Инструменти и контроли999Предупредување
Кога моторот е изгаснат,
потребна е значително
поголема сила за сопирање и за управување. За време на
Autostop, серво-уредот на
сопирачките сеуште работи.
Не вадете го клучот за палење додека возилото не е во
мирување, инаку бравата на
воланот може да се заглави
неочекувано.
Проверете го нивото на маслото
пред да побарате помош од
автомеханичар 3 162.
Сменете го моторното масло
Мотори на дизел со филтер за
дизелски честички
I трепка црвено.
Се пали кога ќе се вклучи палењето
и се гасне кратко по палењето на
моторот.
Контролата на траењето на
моторното масло ве известува кога
да се смени маслото. Контролната
сијаличка I ќе трепка за да укаже
дека траењето на моторното масло е поминато и дека треба да се
смени.
Во зависност од верзијата, може да
се прикаже соодветна
предупредувачка порака, на
пример Change engine oil
( Променете го моторното масло) , и
во Информативниот центар за
возачот 3 102.
Врз основа на условите за возење, периодот при којшто ќе се укаже на
менување на маслото може да
варира во голема мерка.
Зависно од варијантата на
моделот, I може да трепка на
следниве начини:
● по една минута на секои два часа, или
● по циклуси од три минути со исклучено I во интервали од
пет секундиПредупредувањето ќе се
повторува при секое палење на
моторот додека не се смени
моторното масло и се ресетира
екранот за сервисирање.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Екран за сервисирање 3 87.
Ниско ниво на моторното масло
S cвети црвено.
Свети неколку секунди откако ќе се
вклучи палењето.
Ако сијаличката не се изгасне за
неколку секунди, или ако се запали за време на возењето, нивото на
моторното масло не е доволно.
Во зависност од верзијата, може да
се прикаже соодветна
предупредувачка порака, на
пример Check engine oil level
( Проверете го нивото на моторното
масло) , и во Информативниот
центар за возачот 3 102.