OPEL COMBO E 2019.1 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019.1, Model line: COMBO E, Model: OPEL COMBO E 2019.1Pages: 319, PDF Size: 10.49 MB
Page 261 of 319

Нега на возилото259Бр.Струјно коло23Потсетник за безбедносниот
ремен, специјален контролен
модул за возилото, старт-
стоп, приклучок за приколка24Помош за паркирање,
Инфозабавен систем,
ретровизорска камера,
камера за странични слепи
точки25Воздушно перниче26Сензор за аголот на
управување27Грејач за паркирање29Инфозабавен систем31–32Штекер за струја34Помош за паркирање,
ретровизорБр.Струјно коло35Сензор за дијагностика,
регулирање на височината на
фаровите, греење на
шофершајбната, контрола на
климатизацијата36Внатрешни светла, USB-
приклучокПрирачен алат
Алати
Возила со резервно тркало
Отворете го капакот на просторот
за складирање во просторот за нозете 3 81.
Page 262 of 319

260Нега на возилото
Алката за влечење и алатите се
наоѓаат во преградата за
складирање под левото предно
седиште.
Дигалката се наоѓа во преградата
за складирање под десното предно седиште.
Возила без резервно тркало
Алката за влечење и алатите се
наоѓаат во преградата за
складирање под десното предно
седиште.
Комплет за поправање гуми 3 265.
Тркала и гуми
Состојба на гумите, состојба на
тркалата
Преку рабови возете полека и под
прав агол ако е возможно.
Возењето преку остри рабови
може да предизвика оштетувања на гумите и на тркалата. Не ги
заглавувајте гумите на работ од
тротоарот кога паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Побарајте
помош од автомеханичар во случај на оштетување или необично
абење.
Зимски гуми
Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °Ц и затоа треба да се ставаат на сите тркала.
Во согласност со прописите
спесифични за државата, залепете ја налепницата за брзината во
видното поле на возачот.
Page 263 of 319

Нега на возилото261Сите големини на гуми се
дозволени за зимски гуми 3 298.
Ознаки на гумите На пр. 225/55 R 18 98 V225:широчина на гумата во мм55:профил (сооднос на
височината со широчината
на гумата) во %R:вид ремен: РадијаленRF:вид: RunFlat (функционира и
издишана)18:пречник на тркалото во инчи98:индекс на оптоварувањето,
на пр. 98 одговара на 750 кгV:буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q:до 160 км/чS:до 180 км/чT:до 190 км/чH:до 210 км/чV:до 240 км/чW:до 270 км/ч
Изберете гума соодветна за
најголема брзина на Вашето
возило. Видете во Сертификатот
за сообразност на ЕК доставен со
возилото или во другите
национални документи за
регистрација. Дополнителната
опрема може да ја намали
максималната брзина на возилото.
Еднонасочни гуми Еднонасочните гуми треба да се
монтираат така што ќе се вртат во
правилна насока. Правилната
насока на вртење ја покажува
симбол (на пр. стрелка) од
страната на гумата.
Притисок на гумите Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на 14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со систем за контрола на
притисокот во гумите.
Притисок во гумите 3 298.
Информативната етикета за
притисок во гумите и
оптоварувањето на рамката, на
левата врата ги посочува
оригиналните гуми и соодветните
притисоци во гумите.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте
ја до притисокот определен за
целосна оптовареност.
Page 264 of 319

262Нега на возилотоНеправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисоците на гумите се
разликуваат, зависно од опциите.
За правилна вредност на
притисокот на гумите, следете ја
постапката опишана подолу:
1. Идентификувајте ја идентификациската шифра на
моторот. Податоци за моторот
3 295.
2. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок на гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 298.
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете го Сертификатот за сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Возачот е одговорен за правилно прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
9 Предупредување
За специфични гуми,
препорачаниот притисок во
гумите што е прикажан во
табелата за притисок во гумите може да биде поголем од
максималниот притисок во
гумите што е наведен на гумата.
Никогаш не надминувајте го
максималниот притисок што е
прикажан на гумата.
Зависност од температурата
Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат. Вредностите на
притисокот во гумите кои се дадени
на етикетата за информации за
притисокот на гумите, важи за
ладни гуми што значи на 20 °C.
Притисокот се зголемува за околу
10 kPa за покачување на
температурата од 10 °C. Тоа мора да се земе во предвид кога се
проверуваат топли гуми.
Систем за откривање наиздишаноста на гумите
Системот за откривање на
издишаноста на гумите постојано
ја проверува брзината на ротација
на сите четири тркала и
предупредува за низок притисок во гумите кога возилото е во
движење. Тоа се постигнува со
споредување на работ на
тркалање со референтни
вредности и дополнителни
сигнали.
Ако некоја гума го загуби
притисокот, контролната сијаличка
w светнува, се слуша
предупредувачка мелодија, а во
Page 265 of 319

Нега на возилото263Информативниот центар за
возачот се прикажува порака за
предупредување.
Во овој случај, намалете ја
брзината, избегнувајте остри
свртувања и нагло сопирање.
Запрете штом ќе ви се укаже
можност и проверете го притисокот
во гумите.
Контролна сијаличка w 3 118.
Откако ќе го приспособите
притисокот во гумите, активирајте
го системот за да ја исклучите
контролната сијаличка и да го
рестартирате системот.Внимание
Системот за откривање на
издишаноста само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Во случај на дефект на системот, се прикажува порака во
Информативниот центар за
возачот. Поставете го правилниот
притисок во гумите и повторно
активирајте го системот. Ако
грешката продолжи да се
прикажува, посетете
автомеханичар. Системот не може
да работи ако ABS или ESC имаат
дефект или се користи резервно
тркало. Штом ќе се постави
нормално погонско тркало,
проверете го притисокот во гумите
кога гумите се ладни и повторно
активирајте го системот.
Иницијализирање на системот
По корекција на притисокот во
гумите или менување тркала,
системот мора да се активира за да
ги научи новите референти
вредности за тркалање:
1. Секогаш проверувајте дали сите четири гуми го имаат
точниот притисок 3 298.
2. Применете ја сопирачката за паркирање.
3. Активирање на системот заоткривање слаба напумпаност
на гумите: ако возилото има
сликовен инфо-екран,
притиснете F три секунди. Ако
возилото има информативен
екран во боја, активирањето се
врши во приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби 3 129.
4. Ресетирањето се потврдува со појавно известување.
По активирањето, системот
автоматски се калибрира на новите притисоци во гумите во текот на
Page 266 of 319

264Нега на возилотовозењето. По подолго возење,
системот ќе ги прифати и ќе ги
следи новите притисоци.
Секогаш проверувајте го
притисокот во гумите кога гумите
се ладни.
Системот мора да се активира
повторно кога:
● Притисокот во гумите се променил
● Натовареноста се променила ● Тркалата ги замениле местата или биле променети
Системот нема веднаш да
предупреди за дупка во некоја гума или за брзо издишување. Ова е
поради потребното време за
пресметување.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од безбедносни причини ако
длабочината на шарите падне под 2-3 мм (4 мм за зимските гуми).Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред отколку назад, сменувајте ги
предните тркала со задните тркала
периодично. Проверете дали
насоката на вртењето на тркалата
е иста.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на шест години.
Менување на големинатана гумите и тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде неопходно одново да се
програмира системот за
откривање на издишаноста на
гумите и да се извршат други
преиначувања на возилото.
Систем за откривање на
издишаноста на гумите 3 262.
Заменете ја налепницата со
притисоците во гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе ја поништи
дозволата за работа на
возилото.
Page 267 of 319

Нега на возилото265РаткапниРаткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возила со челични тркала: Кога
користите навртки за заклучување
на тркалата, не ставајте раткапни.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 9 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџири за гуми се дозволени на
сите големини на гуми кои се
дозволени за возилото.
Привремено резервно тркало Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шарата
на гумата можат да се поправат со комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на
страничниот ѕид од гумата не може
да се поправат со комплетот за
поправање гуми.
Page 268 of 319

266Нега на возилото9Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Во случај на дупната гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Отворете го капакот на просторот
за складирање во просторот за
нозете 3 81.
Комплетот за поправање гуми се
наоѓа во преградата за
складирање под десното предно
седиште.
1. Извадете ги шишето со заптивната смеса и
компресорот.
2. Извадете ја налепницата за ограничување на брзината од
шишето со заптивната смеса и
ставете ја некаде каде што ќе
биде видлива за возачот.
3. Извадете го кабелот за поврзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот врз
приклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
Page 269 of 319

Нега на возилото267
7. Зашрафете го цревото заполнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
Комплетот за поправање гуми
може да се приклучи само во
предниот штекер за напојување
од 12 V за да функционира
правилно.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
10. Поставете го преклопникот на компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 600 kPa (6 бари)
додека шишето за заптивната
смеса се празни (околу
30 секунди). Потоа притисокот
почнува да опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надувува.
13. Пропишаниот притисок за гумите би требало да се
достигне во рок од десет
минути.
Притисок во гумите 3 298.
Кога ќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
десет минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
десет минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Page 270 of 319

268Нега на возилото
Испуштете го вишокот притисоксо копчето на цревото за
воздух.
Не работете со компресорот
подолго од десет минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Отстранете гошишето со заптивната смеса од држачот. Зашрафете го
цревото за полнење врз
слободниот приклучок од
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите
во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 5 км но не повеќе од десет минути,
застанете и проверете го
притисокот во гумите. Навртете
го цревото за воздух директно
врз вентилот на гумата кога го
правите тоа. Наполнете ја
гумата како што е опишано
погоре. Испуштете го вишокот
притисок со копчето на цревото за воздух.
Ако притисокот во гумата не се
намалил под
150 kPa (1,5 бари), поставете го
на правилната вредност. Во
спротивно, возилото не смее да
се користи. Побарајте помош од автомеханичар. 3 298
Повторете ја постапката за
проверка уште еднаш откако ќе
возите уште дополнителни
10 км, но не повеќе од десет
минути, за да проверите дека
повеќе нема губење на
притисок.
Ако притисокот во гумата
паднал под 150 kPa (1,5 бари),
возилото не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
17. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.