запалите повторно или
за да го изгаснете моторот, вратете го клучот во положба 0.
Палење на моторот при ниски
температури
Бензинските мотори може да се
стартуваат без дополнителни
загревачи до -30 °C. Потребно е
моторно масло со правилна
вискозност, правилно гориво,
редовно извршени сервиси и
доволно наполнет акумулатор. При температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу пет минути.
Рачката на менувачот мора да
биде во положбата P.
Page 133 of 231

Возење и ракување131Автоматска контрола на
анласерот
Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот.
Возачот не мора да го држи клучот во положбата 3. Штом се
применува, системот ќе продолжи
да запали автоматски додека не
проработи моторот. Поради
постапката за проверување
моторот проработува по кратка пауза.
Возможни причини за непалење на
моторот:
● Куплунгот не е притиснат (рачен менувач).
● Педалот на сопирачките не е притиснат или рачката на
менувачот не е во P или N
(автоматски менувач).
● Дојде до надминување на времето.Загревање на турбо мотор
По палењето, достапниот вртежен момент на моторот може да биде
ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.
Исклучување напребрзувањето
Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина, но
педалата за гас е отпуштена.
Во зависност од условите за
возење, исклучувањето на
пребрзувањето може да се
деактивира.Паркирање9 Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Затегнувајте ја рачната
сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја педалата за кочење истовремено за да се
намалат работните сили.
Кај возилата со електрична
сопирачка за паркирање,
повлечете го прекинувачот
m околу една секунда.
Електричната сопирачка за
паркирање се активира кога
Page 134 of 231

132Возење и ракувањеќе светне контролната
сијаличка m 3 75.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
пред да го извадите клучот за палење. Ако возилото е на
угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на надолнина, ставете во рикверц или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
пред да го извадите клучот за
палење. Свртете ги предните тркала кон работ на
тротоарот.
● Затворете ги прозорците.
● Извадете го клучот за палење од бравата за
палење. Завртете го воланот
додека не се почувствувадека бравата на воланот се
заглавила.
Кај возилата со автоматски
менувач, клучот може да се
извади само кога рачката на менувачот е во положба P.
● Заклучете го возилото.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 157.
Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.
Page 135 of 231

Возење и ракување133Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за издувни гасови
Филтерот за издувни гасови е
филтер за честички за дизел и
бензински мотори.
Процес на автоматско чистење
Системот на филтерот за издувни
гасови ги филтрира честичките на
саѓи од издувните гасови.
Системот содржи функција на
самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување. Филтерот се
чисти со изгорување на честичките
од саѓи периодично на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски при
определени услови за возење и може да потрае до 25 минути.
Обично се потребни меѓу седум и
дванаесет минути. За овој период
потрошувчката на гориво може да
биде поголема. Испуштањето на
миризби и чад за време на овој
процес е нормално.Системот треба да се исчисти
Во одредени услови, на пример,
при возење на кратки растојанија,
системот не може сам да се
исчисти автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возење не овозможиле
автоматско чистење, тоа ќе се
означи со светнување на % и
порака за предупредување во
Информативниот центар за
возачот.
Page 136 of 231

134Возење и ракување% светнува заедно со порака за
предупредување кога филтерот за
издувни гасови е полн. Почнете го
процесот на чистење колку е можно
поскоро.
% трепка заедно со порака за
предупредување кога филтерот за
издувни гасови го достигнал
максималното ниво на полнење.
Почнете го процесот на чистење
веднаш за да се избегне
оштетување на моторот.
Активирајте го процесот на
самостојно чистење
За да се активира чистењето,
продолжете со возењето,
одржувајте брзина на моторот над
2000 вртежи во минута. Сменете во
помала брзина ако е потребно.
Тогаш ќе започне чистењето на
филтерот за издувни гасови.
Процесот на чистење завршува
побрзо при поголеми брзини и
оптоварувања на моторот.
Контролната сијаличка % се гаси
штом ќе заврши самочистењето.
Продолжете да возите додека не
заврши процесот на самочистење.Внимание
Ако е можно, не прекинувајте го
процесот на чистење. Возете додека не заврши чистењето за
да ја избегнете потребата од
сервисирање или поправки од
страна на автомеханичар.
Процесот на чистење не е
можен
Ако поради некоја причина
чистењето не е можно,
дополнително ќе се вклучи и
контролната сијаличка g.
Моќноста на моторот може да се
намали. Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.
Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 151, 3 208 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, одржувајќи ја брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
Page 137 of 231

Возење и ракување135Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Рачното менување е можно во
рачен режим со допирање на
рачката на менувачот 3 137.
Екран на менувачот
На екранот на менувачот е
прикажано во која брзина или
режим е менувачот.
Во автоматскиот режим, на
програмата за возење укажува D во
Информативниот центар за
возачот.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
P покажува паркирна положба.
Среден приказ во рачен режим го
прикажува бројот на избраната брзина.
Горен приказ во рачен режим, M и
го прикажува бројот на избраната
брзина.
Рачка на менувачотP:паркирна положба,
притиснете копче за
ослободување, тркалата се
блокирани, ставајте во брзина
само кога возилото е во
мирување и применета е
сопирачка за паркирањеR:брзина во рикверц, притиснете
копче за ослободување, се
вклучува само кога возилото е во мирувањеN:лерD:автоматски режимM:рачен режим: поместете ја
рачката на менувачот од D
налево.
Page 138 of 231

136Возење и ракување<:менување во поголема брзина
со рачен режим: движете ја
рачката на менувачот во
положба М и допрете нагоре]:менување во помала брзина
со рачен режим: движете ја
рачката на менувачот во
положба М и допрете наназад
Рачката на менувачот е закочена
во P и може да се помрдне само
кога палењето е вклучено и
педалот на сопирачките е
нагазнат.
Без нагазнување на педалата на
сопирачките, контролната
сијаличка j свети.
Ако рачката на менувачот не е во
P кога палењето е исклучено,
контролните сијалички j и P
трепкаат.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Моторот може да се запали само кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас додека ставате во брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Моторно сопирање За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини, видете под
„рачен режим“.Нишање на возилото
Нишањето на возилото е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал или снег.
Местете ја рачката на менувачот
помеѓу D и R повеќе пати. Не
турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во P.
Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.
Page 139 of 231

Возење и ракување137Рачен режим
Поместете ја рачката на менувачотод положбата D кон лево за да
изберете рачен режим M.
Потчукнете ја рачката на
менувачот
нанапред <:менување во
поголема брзинананазад ]:менување во помала
брзина
Избраната брзина е покажана во
групата инструменти.
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар за возачот.
Во рачниот режим не се остварува автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Електронски програми за возење
● По ладно палење, програмата за работна температура ја
зголемува брзината на
моторот за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
● Функцијата за автоматско префрлување во лер
автоматски се префрлува на
работење в место кога
возилото е застанато во некоја
брзина за напред и педалот за
сопирачките е притиснат.● Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини
кога се вози по угорници или
удолнини.
● При стартување на снег или мраз или на други лизгави
површини, електронската
контрола на преносот избира
повисока брзина автоматски.
Збоднување
Ако педалот за гас е притиснат
докрај во автоматскиот режим,
менувачот се префрлува во
помала брзина зависно од
брзината на моторот.
Дефект
Во случај на дефект, се пали
контролната сијаличка g.
Дополнително, се прикажува број на шифра или порака за возилото
на Информативниот центар за
возачот. Пораки за возилото 3 86.
Page 140 of 231

138Возење и ракувањеМенувачот веќе не менува брзини
автоматски. Непрекинато
патување е возможно со рачно
менување.
Може да се избере само
најголемата брзина. Зависно од
дефектот, и втората брзина може
да се користи во рачниот режим.
Менувајте брзини само кога
возилото е во мирување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањето Во случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 192.
Ако акумулаторот не е причина за
дефектот, отпуштете ја рачката на менувачот.
1. Затегнете ја рачната сопирачка.
2. Ослободете ја облогата нарачката на менувачот од
средишната конзола напред,
преклопете ја угоре и завртете
ја влево.
3. Вметнете шрафцигер во отворот колку што може
подлабоко и извадете ја
рачката на менувачот од P или
N . Ако P или N е одбрано
повторно, рачката на
менувачот ќе биде закочена во
положбата повторно. Нека Ви ја
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
4. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот врз
средишната конзола и
наместете ја повторно.