engine OPEL ASTRA K 2020 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2020Pages: 349, PDF Size: 27.42 MB
Page 20 of 349

18Накратко● Не нагазнувајте го педалот загас.
● Мотори на дизел: почекајте додека контролната
сијаличка ! за предзагревање
се изгасне.
● Свртете го клучот во положба 3 и отпуштете го откако
моторот ќе стартува.
Палење на моторот 3 176.
За да го вратите клучот од положба 2 во 1 или 0, прво притиснете го
клучот до крај кон управувачкиот
столб.
Копче за вклучување ● Притиснете го Engine Start/Stop неколку
секунди додека не се запали зелената сијаличка.
● Помрднете го воланот малку за
да се ослободи бравата на
воланот.
● Рачен менувач: нагазнете ги педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач:
нагазнете ја педалата насопирачката и ставете ја
рачката на менувачот во P
или N.
● Не нагазнувајте го педалот за гас.
● Мотори на дизел: почекајте додека контролната
сијаличка ! за предзагревање
се изгасне.
● Притиснете Engine Start/Stop и
отпуштете.
Палење на моторот 3 176.
Систем за сопирање-поаѓање
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено и одредени услови
се исполнети, Autostop е вклучен.
Autostop е покажано на
вртежометарот со иглата во
положба AUTOSTOP .
Систем за сопирање-поаѓање
3 178.
Page 118 of 349

116Инструменти и контролиАко количеството на гориво е мало,
контролната сијаличка r свети.
За мотори со два вида гориво: во
режим на бензин, контролната
сијаличка r светнува пред иглата
да стигне во црвената област.
Наполнете гориво веднаш ако r
трепка.
Никогаш не дозволувајте
резервоарот за гориво да се
испразни докрај.
Поради горивото што останува во
резервоарот, количеството при
полнењето може да биде помалку
од определената зафатнина на
резервоарот за гориво.Мерач за температурата
на течноста за ладење намоторот
Ја прикажува температурата на
течноста за ладење.
50:уште не е достигната работната
температура на
моторотсредишна
зона:нормална работна
температура130:температурата е
превисокаВнимание
Ако температурата на течноста
за ладење на моторот е
превисока, запрете го возилото, изгаснете го моторот. Опасност
за моторот. Проверете го
новито на течноста за ладење.
Екран за сервисирање
Системот за контрола на
работниот век на моторното масло
информира кога треба да се
сменат моторното масло и
филтерот. Врз основа на условите
за возење, периодот при којшто ќе
се укаже на менување на
моторното масло и филтерот може
да варира во голема мера.
Кога системот пресметал дека
работниот век на моторното масло
се намалил, Change Engine Oil
Soon (Наскоро сменете го
моторното масло) се појавува во
Информативниот центар за
возачот. Моторното масло и
филтерот треба да ги замени
Page 175 of 349

Возење и ракување1730:исклучено палење: Некои
функции остануваат активни
додека не се извади клучот или
не се отвори возачката врата,
под услов палењето да било
вклучено претходно1:режим за помошно напојување:
Заклучувањето на воланот се
отпушта, некои електрични
функции работат, палењето е
исклучено2:режим за напојување со
вклучено палење: Палењето е
вклучено, дизел моторот се
предзагрева. Контролните
сијалички светат и може да се
ракува со повеќето електрични
функции. За да го свртите
клучот од положба 2 во 1 или
0 , прво притиснете го клучот до
крај кон управувачкиот столб.3:стартување на моторот:
Отпуштете го клучот откако ќе
почне стартувањето
Заклучување на воланот
Извадете го клучот од
прекинувачот за палење и вртете
го воланот додека да се заглави.
9 Опасност
Не вадете го клучот од
прекинувачот за палење при
возење затоа што тоа ќе го
блокира воланот.
Копче за вклучување
Електронскиот клуч мора да е
внатре во возилото.
Режим за помошно напојување
Притиснете Engine Start/Stop
еднаш без да ракувате со
куплунгот или педалата на
сопирачката. Жолтата сијаличка во
копчето се пали. Заклучувањето на воланот се отпушта и некои
електрични функции работат,
палењето е исклучено.
Page 176 of 349

174Возење и ракувањеРежим за напојување со вклучено
палење
Притиснете и држете
Engine Start/Stop за 6 секунди без
да ракувате со куплунгот или
педалата на сопирачката.
Зелената сијаличка во копчето се
пали, дизел моторот се
предзагрева. Контролните
сијалички светат и може да се
ракува со повеќето електрични
функции.Стартување на моторот
Кратко притиснете
Engine Start/Stop додека:
● рачен менувач: го притискате куплунгот,
● автоматски менувач: ја притискате педалата за
сопирачките, а рачката на
менувачот е во P или N.
Палење на моторот 3 176.Исклучено палење
Кратко притиснете
Engine Start/Stop кога е активиран
Autostop или кога моторот работи и
возилото е во мирување.Автоматски менувач: активирајте
ја рачната сопирачка и ставете во P .
Притиснете Engine Start/Stop
кратко без да притискате на
педалата за куплунгот или
сопирачките во режим за
напојување.
Некои функции остануваат активни
додека не се отвори возачката
врата, под услов палењето да било
вклучено претходно.Итно исклучување при возење
Притиснете Engine Start/Stop
подолго од 2 секунди или
притиснете двапати кратко во рок
од 5 секунди 3 176.
Заклучување на воланот
Заклучувањето на воланот се
активира автоматски кога:
● Возилото е во мирување.
● Палењето е исклучено.
● Возачката врата е отворена.
За да се отклучи воланот, отворете ја и затворете ја возачката врата и
вклучете го режимот за додатоци
или директно стартувајте го
моторот.9 Предупредување
Ако акумулаторот е испразнет,
возилото не смее да се влече,
да се пали со влечење
однапред или со туркање
одзади бидејќи бравата на
воланот не може да се
ослободи.
Ракување кај возилата со
систем на електронски клуч во случај на дефект
Ако некој од електронските клучеви потфрли или батеријата на
електронскиот клуч е слаба,
Информативниот центар за
возачот може да прикаже No
Remote Detected (Не е откриен
далечински управувач) или
Replace Battery in Remote Key
Page 177 of 349

Возење и ракување175(Заменете ја батеријата во клучот
со далечинско) кога сакате да го
стартувате возилото.
Поставете го електронскиот клуч
единствено центриран во областа
на предавателот во надолжната
насока рамен со копчиња превртен
како што е прикажано на сликата.
Илустрациите покажуваат
различни верзии.
Други предмети, на пр, други
клучеви, транспондер, тагови,
монети итн. мора да бидат
отстранети од средишната
конзола.
Притиснете го куплунгот (рачен
менувач) или педалата на
сопирачките (автоматски менувач)
и притиснете Engine Start/Stop .
За да го изгаснете моторот,
притиснете Engine Start/Stop
повторно. Извадете го
електронскиот клуч од средишната
конзола.
Оваа опција е наменета само за
хаварии. Заменете ја батеријата на електронскиот клуч што е можно
поскоро 3 23.
За отклучување или заклучување на вратите, видете во дефект на
уредот на далечинскиот управувач или на системот на електронскиот
клуч 3 26.
Задржано исклучување
Следниве електронски системи
можат да работат додека се отвори
возачката врата или десет минути
откако ќе се исклучи палењето:
● електричните прозорци
● подвижен покрив
● штекери за напојување
Page 178 of 349

176Возење и ракувањеПалење на моторотВозила со прекинувач за
палење
Свртете го копчето во положба 1 за
да се ослободи бравата на
воланот.
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положба 2 за предзагревање и
почекајте да се изгасне
контролната сијаличка !.
Свртете го клучот накратко во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот го пушта автоматска
постапка со кратка пауза додека
моторот не проработи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“.
Рачен менувач: за време на
Autostop, моторот може да се
запали со притискање на педалата на куплунгот 3 178.
Автоматски менувач: за време на
Autostop, моторот може да се
запали со отпуштање на педалата
за сопирачките 3 178.Возила со копче за вклучување
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Кратко притиснете
Engine Start/Stop : анласерот го
активира автоматска постапка со
кратка пауза додека моторот не
проработи, видете го делот за
автоматска контрола на анласерот.
Page 179 of 349

Возење и ракување177За да го исклучите моторот додека
возилото е во мирување, кратко
притиснете Engine Start/Stop .
Автоматски менувач: активирајте
ја рачната сопирачка и ставете во
P .
За да го стартувате моторот за
време на Autostop:
● Рачен менувач: за време на Autostop, моторот може да се
запали со притискање на
педалата на куплунгот 3 178.
● Автоматски менувач: за време на Autostop, моторот може да
се запали со отпуштање на
педалата за сопирачките
3 178.
Итно исклучување на моторот
при возење
Ако моторот треба да се исклучи
при возење во итен случај, држете
го Engine Start/Stop подолго од
2 секунди или притиснете го
двапати кратко во рок од
5 секунди.9 Опасност
Исклучување на моторот за
време на возењето може да
предизвика губење поддршка за системите за сопирање и за
управување. Системите за
помош и на воздушни
перничиња се исклучуваат.
Светлата за осветлување и на
сопирачките се гасат. Затоа
гасете го моторот и
исклучувајте го палењето при
возење само кога е потребно
при итен случај.
Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси и доволно наполнет акумулатор.При температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу 5 минути.
Рачката на менувачот мора да
биде во положбата P.
Автоматска контрола на
анласерот
Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот. Возачот не треба да го држи клучот во положба 3 или да го држи
Engine Start/Stop притиснато. Штом
се применува, системот ќе
продолжи да запали автоматски
додека не проработи моторот.
Поради постапката за
проверување моторот
проработува по кратка пауза.
Page 188 of 349

186Возење и ракувањеРезервоар за AdBlue
Нивото на резервоарот за AdBlue може да се најде во изборникот за
приказ.
Предупредувања за нивотоВо зависност од пресметаното
растојание за AdBlue, во
Информативниот центар за
возачот се прикажуваат различни
пораки. Пораките и
ограничувањата се законска
обврска.
Првото можно предупредување е
AdBlue Range: (Опсег AdBlue:)
2400 км .
Ова предупредување ќе се
прикаже еднаш кратко со
пресметаното растојание.
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
Во следново ниво се влегува кога
растојанието е помало од 1750 км.
Пораката со тековното растојание ќе се прикажува секогаш кога ќе се
вклучи палењето и треба да сепотврди 3 126. Дополнете AdBlue
пред да влезете во следното ниво
за предупредување.
Кога растојанието со AdBlue е под
900 км, наизменично се
прикажуваат следниве пораки за
предупредување и не можат да се
отфрлат:
● AdBlue Low Refill Now (AdBlue
е при крај, дополнете веднаш)
● Engine Restart Prevented in
(Рестартирање на моторот е
спречено во) 900 км
Дополнително, контролната
сијаличка Y трепка постојано.
Забелешка
Во случај на голема потрошувачка
на AdBlue, Информативниот
центар за возачот може да го
прикаже ова предупредување без
претходните фази на
предупредување.
Во последното ниво на
предупредување се влегува кога
резервоарот за AdBlue е празен.
Моторот не може повторно да се
стартува. Наизменично сеприкажуваат следниве пораки за
предупредување и не можат да се
отфрлат:
● AdBlue Empty Refill Now (Нема
AdBlue, дополнете веднаш)
● Engine Will Not Restart
(Моторот нема да стартува)
Дополнително, контролната
сијаличка Y трепка постојано.
Кога е активно спречувањето на
стартувањето на моторот, ќе се
прикаже следнава порака:
Refill AdBlue To Start Vehicle
(Дополнете AdBlue за да го
стартувате возилото) .
Резервоарот мора целосно да се наполни со AdBlue, затоа што во
спротивно моторот нема да може
да стартува 3 322.
Предупредувања за многу
издувни гасови
Ако издувните гасови се зголемат
над одредена вредност,
предупредувања слични на
предупредувањата за опсегот ќе се
прикажат во Информативниот
центар за возачот.