audio OPEL COMBO E 2019 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: COMBO E, Model: OPEL COMBO E 2019Pages: 99, PDF Size: 2.1 MB
Page 13 of 99

Вовед13Телефон
Пред да може да се користи
функцијата за телефон, треба да
се воспостави поврзување помеѓу
Инфозабавниот систем и
мобилниот телефон.
За детален опис за подготвување и
воспоставување Bluetooth-врска
меѓу инфозабавниот систем и
мобилен телефон 3 50.
Ако мобилниот телефон е поврзан, притиснете a за да се прикаже
главниот изборник од
телефонската функција.За детален опис за ракувањето со
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем 3 53.
Апликации
За да се прикажат одредени
апликации од паметниот телефон на екранот од Инфозабавниот
систем, поврзете го паметниот телефон.
Притиснете d за да се прикаже
главниот изборник на режимот на
апликации.
Допрете Apple CarPlay или
Android Auto . Се прикажува
изборник со различни апликации што може да се изберат.
За детален опис 3 32.
Поставки
Притиснете :, а потоа изберете
Audio settings (Поставки за аудио)
за да се прикаже односниот
изборник.
За детален опис 3 15.
Притиснете :, па OPTIONS
(ОПЦИИ) за да се прикаже
изборник за различни поставки
поврзани со системот.
Page 18 of 99

18Основно ракувањеТастатури за внесување броеви
Тастатурите за внесување броеви
може да содржат неколку полиња за внесување. Во примерот
прикажан подолу, прво треба да го
допрете полето за внесување зад
децималниот знак, пред да може да внесувате децимални цифри.
Прилагодување поставка
За да ја приспособите поставката
како во прикажаниот пример, може да го направите и следново:
● Допрете < или >.
● Допрете некаде во редот. ● Поместете го лизгачот со прстот.
Поставки на тонот Притиснете :, изберете Audio
settings (Поставки за аудио) , па
изберете ја картичката Ambience
(Амбиент) .
Достапни се неколку претходно
дефинирани поставки за да го
оптимизирате тонот за одреден
стил музика (на пример, Pop-Rock
(Поп-рок) или Classical ( Класична) ).
За да го приспособувате тонот
индивидуално, изберете
Personalised (Персонализирано) .
Променете ги поставките според
ваша желба и потврдете ги
поставките.
Page 19 of 99

Основно ракување19Забелешка
Ако ги промените поставките на
претходно дефинирана поставка,
на пример Pop-Rock (Поп-рок) ,
тие поставки ќе се применат на
поставката User (Корисник) .
Со активирањето на функцијата
Loudness (Гласност) може да го
оптимизирате тонот при ниски
нивоа на гласност.
Поставување на балансот и
распределбата на звукот
Изберете го табулаторот Balance
(Баланс) .Достапни се неколку претходно
дефинирани поставки за да ја
приспособите распределбата на гласноста во внатрешноста на
возилото (на пример, All
passengers (Сите патници) или
Front only (Само напред) ).
За да ја промените тековната
поставка, на пример All passengers
(Сите патници) , изберете ја таа
поставка, па изберете ја новата
сакана поставка од прикажаниот
список.
Можете индивидуално да ги
приспособувате претходно
дефинираните поставки.
За да дефинирате точка во
патничкиот простор каде што
гласноста е на највисоко ниво,
поместете го покажувачот во
сликата на десната страна од
екранот до саканата точка.
За да ги вратите во основните
фабрички поставки, изберете
Reset (Ресетирај) .Поставки на гласноста
Притиснете :, изберете Audio
settings (Поставки за аудио) , па
изберете ја картичката Sound
(Звук) .
Звук при допир
Ако се активира функцијата за
повратни информации со звукот на допир, при секое допирање на
екранско копче или ставка во
изборник ќе се испушта звук.
За да ја приспособите гласноста на
звукот при допир, активирајте
Touch tones (Тонови при допир) , па
приспособете ја поставката.
Гласност со надоместување
според брзината
Активирајте или деактивирајте
Volume linked to speed (Гласност
според брзината) .
Ако е активирана, гласноста на
Инфозабавниот систем се
приспособува автоматски за да
надомести за бучавата од патот и
ветрот додека возите.