OPEL ASTRA K 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2020Pages: 349, PDF Size: 27.42 MB
Page 31 of 349
Клучеви, врати и прозорци29Системот се заклучува ако се
случи нешто од следново:
● Поминале повеќе од 5 секунди по отклучување.
● Копчето на надворешна рачка било притиснато двапати во
рок од 3 секунди за
отклучување на возилото.
● Секоја врата била отворена и сите врати сега се затворени.
Ако возачката врата не е добро
затворена, електронскиот клуч
останува во возилото или
палењето не е исклучено, нема да
се дозволи заклучување.
Ако имало два или повеќе
електронски клучеви во возилото и
палењето било вклучено еднаш,
вратите ќе се заклучат дури и ако
само еден електронски клуч се
изнесе од возилото.
Отклучување и отворање на
задната врата
Задната врата може да се отклучи
и да се отвори без раце со
движење на стапалото под задниот браник или со туркање на копчето
за задната врата под амблемот набрендот кога електронскиот клуч е
во опсег. Вратите остануваат
заклучени.
Товарен простор 3 33.
Ракување со копчињата на
електронскиот клуч
Системот на централната брава
исто така може да се ракува со копчињата на електронскиот клуч.
Притиснете c за да отклучите.
Притиснете e за да заклучите.
Притиснете X двапати за да ја
отклучите и отворите само
електричната задна врата. За да
спречите ненамерно отворање на
задната врата, X мора да се
притисне подолго при заклучување
или отклучување.
Ракување со далечинскиот
управувач 3 26.
Пасивно заклучување
Автоматско заклучување 3 31.
Потврдување
Ракувањето со системот на
централната брава се потврдува
со предупредувачките трепкачи.
Предуслов за ова е дека
поставувањето се активира во
приспособување кон
индивидуалните потреби 3 138.
Копчиња за централната брава
Заклучување и отклучување на
сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот од
патничкиот простор со прекинувач
на панелот на возачката врата.
Page 32 of 349
30Клучеви, врати и прозорци
Притиснете e за да заклучите.
Притиснете c за да отклучите.
Ракување со клучот во случај на
дефект на системот на
централната брава
Во случај на дефект, на пример,
испразнет акумулатор или
батерија на далечинската контрола
или електронскиот клуч, возачката
врата може да се заклучи или
отклучи со механичкиот клуч.
Цилиндерот на бравата во
возачката врата е покриен со
капаче.Далечински управувач: за да го
отстраните капачето, вметнете го
клучот во жлебот на дното на
капачето и завртете го клучот
нагоре.
Клучеви 3 21.Електронски клуч: за да го
отстраните капачето, притиснете
го копчето на задната страна и
извадете го сечилото на клучот од
куќиштето. Вметнете го клучот во
жлебот на дното на капачето и
завртете го клучот нагоре.
Систем на електронскиот клуч
3 23.
Page 33 of 349
Клучеви, врати и прозорци31Рачно отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со вметнување и вртење на клучот
во цилиндарот на бравата.
Другите врати може да се отворат
со повлекување на внатрешната
рачка двапати или со притискање
c од панелот на вратата на
возачот. Товарниот простор и
вратичката на резервоарот
веројатно нема да се отклучат.
Кога ќе се вклучи палењето, се
исклучува системот за заштита од
кражба.
Рачно заклучување
Притиснете го внатре копчето за
заклучување на сите врати освен
вратата на возачот или притиснете
e на панелот на вратата на
возачот. Потоа затворете ја
возачката врата и заклучете ја од
надвор со вртење на клучот во
цилиндарот на бравата.
Вратичката на резервоарот за
гориво и задната врата
најверојатно не се заклучени.
По заклучувањето, покријте го
цилиндерот на бравата со
капачето: ставете го капачето со
долната страна во жлебовите,
завртете и притиснете го капачето
додека не се вклопи на горната
страна.
Автоматско заклучување Автоматско заклучување по
поаѓање
Оваа безбедносна функција може да се конфигурира да ги заклучува
сите врати, товарниот простор и
Page 34 of 349
32Клучеви, врати и прозорцивратичката на резервоарот
автоматски кога се вози и ќе се
надмине одредена брзина.
Кога е во мирување по возење,
возилото ќе се отклучи автоматски
штом се извади клучот од
прекинувачот за палење, или со
системот на електронски клуч кога палењето е исклучено.
Активирањето или
деактивирањето на автоматското
заклучување може да се постави
во изборникот Settings (Поставки) I
Vehicle (Возило) на Инфо-екранот.
Инфо-екран 3 134.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 138.
Поставката може да се зачува за
далечинскиот управувач или за
електронскиот клуч што се користи
3 25.
Автоматско повторно
заклучување по отклучувањето
Оваа функција може да се
конфигурира да ги заклучува сите
врати, товарниот простор и
вратичката на резервоаротавтоматски кратко по
отклучувањето со далечинскиот
управувач или електронскиот
клуич под услов ниедна врата да не
била отворена.
Активирањето или
деактивирањето на автоматското повторно заклучување може да сепостави во изборникот Settings
(Поставки) I Vehicle (Возило) на
Инфо-екранот.
Инфо-екран 3 134.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 138.
Поставката може да се зачува за
далечинскиот управувач или за
електронскиот клуч што се користи 3 25.
Пасивно заклучување Во возилата со систем на
електронски клуч, оваа функција го
заклучува возилото автоматски по
неколку секунди ако претходно бил
препознаен електронски клуч во
возилото, сите врати потоа биле
затворени, а електронскиот клуч не останал во возилото.Ако електронскиот клуч остане во
возилото или палењето не е
исклучено, пасивното заклучување
нема да биде дозволено.
Ако имало два или повеќе
електронски клучеви во возилото и палењето било вклучено еднаш,
функцијата го заклучува возилото
ако само еден електронски клуч се
изнесе од возилото.
За да спречите пасивно
заклучување на возилото, на
пример, кога полните гориво или
ако патниците останат во возилото,
системот мора да се оневозможи.
За да го оневозможите системот,
притиснете го копчето за
централно заклучување c неколку
секунди додека една врата е
отворена. Ќе се слушнат три звучни
сигнали за да се потврди
деактивирањето. Функцијата
останува оневозможена сè додека
не се притисне копчето за
централно заклучување e или не се
вклучи палењето.
Page 35 of 349
Клучеви, врати и прозорци33Активирањето или
деактивирањето на пасивното
заклучување може да се постави
во изборникот Settings (Поставки) I
Vehicle (Возило) на Инфо-екранот.
Инфо-екран 3 134.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 138.
Поставката може да се зачува за
електронскиот клуч што се користи 3 25.
Детски брави9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Поместете ја иглата во задната
врата нанапред. Вратата не може
да се отвори однатре.
За да го деактивирате, поместете
ја иглата на задната позиција.
Врати
Товарен простор
Задна врата
ОтворањеХечбек со 5 врати
По отклучувањето, притиснете го
копчето на задната врата под
амблемот и отворете ја задната врата.
Page 36 of 349
34Клучеви, врати и прозорциSports Tourer
По отклучувањето, притиснете го
копчето на задната врата под
украсот на задната врата и
отворете ја задната врата рачно.
Централна брава 3 26.
Затворање
Користете една од внатрешните
рачки.
Не притискајте го копчето за
задната врата додека затворате бидејќи така повторно ќе ја
отклучите задната врата.
Централна брава 3 26.
Електрична задна врата9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричната задна врата.
Ризик од повреда, особено за
децата.
Внимавајте многу на
подвижната задна врата кога
работите со неа. Уверете се
дека ништо не се приклешти за време на ракувањето и никој не
стои во пределот на движењето.
Електричната задна врата може да се управува со:
● Притискање X два пати на
електронскиот клуч. За да
спречите ненамерно отворање на задната врата, X мора да се
притисне подолго при
заклучување или отклучување.
● Ракување без раце со сензорот
за движење под задниот
браник.
Page 37 of 349
Клучеви, врати и прозорци35● Копчето на задната врата поднадворешната лајсна на
задната врата и C во
отворената задна врата.
● Прекинувачот C на
внатрешниот дел од вратата
кај возачот.
Кај возилата со автоматски менувач, со задната врата може да
се ракува само кога возилото е во
мирување и рачката на менувачот
е во P.
Трепкачите трепкаат и се слуша
мелодија кога работи
електричната задна врата.
Забелешка
Ракувањето со електричната
задна врата не ја опслужува
централната брава. За да ја
отворите задната врата со
копчето на електричниот клуч или
со копчето за задната врата или
со функцијата за слободни раце,
не е неопходно да го отклучите
возилото. Предуслов е
електронскиот клуч да биде
надвор од возилото, на
растојание од приближно 1 м од
задната врата.Не го оставајте електронскиот клуч во товарниот простор.
Заклучете го возилото по
затворањето, ако претходно било
отклучено.
Централна брава 3 26.
Ракување со електронскиот клуч
Притиснете X двапати за да ја
отворите или затворите задната
врата. За да спречите ненамерно
отворање на задната врата, X
мора да се притисне подолго при заклучување или отклучување.
Ракување без раце со сензорот за
движење под задниот браник
За да ја отворите или затворите
задната врата, придвижете го
стапалото под задниот браник напред-назад во делот прикажан
на илустрацијата. Ако има помош
за паркирање, областа се
препознава под прикажаниот
сензор. Не држете го стапалото
подолго или не движете го
премногу бавно под браникот.
Електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото во опсег од
околу 1 м од задната врата.
Page 38 of 349
36Клучеви, врати и прозорци9Опасност
Не допирајте ги деловите од
возилото под возилото при
активна функција за слободни
раце. Постои ризик од повреда
од жешките делови на моторот.
Ракување со копчето на задната
врата под надворешната лајсна на
задната врата
За да се отвори задната врата,
притиснете го копчето на задната
врата под лајсната на задната
врата додека задната врата не
почне да се движи. Ако возилото е
заклучено, електронскиот клуч
мора да биде надвор од возилото
во опсег од околу 1 м од задната врата.
За да се затвори, притискајте го
C во отворената задна врата
додека таа не почне да се движи.
Ракување со прекинувачот на
внатрешниот дел од вратата кај
возачот
Притискајте C на внатрешниот
дел од вратата кај возачот, додека
задната врата не почне да се
отвора и затвора.
Page 39 of 349
Клучеви, врати и прозорци37Запрете го движењето или сменете
ја насоката на истото
За да го запрете движењето на
задната врата веднаш:
● притиснете X еднаш на
електронскиот клуч или
● притиснете го копчето на задната врата под
надворешната лајсна на
задната врата или
● притиснете C на отворената
задна врата или
● притиснете C на
внатрешниот дел од вратата кај возачот.
Повторното притискање на едниот
од прекинувачите ќе го смени
правецот на движење.
Режими на ракувањето
Електричната задна врата има три
режими на ракување, кои ги
контролира прекинувачот C во
возачката врата. За да се смени
режимот, свртете го прекинувачот:
● Нормален режим MAX:
Електричната задна врата се отвора до целосната височина.
● Посреден режим 3/4:
Електричната задна врата се
отвора до намалена височина
што може да се прилагоди.
● Режим Off: Со задната врата
може да се ракува само рачно.
Наместете ја намалената височина
при отворањето во средниот
режим
1. Свртете го прекинувачот за работниот режим на 3/4.
2. Отворете ја електричната
задна врата со било кој
прекинувач за ракување.
3. Запрете го движењето во саканата височина со
притиснување на било кој
прекинувач за ракување. Ако е
потребно, рачно поместете ја
запрената задна врата во
саканата положба.
4. Притиснете го и задржете го копчето C од внатрешната
страна на отворената задна
врата 3 секунди.
Page 40 of 349
38Клучеви, врати и прозорциЗабелешка
Прилагодувањето на висината на
отворањето треба да се
програмира на рамно.
Ќе се слушне мелодија што ја
означува новата поставка и
трепкачите ќе трепкаат.
Намалената височина може да се постави само при агол на отворање
поголем од 30°.
Кога се врти тркалцето за местење во возачката врата на средниот
режим 3/4, електричната задна
врата ќе престане да се отвара во
новопоставената положба.
Задната врата може да се држи
отворена само ако е над
минималната височина (најмал
агол на отворање од 30°).
Височината при отворањето не може да се програмира под таависочина.
Безбедносна функција
Ако електричната задна врата
наиде на пречка за време на
отворањето или затворањето,
насоката на движењето
автоматски ќе се смени малку.Повеќе пречки во еден електронски циклус ќе ја деактивираат
функцијата. Во тој случај,
затворете ја или отворете ја
задната врата рачно.
Електричната задна врата има
сензори за приклештување од
страничните рабови. Ако
сензорите приметат пречки помеѓу
задната врата и шасијата, задната
врата ќе се отвора додека не се
активира повторно или не се
затвори рачно.
На безбедносната функција
укажува предупредувачка
мелодија.
Отстранете ги сите пречки пред да
се врати обичното електронско
работење.
Ако возилото е опремено со
фабрички монтирана опрема за
влечење и електрично е
приклучена приколка,
електричната задна врата може да се отвори само со копчето за
задната врата или да се затвори со G во отворената задна врата.
Уверете се дека нема пречки во
пределот на движењето.Преоптоварување
Ако електричната задна врата се
активира на кратки интервали,
функцијата ќе биде оневозможена некое време. Придвижете ја
задната врата рачно до крајната
позиција за да го ресетирате
системот.
Општи практични совети за ракување со задната врата9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата,
на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи во возилото
може да навлезат отровни
издувни гасови што не можат да
се видат или намирисаат. Тоа
може да предизвика несвест и
дури смрт.