OPEL ASTRA K 2018 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2018Pages: 361, PDF Size: 9.35 MB
Page 301 of 361

Нега на возилото299Менување на големината
на гумите и тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
Ако ставите тркала друга
големина, заменете ја
налепницата со притисоците во
гумите и преинсталирајте го
системот за откривање на
издишаноста на гумите. 3 2939 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе ја поништи
дозволата за работа на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Синџири за гуми
Синџирите за гуми само на
предните тркала смеат да се
ставаат.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
Page 302 of 361

300Нега на возилото9Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџирите за гуми се дозволени за
гуми со големина 195/65 R15,
205/55 R16 и 215/55 R16.
Привремено резервно тркало
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шарата
на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на
страничниот ѕид од гумата не може да се поправат со комплетот за
поправање гуми.
9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Кај хечбек со 5 врати, комплетот за
поправање гуми е од десната
страна во товарниот простор зад
капак.
Кај Sports Tourer, комплетот за
поправање гуми се наоѓа во
куферче од десната страна во
товарниот простор зад капак.
Куферчето е врзано со ремен.
1. Отстранете го заптивното шише.
2. Вметнете палец во отворот и извлечете го компресорот.
Page 303 of 361

Нега на возилото301
3. Извадете го кабелот заповрзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Одвртете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресоротмора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
10. Поставете го преклопникот на
компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
Page 304 of 361

302Нега на возилото11. Мерачот за притисок накомпресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумите би требало да се
достигне во рок од десет
минути.
Притисок во гумите 3 334.
Кога ќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
десет минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
десет минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од десет минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете
го цревото за пумпање на гуми
на слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете ја во видното поле на возачот.
17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од десет минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумите.
Page 305 of 361

Нега на возилото303Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, поставете
го до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот безбедносен вентил се отвора при притисок од седум
бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со
заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Испорачаните адаптери може да
се користат за пумпање други
работи, на пр. фудбалски топки,
душеци, базени за надувување и
сл. Тие се наоѓаат од долната
страна на компресорот. За да се
извади, притегнете го цревото за
воздух на компресорот и
извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 300.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте на рамна, тврда и нелизгава површина.
Предните тркала треба да
бидат наместени право.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.
● Извадете го резервното тркало
3 306.
Page 306 of 361

304Нега на возилото● Не менувајте повеќе од еднотркало одеднаш.
● Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела најмногу еден см) под
дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Исчистете ги навртките за тркалото и навојот со чистакрпа пред да го монтирате
тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Откачете ги капачињата на навртките на тркалото со
шрафцигер и извадете ги. За
алуминиумски тркала, ставете
мека крпа под шрафцигер.
Извлечете ја раткапната.
Прирачен алат 3 290.
2. Отворете го клучот за тркалата
и ставете го уверувајќи се дека
е наместен цврсто и
разлабавете ја секоја навртка
на тркалото за половина
вртење.
3. Уверете се дека дигалката е правилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
Page 307 of 361

Нега на возилото305
4. Поставете ја дигалката напотребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Проверете дали работ на
телото се вклопува во жлебот
на дигалката.
Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од земјата. Не подигнувајте ја
дигалката повеќе.
5. Отшрафете ги навртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 306.
7. Зашрафете ги навртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото и тргнете
ја дигалката.
9. Ставете го клучот за тркалата, уверете се дека е наместен
безбедно, па стегнете ја секоја
навртка по наизменичен (вкрстен) редослед. Затезниотмомент е 140 Nm.
10. Наместете го отворот за вентилот во раткапната до
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на навртките на тркалото.
11. Складирајте ги сменетото тркало 3 306 и прирачните
алати 3 290.
12. Проверете го притисокот на монтираната гума изатегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно
поскоро.
Page 308 of 361

306Нега на возилотоПоложба за дигање за
дигалката со платформа за
дигање
Положбата за задната рачка на
платформата за дигање е под
задниот жлеб на прагот.
Положбата за предната рачка на
платформата за дигање е кај
подвозјето.
Резервно тркало
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за
привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
помош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.
Резервното тркало има челична
рамка.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало е сместено во товарниот простор под покривката
на подот.
Page 309 of 361

Нега на возилото307За да го извадите:1. Отворете го капакот на подот 3 89.
2. Резервното тркало е прицврстено со навртка со
крилца. Одвртете ја навртката
за да го извадите резервното
тркало.
Под резервното тркало има
кутија со прирачен алат.
3. Кога, по замена на тркалото, нема да се стави тркало во
дупката за резервното тркало,
прицврстете ја кутијата со
алати затегнувајќи ја
пеперужната навртка додека
може да оди и затворете го
капакот на подот.
4. По промената на целосното тркало, поставете го
резервното тркало надвор во
просторот за резервното тркало
и прицврстете го со
пеперужната навртка.Складирање оштетено целосно
тркало во товарниот простор,
хечбек со 5 врати
Дупката на резервното тркало не е
конструирана за други големини на гуми освен за резервното тркало.
Оштетено тркало со целосна
големина треба да се складира во
товарниот простор и да се
прицврсти со каиш. Прирачен алат 3 290. За прицврстување на
тркалото:
1. Наместете го тркалото со надворешната страна нагоре
близу до едниот страничен ѕид
на товарниот простор.2. Протнете го крајот со јамка од ременот низ предната алка за
врзување на соодветната
страна.
3. Протнете го крајот на ременот со куката преку јамката и
повлекувајте го додека ременот
не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.
4. Вметнете го каишот преку спиците на тркалото како што е
покажано на илустрацијата.
Page 310 of 361

308Нега на возилото5.Монтирајте ја куката на задната
алка за врзување.
6. Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.9 Опасност
Секогаш возете со исправени и
заглавени потпирачи на задните
седишта кога складирате
оштетено тркало со целосна
големина во товарниот простор.
Складирање оштетено целосно
тркало во товарниот простор,
Sports Tourer
Сите дозволени големини на
тркалото може да се постават во
просторот за резервното тркало.
За прицврстување на тркалото:
1. Отстранете го средишниот капак со амблем туркајќи го
однатре.
2. Поставете го тркалото со надворешниот дел надолу во
просторот за тркалото.
3. Прицврстете го оштетеното тркало со пеперужната навртка.
4. Зависно од големината на гумата, капакот на подот може
да се постави на тркалото.
Привремено резервно тркалоВнимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.
Ако на вашето возило му се издише
гума одзади додека влече друго
возило, ставете го привременото
резервно тркало напред, а
предното исправно тркало назад.
Синџири за гуми 3 299.
Резервно тркало со насочна
гума
Ако е возможно, монтирајте ги
еднонасочните гуми така што тие
ќе се вртат во насоката на