OPEL CASCADA 2015.5 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: CASCADA, Model: OPEL CASCADA 2015.5Pages: 149, PDF Size: 2.36 MB
Page 141 of 149

Телефон1419Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
доволно силен сигнал. При
извесни околности не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
мобилни телефони; возможно е
дека тие не можат да се
започнат кога не се активни
извесни услуги на мрежата и/
или телефонски функции.
Можете да се распрашате за тоа
кај опслужувачите на локалната мрежа.
Бројот за јавување во итни
случаи може да биде поинаков
зависно од регионот и
државата. Ве молиме да се
распрашате однапред за
правилниот број за јавување во
итни случаи за соодветниот
регион.
Јавување во случај на
опасност Вртете го бројот за итни повици
(на пр. 112).
Телефонската врска со центарот
за повици во случаи на опасност се воспоставува.
Одговорете кога персоналот од службата Ве праша за опасноста.9 Предупредување
Не го завршувајте повикот
додека од Вас не се побара да
го сторите тоа од страна на
центарот за повици за итни
случаи.
Ракување
Вовед
Штом ќе се воспостави врска
преку Bluetooth-от помеѓу Вашиот
мобилен телефон и
Инфозабавниот систем, можете да
ракувате со многу функции на
Вашиот мобилен телефон и преку
Инфозабавниот систем.
Преку Инфозабавниот систем
можете, на пр., да воспоставувате
врска со телефонските броеви
зачувани во вашиот мобилен
телефон или да ги менувате
истите.
Забелешка
Во режимот за разговор без раце, ракувањето со мобилниот
телефон и натаму е можно,
на пр. за примање на повик или
дотерување на гласноста.
По воспоставувањето на врската помеѓу мобилниот телефон и
Инфозабавниот систем
податоците од мобилниот телефон
му се предаваат на
Инфозабавниот систем. Тоа може
да потрае некое време зависно од
моделот на телефонот. За тоа
време ракувањето со мобилниот
телефон е возможно само во
ограничена мера преку
Инфозабавниот систем.
Не секој телефон ги поддржува
сите функции на порталот за
мобилен телефон. Затоа
Page 142 of 149

142Телефон
отстапување од опсегот на
функциите опишани за овие
специфични телефони е можно.
Местење на гласноста зауредот за разговор без
употреба на раце
Вклучете m на Инфозабавниот
систем или притиснете + или - на
воланот.
Вртење на телефонски бројСо главниот изборник на
телефонот активен, притиснете го
копчето за повеќе функции за да се отвори менито за ракување со
телефонот.
Неколку опции се достапни за
вртење на телефонски броеви, за
употреба на адресарот и на
листата со повиците и уредување
на пораките.
Со употреба на наредбата Phone
off (телефонот е исклучен)
приклучениот телефон може да се
откачи од телефонскиот портал.
Внесување број рачноОдберете го Enter number
( внесување број) и потоа внесете ја
саканата низа броеви.
Одберете го Call (јавување) за да
го почнете процесот на вртењето.
Можете да се префрлите на
изборникот на телефонскиот
именик со одбирање на PB.
Телефонски именик
По воспоставувањето на врската
телефонскиот именик се
споредува со телефонскиот
именик во привремената меморија,
под услов да се поврзани истата
SIM картичка или истиот телефон.
За тоа време не се прикажува
ниедно ново додадено внесување.
Ако SIM картичката или телефонот
се различни, телефонскиот именик
повторно се полни. Процесов може
да потрае неколку минути зависно
од моделот на телефонот.
Page 143 of 149

Телефон143
Одбирање телефонски број од
телефонскиот именик
Изберете го Phone book (адресар) .
Во прикажаниот изборник
одберете ја категоријата за
саканата прва буква за да почне
претходно избирање на
внесувањата во телефонскиот именик кои сакате да се прикажат.
Забелешка
Внесовите во телефонскиот
именик се пренесуваат како што
се пренесуваат од мобилниот
телефон. Претставувањето и
редоследот на внесовите во
телефонскиот именик можат да се разликуваат на екранот на
системот за Инфозабава и на
екранот на мобилниот телефон.
Откако сте го извршиле
претходното избирање: одберете
го саканото внесување во
телефонскиот именик за да се
прикажат броевите зачувани под
тоа внесување.
Одберете го саканиот број за да го
почнете процесот на вртењето.
Списоци со повици
Преку изборникот Call lists (списоци
на повици) корисникот може да ги
погледа дојдовните, излезните и
пропуштените повици и
соодветните броеви може да ги
бира. За да се почне процес на
вртењето: одберете го саканиот
список со повици, внесување од
списокот со повици и конечно
саканиот телефонски број.
Page 144 of 149

144Телефон
Функции на ракувањето со
пораките
Кога мобилниот телефон е спарен
со употреба на модусот SAP,
корисникот може да ги види,
составува пораките и да испраќа
пораки преку телефонскиот
портал. Пораките исто така можат
да се бришат во ово мени.
За да се видат примените пораки:
одберете го Inbox (дојдовна папка) .
За да се видат испратените пораки: одберете го Outbox (излезна
папка) .
За составување порака: одберете
го Write new message (пишување
нова порака) .
Забелешка
Пораките се ограничени на
70 знаци.
Дојдовни повици
Кога има дојдовен повик, се
прикажува изборник за да можете
да го прифатите или одбиете
телефонскиот повик.
Изберете ја саканата опција.
Функции за време на
телефонски повик
Ако во моментов телефонирате,
притиснете го копчето за повеќе
функции за да се отвори
подизборник.
Достапни се разни опции зависно
од ситуацијата и функцискиот обем на мобилниот телефон:
■ Hang up (затворање на
телефонот) : прекинете ја
телефонската врска.■ Call number (повикување на
број) : внесете телефонски број
за да остварите втор телефонски повик или да извршите DTMF
(вртење со тонско бирање),
на пр. за говорна пошта или
телефонски банковни услуги.
■ Detach call (одделување на
повикот) : откачете ја врската кон
некој конференциски учесник при телефонска конференција.
■ Merge calls (спојување на
повици) : соединете два повика
кога има повеќе активни повици.
■ Switch calls (префрлување меѓу
повиците) : префрлувајте се
помеѓу повиците, ако има повеќе
повици.
■ Mute call (стишување на
повикот) : стишете го повикот.
Page 145 of 149

Телефон145Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема
Упатства за инсталација инасоки за ракување
Специфичните упатства за
инсталација за возилото и
насоките за ракување на
производителот мобилниот
телефон и уредот за разговор без
раце мора да се запазат кога се
инсталира и ракува со мобилен
телефон. Инаку може да се
обезважи одобрението за видот на
возилото (Директива на ЕУ 95/54/
EC).
Препораки за ракување без
проблеми:
■ Надворешната антена професионално да се монтира зада се добие максималниот опсег.
■ Максималната моќ на предавателот е: 10 вати
■ Мобилниот телефон треба да се монтира на соодветното место.
Имајте ја предвид соодветнатазабелешка од Сопственичкиот
прирачник, дел Систем на
воздушни перничиња .
Побарајте совети за претходно
утврдените точки за вградување на
надворешната антена и на држачот на опремата и за начините на
користењето на уреди со
предавателска снага поголема од
10 вати.
Употребата на додатокот за
разговор без раце без надворешна антена според стандардите за
мобилни телефони
GSM 900/1800/1900 и UMTS се
дозволува само ако максималната
снага на предавателот на
мобилниот телефон е 2 вати за
GSM 900 или 1 ват за другите
видови.
Од безбедносни причини, не
користете го телефонот додека
возите. Дури и користењето на
комплет за разговор без раце може
да го одземе вниманието при
возењето.9 Предупредување
Ракувањето со радио опреми и
мобилни телефони кои не ги
исполнуваат горенаведените
стандадри за мобилни
телефони, се дозволува само со употребата на антена сместена
надвор од возилото.
Внимание
Мобилните телефони и радио
опремите може да доведат до
неисправности во
електрониката на возилото кога
со нив се ракува внатре во
возилото без надворешна
антена, освен ако не се
почитуваат горенаведените
прописи.
Page 146 of 149

146ИндексААжурирање на списоците со станици ................................... 113
Активирање на контролата на гласот ..................................... 129
Активирање на радиото ...........110
Активирање на ЦД плеерот .....122
В
Вклучување или исклучување на Инфозабавниот систем.... 101
Вклучување на радиото ...........110
Г
Гласност за аутпутот на гласот 129
Гласност со надоместување според брзината ....................101
Д Дигитална аудио дифузија .......118
З Започнување репродукција од ЦД ........................................... 122
Зачувување на станици.... 111, 112И
Изборници за бранови должини.................................. 113
Инфозабавен систем гласност во зависност од
брзината на возилото ...........108
гласност на сообраќајните
соопштенија ........................... 108
максимална гласност при
вклучување ............................ 108
поставки на гласноста........... 108
поставки на тонот ..................106
Итен повик ................................. 140
К
Контрола на телефонот ...........129
Конфигурирање на DAB ...........118
Конфигурирање на RDS ...........116
Копче за повеќе функции .........102
Копче BACK (назад).................. 102
Користење на Инфозабавниот систем .................................... 101
Користење на радиото .............110
Користење на ЦД плеерот .......122
Користење на AUX приклучокот............................ 125
Page 147 of 149

147
М
Местење на гласноста .............101
Мобилни телефони и ЦБ радио опрема ........................ 145
О Одбирање на брановата должина.................................. 110
Општи информации ...92, 121,
125, 126, 128, 134
Основни функции ......................102
П Повикување на станици ...111, 112
Поврзување Bluetooth............... 135
Полнење на батериите на телефонот .............................. 134
Поставки на гласноста .............108
Поставки на тонот .....................106
Пребарување станици ..............110
Преглед на контролните елементи .................................. 94
Препознавање на гласот.......... 128
Препознавање на говорот 128, 129 активирање ............................ 129
гласност за аутпутот на
гласот ..................................... 129
контрола на телефонот......... 129
користење .............................. 129Р
Радио Радио податочен систем
(RDS) ...................................... 116
активирање ............................ 110
Дигитална аудио дифузија
(DAB) ...................................... 118
избирање на брановата
должина.................................. 110
изборници за бранови
должини.................................. 113
користење .............................. 110
пребарување станици ...........110
списоци за автоматско
зачувување ............................ 111
списоци со миленици ............112
списоци со станици ...............113
Радио податочен систем (RDS) ..................................... 116
Ракување ................................... 141
Ракување со изборникот ..........102
Регионализација .......................116
Репродукција на зачувани аудио папки ............................ 126
С
Сообраќајни соопштенија ........108
Со употреба на USB приклучокот............................ 126Списоци за автоматскозачувување ............................ 111
Списоци со миленици ...............112
Стишување ................................ 101
Т
Телефон бирање број ........................... 141
важни информации ...............134
итни повици............................ 140
контролни елементи ..............134
местење на гласноста........... 141
Поврзување Bluetooth ...........135
полнење на батеријата .........134
прилагодување на тоновите
за ѕвонење ............................. 135
режим за разговор без раце. 135
списоци со повици .................141
телефонски именик ...............141
функции за време на повик ..141
функции на размена на
пораки..................................... 141
Bluetooth ................................. 134
SIM Access Profile (SAP)
(профил на пристап до SIM-
от) ........................................... 135
У
Употреба............ 101, 110, 122, 125
Page 148 of 149

148
ФФункција за аларм при кражба . 93
Функција на употребата без раце ........................................ 135
Ц ЦД плеер активирање ............................ 122
важни информации ...............121
користење .............................. 122
B Bluetooth .................................... 134
D DAB ............................................ 118
E Enhanced Other Networks (подобрени други мрежи) .....116
EON ............................................ 116
R RDS ............................................ 116
S SAP функција ............................ 135
SIM Access Profile (SAP) (профил на пристап до SIM-
от) ........................................... 135
Page 149 of 149

www.opel.comCopyright by ADAM OPEL AG, Rüsselsheim, Germany.Информациите содржани во ова издание важат од датумот назначен подолу. Adam Opel AG го задржува правото да врши измени на техничките спецификации, функциите и конструкцијата на возилата во однос на информациите во ова издание, како и промени во самото издание.
Издание: февруари 2015, ADAM OPEL AG, Rüsselsheim.Печатено на хартија избелена без хлор.
02/2015
*KTA-2748/4-MK*
KTA-2748/4-mk