OPEL CASCADA 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: CASCADA, Model: OPEL CASCADA 2014.5Pages: 281, PDF Size: 7.51 MB
Page 191 of 281

Возење и ракување189
Сообраќајни знаци
Почеток и крај на:
■ автопати
■ регионални патишта
■ улици за играњеДополнителни знаци ■ дополнителни знаци на сообраќајните знаци
■ ограничување за влечење приколки
■ предупредување за влажност
■ предупредување за мраз
■ стрелки за насока
Знаците за ограничување на
брзината се прикажуваат на
Информативниот центар за
возачот додека не се регистрира
следен знак за ограничување или
престанок на ограничувањето на
брзината, или додека измине
определеното време на знакот.
Возможни се комбинации на
повеќе знаци на екранот.
Извичник во рамка укажува дека е
откриен дополнителен знак што системот не го препознава.
Системот е активен до брзина од
200 км/ч, зависно од условите на
осветленост. Ноќе системот е
активен до брзина од 160 км/ч.
Штом брзината ќе се намали под
55 км/ч, екранот се ресетира и
содржината на страницата со
сообраќајни знаци се брише,
на пр. кога се влегува во градска
зона. Означувањето на следната
препозната брзина ќе се прикаже.
Индикации на екранот
Page 192 of 281

190Возење и ракување
Сообраќајните знаци се
прикажуваат на страницата Traffic
sign detection (Откривање на
сообраќајни знаци) на
Информативниот центар за
возачот, одбрана преку тркалцето
за местење на рачката за
трепкачите 3 106.
Кога е избрана друга функција на
изборникот на Информативниот
центар за возачот и потоа повторно
ќе се одбере страницата
Забележување сообраќајни знаци ,
ќе се прикаже последниот
препознаен сообраќаен знак.
Откако системот ќе ја избрише
страницата со сообраќајни знаци,
се појавува следниов симбол:
Содржината на страницата за
сообраќајни знаци се брише и за
време на возењето со притискање
на копчето SET/CLR на рачката за
трепкачите подолго време.Функција за појавувачки
индикации
Ограничувања на брзината и знаци
за забранување на преминувањето се прикажуваат како појавни
прозорци на секоја страница на
Информативниот центар за
возачот.
Page 193 of 281

Возење и ракување191
Функцијата може да се исклучи на
страницата со сообраќајни знаци со притискање на копчето
SET/CLR на рачката за трепкачот.
Штом ќе се појави страницата за
поставки, изберете Off
(исклучување) за да ја исклучите
функцијата за појавување. Се
активира повторно со избирање на On (Вкл.) . При вклучување на
палењето, функцијата за
појавувачки индикации е
исклучена.
Појавувачката индикација се
прикажува околу 8 секунди во
Информативниот центар за
возачот.
Дефект
Системот за помош со сообраќајни знаци може да не работи правилно
кога:
■ пределот на шофершајбната каде што се наоѓа предната
камера не е чист
■ сообраќајните знаци се целосно или делумно прекриени или
тешко се распознаваат
■ има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,
снег, директна сончева светлина
или сенки. Во таков случај NoTraffic Sign Detection due to
Weather (нема приметување на
сообраќајните знаци поради
времето) се означува на екранот
■ сообраќајните знаци се неправилно монтирани или се
оштетени
■ сообраќајните знаци не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни знациВнимание
Системот е наменет да му
помага на возачот во опсегот на
одреден обем на брзини за дараспознава извесни
сообраќајни знаци. Не ги
игнорирајте тие сообраќајни
знаци кои не ги прикажува
системот.
Системот не распознава други
сообраќајни знаци, освен
вообичаените, кои можат да
пропишат или завршат
ограничување на брзината.
Page 194 of 281

192Возење и ракувањеНе дозволувајте оваа посебна
функција да Ве наведе да
ризикувате кога возите.
Секогаш приспособувајте ја
брзината кон условите на патот.
Системите за помош на возачот не го ослободуваат возачот од
целосната одговорност за
работење со возилото.
Предупредување за
напуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање на лента ги набљудува
обележувањата на лентите помеѓу коишто возилото се вози преку
една предна камера. Системот ги
детектира менувања на лентата и
го предупредува возачот во случај
на ненамерно менување на
лентата со визуелни и звучни
сигнали.
Критериуми за откривање на
ненамерното менување на лента
се:
■ неработењето со трепкачите
■ неработењето со педалот на сопирачките
■ немање активно работење со педалот за гас или забрзување
■ немање активното управување со воланот
Ако возачот ги врши овие
активности, нема да се издаде
никакво предупредување.
АктивирањеСистемот за предупредување за
напуштање лента се активира со
притиснување на копчето ).
Запалената сијаличка во копчето означува дека системот е вклучен.
Кога контролната сијаличка ) во
групата инструменти ќе се запали
зелена, системот е готов да
работи.
Со системот може да се работи
само при брзини на возилото над
56 км/ч и ако се обележени
лентите.
Кога системот ќе препознае
ненамерно менување на лентата, контролната сијаличка ) се
сменува во жолта и трепка.
Истовремено се активира
мелодичен звук.
Page 195 of 281

Возење и ракување193
ДеактивирањеСистемот се исклучува со
притискање на копчето ),
сијаличката во копчето се гаси.
При брзини под 56 км/ч со системот
не може да се работи.
Дефект
Системот за предупредување за
напуштање на лента може да не
работи правилно кога:
■ шофершајбната не е чиста
■ има неповолни услови од околината како јак дожд, снег,
директна сончева светлина или
сенки
Системот не може да работи кога
не се откриени ознаки на лентите.Гориво
Гориво за бензински
мотори
Користете само безоловно гориво усогласено со европскиот
стандард EN 228 или
E DIN 51626-1 или сличен.
Вашиот мотор може да работи со
гориво E10 што ги исполнува овие
стандарди. Горивото E10 содржи
до 10 % биоетанол.
Користете гориво со
препорачаниот октански број
3 260. Употребата на горива со
пренизок октански број може да ја
намали моќноста на моторот и
вртливиот момент и малку ја
зголемува потрошувачката на
гориво.Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
Page 196 of 281

194Возење и ракувањеврз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или E DIN
51626-1 или слично може да
доведе до таложења или
оштетување на моторот и да
влијае врз гаранцијата.
Внимание
Употребата на горива со
пренизок октански број може да
доведе до неконтролирано
согорување и оштета на
моторот.
Гориво за мотори на
дизел
Користете само дизел гориво што е
во согласност со EN 590.
Во земјите надвор од Европската
унија, користете дизел гориво со
концентрација на сулфур под
50 ppm.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и може
да влијае врз гаранцијата.
Не користете бродски дизел масла,
масла за греење, Аквазол и слични емулзии на дизел и вода. Дизел
горивата не смеат да се разредат
со горива за бензински мотори.
Полнење гориво9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги моторот и сите
надворешни грејачи со комори за согорување. Исклучете ги
сите мобилни телефони.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
Page 197 of 281

Возење и ракување1959Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа на задната десна
страна од возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Ослободете
ја вратичката на резервоарот со
притискање на истата.
За да го отворите, свртете го
капачето полека налево.Капачето за полнење гориво може
да се задржи во рамката на
вратичката на резервоарот.
За полнење гориво, целосно
вметнете ја цевката на пумпата и
вклучете ја.
По автоматското исклучување,
може да се дополни со најмногу
две дози гориво.
Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
Page 198 of 281

196Возење и ракување
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Капаче за полнење гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за полнење гориво.
Потрошувачка на
гориво - CO 2-испуштање
Потрошувачката на гориво
(комбинирана) се движи од 7,2 л до
5,2 л/100 км.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
од 169 до 138 г/км.
За вредностите за вашето возило,
видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен совашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Општи информации
Наведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2
emission се однесуваат на
основниот модел за ЕУ со
стандардна опрема.
Податоците за потрошувачката на
гориво и испуштањето CO 2 се
одредуваат според прописот
R (EC) бр. 715/2007 (во најновата
важечка верзија), со земање
предвид на тежината на возилото
кога работи, како што е одредено
со прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не треба
да се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
предизвика малку повисоки
вредности на наведенатапотрошувачка и испуштање CO 2.
Понатаму потрошувачката на гориво зависи од личниот стил на
возењето, како и од условите на
коловозот и сообраќајот.
Page 199 of 281

Возење и ракување197Кука за приколки
Општи информации
Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило. Доверете му го
отпослежното монтирање на
опремата за влечење на
автомеханичар. Може да биде
потребно да се извршат измени кои делуваат врз системот за ладење,
топлоотпорните обвивки или друга
опрема.
Функцијата за откривање
откажување на ламбите за
светлото на сопирачките на
приколката не може да открие
делумно откажување на ламбите,
на пр., во случај на 4 х 5 вати,
открива откажување на ламбите
само кога останала само една
ламба од 5 вати или нема ниедна.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, за влечење користете ја
влечната кука. Секогаш чувајте ја
влечната кука во возилото.Возни карактеристики,
совети за влечење Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не ја
подмачкувајте ако за намалување
на кривулести движења се
употребува стабилизатор, којшто делува врз влечната топка.
Со приколки кои имаат мала
стабилност при возењето и
камперски приколки со дозволена
бруто тежина на возилото од
повеќе од 1200 кг употребата на
стабилизатор особено се
препорачува кога се вози над
80 км/ч.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по надолнина, возете
во иста брзина како да возевте по
нагорнина и возете со слична
брзина на возилото.Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена за полна
натовареност 3 265.
Влечење на приколка Товарење на приколката
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка
кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12 %
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина од 1000 метри. Бидејќи моќноста намоторот се намалува со
зголемување на надморската
Page 200 of 281

198Возење и ракување
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 255.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (75 кг) е наведенана идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.
Натоварување на задната
оска Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
100 кг, а вредноста за бруто тежина
на возилото за 100 кг. Ако се
надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколка извадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
Влечната кука со топчест врв е
складирана во торба и мора да е
добро обезбедена во товарниот
простор.
Возило со резервно тркало