OPEL COMBO E 2019.1 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019.1, Model line: COMBO E, Model: OPEL COMBO E 2019.1Pages: 319, PDF Size: 10.49 MB
Page 31 of 319

Клучеви, врати и прозорци29Рачно отклучете ја возачката врата
со вметнување и вртење на клучот
во цилиндарот на бравата.
Другите врати можат да се отворат
со повлекување на внатрешната
квака.
Кога ќе се вклучи палењето, се
исклучува системот за заштита од
кражба.
Рачно заклучување
Рачно заклучете ги вратите,
задната врата и вратничката на
резервоарот за гориво така што ќе
го ставите и ќе го свртите клучот во
цилиндарот на бравата од вратата
на возачот.
Автоматско заклучување
Автоматско заклучување по
поаѓање
Системот дозволува автоматско
заклучување на вратите и задната
врата штом брзината на возилото
ќе надмине 10 км/ч.
Ако една од вратите или задната
врата е отворена, автоматското
централно заклучување нема да се
активира. На тоа се укажува со
звукот на отклучување на бравите,
придружено со осветлување на h
на групата инструменти, звучен
сигнал и прикажување порака за
предупредување.
Оваа функција може да се
активира или деактивира во секое
време. Со вклучено палење,
притискајте Q додека не започне да
се емитува звучен сигнал и не се
прикаже соодветна порака.
Состојбата на системот останува
во меморијата кога ќе го исклучите палењето.
Page 32 of 319

30Клучеви, врати и прозорциАвтоматско повторно
заклучување по отклучувањето
Оваа функција автоматски ги
заклучува сите врати, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот за гориво автоматски
кратко по отклучувањето со
далечинскиот управувач или
електронскиот клуч ако ниту една
врата не била отворена.
Детски брави9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Механички детски брави
Свртете ја црвената детска брава
во задната врата до крај надесно
со клуч. Вратата не може да се
отвори однатре.
За деактивирање, свртете ја
детската брава во хоризонтална
положба.
Електрични детски брави
Во зависност од верзијата, копчето R може да се наоѓа во вратата од
возачот или под прекинувачот за
светлата.
Page 33 of 319

Клучеви, врати и прозорци31
Користете го системот од далечина
за да избегнете отворање на
задните врати преку внатрешните
рачки и користењето на
електричните задни прозорци.
Вклучување
Притиснете R. Се вклучува
индикаторското светло во копчето, придружено со порака за
потврдување. Ова индикаторско
светло останува вклучено додека
не се исклучат детските брави.
Исклучување
Притиснете го R повторно.
Индикаторското светло се
исклучува, придружено со порака
за потврдување. Ова индикаторско
светло останува вклучено додека
не се вклучат детските брави.Врати
Шибер врата
Отворање
По отклучувањето, повлечете ја
надворешната рачка на вратата и
лизгајте ја вратата наназад по
точката на отпор.
Page 34 of 319

32Клучеви, врати и прозорци
За да отворите однатре, турнете јарачката и лизгајте ја вратата
наназад по точката на отпор.
Затворање
За да затворите однадвор,
повлечете ја рачката на вратата и
лизгајте ја вратата нанапред
додека не се заклучи.
За да затворите однатре, турнете
ја рачката и лизгајте ја вратата по
точката на отпор. Потоа, користете
го оформениот отвор на врвот од
столбот на вратата за да ја лизгате вратата нанапред додека не се
заклучи.
Внимание
Уверете се дека страничната
лизгачка врата е целосно
затворена и безбедна пред
возење на возилото.
Внимание
За да не дојде до оштетувања,
не обидувајте се да ракувате со лизгачката странична врата
кога е отворена вратичката за
полнење гориво.
9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена лизгачка
странична врата, на пример,
кога превезувате големи
предмети, бидејќи отровните
издувни гасови кои не може да
се видат или намирисаат може
да навлезат во возилото. Тоа може да предизвика несвест и
дури смрт.
Полнење гориво 3 231.
Задни врати
Отклучете ги задните врати со
далечинскиот управувач или со
вртење на клучот во цилинд eрот од
бравата на задната врата.
Централна брава 3 25.
Секогаш отворајте ја левата пред
десната врата.
За да ја отворите левата задна
врата, повлечете ја надворешната
рачка.
Page 35 of 319

Клучеви, врати и прозорци33
Вратата се отвора однатре од
возилото со повлекување на
внатрешната рачка.
Десната задна врата се
ослободува со употреба на
рачката.9 Предупредување
Задните светла може да се
заматат ако задните врати се
отворени и возилото е
паркирано на работ на патот.
Помагајте им на други
корисници на патот да го
приметат возилото со
користење на предупредувачки
триаголник или друга опрема
определена во прописите за
патниот сообраќај.
Вратите се задржуваат во
положбата под агол од 90º со
дршките за запирање. За да ги отворите вратите за 180º,
притиснете го резето и завртете до саканата положба. Пред да ги
затворите вратите, поставете ги
бравите во положба од 90º.9 Предупредување
Уверувајте се дека вратите со
дополнителна можност за
отворање се прицврстени кога
се целосно отворени.
Отворените врати може да се затворат со тресок поради
силата на ветарот!
Секогаш затворајте ја десната
врата пред левата врата.
Централна брава 3 25.
Page 36 of 319

34Клучеви, врати и прозорциВозење со отворен товарен
простор
Само во исклучителни случаи,
може да возите со отворена десна задна врата, на пример, ако требада се пренесуваат долги предмети.
Отворете ја прво левата, па
десната врата, а потоа затворете ја
левата врата и заклучете ја.
9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Кога возите со отворен товарен
простор, издувните гасови
можат да навлезат во возилото. Отворете ги прозорците.
Забелешка
Не користете ја левата задна
врата за да прицврстите
предмети.
Ако можете, прицврстувајте
предмети со еластичните каиши
закачени за алките за врзување
3 86.
Внимание
Секогаш проверувајте дали
товарот во возилото е безбедно наместен при возење со
отворен товарен простор.
За дополнителни информации,
погледнете во „Информации за
товарење“ 3 95.
Секогаш почитувајте ги
локалните или националните
регулативи.
Товарен простор
Задна врата
Отворање
Во зависност од верзијата,
притиснете ' за да ја отклучите
задната врата.
Page 37 of 319

Клучеви, врати и прозорци35
По отклучувањето, притиснете го
средното копче за задната врата и отворете ја задната врата.
Затворање
Користете ја внатрешната рачка.
Не притискајте го средното копче за задната врата додека затворате
бидејќи така повторно ќе ја
отклучите задната врата.
Кога електронскиот клуч е надвор
од возилото и во опсег од околу
еден метар од задната врата,
притиснете го левото копче за
задната врата за да го заклучите
возилото.
Централна брава 3 25.
Општи практични совети за
ракување со задната врата9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата,
на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи во возилото
може да навлезат отровни
издувни гасови што не можат да
се видат или намирисаат. Тоа
може да предизвика несвест и
дури смрт.
Внимание
Пред да ја отворите задната врата, проверете дали има
пречки во горниот дел, на пр.
врата од гаража, со цел да се избегне оштетување на задната
врата. Секогаш проверувајте ја
движечката површина над и зад задната врата.
Page 38 of 319

36Клучеви, врати и прозорциЗабелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.
Забелешка
При ниски надворешни
температури, задната врата не
може сама да се отвори во целост.
Во овој случај, подигнете ја
задната врата рачно до нејзината
нормална крајна положба.
Итно отворање на задната
врата од внатрешноста на
возилотоПристапниот отвор помеѓу вратата и подот овозможува да се
ослободи шарката на задната
врата со соодветен алат.
Притиснете ја рачката налево за да
ја отклучите и да ја отворите
задната врата.
Заден прозорец Задниот прозорец може да се
отвори за да овозможи пристап до
товарниот простор без да се
отвора задната врата.
Задната врата и задниот прозорец не може да се отворат
истовремено.Отворање
По отклучувањето, притиснете го
десното копче за задната врата и отворете го задниот прозорец.
Затворање
Притиснете на средината од
задниот прозорец додека не се
затвори целосно.
Page 39 of 319

Клучеви, врати и прозорци37Безбедност на
возилото
Систем за заштита од кражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати.
Сите врати треба да се затворат,
инаку системот не може да се
активира.
Отклучувањето на возилото го
исклучува механичкиот систем за
заштита од кражба. Тоа не е
возможно со копчето на
централната брава.
Вклучување Едноставен клуч: ставете го клучот и свртете го двапати надесно ворок од 5 секунди.
Далечински управувач:
Притиснете го N на далечинскиот
управувач двапати во рок од пет
секунди.
Електронски клуч: притиснете
двапати со прст или палец на една
од рачките на вратите (кај
ознаките) во рок од пет секунди
Систем за тревожење при кражба
Системот за тревожење при
кражба е комбиниран со системот
за заштита од кражба.
Ги надгледува: ● вратите, задната врата, хаубата
● патничкиот простор вклучувајќи го соседниот
товарен простор
Активирање
Палењето мора да биде исклучено. Сите врати треба да се затворени
и електронскиот клуч не смее да
остане во возилото. Инаку
системот не може да се активира.● Далечински управувач: Надгледувањето на вратите,задната врата и хаубата се
активира самостојно 5 секунди
по заклучувањето на возилото
со притискање на e.
Надгледувањето на
патничкиот простор,
вклучувајќи го и соседниот
товарен простор се активира
самостојно 45 секунди по
заклучувањето на возилото со
притискање на e.
● Систем на електронскиот клуч:
Надгледувањето на вратите, задната врата и хаубата се
активира самостојно 5 секунди
по заклучувањето на возилото
со притискање со прст или
палец на ознаките на рачката
на една од надворешните
врати. Надгледувањето на
патничкиот простор
вклучувајќи го и соседниот
товарен простор се активира
самостојно 45 секунди по
заклучувањето на возилото со
притискање со прст или палец
на ознаките на рачката на една од надворешните врати.
Page 40 of 319

38Клучеви, врати и прозорциАктивирањето се потврдува сотрепкање на LED-сијаличката застатус и краткотрајно активирање
на трепкачите.
Ако вратата или задната врата не е
затворена правилно, а возилото се заклучи преку далечинскиот
управувач или системот на
електронскиот клуч, возилото
останува отклучено. Сепак,
системот за тревожење при кражба
ќе се активира по 45 секунди.
Забелешка
Промени на внатрешноста на
возилото, како на пример
употребата на навлаки за
седишта и отворени прозорци
може да го влошат
функционирањето на
надгледувањето на патничкиот
простор.Активирање без надгледување
на патничкиот простор
Исклучете го надгледувањето на
патничкиот простор кога се
оставаат животни во возилото,
поради ултрасоничните сигнали со
висока гласност или движењата
што го активираат алармот. Исто
така исклучете го кога возилото е
на траект или воз.
1. Исклучете го палењето.
2. Притиснете U во рок од
следните 10 секунди додека LED-сијаличката во копчето не
почне да свети постојано.
3. Излезете од возилото.
4. Веднаш заклучете го возилото со далечинскиот управувач, со
притискање со прст или палец
на една од рачките на вратите
(на ознаките) или со
притискање на копчето за
задната врата.
Активирањето се потврдува со трепкање на LED-сијаличката за
статус.
Показател LED-сијаличката во копчето за
централна брава трепка ако се
активира системот за тревожење
при кражба.
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на
дефекти.
Деактивирање
Далечински управувач:
Отклучувањето на возилото со
притискање на c го деактивира
системот за тревожење при
кражба.