OPEL ASTRA K 2018.75 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.75, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2018.75Pages: 365, PDF Size: 9.63 MB
Page 321 of 365

Нега на возилото319Прозорци и четкички на
бришачите на шофершајбната
Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Отстранете ги наслагите
нечистотија од замачкувачките
бришачи со мека крпа и средство
за чистење прозорци. Внимавајте и
да отстраните остатоци од восок,
инсекти и слично од стаклото.
Остатоци од мраз, загадување и постојано бришење на суви стакла
ќе ги оштети, па и уништи
бришачите.Подвижен покрив
Никогаш не чистете го со раствори или нагризувачки средства, горива,агресивни средства (на пр.
растворувачи на бои, раствори што
содржат ацетон итн.) киселини или многу алкални средства или
абразивни сунѓери. Не нанесувајте
восок или средства за полирање
врз подвижниот покрив.
Тркала и гуми
Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да се чистат со истите средства како и шасијата.
Оштетување на бојата
Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.Подвозје
Некои предели на подвозјето на
возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
повеќе заштитен восок ако е
потребно.
Битуменски/гумени материјали
може да го оштетат слојот од PVC.
Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.
Опрема за влечење
Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Капак за воздухот
Исчистете го системот отвори за
воздух на предниот браник за да се
одржи правилно функционирање.
Page 322 of 365

320Нега на возилотоНега на внатрешноста
Внатрешност и тапацир Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожниот тапацир со
чиста вода и мека крпа. Во случај
на тешка валканост користете
средство за нега на кожата.
Групата инструменти и екраните
треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.
Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особенона тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите, а
особено бензинот. Не користете компресорски млазници за
чистење.
Page 323 of 365

Сервисирање и одржување321Сервисирање и
одржувањеОпшти информации .................321
Сервисни информации ..........321
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 322
Препорачаните течности и средства за подмачкување ..322Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е
определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 119.
Европски сервисни периоди
Потребно е одржување на
возилото освен CNG (природен
гас) на секои 30.000 км или по една
година, што и да е прво, освен ако
не е укажано поинаку на екранот за сервисирање. Потребно е
одржување на возилото со CNG на
секои 15.000 км или по една
година, што и да е прво, освен ако
не е укажано поинаку на екранот за сервисирање.Покус сервисен период може да
важи за потешки услови за
возење,на пр. за таксија и за
полициски автомобили.
Европските сервисни периоди
важат за следниве држави:
Андора, Австрија, Белгија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Кипар, Чешка, Данска, Естонија,
Финска, Франција, Германија,
Грција, Гренланд, Унгарија,
Исланд, Ирска, Италија, Латвија,
Лихтенштајн, Литванија,
Луксембург, Македонија, Малта,
Монако, Црна Гора, Холандија,
Норвешка, Полска, Португалија,
Романија, Сан Марино, Србија,
Словачка, Словенија, Шпанија,
Шведска, Швајцарија,
Обединеното кралство.
Екран за сервисирање 3 119.
Меѓународни сервисни
периоди
Потребно е одржување на
возилото на 15.000 км или по една
година, што и да е прво, освен ако не е укажано поинаку на екранот за сервисирање.
Page 324 of 365

322Сервисирање и одржувањеТешки услови за работа постојат
ако често се случуваат една или
неколку од следниве околности:
Ладно стартување, тргнување и
застанување, влечење приколка,
возење по планински терен,
возење на лоша или песоклива
подлога, зголемено загадување на
воздухот, присуство на песок и
големо количество прашина во
воздухот, возење на голема
надморска висина и големи
промени на температурата. Во
овие тешки услови за работа,
можеби ќе биде потребно
сервисирање на одредени делови
почесто од редовниот сервисен
период.
Меѓународните сервисни периоди важат за државите што не се
наброени во списокот за
европските сервисни периоди.
Екран за сервисирање 3 119.Потврдувања
Потврдата на сервисирањето сеевидентира во сервисна и гарантна
книшка. Датумот и километражата
се дополнува со печат и потпис на
сервисот.
Проверете дека сервисната и
гарантна книшка е пополнета
исправно бидејќи постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако треба да се исполни каква било рекламација или
добронамерно барање, а корисно е
и при продавањето на возилото.
Период за сервисирање со
преостанатото времетраење на работниот век на моторното
масло
Сервисниот период е заснован врз
повеќе параметри зависно од
употребата.
Екранот за сервисирање Ви дава
на знаење кога да го смените
моторното масло.
Екран за сервисирање 3 119.Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течностии средства за
подмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Page 325 of 365

Сервисирање и одржување323Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на
моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозност дава информација за
густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Dexos е најновиот квалитет на
моторните масла што овозможува
оптимална заштита за бензинските
и дизел моторите. Ако не е
достапно, мора да се користат
моторни масла од другите
наброени квалитети. Препораките
за бензинските мотори важат и за
моторите што користат
компримиран природен гас (CNG),
течен нафтен гас (LPG) и етанол
(Е85).
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 327.Дотурање моторно маслоВнимание
Ако се истури масло, избришете
го и фрлете го правилно.
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Забрането е користењето моторни
масла за сите бензински мотори
само со квалитет ACEA бидејќи тоа може да предизвика оштетување
на моторот во одредени услови на
работа.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 327.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.
Класи по вискозитет на моторното
масло
SAE класата по вискозитет дава
информација за густината на
маслото.
Повеќекласното масло се означува
со две бројки, на пр., SAE 5W-30.
Првата бројка, по којашто следи W, ја означува вискозноста при ниски
температури, а втората бројка ја означува вискозноста при високи
температури.
Изберете ја соодветната класа по
вискозитет зависно од
минималната надворешна
температура 3 327.
Сите препорачани степени на
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и антифриз
Користете го само органското
киселинско долготрајно средство
за ладење (LLC) (антифриз) одобрено за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Page 326 of 365

324Сервисирање и одржувањеСистемот е фабрички наполнет со
средство за ладење конструирано
за одлична заштита од корозија и
од смрзнување до -28 °C. Во
северните земји со многу ниски
температури, фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од
смрзнување до околу -37 °C. Оваа
концентрација треба да се одржува во текот на целата година.
Употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење кои
се предвидени да дадат
дополнителна заштита од корозија
или изолација против помали
протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.Течност за миење
Користете само течност за миење
што е одобрена за возилото за да
спречите оштетување на
бришачите, бојата, пластичните и
гумените делови. Посоветувајте се
со автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот
Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.
Page 327 of 365

Технички податоци325Технички податоциИдентификација на возилото..325
Идентификациски број на возилото ................................ 325
Идентификациска табличка ..325
Идентификација на моторот . 326
Податоци за возилото .............327
Препорачани течности и средства за подмачкување ..327
Податоци за моторот .............330
Перформанси ......................... 333
Тежина на возилото ............... 335
Димензии на возилото ........... 338
Зафатнини .............................. 339
Притисоци во гумите .............340Идентификација на
возилото
Идентификациски број на возилото
Идентификацискиот број на
возилото може да е врежан на
идентификациската табличка и на
работ на подот, под покривката на
подот, видливо под капак.
Идентификацискиот број на
возилото може да е изгравиран на
таблата за инструменти, видлив
низ шофершајбната, или во
моторната преграда на десната
плоча на каросеријата.
Идентификацискатабличка
Идентификациската табличка е
сместена на рамката на предната
лева или десна врата.
Page 328 of 365

326Технички податоци
Информации на
идентификациската етикета:
1:производител2:број на одобрение на типот3:идентификациски број на
возилото4:дозволена бруто тежина на
возилото во кг5:дозволена бруто влечна
тежина во кг6:најголема дозволена
оптовареност на предната оска во кг7:најголема дозволена
оптовареност на задната оска
во кг8:податоци специфични за
возилото или за земјата
Вкупниот износ на оптовареноста
на предната и задната оска не смее
да ја надмине дозволената бруто
тежина на возилото. На пример,
ако предната оска ја носи
максимално дозволената
оптовареност, задната оска смее
да носи само товар што е еднаков
на бруто тежината на возилото
минус оптовареноста на предната
оска.
Техничките податоци се одредени
во согласност со стандардите на
Европската Заедница. Го
задржуваме правото да вршиме
измени. Спецификациите во
документите на возилото секогаш
се поважечки од оние дадени во
овој прирачник.
Идентификација на
моторот
Табелите со технички податоци ја
покажуваат идентификациската
шифра на моторот. Податоци за
моторот 3 330.
За да го идентификувате моторот, видете ја силата на моторот во
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со Вашето возило или
другите национални документи за
регистрација.
Page 329 of 365

Технички податоци327Податоци за возилотоПрепорачани течности и средства за подмачкување
Европски распореди на сервисите
Потребен квалитет на моторното маслоСите европски земји со европски период на сервисирање 3 321Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелdexos1 Gen2✔–dexos2–✔
Само мотори на дизел: Во случај да не е достапен квалитетот на dexos, може да користите максимум еден литар
моторно масло со квалитет АСЕА С3 еднаш меѓу секое менување на маслото.
Класи по вискозитет на моторното масло
Сите европски земји со европски период на сервисирање 3 321Околна температураБензински и мотори на дизелдо -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40SAE 5W-30 или SAE 5W-40под -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40
Page 330 of 365

328Технички податоциМеѓународен распоред на сервисиПотребен квалитет на моторното маслоСите држави со меѓународен период на сервисирање 3 321Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелdexos1 Gen2✔–dexos2–✔
Во случај да не е доставен квалитетот на dexos може да користите квалитет на масла наведени во продолжение:
Сите држави со меѓународен период на сервисирање 3 321Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелACEA A3/B4–✔ACEA C3–✔
Класи по вискозитет на моторното масло
Сите држави со меѓународен период на сервисирање 3 321Околна температураБензински и мотори на дизелдо -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40SAE 5W-30 или SAE 5W-40