Вовед3Податоци што сеспецифични за возилото
Ве молиме да ги внесете
податоците на Вашето возило на
претходната страница за да се
чуваат лесно достапни.
Видете во деловите „Сервисирање
и одржување“, „Технички
податоци“, идентификациската
табличка на возилото и
националните документи за
регистрација.
Вовед
Вашето возило е планирана
комбинација на напредната
технологија, безбедноста,
екологијата и економичноста.
Овој Сопственички прирачник Ви ги
дава сите потребни информации
за да можете да го возите Вашето
возило безбедно и ефикасно.
Уверувајте се дека Вашите
патници се свесни за можните
ризици од несреќи и повреди што
може да произлезат од
неправилната употреба на
возилото.Секогаш морате да ги исполнувате специфичните закони и прописи на
земјата во којашто се наоѓате.
Закониве може да бидат поинакви
од информациите во овој
Сопственички прирачник.
Не водењето сметка за описот
даден во овој прирачник може да
влијае на вашата гаранција.
Кога овој Сопственички прирачник
споменува посета на
автомеханичар, го препорачуваме
Вашиот Партнер на Opel Service.
Сите Партнери на Opel Serviceпружаат првокласни услуги по
пристапни цени. Искусните
механичари обучени од Opel
работат според посебни Opel
упатства.
Пакетот со литературата за
купувачот секогаш треба да се чува при рака во возилото.
Користење наприрачников
● Овој прирачник ги опишува сите опции и својства достапниза овој модел. Извесни описи,вклучувајќи ги оние за
функциите на екранот и
изборниците, може да не важат
за Вашето возило поради
верзијата на моделот,
спецификациите на земјата,
специјалните опреми или
додатоци.
● Во поглавјето „Накратко“ ќе најдете првичен преглед.
● Содржината на почетокот на прирачников и во секое
поглавје покажува каде се
наоѓа информацијата.
● Индексот ќе Ви овозможи да пребарувате специфични
информации.
● Овој Сопственички прирачник прикажува возила со воланот
од левата страна. Ракувањето
со возилата со воланот од
десната страна е слично.
● Сопственичкиот прирачник го користи кодот на
идентификатор на моторот.
Соодветната комерцијална
ознака и инженерски код се
наоѓаат во поглавјето
„Технички податоци“.