OPEL CASCADA 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: CASCADA, Model: OPEL CASCADA 2014Pages: 283, PDF Size: 7.43 MB
Page 241 of 283

Нега на возилото239
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете
го цревото за пумпање на гуми
на слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространисредството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од 10 минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумата.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, поставете
го до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го комплетот за поправање гуми во товарниот
простор.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот сигурносен вентил се
отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Page 242 of 283

240Нега на возилото
Заменете го користеното шише созаптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Приложените адаптери може да
се користат за пумпање на други
предмети, на пр. фудбалски
топки, воздушни душеци, гумени
чамци, итн. Тие се наоѓаат на
долната страна од компресорот.
За да се извади, притегнете го
цревото за воздух на компресорот
и извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 236.Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
■ Паркирајте на рамна, тврда и нелизгава површина. Предните
тркала треба да бидат наместени
право.
■ Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина, рикверц
или P.
■ Извадете го резервното тркало 3 243.
■ Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
■ Дигалката користете ја само за менување на тркала во случај напродупчување, а не за сезонски
зимски или летни менувања на
гумите.
■ Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
■ Во возилото не смее да има луѓе
или животни кога се дига.
■ Не пикајте се под возило што е кренато со дигалка.■ Не го палете возилото кога екренато со дигалката.
■ Исчистете ги навртките за тркалото и навојот со чиста крпа
пред да го монтирате тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Откачете ги капачињата на навртките на тркалото со
шрафцигер и извадете ги.
Page 243 of 283

Нега на возилото241
Извлечете ја раткапната со
куката. Прирачен алат 3 229.
Лесни бандажи: Откачете ги
капачињата на навртките на
тркалото со шрафцигер и
извадете ги. За да се заштити
тркалото, ставете мека
ткаенина помеѓу шрафцигерот
и лесната бандажа.
Лесни бандажи со средишно
капаче на завртките на
тркалото: Одглавете го
капачето со вметнување и
влечење на клучот 3 229 во
процепот на амблемот на брендот.
2. Ставете го клучот за тркалата уверувајќи се дека е наместен
цврсто и олабавете ја секоја
навртка на тркалото за
половина вртење.3. Уверете се дека дигалката е правилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
Page 244 of 283

242Нега на возилото
4. Поставете ја дигалката напотребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин
што ќе се спречува лизгањето.
Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од земјата.
5. Отшрафете ги навртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 243.
7. Зашрафете ги навртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото.
9. Ставете го клучот за тркалата уверувајќи се дека е наместенбезбедно и стегнете ја секоја
навртка по вкрстен редослед.
Затезниот момент е 140 Nm.
10. Наместете го отворот за вентилот во раткапната до
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на навртките на тркалото.
Ставете го капачето на лесните
бандажи.
11. Складирајте ги сменетото тркало 3 243 и прирачните
алати 3 229.
12. Проверете го притисокот на монтираната гума и
затегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја обноват или поправаат
неисправната гума колку е можно
поскоро.Положба за дигање за
дигалката со платформа за дигање
Положбата за задната рачка на
платформата за дигање е
средишно под жлебот на прагот.
Page 245 of 283

Нега на возилото243
Положбата за предната рачка на
платформата за дигање е кај
подвозјето.
Резервно тркало
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало.
Резервното тркало може да се
класифицира како привремено
резервно тркало зависно од
големината, во споредба со
другите монтирани тркала и
правилата во државата.
Резервното тркало има челична
рамка.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Отстранување на резервното
тркало и одложување на
оштетено тркало во
товарниот простор
Резервното тркало е сместено во вдлабнатината за резервно тркало
под прекривката на подот.
Дупката на резервното тркало не е
конструирана за други големини на гуми освен на резервното тркало.
За да го извадите:
1. Затворете го мекиот покрив и преклопете ја преградата на
товарниот простор со туркање
во празниот простор нагоре кон
внатре 3 79.
2. Извадете ја прекривката на
подот.
Page 246 of 283

244Нега на возилото
3. Резервното тркало еприцврстено со навртка со
крилца во отворот. Одвртете ја
навртката, извадете го конусот
и извадете го резервното
тркало.Под резервното тркало има
кутија и торба со прирачен алат.
4. Сменете го оштетеното тркало 3 240 и вратете ги алатите во
кутијата за алати и во торбата.
Тргнете го каишот од кутијата и ставете го настрана.
5. Обезбедете ја кутијата со алати
така што со конус веднаш ќе ја
заштрафите навртката со
крилца. Ставете ја торбата во
вдлабнатината.
6. Сместете го оштетеното тркало
во вдлабнатината.7. Протнете ја јамката од каишот низ левата алка за врзување.
8. Протнете го крајот на ременот со куката преку јамката и
повлекувајте го додека ременот
не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.
Page 247 of 283

Нега на возилото245
9. Вметнете го каишот прекуспиците на тркалото како што е
покажано на илустрацијата.
10. Монтирајте ја куката на десната
задна алка за врзување.
11. Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.
12. Поставете ја прекривката од подот врз тркалото.
13. Ако има, обезбедете ја торбата со влечната кука со алка за
врзување во товарниот
простор.
14. Наместете ја преградата во товарниот простор пред да го
отворите мекиот покрив.
Враќање на резервното
тркало во дупката откако ќе се замени оштетеното тркало
1. Затворете го мекиот покрив и преклопете ја преградата во
товарниот простор.
2. Отстранете ја прекривката на подот, одвртете и отстранете ги
навртката со крилца и конусот.
3. Сместете ги алатите во кутијата
за алати и во торбата.
4. Сместете го оштетеното тркало
во вдлабнатината.
5. Вметнете го и свртете го екцентричниот конус во жлебот
од резервното тркало за
тркалото да се намести колку
што е можно понапред.
Обезбедете го тркалото со
вртење на навртката со крилца
спротивно од стрелките на
часовникот.
6. Вметнете ја и затворете ја покривката на подот.
Page 248 of 283

246Нега на возилото9Предупредување
Складирањето на дигалка,
тркало или дурга опрема во
товарниот простор може да
предизвика повреда ако тие не се прицврстени соодветно. При
нагло застанување или судир,
неприцврстената опрема може
да удри некого.
Складирајте ги дигалката и
алатите секогаш во
соодветните складишни
прегради и прицврстувајте ги со фиксирање.
Оштетено возило ставено во
товарниот простор секогаш
мора да биде прицврстено со
ремен.
Привремено резервно тркало
Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.
Ако на вашето возило му се издише
гума одзади додека влече друго
возило, ставете го привременото
резервно тркало напред, а
предното исправно тркало назад.
Синџири за гуми 3 236
Еднонасочни гуми Монтирајте еднонасочни гуми, така
што тие ќе се вртат во насоката на патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на вртењето:
■ Возната состојба може да се смени. Нека Ви ја обноват илипоправаат неисправната гума
колку е можно поскоро.
■ Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.
Page 249 of 283

Нега на возилото247Палење со кабли
Не палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на
кабли за палење и акумулатор од друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да
предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
■ Не изложувајте го акумулаторот на гол пламен или на искри.
■ Испразнет акумулатор може да замрзне при температура од
0 °C. Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да поврзувате
кабли за палење.
■ Носете заштитни очила и заштитна облека кога работите
со акумулатор.
■ Користете помошен акумулатор со ист напон (12 волти). Неговиот
капацитет (Ач) не смее да биде
значително помал од оној на испразнетиот акумулатор.
■ Употребувајте кабли за палење со изолирани клеми и пресек од
најмалку 16 мм 2
(25 мм 2
за
мотори на дизел).
■ Не откачувајте го испразнетиот акумулатор од возилото.
■ Исклучете ги сите непотребниелектрични потрошувачи.
■ Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
■ Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
■ Возилата не смеат да дојдат во контакт еден со друг за време на
процесот на палењето со кабли.
■ Затегнете ја рачната сопирачка, ставете го менувачот во лер,
автоматскиот менувач во P.
■ Отворете ги заштитните капачиња на позитивната клема
на двата акумулатори.
Page 250 of 283

248Нега на возилото
Редослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот црвен кабел со позитивната клема на
испразнетиот акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема на
помошниот акумулатор.
4. Спојте го другиот крај на црниот
кабел со некоја точка за
вземјување на возилото, како
на пример блокот на моторот
или некоја врска со шраф за
монтирање на моторот. Спојте
го колку е можно подалеку, а
најмалку 60 см од испразнетиот акумулатор.
Спроведете ги каблите така што да не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот
простор.
Палење на моторот: 1. Запалете го моторот на возилото што дава струја.
2. По 5 минути, запалете го другиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од 1 минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу
3 минути со поврзани кабли.4. Вклучете електрични потрошувачи (на пр. светла,греење на задното стакло) на
возилото на коешто му се помага при палењето.
5. Постапете по точно обратен редослед од горе наведениот
кога ги отстранувате каблите.