phone OPEL ASTRA K 2017.5 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.5, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2017.5Pages: 555, PDF Size: 11.52 MB
Page 131 of 555

Инструменти и контроли129Главните изборници се:● Информации за патување/ гориво, ги прикажува Info
(Инфо) , видете го описот
подолу.
● Информации за звукот, ги прикажува Audio (Аудио) ,
видете го описот подолу.
● Информации за телефонот, ги прикажува Phone (Телефон) ,
видете го описот подолу.
● Информации за навигација, ги прикажува Navigation
(Навигација) , видете го описот
подолу.
● Информации за возилото, ги прикажува Options (Опции) ,
видете го описот подолу.
Некои од прикажаните функции се
разликуваат при возење или
стоење на возилото, додека некои
функции се активни само при
возење на возилото.
Одбирање изборници и функции
Изборниците и функциите може да
се избираат со копчињата од
десната страна на воланот.
Притиснете p за да ја отворите
страницата на главниот изборник.
Изберете ја страницата на
главниот изборник со Q или P.
Потврдете ја страницата на
главниот изборник со 9.
Штом ќе се избере страница на
главниот изборник, притиснете го
Q или P за да изберете
потстраници.
Притиснете го q за да отворите
следна папка на избраната
потстраница.
Притиснете Q или P за да бирате
функции или да поставувате
бројчени вредности, ако треба.
Притискајте го копчето 9 за
избирање и потврдување
функција.
Штом ќе се избере страница на
главниот изборник, овој избор
останува мемориран додека не се избере друга страница на главниот
изборник. Подстраниците се
менуваат со притискање P или Q.
Пораките за возилото и за
сервисирање се појавуваат на
Информативен центар за возачот
ако е потребно. Потврдувајте ги
пораките со притискање на 9.
Пораки за возилото 3 137.
Изборник со информации за
патувањето/горивото, ; или
информации
Следнава листа ги содржи сите
можни страници на Info Menu
( Инфо изборникот). Некои може да
не се достапни за Вашиот модел на возилото. Зависно од екранот,некои функции се симболизирани.
Page 135 of 555

Инструменти и контроли133Го прикажува развојот на
просечната потрошувачка за
растојание од 50 км. Зацрнетите
сегменти ја прикажуваат
потрошувачката во чекори од 5 км
и го покажуваат влијанието на
топографијата или начинот на
возење врз потрошувачката на
гориво.
Индекс на економичност
Моменталната потрошувачка на
гориво е покажана со економичен
размер. За економично возење,
приспособете го возниот стил за да
се одржат поцрнетите сегменти во
рамките на подрачјето Eco. Колку
повеќе сегменти се зацрнети, толку е поголема потрошувачката на
гориво.
Истовремено се покажува и
просечната потрошувачка.
Изборник за Audio (Аудио) Изборникот за звук овозможува
разгледување за музика, избирање
од омилени или менување на
изворот за звук.Видете во прирачникот за
Инфозабавата.
Изборник за Phone (Телефон)
Изборникот за телефон
овозможува управување со
телефонските повици, листање низ
контактите или ракување со
телефонирањето без раце.
Видете во прирачникот за
Инфозабавата.
Изборник за
Navigation (Навигација)
Изборникот за навигација
овозможува водење по маршрута.
Видете во прирачникот за
Инфозабавата.
Изборник за информации за
возилото, ? или Опции
Следнава листа ги содржи сите можни страници на Изборникот наопции. Некои може да не се
достапни за Вашиот модел на
возилото. Зависно од екранот,
некои функции се симболизирани.Вртете го копчето за местење или
притиснете го Q или P за да
изберете страница и следете ги
упатствата дадени на
подизборниците:
● Мерни единици
● Информативни страници
● Предупредување за брзината
● Оптоварување на гумите
● Информации за софтверот
Мерни единици
Притиснете SET/CLR или > додека
се прикажани мерните единици.
Изберете империјални или
метрички единици со вртење на
тркалцето за местење или
притискање P. Потврдете со
притискање SET/CLR или 9.
Информативни страници
Притиснете > додека се прикажани
информативните страници. Се
прикажува листа на сите ставки на
информативниот изборник.
Изберете ги функциите што треба
да се прикажуваат на
информативната страница
притискајќи 9. Избраните
Page 176 of 555

174Инфозабавнен системЦД плеер
Притискајте MEDIA за да го
активирате ЦД-плеерот.
За детален опис на функциите на
ЦД-плеерот 3 199.
Надворешни уреди
Притискајте MEDIA неколку пати за
да го активирате режимот за
репродукција за поврзан
надворешен уред.
За детален опис за поврзувањето и
управувањето со надворешните
уреди 3 202.
Навигација
Притиснете HOME за да се
прикаже почетниот екран.
Изберете NAV (Навигација) за да
се прикаже картата за навигација
што ја покажува областа околу
моменталната локација.
За детален опис на функциите на
навигацијата 3 209.Телефон
Пред да може да се користи
телефонскиот портал, треба да се
воспостави поврзување помеѓу
Инфозабавниот систем и
мобилниот телефон.
За детален опис за подготвување и воспоставување Bluetooth-врска
меѓу инфозабавниот систем и
мобилен телефон 3 237.
Ако мобилниот телефон е поврзан,
притиснете HOME, па изберете
PHONE (Телефон) за да се
прикаже главниот изборник на
телефонскиот портал.
За детален опис за ракувањето со
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем 3 241.
Проекција на телефонот
За да се прикажат специфични
апликации од паметниот телефон
на Инфозабавниот систем,
поврзете го паметниот телефон.
Притиснете HOME, па изберете
PROJECTION (ПРОЕКЦИЈА) за да
ја вклучите функцијата за
проекција.Во зависност од поврзаниот
паметен телефон, се прикажува
главен изборник со различни
апликации што може да се изберат.
За детален опис 3 206.
Продавница за апликации
За да преземете дополнителни
апликации во Инфозабавниот
систем, изберете ПРОДАВНИЦА.
За детален опис 3 206.
OnStar
За да се прикаже изборник со
поставки за OnStar Wi-Fi, изберете
OnStar .
За подетални информации,
погледнете го сопственичкиот
прирачник.
Page 184 of 555

182Инфозабавнен системАко има само една ставка што
може да се зачува на екранот, се
огласува сигнал и ставката се
зачувува на соодветното екранско
копче.
Ако има повеќе од една ставка што
може да се зачуваат на екранот,
страницата со омилени елементи се минимизира и повторно се
прикажува претходниот изборник.
Изберете ставка што сакате да ја
зачувате како омилена. Се
огласува сигнал и ставката се
зачувува на соодветното екранско
копче.
Во продолжение се наведуваат
неколку примери за зачувување на
омилени елементи.
Пример: Радио станица
Притискајте RADIO за активирање
на функцијата на радиото и
саканата бранова должина.
Барајте станица што сакате да ја
зачувате како омилена 3 194.
За зачувување на оваа станица како омилена, отворете го списокот и лизгајте до страницата со
омилени елементи.Допрете го и задржете го
соодветното екранско копче за
омилени елементи додека не се
огласи звук. Станицата се зачувува како омилена.
Пример: Албум
Притискајте MEDIA и изберете го
саканиот аудио извор.
Изберете BROWSE
(РАЗГЛЕДУВАЊЕ) за да го
активирате изборникот за
прелистување и потоа изберете
ALBUMS (АЛБУМИ) 3 203.
За зачувување на еден од
албумите како омилен, отворете го
списокот и лизгајте до страницата
со омилени елементи.
Допрете го и задржете го
соодветното екранското копче за
омилениот елемент. Страницата
со омилени елементи се
минимизира и повторно се
прикажува списокот со албуми.
Изберете албум што сакате да го
зачувате како омилен. Избраниот
албум се зачувува како омилен.Пример: Destination (дестинација)
Притиснете HOME за да се
прикаже почетниот екран, па
изберете NAV (Навигација) .
Изберете DESTINATION
(ОДРЕДИШТЕ) , изберете RECENT
(ПОСЛЕДНИ) во интерактивната
лента за избор, па допрете ја
саканата дестинација во списокот
3 218.
За зачувување на оваа адреса како омилена, отворете го списокот и
лизгајте до страницата со омилени елементи.
Допрете го и задржете го
соодветното екранското копче за
омилениот елемент. Избраната
адреса се зачувува како омилена.
Пример: Телефонски број
Притиснете HOME за да се
прикаже почетниот екран, па
изберете PHONE (Телефон) .
Изберете KEYPAD (ТАСТАТУРА) и
внесете го бројот што сакате да го
повикате 3 241.
Page 208 of 555

206Инфозабавнен системКористење апликации запаметни телефони
Апликациите за проекција на
телефонот, Apple CarPlay™ и
Android™ Auto, прикажуваат
избрани апликации од паметниот
телефон на Инфозабавниот екран
и дозволуваат да се управуваат директно преку контролите за
инфозабава.
Проверете кај производителот на
уредот дали оваа функција е
компатибилна со вашиот паметен
телефон и дали оваа апликација е
достапна во земјата каде што се
наоѓате.
Подготвување на паметниот
телефон
Телефон со Android: Преземете ја
апликацијата Android Auto на вашиот паметен телефон од
Google Play™ Store.
iPhone ®
: Уверете се дека Siri ®
е
активирано на паметниот телефон.Активирање на проекцијата на
телефонот во изборникот за
поставки
Притиснете ; за да се прикаже
почетниот екран, па изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Листајте низ листата и изберете
Apple CarPlay или Android Auto за
да се прикаже подизборник.
Проверете дали е активирана
соодветната апликација.
За да се прикаже список на сите
уреди што се регистрирани за оваа функција, изберете Управувајте со
уреди .
Поврзување на мобилниот
телефон
Поврзете го паметниот телефон со
приклучокот USB 3 202.
Вклучување на проекцијата на
телефонот
За да ја вклучите функцијата за
проекција на телефонот,
притиснете ;, па изберете
PROJECTION (ПРОЕКЦИЈА) .Забелешка
Ако Инфозабавниот систем ја
препознае апликацијата, иконата
на апликацијата може да се
промени во Apple CarPlay или
Android Auto .
За да ја вклучите функцијата,
можете да притиснете и да
задржите ; неколку секунди.
Прикажаниот екран за проекција на телефонот зависи од паметниот
телефон и верзијата на софтверот.
Враќање на Инфозабавниот
екран
Притиснете ;.
Користење апликации Преку апликацијата SHOP, на
Инфозабавниот систем може да се
преземат надворешни апликации.
Регистрација на корисник
Кога првпат ќе ја активирате
апликацијата ПРОДАВНИЦА,
потребна е регистрација на
корисникот.
Page 228 of 555

226Инфозабавнен системОткажување на водењето низ
маршрутата
За да го откажете водењето низ
маршрутата, изборно можете:
● Допрете x на екранот на
картата за навигација.
● Изберете MENU (ИЗБОРНИК)
на интерактивната лента за
избор и потоа изберете Cancel
Route (Откажи рута) .
● Допрете го симболот со стрелка што го означува
следното вртење на десната
страна од екранот за приказ на
изборникот за водење низ
маршрутата.
Изберете END (КРАЈ) во
интерактивната лента за
избор.
Поставки за гласовна
навигација
Стишување
За привремено да ги стишите
говорните потсетници за
навигација, изберете y на левата
страна од екранот за картата.
Иконата се променува во z.За да го исклучите стишувањето на
системот, изберете z повторно.
Говорни потсетници
Изберете MENU (ИЗБОРНИК) во
интерактивната лента за избор и
потоа изберете Navigation Voice
Preferences (Преференци за глас
за навигација) за да се прикаже
односниот подизборник.
Ако се постави Voice Prompts - On
(Говорни потсетници - Вкл.) ,
системот ги чита гласовните
пораки за навигација при активно
водење низ маршрутата.
Поставете Voice Prompts - On
(Говорни потсетници - Вкл.) или
Voice Prompts - Off (Говорни
потсетници - Искл.) .
Ако е поставено на Off
(Исклучување) , системот не дава
говорни потсетници за навигација.
Говорни потсетници во текот на
телефонски повици
Изберете MENU (ИЗБОРНИК) во
интерактивната лента за избор и
потоа изберете Navigation Voice
Preferences (Преференци за гласза навигација) за да се прикаже
односниот подизборник. Изберете
Prompts During Phone Calls
(Потсетници при повици) .
Ако се избере On (Вклучување) ,
гласовните потсетници за
навигација се читаат и во текот на
телефонските повици.
Ако се избере Off (Исклучување) ,
нема говорни потсетници. Ако се
избере Beeps (Звуци) , се слуша
звук наместо известување.
Гласност
За приспособување на гласноста
на гласовните пораки, изберете ─
или w.
Информации за сообраќајки Список за сообраќај
За да се прикаже список на
сообраќајки во близина на
тековната локација на возилото,
притиснете HOME, па изберете
TRAFFIC (СООБРАЌАЈ) .
Можете да изберете и MENU
(ИЗБОРНИК) во интерактивната
лента за избор, па да изберете Traffic ( Сообраќај) за да се прикаже
Page 241 of 555

Инфозабавнен систем239Внесете го PIN-кодот на
инфозабавниот систем на
Bluetooth-уредот и
потврдете го внесот.
6. Инфозабавниот систем и уредот се споени и се
прикажува список со уреди.
Забелешка
Ако поврзувањето Bluetooth не
биде успешно, се прикажува
порака за дефект на екранот на
Инфозабавниот систем.
7. Доколку се достапни на Bluetooth-уредот,
телефонскиот именик и
списокот со повици ќе се
преземе на инфозабавниот
систем. Доколку е потребно,
потврдете ја соодветната
порака на смартфонот.
Забелешка
За инфозабавниот систем да ги
прочита контактите, тие реба да
се зачувани во меморијата на
мобилниот телефон.
Ако функцијата не е поддржанаод уредот со Bluetooth, сеприкажува соодветна порака на
инфозабавниот систем.
Спојување преку апликацијата за телефон
1. Притиснете HOME, а потоа
изберете ја иконата PHONE
(Телефон) .
2. Изберете го Pair Device (Уред
за спарување) .
3. Продолжете од чекор 3 од „Спојување преку апликацијата
за поставки“ (видете погоре).
4. Ако уредот е успешно споен, се
прикажува изборникот зателефон.
Забелешка
Ако поврзувањето Bluetooth не
биде успешно, се прикажува
порака за дефект на екранот на
Инфозабавниот систем.
Поврзување споен уред 1. Притиснете HOME, а потоа
изберете ја иконата SETTINGS
(Поставки) .Изберете Bluetooth (Блутут) за
да се прикаже односниот
подизборник.
2. Изберете Device Management
(Управување со уреди) за да се
прикаже списокот со уреди.
3. Изберете го уредот со Bluetooth
што сакате да го поврзете.
4. Уредот е поврзан и се прикажува во полето Connected
(Поврзано) од списокот со
уреди.
Откачување уред 1. Притиснете HOME, а потоа
изберете ја иконата SETTINGS
(Поставки) .
Изберете Bluetooth (Блутут) за
да се прикаже односниот подизборник.
2. Изберете Device Management
(Управување со уреди) за да се
прикаже списокот со уреди.
3. Изберете ╳ покрај уред со Bluetooth што е моментално
поврзан. Се прикажува порака.
4. Изберете Yes (Да) за да го
откачите уредот.
Page 243 of 555

Инфозабавнен систем241Ракување
Штом ќе се воспостави врска
преку Bluetooth помеѓу вашиот
мобилен телефон и
Инфозабавниот систем, можете да
ракувате со многу функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Не секој мобилен телефон ги
поддржува сите функции на
Порталот за телефон. Затоа,
можни се отстапувања од опсегот
на функции опишани во
продолжение.
Апликација за телефон
Притиснете HOME, а потоа
изберете ја иконата PHONE
(Телефон) за да се прикаже
односниот изборник (со симбол
телефон).
Телефонскиот портал се состои од
различни прикази што се достапни
преку табулаторите. Изберете го
саканиот табулатор.Забелешка
Главниот изборник за телефонот
е достапен само ако е поврзан
мобилен телефон со
Инфозабавниот систем преку
Bluetooth. За детален опис 3 237.
Почнување телефонски повик
Плоча со копчиња
Притиснете HOME и потоа
изберете ја иконата PHONE
(Телефон) за да се прикаже
односниот изборник.
Доколку е неопходно, изберете
KEYPAD (ТАСТАТУРА) во
интерактивната лента за избор. Се прикажува тастатура.Внесете го саканиот број и
изберете Call (Повик) . Бројот се
бира.
За бирање број за брзо бирање,
внесете го бројот и допрете го и
задржете го последниот број.
Бројот се бира.
Контакти
Притиснете HOME и потоа
изберете ја иконата PHONE
(Телефон) за да се прикаже
односниот изборник.
Доколку е неопходно, изберете
CONTACTS (КОНТАКТИ) во
интерактивната лента за избор. Се
прикажува список со контакти.
Page 244 of 555

242Инфозабавнен системЗа детален опис на списоците со
контакти 3 185.
Лизгајте до саканиот запис за
контакти.Икона со за кратка функција
Ако има само еден број за контакт, иконата за брзо бирање се
прикажува до односниот запис во
списокот со контакти.
Изберете z за директно да го
воспоставите повикот.Преглед на детали за контакт
Ако се зачувани повеќе од еден
број за контакт, изберете го
односниот контакт.
Се прикажува преглед на детали за
контакт.
Изберете еден од телефонските
броеви зачувани за контактот.
Бројот се бира.
Списоци со повици
Притиснете HOME и потоа
изберете ја иконата PHONE
(Телефон) за да се прикаже
односниот изборник.
Доколку е неопходно, изберете
RECENT (ПОСЛЕДНИ) во
интерактивната лента за избор. Се прикажува списокот со
неодамнешни повици.
Забелешка
Пропуштените повици се
означуваат со црвено во списокот
со неодамнешни повици и се
означуваат со 9 веднаш до
иконата телефон во таблата со апликации.
Изберете еден од телефонските
броеви зачувани во списокот со
неодамнешни повици. Бројот се
бира.
Омилени
Отворање страница со омилени
елементи.
Доколку е потребно, лизгајте низ
страниците.
Изберете го екранското копче на
саканиот омилен елемент.
За детален опис 3 180.
Дојдовен телефонски повик
Прифаќање телефонски повик
Ако е активен радио или
мултимедијален извор кога се
огласува повик, аудио-изворот се
стишува и останува стишен додека повикот не прекине.
На долниот дел од екранот се
прикажува порака со името или
бројот на повикувачот.
Page 246 of 555

244Инфозабавнен системВтор телефонски повик
Почнување втор телефонски повик За да воспоставите втор
телефонски повик, изберете Add
(Додавање) во прегледот на повик
во тек. Се прикажува изборникот за
телефонот.
Воспоставете втор телефонски повик. За детален опис видете
погоре.
За да го откажете
воспоставувањето на вториот
повик и да се вратите на прегледот на повик во тек, изберете Current
Call (Моментален повик) .
Двата повика се прикажани во
прегледот при повик.
Втор дојдовен телефонски повик
На долниот дел од прегледот на
повик во тек се прикажува порака
со името или бројот на
повикувачот.
Изберете Answer (Одговори) или
Ignore (Игнорирај) во пораката.
Уредување телефонски повици За да ги прекинете двата повици,
изберете End (Крај) на долниот дел
од екранот.
За да го прекинете само едниот
повик, изберете A веднаш до
односниот повик.
Конференциски повик
Изберете B за да ги споите двата
повици. Двата повици стануваат
активни.
Екранското копче B се менува
во C.
За да ги одвоите повиците,
изберете C.
Телефони
Изберете PHONES (Телефони) на
интерактивната лента за избор за
приказ на списокот на уреди.