OPEL COMBO E 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: COMBO E, Model: OPEL COMBO E 2019Pages: 313, PDF Size: 10.34 MB
Page 171 of 313

Возење и ракување169Започнувањето на заситувањето
на филтерот за издувни гасови се
покажува со привремено
светнување на % или H, заедно
со порака во Информативниот
центар за возачот.
Штом ќе дозволат сообраќајните
услови, обновете го филтерот така
што ќе возите со најмалку 60 км/ч
додека контролната сијаличка не се изгасне.
Забелешка
Кај ново возило, првите
обновувања на филтерот за
издувни гасови можат да бидат
придружени со мирис на изгорено, што е нормално. По подолга
работа на возилото при многу
мала брзина или во место, при
забрзување од ауспухот може да
излезе водена пареа. Тоа не
влијае врз однесувањето на
возилото или на околината.Процесот на чистење не е
можен
Ако % или H продолжи да свети
заедно со звучен сигнал и порака,
тоа покажува дека нивото на
адитив во филтерот за издувни
гасови е прениско.
Резервоарот мора да се дополни
веднаш. Побарајте помош од
автомеханичар.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 226, 3 290 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, задржувајќи ја брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
AdBlue
Општи информации Селективното каталитичко
намалување ( BlueInjection) е метод
на значително намалување на
азотните оксиди во издувните
емисии. Тоа се постигнува со
вбризгување издувна течност од
дизел (DEF) во издувниот систем.
Page 172 of 313

170Возење и ракувањеАмонијакот што се ослободува од
течноста реагира со азотните
гасови (NO x) од системот за
издувни гасови и се претвора во
азот и вода.
Ознаката на оваа течност е
AdBlue ®
. Тоа е нетоксична,
незапалива, безбојна течност без
мирис што се состои од 32% уреа и
68% вода.9 Предупредување
Избегнувајте контакт на очите и
кожата со AdBlue.
Во случај на контакт со очите
или кожата, исплакнете со вода.
Внимание
Избегнувајте контакт на бојата
со AdBlue.
Во случај на контакт, исплакнете со вода.
AdBlue замрзнува на температура
од приближно 11 °C. Со оглед на
тоа што возилото е опремено со
предгреач за AdBlue, обезбедено е намалување на емисиите при
ниски температури. Предгреачот
за AdBlue работи автоматски.
Вообичаената потрошувачка на
AdBlue е околу 0,85 л на 1000 км, но
може да биде и поголема во
зависност од начинот на возење и
натовареноста на возилото.
Предупредувања за нивото
Во зависност од пресметаното
растојание за AdBlue, во
Информативниот центар за
возачот се прикажуваат различни
пораки. Пораките и
ограничувањата се законска
обврска.
1. Првото можно предупредување
е Дополнете адитив за
испуштањето издувни гасови:
палењето ќе се спречи по
2400 км .
Кога го палите моторот, ова
предупредување ќе се прикаже
еднаш кратко со пресметаното
растојание. Дополнително,
контролната сијаличка u ќе
светне и ќе се слушне звук.Возењето е можно без никакви
ограничувања.
2. Во следново ниво се влегува кога растојанието е помало од
800 км. Пораката со тековното
растојание ќе се прикажува
секогаш кога ќе се вклучи
палењето. Дополнително,
контролната сијаличка u ќе
трепка и ќе се слушне звук.
Дополнете AdBlue пред да
влезете во следното ниво за
предупредување.
Додека возите, мелодијата се
емитува и пораката се
прикажува на секои 100 км
додека не се дополни
резервоарот со адитив.
3. Во следново ниво се влегува кога растојанието е помало од
100 км. Пораката со тековното
растојание ќе се прикажува
секогаш кога ќе се вклучи
палењето. Дополнително,
контролната сијаличка u ќе
трепка и ќе се слушне звук.
Дополнете AdBlue што е можно
побрзо додека резервоарот за
AdBlue не е целосно празен. Во
Page 173 of 313

Возење и ракување171спротивно, нема да може да го
стартувате моторот.
Додека возите, мелодијата се
емитува и пораката се
прикажува на секои 10 км
додека не се дополни резервоарот со адитив.
4. Во последното ниво на предупредување се влегува
кога резервоарот за AdBlue е
празен. Моторот не може
повторно да се стартува. Ќе се
прикаже следнава порака за
предупредување:
Дополнете адитив за
испуштањето издувни гасови:
палењето е спречено
Дополнително, контролната
сијаличка u ќе трепка и ќе се
слушне звук.
Наполнете го резервоарот до
ниво од најмалку 5 л со AdBlue,
затоа што во спротивно моторот нема да може да се
стартува.
Забелешка
За мотори D16DT важат различни
нивоа.Предупредувања за многу
издувни гасови
Во случај на дефект на системот за
контрола на издувните гасови, во
Информативниот центар за
возачот се прикажуваат различни
пораки. Пораките и
ограничувањата се законска
обврска.
1. Ако некој дефект се открие првпат, се прикажува
предупредувањето Дефект на
испуштањето издувни гасови .
Дополнително, ќе се вклучат
контролните сијалички u, R и
Z и ќе се слушне звук.
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
Ако се работи за привремен
дефект, предупредувањето
исчезнува во текот на следното патување, по самостојната
дијагностика на системот за
контрола на издувните гасови.
2. Ако системот за контрола на издувните гасови го потврдидефектот, ќе се прикаже
следнава порака:Дефект на издувните гасови:
палењето ќе се спречи по
1100 км .
Дополнително, ќе се вклучат
контролните сијалички u, R и
Z и ќе се слушне звук.
Додека возите, пораката се
прикажува на секои 30 сек.
додека дефектот продолжи да
се појавува.
3. Ако се влезе во последното ниво на предупредување, ќе се
прикаже следнава порака за
предупредување:
Дефект на издувните гасови:
палењето е спречено
Дополнително, ќе се вклучат
контролните сијалички u, R и
Z и ќе се слушне звук.
Консултирајте се со автомеханичар.
Page 174 of 313

172Возење и ракувањеДополнување AdBlueВнимание
Користете само AdBlue што е восогласност со европските
стандарди DIN 70 070 и
ISO 22241-1.
Не користете адитиви.
Не разредувајте го AdBlue.
Инаку, системот за селективно
каталитичко намалување може
да се оштети.
Забелешка
Кога нема пумпа за патнички
автомобили на бензинската
станица, користете само шишиња
или канти за AdBlue со запечатен
адаптер за дополнување за да
спречите прскање или истурање и за да бидете сигурни дека
гасовите од резервоарот се
собираат и не излегуваат. AdBlue
во шишиња или канти е достапна
на многу бензински станици и
може да се купи, на пример, кај застапниците на Opel и во други
продавници.
Со оглед на тоа што AdBlue има
ограничена трајност, проверете го
рокот на траење пред полнењето.
Забелешка
Наполнете го резервоарот до
ниво од најмалку 5 л за да може да се открие новото ниво на AdBlue.
Доколку AdBlue надополнувањето
не е успешно откриено:
1. Непрекинато возете го возилото 10 мин. , со постојана
брзина на возилото поголема
од 20 км/ч.
2. Ако дополнувањето на AdBlue се открие успешно,
предупредувањата и
ограничувањата на
управувањето предизвикани
од нивото на AdBlue ќе
исчезнат.
Ако се уште не е откриено
дополнувањето на AdBlue,
побарајте помош од
автомеханичар.
Ако треба да се дополни AdBlue
на температура под -11 °C,
системот може да не го открие
дополнувањето. Во тој случај,паркирајте го возилото на место
со повисока температура на
околината додека AdBlue не стане
течна.
Забелешка
При одвртувањето на заштитното
капаче од грлото за полнење, може да излезат амонијачки
пареи. Не вдишувајте ги затоа
што пареите имаат остар мирис.
Пареите не се штетни доколку се
вдишат.
Резервоарот за AdBlue треба да се наполни целосно. Тоа мора да се
направи ако веќе се прикажува
пораката за предупредување за
спречување на стартувањето на
моторот.
Возилото мора да се паркира на
рамна површина.
Отворот за дополнување AdBlue се
наоѓа зад капачето за гориво, што
се наоѓа на десната задна страна
од возилото.
Page 175 of 313

Возење и ракување173Ако возилото е опремено со систем
на електронскиот клуч,
вратничката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено.
1. Извадете го клучот од бравата за палење.
2. Затворете ги сите врати за да не навлезат амонијачни
испарувања во внатрешноста
на возилото.
3. Ослободете ја вратничката на резервоарот така што ќе ја
притиснете 3 227.
4. Одвртете го заштитното капаче
од грлото за полнење.
5. Отворете ја кантата за AdBlue.
6. Поставете го едниот крај на цревото во кантата и навртете
го другиот крај на грлото за
полнење.
7. Подигнете ја кантата додека не се испразни или додека
протокот од кантата не запре.
Тоа може да потрае до пет
минути.
8. Спуштете ја кантата за да се испразни цревото и почекајте
15 секунди.
9. Одвртете го цревото од грлото за полнење.
10. Поставете го заштитното капаче и вртете го надесно
додека не се вовлече.
Забелешка
Фрлете ја кантата за AdBlue
според барањата за животна
средина. Цревото може да се
употреби повторно откако ќе се исплакне со чиста вода пред да се
исуши AdBlue.Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува
автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Рачното менување брзини во
рачниот режим е можно со
притискање M до тркалцето за
избор и менување со лостовите + и
- на воланот 3 175.
Екран на менувачот
Page 176 of 313

174Возење и ракувањеВо Информативниот центар за
возачот се прикажува режимот или
избраната брзина.
Во автоматскиот режим,
програмата за возење е прикажана со D.
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
P покажува паркирна положба.
Рачка на менувачот
Свртете го изборникот за степени
на пренос.
P:паркирна положба, предните
тркала се блокирани, ставете
во брзина само кога возилото
е во мирување и е активирана
сопирачката за паркирањеR:рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN:лерD:автоматски режимM:рачен режим
Изборникот на степени на пренос е
заклучен во P и може да се помести
само кога палењето е вклучено и
педалата на сопирачките е
притисната.
Моторот може да се стартува само кога изборникот на степени на
пренос е во положбата P или N.
Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас кога ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Моторно сопирање
За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина кога возите по
надолнини.
Нишање на возилото
Нишањето на возилото е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал или снег.
Поместете го изборникот на
степени на пренос помеѓу D и R
неколку пати. Не турирајте го
моторот и избегнувајте нагли
забрзувања.
Паркирање
Активирајте ја рачната сопирачка и
изберете P.
Page 177 of 313

Возење и ракување175Рачен режим
Рачниот режим M може да се
активира од позицијата D при
секоја ситуација и брзина на
возење.
Притиснете го копчето M.
Влечете ги лостовите на воланот
за рачно менување на брзините.
Повлечете го десниот лост + за да
се префрли во поголема брзина.
Повлечете го левиот лост - за да се
префрли во помала брзина.
Повеќекратното повлекување
овозможува прескокнување
брзини.
Избраната брзина е покажана во
групата инструменти.
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар за возачот.
Во рачниот режим не се остварува автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Показател за менување брзини
Симболот R или S со бројка до
него се покажува кога се
препорачува менување брзина
заради штедење гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.
Електронски програми завозење
● По ладно палење, програмата за работна температура ја
зголемува брзината на
моторот за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
Page 178 of 313

176Возење и ракување● Специјални програмиавтоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини
кога се вози по угорници или
удолнини.
● Во снежни или подмрзнати услови или на други лизгави
површини, контролата на
електронскиот пренос му
овозможува на возачот да
избере рачно прва, втора или
трета брзина за поаѓање.
Збоднување
Притискањето на педалата за гас повеќе од жлебот за збоднување ќе предизвика максимално
забрзување без оглед на
избраниот режим на возење.
Менувачот се префрлува во
помала брзина во зависност од
брзината на моторот.
Дефект
Во случај на дефект, се прикажува
порака на Информативниот центар за возачот.
Пораки за возилото 3 128.Електронската контрола на
менувачот овозможува само трета
брзина. Менувачот веќе не менува
брзини автоматски.
Не возете побрзо од 100 км/ч.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Еко режим
Овој режим ги приспособува
поставките на системите за
поекономична потрошувачка на
гориво, на пример, со
оптимизирање на точките за
менување кај автоматскиот
менувач и приспособување на
чувствителноста на педалата за
гас.
Page 179 of 313

Возење и ракување177Рачен менувач
За да ставите во рикверц на 5-
степен менувач, притиснете ја
педалата за куплунгот, па
поместете ја рачката на менувачот
надесно и назад.
За да ставите во рикверц на 6-
степен менувач, притиснете ја
педалата за куплунгот, подигнете
го прстенот под рачката на
менувачот, па поместете ја рачката на менувачот целосно налево и
напред.
Ако менувачот не се стави во
рикверц, ставете ја рачката на
менувачот во лер, отпуштете го
куплунгот и повторно притиснете
го. Потоа повторете го изборот на
брзината.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.
Кога ќе се открие лизнување на
куплунгот за одредено време,
моќноста на моторот ќе се намали. Во Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредување. Отпуштете го
куплунгот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката на
менувачот.
Показател за менување брзини
3 117.
Систем за сопирање-поаѓање
3 164.
Page 180 of 313

178Возење и ракувањеСопирачки
Системот на сопирачки се состои од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалот на сопирачките е
притиснат цврсто. Значително
повеќе сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка m 3 115.Систем за деблокирање
на сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото осанува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
Кога сопирате во итен случај,
предупредувачките трепкачи се
вклучуваат автоматски во
зависност од силата назабавувањето. Тие се исклучуваат
автоматски првиот пат кога ќе
забрзате.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 116.
Дефект
9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При