OPEL ASTRA K 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2016.5Pages: 335, PDF Size: 8.9 MB
Page 281 of 335

Нега на возилото279Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред отколку назад, повремено
менувајте ги местата на предните тркала со задните тркала.
Погрижете се насоката на
вртењето на тркалата да остане
иста.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на шест години.
Менување на големината на гумите и тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.Исто така, напредната помош при
паркирање мора да се калибрира
3 214.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.
Page 282 of 335

280Нега на возилото9Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Синџири за гуми
Синџирите за гуми само на
предните тркала смеат да се
ставаат.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџирите за гуми се дозволени за
гуми со големина 195/65 R15,
205/55 R16 и 215/55 R16.
Привремено резервно тркало
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шарата
на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на
страничниот ѕид од гумата не може да се поправат со комплетот за
поправање гуми.
9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Page 283 of 335

Нега на возилото281Кај хечбек со 5 врати, комплетот запоправање гуми е од десната
страна во товарниот простор зад капак.
Кај Sports Tourer комплетот за
поправање гуми е во товарниот
простор под капакот на подот.
1. Отстранете го заптивното шише.
2. Вметнете палец во отворот и извлечете го компресорот.
3. Извадете го кабелот заповрзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Одвртете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
Page 284 of 335

282Нега на возилото8. Прекинувачот на компресоротмора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
10. Поставете го преклопникот на
компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумите би требало да се
достигне во рок од десет
минути. Притисок во гумите
3 313. Кога ќе се постигне
правилниот притисок,
исклучете го компресорот.Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
десет минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
десет минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од десет минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете
го цревото за пумпање на гуми
на слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
Page 285 of 335

Нега на возилото283смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете ја во видното поле на возачот.
17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространисредството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од десет минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумите.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, поставете
го до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го приборот за поправка на гумите вобагажниот простор.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат
таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот безбедносен вентил се отвора при притисок од седум
бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со
заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Испорачаните адаптери може да
се користат за пумпање други
работи, на пр. фудбалски топки,
Page 286 of 335

284Нега на возилотодушеци, базени за надувување и
сл. Тие се наоѓаат од долната
страна на компресорот. За да се
извади, притегнете го цревото за
воздух на компресорот и
извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 280.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте на рамна, тврда и нелизгава површина.
Предните тркала треба да
бидат наместени право.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.
● Извадете го резервното тркало
3 286.
● Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.●Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела најмногу еден см) под
дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Исчистете ги навртките за тркалото и навојот со чистакрпа пред да го монтирате
тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Откачете ги капачињата на навртките на тркалото со
шрафцигер и извадете ги. За
алуминиумски тркала, ставете
мека крпа под шрафцигер.
Извлечете ја раткапната.
Прирачен алат 3 270.
2. Отворете го клучот за тркалата
и ставете го уверувајќи се дека
е наместен цврсто и
Page 287 of 335

Нега на возилото285разлабавете ја секоја навртка
на тркалото за половина
вртење.
3. Уверете се дека дигалката е правилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
4. Поставете ја дигалката на потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин
што ќе се спречува лизгањето.
Проверете дали работ на
телото се вклопува во жлебот
на дигалката.
Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од земјата. Не подигнувајте ја
дигалката повеќе.
5. Отшрафете ги навртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 286.
7. Зашрафете ги навртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото и тргнете
ја дигалката.
Page 288 of 335

286Нега на возилото9. Ставете го клучот за тркалатауверувајќи се дека е наместен
безбедно и стегнете ја секоја
навртка по вкрстен редослед.
Затезниот момент е 140 Nm.
10. Наместете го отворот за вентилот во раткапната до
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на
навртките на тркалото.
11. Складирајте ги сменетото тркало 3 286 и прирачните
алати 3 270.
12. Проверете го притисокот на монтираната гума и
затегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно поскоро.Положба за дигање за
дигалката со платформа за
дигање
Положбата за задната рачка на
платформата за дигање е под
задниот жлеб на прагот.
Положбата за предната рачка на
платформата за дигање е кај
подвозјето.
Резервно тркало
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало.
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за
привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
Page 289 of 335

Нега на возилото287помош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.
Резервното тркало има челична
рамка.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало е сместено во товарниот простор под покривката
на подот.
За да го извадите: 1. Отворете го капакот на подот 3 88.
2. Резервното тркало е прицврстено со навртка со
крилца. Одвртете ја навртката
за да го извадите резервното
тркало.
Под резервното тркало има
кутија со прирачен алат.
3. Кога, по замена на тркалото, нема да се стави тркало во
дупката за резервното тркало,
прицврстете ја кутијата со
алати затегнувајќи ја
пеперужната навртка додека
може да оди и затворете го
капакот на подот.
4. По промената на целосното тркало, поставете го
резервното тркало надвор во
просторот за резервното тркало
и прицврстете го со
пеперужната навртка.Складирање оштетено целосно
тркало во товарниот простор,
хечбек со 5 врати
Дупката на резервното тркало не е
конструирана за други големини на гуми освен за резервното тркало.
Оштетено тркало со целосна
големина треба да се складира во товарниот простор и да се
прицврсти со каиш. Прирачен алат
3 270. За прицврстување на
тркалото:
1. Наместете го тркалото со надворешната страна нагоре
близу до едниот страничен ѕид
на товарниот простор.
Page 290 of 335

288Нега на возилото2. Протнете го крајот со јамка одременот низ предната алка за
врзување на соодветната
страна.
3. Протнете го крајот на ременот со куката преку јамката и
повлекувајте го додека ременот
не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.
4. Вметнете го каишот преку спиците на тркалото како што е
покажано на илустрацијата.
5. Монтирајте ја куката на задната
алка за врзување.
6. Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.9 Опасност
Секогаш возете со исправени и
заглавени потпирачи на задните
седишта кога складирате
оштетено тркало со целосна
големина во товарниот простор.
Складирање оштетено целосно
тркало во товарниот простор,
Sports Tourer
Сите дозволени големини на
тркалото може да се постават во
просторот за резервното тркало.
За прицврстување на тркалото:
1. Отстранете го средишниот капак со амблем туркајќи го
однатре.
2. Поставете го тркалото со надворешниот дел надолу во
просторот за тркалото.
3. Прицврстете го оштетеното тркало со пеперужната навртка.
4. Зависно од големината на гумата, капакот на подот може
да се постави на тркалото.